Богот Световид

Световид еден од најголемите словенски богови. Посебно е почитуван во Аркона на островото Рујно но истотака и на Балканот (Видовден). Му се препишува најпознатиот словенски кумир т.н. Збручки столб.

24c84af755f6

Името Световид сеуште нема добиено прифатено толкување. Научниците се сложуваат дека треба да се раздвоји на Свет(о) и наставката вид (вит). Варијантите на името му се: Свентевит, Сувид, Свантевит, Свантовит, Суантовит, Свентовит, Звантевит, Свијетовит, Свјатовид, Сутвит и Вид. 5f58122a0e94 Swietowit_wolinski

Кумир на Богот Световид најден во Волин-Полска 1974. године Световид од Аркона Големото словенско божество на островото Рујно (Руген), бог на војната и заштитник на плодните ниви. Средиштето на неговиот култ бил Аркона. Во центрарот на градот се наоѓал древен храм посветен на тоа божество, украсен со обоен дрворез, со двострука ограда. Надворешната ограда била покриена со дрвен кров, додека внатрешната се состоела од завеса и четири потпори. Во храмот бил поставен идол со натприродна големина со четири врата и четири глави. Во денесната рака држел рог изграден од разни врсти на метали, кој бил секоја година полнет со течност што испарувала од страна на свештеникот и се предскажувала дали годината ќе биде родна или неродно. Во левата рака, спуштена низ телото, се наоѓал лак. Покрај идолот е поставена узда, седло и други атрибути, посебно џиновски мач, со обвивка и дршка од сребро. Еднаш годишно, во време на жетвата, принесувани му се жртви пред храмот и славен е гоелмиот празник, кој се завршувал со гозба. Свештеникот тогаш пред народот претскажувал обилност или оскудација во наредната година и го привикувал Световид на татковината да и подари слава, а на поднаците негови богатство. Пред идолот е поставуван висок колач премачкан со мед, и над него стоел свештеникот и го прашувал народот дали можат да го видат. Присутните одговарале дека можат да го видат, а он тогаш изразувал желба да – догодина да не го видат, како наредната година жетвата би била уште по обилна. Сите биле обвразни да даруваат во светилиштето, кое било многу прочуено по предскажувачките особини. Се што се добивало од разните освојувања и похододи против непријателите прапаѓало на светилиштето, како и даровите кои пристигнувале ос целиот словенско-ариевски свет и од соседните краеви.Во светилиштето е чуван бел коњ, за кој се верувало дека припаѓа на Световид. Никој не смеел да го допре, единствено свештеникот можел да напаси и опреми. Се верувало дека самиот Бог, јавајќи на него го предводи својот народ во порбата со непријателите. n43081471362_1598172_8383

Тој коњ е користен за гатање: пред поаѓањето во војна, свештениците пред храмот поставувале копја, а притоа е изведен наседлан коњ да пројде преку нив. Ако при прескокнувањето појде со десна нога, се сметало дека резултатот е поволен, а ако тргне со лева, тоа значело дека војната мора да се одложи. Световидовото светилиште во Аркона е разрушено во 1168 година. Архелошки е изтражено во 1921-година. 800px-Putgarten,_Kap_Arkona_(2011-05-21)_3 Словенското култно место во Jaromarsburg на Р’тот  Аркона, на островот Rügen.

Bishop_Absalon_topples_the_god_Svantevit_at_Arkona Епископoт Абсалон ја руши статуата на богот Световид во  Аркона 1169

 

Толкување на зборовите

  • Свет – во смисла Свет т.е. Земја, при што во прилог би му дошло и опусот на неговиот кумир чии глави го гледале насекаде односно целиот свет
  • Свет – како прилог кој означува во старо словенските јазици и овој збор означувало и водство-предводник, моќна особа и победник, што повторно би дошло во прилог тој е еден од најголемите словенски богови сигурно бил и најсвет меѓу нив. За тоа дека Световидовото име има значење на јак-силен ни говори и Натко Нодило .
  • Свантев (свѧтев) на старословенски  в овој прилог на зборовите свитати, свитање, па и со суфиксот-ит името Световит значело Онај који свиће 

Свет не треба никако да поврземе во христијанската смисла, и не треба да ги заборавиме имињата како Светогор, Светослав, каде свет има значење на јак и има повеќе инерпретации и смисла, па така и за Световидовото име. А она што го тврделе Сакс Граматик и Хелмонд дека името Световид настанало од Свети Витиус, таа теорија нема смисла и ја покорил Васиљев.

Кумирот на Световид од Збруч
Swiatowit3011

Збручкиот столб или Световид од Збруч  (пољ. Światowid ze Zbrucza; укр.Збручанський ідол) е најпознат словенски кумир кој е датиран во IX век. Пронајден е во 1848 година во реката Збруча (тогашна Галиција, денешна Украина), а денеска се наоѓа во археолошкиот музеј во Краков, Самиот кумир има четири страни, поради што се идентификува со Световид, од која секоја е поделена на три нивоа, преставувајќи ги 3те света. Збручкиот столб го пронашол инжињерот Корвин во август 1848 бо реката Збруча, недалеку од брдото Миодобор на кој се наоѓале рушевини од непознато потекло. Шетајќи покрај реката, здогледал нешто што му заличило на капа, па така брзо скокнал во водата мислејќи дека е во прашање некој што се дави. Но кога допловил до него, увидел дека е од камен и дека е во прашање поголем столб. Потоа со помош на поголем број на волови е извлечен столбот на крајбрежјето. Столбот потоа постанал Коринов домаќин и локалниот властелин го предал на грофот Потцки кој на основата на четирите глави го прогласува за Световид и во 1850 година го предава на ученичкото друштво од Краков. Збручкиот столб има квадратна основа и висок е 2,67м. Рељефот на него е поделен во три различни зони:

  • највисоката од 1,67m, на која се наоѓаат приказите на четири човечки  фигурии тоа: три машки и една женска, т.е. три во движење и една на коњ);
  • средната од 0,4m, на која се наоѓаат четири човечки фигури и тоа: две машки и две женски које се држе за раце и формираат своевидно коло-круг;
  • најниската од 0,67m, на која се наоѓа една клекната фигура и два лика, додека четвртата страна е празна.
  • Извадок од Гест Данорум (лат. Gesta Danorum), Сакс Граматика:
Во зградата беше граден идол, многу поголем него во природата, имаше четири врати и четири глави, две од напред и од позади и од која и од предната и од задната страна – едната гледала на лево другата на десно. Брадата е избричена и косата истрижена, како имиџот на Рујаните. Во денесата рака држи еден рог направен од разни метали, секоја година свештеникот го полни со вино и по состојбата на овој пијалак ја предзкажува, и ја предстакжува годината. Во левата рака држи лак спуштен низ телото. Една мантија  го покрива идоловото тело и се спушта се до нозете. Нозете се  подпираат на земјата, но не се гледа, како на нејзе е утврден….Покрај идолот се гледаат и една узда, седло и други знаци на божеството. Посебно се одликува со еден колосален меч, чија канија (футрола) и дршка биле од сребро и многу детално изработени.
Во приликата на споредување на лицата на Сетовид од Збруч, Борис Рибаков изнел теза дека Световид преставува четири споени божества во едно. По него тука се работи за Перун, Сварог, Лада и Макош, кој споени на статуата гледаат на четирите страни на светот.
Otrebusy
Mодерна статуа на Световид во Otrebusy-Полска
Glogow_Swiatowid_2005_1 
Модердна статуа на Световид во Głogów-Полска

Световид и Св. Вид

Со примањето на христијанството култот на Световид е заменето со Св.Вид. Меѓутоа името на христијанскиот светец е Свети Вит (Витус), така да Словените не го прифатиле во потполност светецот, него си го задржаке своето име односно Вид. Видовден е денот кој бил посветен на Световид. На овој ден често се бирале војсководци и водачи на српскиот народ за да заедно со народот ги обавуваат значајните случувања (Косовска битка, Видовденски устав се само некои од слуувањата што се случиле на Видовден). Сакс Граматик и Хелмонд во своите списи навеле дека Световид е нивен светец, Свети Вит, кој на Аркона почнал да биде обожуван како бог, па дури и врховен. Меѓутоа нивните тврдења треба да се превземаат со резерва поради тоа што христијанските емисари, така да нивните списи се субјективно обоени. На слично укажува и византискиот извештај дека Василие I 873 во приликата на покрстувањето на Словените во Неретланската област ги срушил сите светилишта и кумири освен најголемиот посветен на Световид. Световидовото светилиште ”прочистено” (претворено во црква) и посветено е на свети Вид. Со примањето на христијанството нашите стари празници биле заменети со нови, а одредувањето на датумите на славење ги превзема црквата. Званичниот календар на црквата е јулијанскиот календар кој во 45. година пред новата ера го направил грчкиот астроном Сосиген на иницијатива на Јулиј Цезар. Освен што календарот нема никаква врска со христијанството, при тоа е многу непрецизен – касни 11 минути 14.75 секудни за астроносмката година, па е прашањето зошто МПЦ сеуште го применува. Што тоа точно значи за родоверните празници ? Ако некој наш стар празник е заменет со христијанство, а времето на празнување останало исто, тоа време денеска се пореметило поради непрецизноста на јулијанскиот календар. 1582 година кога еден дел од христијанската црква почнала со користење на грегоријанскиот календар, разликата помеѓу тој и јулијанскиот изнесува 10 дена. Денеска таа разлика е 13 дена и иде кон 14. Да се обележува денеска Видовден он би бил 25.6 по новиот календар. Непрецизниот јулијански календар се повеќе го одалечува нашиот народ од празникот, сочуван делумно во христијанството, од правиот датум на славење. Тоа конкретно значи, за некое оредено време, црквата ке го обележува на 29.6 Поради тоа одредувањето на датумот на празникот го користиме моментално најсовршениот Миланковичевиот календар (поточно Трпкович-Миланковичев или новојулијански) бидејќи е најпрецизен и најблизок кон нашите стари празници. Треба да размислиме за празникот Спасоведен кој може да биде на некој начин во врска со Световид. Палењето на оган на врвотите на брдата ни говори нам за некое моќно божество, заштитник на житните полиња исто како Световид, постојат спасовенски обичаи во кој одредена улога има белиот коњ како што имал Световидовиот бел коњ на Рујанците. Тешко е да се тврди дека Спосовден е исто што и Видовден, можеби со текот на времето ќе биде подобро објаснет. Поврзаноста на Световид со Брама Брама е еден од трите богови на Хиндуистичкото свето тројство (Брама, Вишну и Шива). Според верувањата на Хиндусите, Брама е творецот, оној што го створил светот и сите живи суштества. Традиционално е опишан со четири глави и четири раце. Според Brahmā Purāņa, тој е татко на Ману, и од Ману сите човечки битија се потомци. Според Пураните, Брама само-роден во лотусовото цвеќе. Уште една легенда дека Брама е роден во вода, или од семето кое е подоцна познато и како златното јајце. Од престанатите материјали на златното јајце експандираат во Браманда или Универзум. Денот и Ноќта на Господ Брама, содржејќи по 12 часа или 4 билиони 320 милиони човечки животи. ”Брама има четири глави” (Śrīmad Bhāgavatam 12.8.2–5). Брама се појавува на лотусовото цвеќе кое никнува од папокот на Garbhodakṣāyi-Вишну. После медитацијата Брама креирал 14 планетарни системи во кој живеат многу живи битија, 8400000 видови на материјални тела,  според неговите минати желби. Брама ги добива ведите од Ом (мистичниот слог – примордиалниот звук) и го трансмитира знаењето од ОМ Самиот на Земјата. Четирите Лица  – Четирите Веди  (Рг, Сама, Јаџур  and Атхарва). Четирите Раце  – Брамините четири раце го претставуваат четирите кардинални страни на светот: исток, југ, запад, север.Задната десна рака го претставува умот,  задната лева рака го претставува интелектот, предната десна рака е егото, и предната лева рака е самодовербата. Brahma_Musée_Guimet_1197_1

Брама како едно од Врховните Самородени Богови можеме слободно да го поврземе со Словенско-Ариевскиот РаМха – Примордиалната и прапочетната светлина, постанокот на појавноста-креацијата. Световид е Светло Божество што сепак има повеќе природи. Иако е воинствен заштитник, сепак им го дава знаењето на луѓето Видот – Ведот , ги просветлува со Божествено знаење односно Мудрост исто како Брама. Дали Световид, сега можеме да го поврземе со Вишиот Бог – РаМха.. Сепак останува енигма, со оглед на многуте уништени Ариевски и Словенски материјали.
Brahma_on_hamsa
Брама на белиот лебед Хамса
 

Молитви и Песни посветени на Световид Молитва Свет Бел, Свет Родител, Световид Победнику! Слава тебе ти искажувам, ти си Бог на Права и Јава. Песни тебе ти пееам и наздравувам, Вие сте Голема Светост. Вие сте видливиот Свет и постоењето во Јава, згрижуваш нас во Нава, преку Вас го видуваме Светот Права наполно. Благодарност  тебе Великану ти пеам и слава слогувам, со огнениот танц тебе ти привикувам. Дојди-Дојди, Светлино, дојди-дојди, Јасни, Боже наш Великану, што Правото го утврдуваш. И она што е светот крепок, ние можеме да помогнеме со силата огнена наша! Слава Световидy ! Песни: Војевао Бели Виде, три године с клети Турци, а четири с црни Угри Војувал бели Вид, коледо ! Три године с клети Турци А четири с црни Угри. Кога Виде с војска дојде, Седи Виде да вечера. Стаде громот, Стаде тропот Околу дворот Видојев. Но’ говори бели Виде: „Излезе’, љубо, те погледај, „Шта је громот, шта је тропот „Околу дворот Видојев.“ Кога излезе верна љуба, Коњите му се копитаат, Радувај се господару, Дека скоро с војската дошол И голуби с крилата бију. Радувај се господару, Дека насскоро с војската дошол.

Навечер на Видовден идат момчињата а некадe и девојките и ги обиколувааат нивите и посеевите пеејќи:

Иде Виде да обиде.
Све усеве и плодове.
Што је никло и поникло,
Што је никло нек је никло,
Нек је никло и нек расте,
А што није нек нениче
Нек нениче и нерасте.

***

Ој ти Виде Видоје!
Наш ти славни Жупане!
Подран Виде урани!
На те воде студене.
На Мориша лађана
Оног србског бистрана;
Где но цуре долазе
Своје венце бацају.
Своје венце и цвеће
За војнама пуштају.
Цуре воду мутиле,
Пута теби помеле,
Да неидеш Видоје
У те земље далеке.
У те боре Трасила
Где се роде Крагуји.
Где се роде те утве,
Шестокрили утани.
 
 
 
***
 
 
 
Бели Виде вино пије
под то дрво божурово.
Отуд лете рајске ‘тице
Све Косово прелетоше
На божур грану попадоше.
Божур грану покршише,
Златну чашу нарусише.
Расрди се бели Виде:
Ајд’ одатле рајске тице!
Немој Виде да не караш,
Ми летимо из далеке,
из далеке из братије,
из братије из Инђије.
Крсну славу честитамо,
три ти гласа доносимо.
Сва Инђија по’арана,
а Русија поробљена.
Пред Солунем ватра гори
и у ватре три делије.
Један гори до колена,
други гори до рамена,
а трећем се капа пали.
Тај што гори до колена,
тај је веру преверио.
Тај што гори до рамена,
тај на мајку измашио.
Тај којем се капа пали,
тај је кумство погазио.
Проговара бели Виде:
то ми божур покршисте,
то ми чашу нарусисте.
 
     ***
 
 
 
Одтуд иде силан Виде
Силан Виде Видов-дане.
Ишо Виде да обиде
Што је никло да поникне
На Ивана на Купала.
Што сазрјело то остало
На Кољеда на тог Пјетра.
Кољед давно прјеминуо
Млади Бого освануо
Ој Божичу Сварожичу!
Свако добро освануло
Понајвише здравље добро
И весјеље љепа љубав.
А највише јака снага.
Виде бојак чудан био:
Три године с Татарином
Три године са Агарјаном
Три године с Песимитом
И три љета са Тамнином.
Све је боје одржао
Риста Бога дочекао.
 
***
 
 
 
Ој ти Виде Видоје!
Наш ти славни Жупане!
Подран Виде урани!
На те воде студене.
На Мориша лађана
Оног србског бистрана;
Где но цуре долазе
Своје венце бацају.
Своје венце и цвеће
За војнама пуштају.
Цуре воду мутиле,
Пута теби помеле,
Да неидеш Видоје
У те земље далеке.
У те боре Трасила
Где се роде Крагуји.
Где се роде те утве,
Шестокрили утани.

Слава Световиде и сите Богови Светли!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s