Словенскиот Бог – Стрибог

375648_10200896171940129_190842906_n

Овој елемент е поврзан со празнината, движењето и пенетрацијата. Бог, се манифестира себеси преку возддухот, како Стрибог. Во дамнешните времиња го нарекувале Стариот Бог. Стрибог – Владетел на просторот, движењето и вртењето, олујата, бурата и ураганите. Он е директна манифестација на Богот Род, Духот и подвижение на животот, со помошта негова  го вдахнува животот во сите живи нешта и ги усмерува движењата на небесните тела, он е Поѕвезд. Тој е спомнат во неколку источнославјански записи од 12 век. Стрибог во Источно Славјанската митологија, е Богот на Ветровите. Името Стрибог влече древни корени од ”Стрег” што значи ”Старешина” , ”старший” односно Стрико. Таквата вредност се наоѓа во зачуваното дело «Слове о полку Игореве» каде ветровите се нарекуваат ”Стрибогови внуци”. Роден е Стрибог од здивот на Род. Он истотака може да предизвика и да припитоми бура и да се повика на својот помошник, митската птица Стратим.

4bd46afaf171

Името Стриј , може да се поврзе и со Струењето на Ветерот, Воздушна струја. Имињата на езера, реки и села во Русија , Полска како и во Македонија се деривати од Стрибог или Strzybóg, селото Strzyboga во Полска. Татковината на Струмјаните била Шлезија/Силесија во денешна Полска. Во нивната прататковина се уште постои областа Струмиен, каде што има град Strumień  и река Струмиен. Во полскиот јазик постои и зборот Струга, кој означува река. Во Полска и денеска постојат многу струмјански етнотопоними како Strumiany. Името Strumiany  го носат многу села и мали градови во Полска. До 1945 г. Шлезија била дел од Германија, а претходно под австриската монархија на Хазбурговците, кои придонеле за германизација на словенските народи од Шлезија. Името на Струга произлегува од чист и карактеристичен словенски збор. Народот на Струшко и Охридско дава две свои објаснувања за потеклото на ова име. Според првото народно толкување, името Струга доаѓа од отворената географска положба на градот: место каде што постојано струже (дува) ветер.

Strumeshnitsa-river-2

Реката Струмица или Струмешница е река која се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија и потоа со своето корито навлегува во Република Бугарија каде се влива како десна и најголема притока на реката Струма.

Воглавно ветерот, обично e представен во облик на седокос старец – зрел, мудрец кој живее на крајот на светот, длабоко во шумата или на острово сред море – Океан. Стрибог е и чувар на заклетвата, носител на одмаздата, која достигнува до секого, така што и ветровите достигнуваат насекаде. Стрибог е представен со борбен рог, со кој ги повикува ветровите. Во таа негова карактеристика го споредуваат со војсководец, односно со кнез, поради што словенските владетели особено го почитувале како заштитник на врховната кнежевска власт. Неслучајно Стрибог присуствува и во “високиот пантеон”, основан околу 980 година од рускиот кнез Владимир, заедно со боговите Перун, Хорс, Даждбог, Симаргал и божица Мокош: “… (и постави кумир на хлъме въне двора теремного Перуна дерявеньна, а глава ему сьребрена, а ус злат, и Хърса бога, и Даждбу бога, Стриба бога, и Семаргла, и Мокош“).

Сопруга на Стрибог била божицата на ветровите Немиза, а неговиот син се нарекувал Провеи (Догожд, рус. Догода, Погода) – крилестиот млад бог на западниот есенски ветер.

Високи ветер, бура бог, кои живеат во планините.
Podaha – топли, суви, живее во пустините на југ.
Време – топло, светлина бриз, богот на убаво време.

Слугите на Стрибог

clygi-striboga

  • Јужниот Ветер – има топла, јужна дисозиција, носи топлина и мирис од Југот,
  • Западниот Ветер – малку просушен, лут, но воглавном добар,
  • Северко (Бореи) – е ладен од Арктичкиот Океан, многу е суров, строг (Severe на англиски значи жесток, оштар), самово летото е најпосакуван.
  • Источниот Ветер – со Азиска карактеристика има, неочекувана, мистериозна и лукава природа.

Стрибог истотака се јавува како заштитник на Весна, заедно со Јарило, Стрибог како бог на ветрот и воздухот, ја носи секоја пролет Весна на крилата свои. Заедно ја победуваат Морана секоја пролет и ги донесуваат пријатните животни услови на светот. Орелот е животното кое се поистоветува со Стрибог. Растенијата кои се аналогни на Стрибог се глогот и дабот. Фестивалите во чест на Стрибог биле организирани во летото како и во зимата. Тие веројатно се организирани во летото да евоцираат ветрови и дожд, додека во зимата тие се организирани да ги скротат. Во периодот на Христијанизацијата Стрибожите картактеристики се превземани од страна на Св. Бароломеј и Стеван Ветровити, иако нема никаво објаснување зошто ветровит.

За Стрибог се жртвувало: парче од ткаенина, панделки, житарки, зрна, брашно, лебче, каши, (трошките кои биле ритуално разнесувани со ветерот). Стрибоговиот ден се слави на 15 Август.

Слава за Нашите Светли Богови и Многумудри Преци !

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s