Мистериозниот бел народ во Јапонија – Аину

iasahik001p4

10953221_10204610803723602_3147522314936936549_n

Аину  народот е првиот народ кој ги населил денешните јапонски острови, односно тие биле белите староседелци кој таму биле пред доаѓањето на жолтата раса на Јапонците. Нивното потекло никогаш не било докажано, но физичкиот изглед на денешните стотина Аинуа, укажува на тоа дека се работи за специфична човечка заедница чии припадници имаат изглед не својствен за жолтата раса. Народот Аину се до денеска, толку многу се измешал со јапонците, да речиси нема воопшто ниту стотина чистокрвни Аинуа. Аините се високи луѓе и имаат изразено влакнести делови на телото, особено долга и густа брада која е нетипична за жолтата раса . Облеката им е специфична, а верата е всушност култ кон Мечката.

tumblr_ly7pv4uWsD1qlsr3bo1_400

 

5f87ac01d39c7c9bbd40a0ab8019de20.jpg

4444444444444aaaaaaaaaaa.jpg

Самите себе се нарекуваат Утари (Стари) и кажуваат дека потекнуваат од Камчатка и Сибир. На санскрит зборот „Uttara“ истовремено означува „Север“  но и „Возвишена Област“, и како што видовме од претходни објави за Даарија (Хипербореја), ни станува многу јасно зошто Северот или Арктикот значи и Возвишена Област.

Судејќи по нивниот физички изглед, боја на кожа и потеклото, несомнено е дека изворно припаѓале на древните Словено-Аријски народи.

1069815_10200814662662448_415115121_n

Истотака со факти се тврди дека познатиот култ на Самураите потекнува од Аину народите.

До истото откритие дошла и современата наука за гените:

Aину се автохтоно население на островото Хокаидо и Хоншу на северот и била првата група на жители во Азија. Според археолошките наоди најдени на Хокаидо, Аините дошле во текот на последната глацијација, пред повеќе од 18 000 години. Во дамнешните времиња тие биле жестоки воини (самураи) и тврдат дека овој култ потекнува од нив. Можеле да пружат тврд отпор на најдобрите војски. После тоа, тие биле раселени по територијата на Јапонија. Денеска тие се во сосема мал број во Јапонија. Тие се народ на ловци и рибари, а потеклото им се води како контраверзно, но тоа е само според етаблираната наука, која е генерално раководена од паразитските структури, кои немаат намера да ја расветлат сликата. Со векови, Аину културата посебно се развивала од останата јапонска. Меѓутоа, била присутна и политиката на јапонската влада поради модернизацијата и интеграцијата во последните неколку години, па така Аините го поминале она истото како и староседелците на С.А.Д. (Индијанците, поточно црвенокожците) однсно, скоро во потполност се истребени.

Жените Аину, староседеците во Јапонија користеле метода на украсување и култ познат како тетовирање, како би изгледале како своите Божици, или пак да ги истераат демонските болести и негативни сили.

Трибал (Трајбал) тетоважите започнувале како мала тетотоважа на горната усна. Како растеле и постанувале постари, оваа мала тетоважа се ширела. Познато е од историјата, дека и античкото словенско племе Трибали имале распространет обичај на тетовирање. Јапонските тетоважи имаат многу долга и богата историја, првите докази за присуството на тетоважи во Јапонија датираат од пред 5000 години. Истотака се пронајдени текстови од 3ти век кои говорат за мажите кој се тетовирале.

Хокаидо е островото кое покрива петина од Јапонија и два пати поголемо е од Швајцарија. Порано, Аину народот живеел јужно на Курилските острови и Камчатка и во регионот на Јужен Хоншу. Нивните претци веројатно живееле во Јапонија. Островото е окружено со убави крајбрежја, планини, езера и реки. Нивното земјиште е доста шумовито и се дели на два планински венца – Китами на север, и Хидака на југ. Подрачјето на југоисток е Хокаидо, и тука е центарот на древната Аину култура.

Курилските острови припаѓаат на Руската Федерација. Пред Првата Светска војна, до 19 век, биле населени со припадниците на Аину народите. Аину народите се ”бели народи”, генетски феномен, со примеси на азијски гени што ги здобиле низ текот на илјадници години.

Јапонскиот Адмирал Haikačiro, не е Јапонец туку Аину

Рјуоко Мунемицу, сопруга на тогашниот Јапонски министер за надворешни работи, истотака е Аину.

Според студиите, идентификувано се скроро 70. 000 луѓе со Аину индентитет. Во 19 век, јапонската влада го основала Колонијалниот уред за економскиот развој на Хокаидо, и тоа ги охрабрило доселениците од другите делови на Јапонија да се населат на тој остров. Уредот на владата продолжува да го промовира развојот на Хокаидо. Со губењето на своите земји, средствата за живот и традиционалната култура, Аину народ постанал жртва на друштвото на брзата индустријализација.

Името  „Аину“ значи „луѓе“. Нивната земја се нарекува  „Ainu Mosiro“, Земјата на мирните човечки битија. Аину јазикот е јазикот на староседелците на Јапонија, т.е. Аиуни народот. Јазикот е на прагот на измурањето. Аину јазикот има слободни согласки, за разлика од јапонскиот, каде секоја согласка е врзана за самогласка. Истотака во пишувањето се користи и латиница, која е од неодамна конструирана. Но истотака и јапонскиот јазик  е од непознато потекло, не може да се каже дека Аину јазикот е всушност чист, бидејќи со мешањето на народот оставил влијание на јапонскиот. Од Словено-Аријските извори, дознаваме дека Да’Aријците (најстариот од четирите рода на Белата Раса) биле храбри и силни витези кои меѓудругото тргнале и кон далечниот исток, а нивното писмо е познато како Да’аријски Траги, од каде се препоставува дека настанале многу писма, како што се прото-јапонското и кинеското.

Во последно време се спроведува акција за зачувување на овој јазик. Многу кои се борат за неговото зачувување се всушност јапонци каде некои од нивните предци биле припадници на Аину народите, па и тие така се сметаат или чуствуваат. Аину фолклорот се темели на поезија и митологија. Според нивните легенди, Врховниот Бог ја создал Земјата и другиот Бог, кои паднале во шарените облаци. Од тие облаци, два Бога создале море, земјиште, минерали, билки и животни.

Потоа, две Божества биле во брак и создале повеќе богови, вклучително и двата најсјајни – Богот на Сонцето и Божица на Месечината, кои ги поставиле на небото да ја осветлат темнината.

Другата приказна е дека Окикурми во регионот Сар, кои бил полу-божествен херој, и се “симнал” од небото да му помогне на човештвото. Човечките битија живееле во прекрасна земја, но тие не знаеле како да добијат оган и да направат лакови и стрели. Оккурми ги научил да прават и да палат оган, лов, риболов, билки од кои се прави вино од просо, и како да ги слават Боговите.  Се оженил и останал во селото, но на крајот се вратил во Божјата земја. Историските херои се Косамаину Аину и Самкусаину. Првиот живеел во Источно Хокаидо, и организирал побуна против јапонските населеници. На југот од Хокаидо, уништил и дванаесет јапонски бази, но е убиен во 1457. Самкусаину организирал побуна на Аинте во јужната полвина на островото во текот на 1669, но после два месеци биле масакрирани од странaта на силата на Матсумае. Аину религијата е пантестичка-аниmистичка. Тие веруваат дека Бог е планина и живее во нив, и дека Бог е вода и живее во реките. Веруваат дека животните се посетители од друг свет, кои привремено превземале облик на животни на Земјата, како мечката, бувот или китот, на кои им се укажува најголемо почитување, како божја инкарнација. Имаат многу богови. На пример: Бог на куќата, Бог на оганот, Бог планина, Бог на реки, езера и мориња. Најважен бог за жените, во куќите бил Богот на огнот (домашното огниште). Секоја куќа имала огниште, каде се готви, и каде се обавуваат ритуали. Другите обреди се спроведувале, во највишите планини и гори.

 

Dragos Kalajic (2)

one_ainu_man_and_bear

Најважниот Аину фестивал е во градот Ја-оманте, и посветен е на бувот или мечката. Тоа е град каде се обожува мечката, а истотака е познат по тоа што пуштаат да им расте многу долга коса. После три дена почитување на мечката, со молитви, танц и пеење, ја убиваат со стрели. Главата и ја украсуваат и ја поставуваат на олтар дедека местото го јадат селските заедници. Веруваат дека во текот на животот на овој свет, духот привремено бил во облик на мечката. Ритуалот служи да се ослободи духот, за да може да се врати во другиот свет. Имало многу фестивали во многу градови каде живееле Аину. Во детството, децата ги учат на традиционален  лов, резбање, и ги учат да изработуваат оружја, како што се лаковите и стрелите. Освен тоа, девојчињата се учат на ткаење, шиење и везење. Младенецот дарува резбарен дрвен нож на младата девојка како би искажал љубов кон нејзе и би ја покажал силата своја. Дарувајќи му вез, младата жена, истотака укажува и спремност да го прифати неговиот предлог. Понекогаш, подносителот бара посета на семејството на младата жена за дозвола од таткото на девојчето, да се ожени а истотака му помага на идниот татко во ловот, резбањето и другите делови на традиционалниот живот. Ако фамилијата заклучи дека тој е поштен и искусен работник, таткото тогаш го одобрува бракот. Смртта на Аинот длабоко ја осеќаат и ја оплакуваат, и сите за таа прилика се облекуваат со везена хаљина, мажите опашуваат свечен меч, а жените на врат ставаат бисерни огрлици. На погребот се упатуваат молитви на божеството на оганот, и тие изразуваат желби за успешен пат на умрениот на другиот свет (у-мира). Со текот на времто, на погребот следат и палењето на куќите.

hqdefault

1196.jpg

13220961_1348704541822640_1361660693592772813_n.jpgАину маж и Лав Толстој – како двајца браќа од иста мајка родени

Уко-чаранки (взаемни расправи) е начинот на решавање на неспоразумот преку дискусија, а не со борба. Натпреварувачите седат и ја чуваат својата одбрана со саати дури и со денови. Најдобрите представници на беседата ги користат своите вештини во решавањето на расправите помеѓу различните села. Порано, куќите на Аинте се граделе од дрва и слама, највеќе до седум метри. Ќуќата на поглаварот на селото е користена и како место за собирање на селаните по потреба. Куќите се градени доволно блиску една до друга, така да гласот за помош можел да се слушне за време на опасноста.

24d660d04aa1ebd5baec6abd856d0570

ainu-man-361x513.jpg

127713220290916217306_z2.JPG

ainu-face1.jpg

NSRW_-_Asiatic_Types_-_Ainu_of_JapanАину мажите обично имаат долги бради

495px-AinuManStilfliedАину маж, 1880 отприлика…

Аину луѓето се многу гостољубиви, и секогаш ја делат храната и пиењето со локалното население.

726px-V.M._Doroshevich-Sakhalin._Part_II._Group_of_Ainu_People (1)Сахалински Аину 1903

Sakhalin_ainu_men_II

Кучињата се куќни миленици на Аину народот. Како за пример, постои сцена од епската поема која го опишува симнување на младото божество на овој свет во облик на куче, и тој им рекол за зрната и  просото. Кучињата истотака се користени во ловот. Аину традиционалната носија е направена од ткаени влакна. Користат и појас како повеќето јапонски кимона. Во зима, носат кратки јакни без ракави или еленска кожа. Женската носија допира до глуждовите, носиите се везени со рака или со машина за шиеење. Носиите секогаш се користеле само за посебни прилики. Меѓутоа, Аину денеска носат облека слична на онаа облека која ја користат и јапонците во секојдневниот живот. Аину народот во Јапонија е бел, не се сите косооки, и скоро се истребени во етничкото чистење од страна на јапонците.

Обратите внимание на декоративните елементи на носиите:

800px-AinuGroup

Поврзете ги сега сликовитите елементи на носиите на народот Аину со елементите на културите: Крит (Минојска цивилизација) од пред повеќе од 4000 години, Келтите истотака, Скитската, Словенската итн…а тука е секако и еден од најмоќните древни симболи, неизбежната –Свастиката. Со други зборови истите обележја на Словено-Аријците, односно Белата Раса.

2qv624k.jpg

Аините не јадат сирова риба, како Јапониците. Кога јадат, мажите користат стапчиња, а жените корист дрвени лажици. Традиционално, децата се образувани во своите куќи. Бабите и дедовците им рецитирале песни и им раскажувале приказните, а родителите ги учеле на практични вештини и занаети. Од деветнасети век, се образувани во јапонските школи.

Аините, усмената традиција ја сочувале од генерација во генерација. Главните категории се кратки и долги епски песни, стари приказни и автобиографска проза, песни и танц. Мажите раскажуваат приказни за војните на полубоговите и човечките битија, а жените ги опеаваат еповите за Боговите. Сар регионот на југот на цетрално Хокаидо, е познат како татковина на многу бародови (песници) и приповедувачи. Од средината на 19 век, традиционалните активности како што се лов и риболов собирање на диви билки и гаење на просо се заменети со одгледување на ориз, полјоделство, и комерциален риболов. Останатите активности, се произведувањето на млеко, шумарство, рударство, прехрамбена индустрија, и индустрија за обработка на дрво и целулоза.

Kuril_Ainu_dwellingКурилски Аину луќе и нивните живеалишта…

Ткаењето, везењето и резбарството се меѓу најважните во Аинската уметност. Предмети со врежани мечки се чуваат како атракција. Збирка на традиционални елементи има и Музејот на Аините – Шигер Каинан, основан 1984. во Шираои, во југоисточно Хоккаидо. Аину луѓето се борат за опстанок!

  • Јапонија официјално го признава народот Аину

Јапонскиот парламент официјано го признава домородниот народ Аину, кои веќе илјадници години живее на архипелагот, лишен, се до денеска, од законското постоење.

Резулоцијата која едногласно заеднички ја изгласале пратениците од странките на власта и опозицијата признаваат за прв пат дека Аину – ‘‘домородниот народ со свој јазик религија и култура”.

Резолуцијата повикува, владата да превземе итни мерки и да пружи подршка на Аините кои се денеска меѓу најсиромашните жители во Јапонија. Иако е повеќе симболично, ова повикување би требало да ја отвори можноста за помош во доменот на образованието и запослувањето. Само 17 % од Аинутаа завршиле факултет, двапати помалце од националниот просек. Официјалното признавање е представено пред самитот на богатите земји од групата Г-8 каде Токио го организирал од 7 до 9 јули 2008.

На островот Хоккаидо каде живее мнозинството од 70.000 Аинуа во Јапонија. Народот Аину, кој традиционално живеел од лов и риболов, бил присилен да се одрекне од својата земја, јазик и начин на живот поради  „законот за старите Аборидџини на Хокаидо” кои бил усвоен 1899. година во Токио. Кога овој закон е укинат 1997. година, го заменил закон кој одредува да се заштити традицијата на Аините, кој сепак тогаш не биле признаени како домороден народ.

buddhist-swastika-japan

Аините етнички се разликуваат од Јапонците:

13174168_1207596812593278_266585483120077139_n.jpg

Повисоки се, влакнести, имаат светла кожа и немаат коси очи.

Hiroshi Ōshima, бившиот Амбасадор на Германија, верувал дека благородничката каста во Јапонија, Даимјо и Самураите, биле потомци на боговите со небесно потекло….слично на она што се говори за Словено-Аријците во Ведските списи.

Свастиката  (卐) вкрстена со две стрели, во штит и надмена со кралска круна на портокалова позадина била употребувана на палтата како заштитен грб на Самурајот  – Hasekura Tsunenaga во раниот 17 ти век.

AinuGroup.JPG

9113871_79700nothumb500.jpg

31129057_6396fce65a_o.jpg

swastika-japan

Samuraj-1977-78

 

 Слава на Светлите Богови и Премудри Предци наши !

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s