Кнезот Свјатослав Игоревич (прв дел) – Хазарски Кошмар

  • Кнезот Свјатослав Игоревич

2uls1hmwcb

За прв пат името стр. рус. Свѧтославъ Игоревичь се споменува во хрониките од 945. Како дете учествувал во својата прва борба. Тоа било во времето кога кнегињата Олга, заедно со останата дружина го испратила и него во војна со Древљаните, да го освети својот сопруг, кнезот Игор. Пред кијевските борбени дружини, напред на коњ јавал Свјатослав. А кога двете војски се приближеле едни кон други – Кијевската и Древљанската, Свјатослав се фатил за копје и го фрлил на страната на Древљаните. Свјатослав тогаш бил многу мал, затоа копјето отишло недалеку – летало меѓу коњите и го удрил коњот во нога. Но кијевскиот војвода тогаш рекол: „Кнезот веќе почнал, ние го пратиме, дружината за кнезот“. Таков бил древниот руски обичај – само кнезот можел да ја започне битката. Без обзир на тоа која му била возраста. Кнезот Свјатослав Игоревич одраснал и уште како дете бил воспитуван како воин. Учителот и воспитувачот на младиот Свјатослав бил Викингот (Варјагот) Асмуд, кој го учел младиот ученик како да биде прв во борбата, и во ловот, како да се држи цврсто седлото, да весла и да управува со чамец, плива, да се сокрива од непријателските очи во шумата и во степите. Вештината на војсководителото ја предавал на Сјавослав друг Викинг – главниот кијевски војвода Свенелд. Додека Свјатослав одраснувал, со кнежевината управувала Олга. Од средината 60-тите години во X век, можеме да го сметаме како почетокот на времето на самостално управување и владеење на кнезот Свјатослав. Византијскиот историчар Лав Џакон ни го оставил нам неговиот опис: средна висина, со широки гради, плави очи, густи веѓи, голобрад, но со долги бркови, избичена глава само со еден прамен на коса, како знак на неговото благородничко потекло. На едното уво носел обетка со два бисера. Таквиот негов изглед ќе постане парадигма и него ќе го усвојат Козаците кои поред тоа ќе го делат и неговиот жар за битките и Словено-Аријството. Иако во прво време паганка, но по смртта на својот маж -кнезот Игор, кнегињата Олга се покрстила и постанала Христијанка. И како што кажува летописецот, кнегињата Олга стана како сонце да ја разгони темнината на идолопоклоничкото незнабожје, просветувајќи ги помрачените. Она ја подигнува првата црква во име на свети Николај на Асколдовата могила, и многу Кијевљани ги обратила кон Богот Христос. Но својот син Свјатослав не можеше никако да го приведе кон познавањето на “вистинскиот” Бог, бидејќи целиот зафатен со војните обавези, не обраќал внимание на нејзините зборови.  Он бил храбар маж и военољубив, и својот живот го поминувал меѓу полковите и по војните наместо дома. А за својата мајка која го поучувала и советувала, он говорел: Aко ја примам христијанската вера и да се крстам, тогаш од мене ќе отстапат воините, војводите и сите луѓе, па нема со кој да војувам против непријателите и да ја заштитувам нашата татковина. Светослав потоа, не личел на својата мајка. Ако Олга постанала христијанка, тогаш Свјатослав останал Родоверен – како во јавниот, така и во личниот живот. Почетокот на 965, била покорена земјата на Вјатичите (предците на Московљаните), потоа се придвижува на југо-исток до Хазарскиот Каганат и Волшка Бугарија. Земјата на Вјатичите како освоена територија на реката Десна, му дала одврзани раце да го контролира и Големиот Волжански пат кој ја поврзува Скандинавија, Русија и Централна Азија. После Волга, неколку години по ред, однесувана е победа, една за друга. Ја освоил тврдината Саркел која под Свјатослав била наречена Белата Тврдина на Дон и главен град на каганатот Итил (Атил) на сливот на Волга. Затоа нагло за свртел на југ и стигнал дури до Босфор. Во тој поход освен Хазарите ги победил и Турските племиња на волшките Бугари, Јасите (Аланите) и Касогите (Чеченците). Иако Хазарскиот каганат не во потполност освоен, повеќе не се опоравил од Свјатославиот поход. Со освојувањето на Хазарија, Свјатослав учинил услуга на Византија сломувајќи го нејзиниот противник на нивна сметка, но во исто време и самиот постанал можна закана. За да го вратат младиот кнез од границите на Византија, но и да уништи уште еден противник за нив, царот Никифор II Фока  на Свјатослав му испраќа гласник со предлог да го исфинансира походот на Бугарите на Дунав со кои до тогаш биле во конфликт. Кнезот ја прифаќа понудата и околу 968. со војска од 60 000, луѓе меѓу кои било и неколку илјадници турски платеници Печењези, преку Дунав навлегува во Северна Бугарија освојувајќи 80 градови долж реките и потполно поразувајќи го царот Борис II и неговата војска. Византија тогаш разбира дека направила грешка бидејќи наместо ослабената Бугарија ја добила големата Руска империја која продирала се подлабоко на Балканот. Тогаш Византијците (Ромеите) го потплатуваат турското племе -Печењезите да го нападнат самиот Кијев. Во одсуство на кнезот и главната војска, 969. Печењезите го окупираат главниот град каде во тој момент се наоѓале Свјатославовите три синови и мајката Олга. Наслушнувајќи за неволјата во куќата, кнезот го одлага понатамошното напредување и се враќа со делот од војската. Отргнувајќи ја заканата на Печењезите, Свјатослав по враќањето во Кијев открива дека главниот град го префрлува од Кијев, за кој никогаш многу не мислел, во Перејаславец (денеска селото Преслав во Романија) на Дунав и покрај конфликот со бољарите и мајката Олга која умира набрзо после тоа. По мајчината смрт, Свјатослав останува доследен во својата намера да го премести главниот град на Дунав, а Кијевска Русија ја дели на три управни единици помеѓу синовите Јарополк, Олег и Владимир, и во летото 969. тргнува кон нов поход на Бугарија. Во силовитиот налет, појачан со турските наемнички племиња, Печењезите и Маџарите, Свјатослав повторно го поразува Борис II кој му постанува вазал и каде во заробеништво го зема семејството. Од тој момент Свјатослав ја зголемил војската на Словените кои во голем број ја населувале Тракија и кои еднакво ја мразале Византија, Кнезот истотака издава наредба да не се уништуваат градовите кои мирно се предаваат. Почетокот на 970. година Руската армија го освојува градот Филипол (денешниот Пловдив). Во паника зафетен Цариград, во пучот, на престолот доаѓа Јован Цимиски. Бидејќи преговорите на новиот цар со Свјатослав пропаднале, рускиот кнез го напаѓа Адријанопол (денешниот Лулебургаз во Турција) и повторно го престрашува населението во Цариград, Во војната со Византија-Ромеја (Источното Римско Царство), Свјатослав ја повел битката, која сега носи херојски карактер. Десет илјади руски војници се попречени од 100 000 грчки (ромејски) војници. Тогаш од страната на кнезот Свјатослав се изговорени зборовите, кои покасно постанале легендарни: “Немојте да ја срамите Земјата Руска, чии коски више лежат тука! Мртов, не е никаков срам! Ако бегаме, ќе се посрамотиме себеси. Стоиме цврсто! Ако мојата глава падне, мислите на својата!“ На овие зборови му одговорила неговата дружина: „ Каде ќе лежи твојата глава, тамо нека паднат и нашите глави!“ Хрониката говори за Свјатослав како за вистински воин. Не спиел во шаторот, туку на отворено под небото, ставајќи си само за себеси коњско ќебе и самар по главата.

Во походите не го возеле со двоколки, ниту јадел што се готвело, дури ни готвено месо не јадел, само тенко ќе нарезел исечена говедина или коњско месо или од други диви животни, парчето месо ќе го фрлел преку вжарениот јаглен, и тоа е тоа што јадел. Исто така, како и неговите војници и самиот бил скромен, а истовремено храбар и издржлив. Но затоа воениот одред на Свјатослав, неоптеретен со возила и гломазна техника, се движел многу лесно и брзо, изненадно и неочекувано се појавувал пред непријателите, што се повеќе ги плашел. И не се плашел Свјатослав од своите противници. Кога и да тргал во поход, секогаш им испраќал на своите противници во туѓите земји порака на предупредување: „Jaс одам на Вас“!

  • „Jaс одам на Вас“!

Пред почетокот на секој воен поход, кнезот Свјатослав ќе му испрател гласник на непријателот со кратка порака – „Ja одам на Вас“! (Иду на Вы!) Во старорускиот јазик номинативот и акузативот одговараат на оние изрази, како баш и говорел кнезот Свјатослав: „Jас доаѓам по вам,“ намерно предупредување за своите планови, кои на прв поглед изгледаат нелогично и противречно на здравата смисла, меѓутоа Свјатослав имал своја логика. Он бил вешт војсководител и само со еден свој извештај би внел конфузија во редовите на непријателот, кој интуитивно ги вршел воените припреми. Можеме да кажеме, Свјатослав – првиот руски кнез, кој го користел информацискиот метод на војување, на база на психолошка војна. Присилувањето на непријателот да ја собере целата моќ на едно место за одлучувачка битка. Со што би се избегнал исцрпувачкиот поход, а со тоа и поединечните борби со малите непријателски одреди и локални борби со индивидуалните единици од заседи, би ги слабеел походите, чинејќи со тоа војната да биде долга и неефикасна. Свјатославовата војска би го напаѓала непријателскиот „ѕид“ – со 20 долги редови, прекриени и затворени со штитови кои би биле поставени на висина на човечки раст, секој војник е опремен и имал од воената опрема долго копје, долг меч, лак и стрела и појасен нож. „Зидот“ бил затворен со штитови, а потоа на непријателот би му се нанесувале силни удари со копјата од првиот, вториот и третиот ред. „Енциклопедијата на крилатите зборови и изрази,, – Вадим Серов. Истотака постои верзија дека изразот (Иду на Вы!) има и духовен призвук. Со тоа кнезот Свјатослав укажувал дека тој водел света војна, дека животите на неговите непријатели биле жртвувани на Богот Перун, нивната судбина е запечатена.

  • Хазарски поход

51

Свјатослав со своите походи на исток спроведувал  далекусежни политички цели, Тоа не била бесмислена авантура и не бил само ограбувачки поход, како кога Русите оделе кон Каспијското море во првата половина на X век. Веќе тоа би бил добро промислен потег, кој би произлегол од трезвена проценка на моменталната политичка ситуација и економска потреба на Русија. Неговата главна цел била, конечниот слом на Хазарија. До тоа време, Свјатослав веќе добро ја организирал својата војска, и постанал нејзин искусен војсководител. Он се одликувал со непосредност, поштеност и скромност. Ги делел тешкотиите на логорскиот и теренскиот живот со обичните војници. Во борбата, бил пред своите трупи кои биле инспирирани од неговиот пример. Пред нападот на Хазарите, ги напаѓал нејзините сојузници – племињата од нерускиte народи Поволжите и Волжанските Бугари – тогаш државата на Средна Волга (по реката Волга се до денешен ден се нарекуваат Вoлгари (Бугари). Војската на Бугарите е поразена, а нивниот глав град Булгар – завземен е на јуриш. Хазарија е сега сама. Руската војска се спушитала со бродови низ Волга и дошла до границите на Хазарскиот Каганат. Каганот лично излегол во сосрет со руската војска, но е поразен, а главниот град на Хазарите Итил бил заробен и е уништен од Свјатослав.

210 (1)

Оган и мач, руската војска пронела преку хазарските земји, оставајќи позади себе големите изгорени урнатини и пепел. Со Волга, кнезот целиот хазарски имот го сели во центарот на својата владавина, односно на Северниот Кавказ и на Дон. На патот, он ги победил и Хазарските сојузници Аланите (Осетите) и Касогите (Черкезите). На крајбрежјето на Дон, војската на Свјатослав на јуриш го завзема Саркел, моќната тврдина, која била коска во грлото во делот на југоисточните граници на Русија. Трагите од пожар, разрушените згради, разбиените ѕидини на тврдината, целото брдо начичкано од врвовите на стрелите – таков се појавил градот од Свјатославовиот воен поход, Хазарија суштински повеќе не постои како до тогаш, ниту важела за силна држава. Со овој поход е сломена моќта на паразитскиот Хазарскиот Каганат, кој престанал да постои на преминот од X во XI век. Со походите на Големиот кнез Свјатослав – Старата руска држава осигурала безбедност на своите југо-источни граници, кој во тоа време постанале главна сила и владеела со долината на долна Волга и помеѓу Каспијското езеро. Хазарскиот каганат се срушил и со тоа и пружил можност на Русија да се развие како држава. Истовремено биле спасени и многу други околни словенски племиња, кој живееле во близина. Како резултат на тоа, и во многу наредни векови со тоа го трасирале и дефинирале својот иден развој. Ставањето точка на хазарското владеење и крајот на хазарското робување, Русите на тој начин, од свот пат ги одстраниле воените бариери, кои им ги затварале трговските патиша кон исток, така да со ова било оживеано тргувањето помеѓу Европа и Азија и оваа победа значело огромно јакнење на моќта на руската држава, можноста на Русија да ја превземе водечката улога во светската политика на тоа време, триумф на руското оружје и духовна супериорност над паразитската хазарска држава.

Слава на Боговите и Многумудрите Предци наши !

Advertisements

One thought on “Кнезот Свјатослав Игоревич (прв дел) – Хазарски Кошмар

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s