REX GERMANORUM, POPULUS SCLAVORUM – Словенска Германија

192677014322252cd6c0e1f402

REX GERMANORUM, POPULUS SCLAVORUM или во превод Словенска Германија е остро копје во книжевната смисла, позитивен и пробоен одговор на мистериозните прашања во врска со Словенската историја, ново-компонирано дело што го носи сеуште димот на предците, повикување на доказните материјали од западните архиви на денешна Америка, Германија и Ватикан. Фамилијата Вукчевич е одговорна за повеќе од 30-години собираниот материјал, преточен во една моќна и силна брошура која нуди илјадници примери и докази за историјата на славните народи – Словените кој ги опфаќале и огромниот дел од територијата на денешна Германија.

Др. Иво Вукчевич е еден од академиците каде покрај многуте други од српските земји и дијаспори го чекале својот момент за слобода каде што отпосле би можеле да се бават со истражувања кои се од витално значање за Словенските народи. Од перспективата на Американците чии родители му дошле од „старите краишта“, он можел да обсервира како, према неговите зборови: Словенството е под нападот на секое замисливо ниво.

Човек мора да примети дека и на највишите нивоа на англо-американскиот академизам постојат намерни обиди да се помати и отруе дискусијата за Штокавски, да се игнорираат Добровски, Колар, Шафрик, и уште поважните Копитар, Миклошич и Јагич, со намера да се креира мит за Вуковиот “големо-српски наклон”.

Би ја додал и другата голема препрека со подлабокото проучување на словенската историја и култура перпетуирање на Кантовите одредници за проучувањето на историјата која само грчката и римската цивилизација треба да ги обработува а додека сите останати цивилизации имаат само епизодна улога и дека историјата треба да ја пишуваат имајќи го на ум идното граѓанско друштво. Занимливо би било кога би се споредил бројот на научни трудови на глобалното ниво кои ја обработуваат античка Грција со бројот на обработувачи на античката Славија (некои дури би рекле, дека античка Славија не ни постоела), би виделе огромна диспропорција која зависи од степенот на богатство и сиромаштво на различните универзитети, бидејќи за големиот број на научни трудови потребна е институционална и парична помош. Др. Иво Вукчевич тек како пензионер на Асоцијацијата на американските универзитети од својата 62 година вложил време и парични средства за истражувања кои се однесуваат на србистиката (Serbian studies). Потоа како доктор на политичките науки на Њујоршкит универзитет, работи како преведувач и научник на неколку амрикански универзитети и колеџи од областа на еконмската анализа и предвидувања.

Потеклото на денешниот преголем страв од проучувањето на словенското минато треба да се бара во 19ти век кога светските европски империи се плашеле дека централно-европските државтворни проекти нема да успеат да ја остварат националната хегемонија во државите кои ги создавале по угледот на француската нација.

Mултиетничкиот состав на германски и италијански државички бил еден од објективните препреки на националните проекти. Кога 1818 година Павле Соларич го објавил своето дело за влијанието на словенскиот јазик на “римскиот” тоест на латинскиот јазик, он не бил сватен или бил игнориран. Кога Јан Колар 1856. го објавил своето најзначајно лигнвистичко дело “Славјанска СтароИталија” на 800 страни и тоа е недвосмислено и е игнорирано до денешен ден, а тој стекнал репутација на “необјективен” научник. Од тогаш па до денеска западните академици и музејските поставки обавезно го користат терминот „мистерија” во релација кон италските цивилизација, а посебно кон етрурската цивилизација. Германскиот академик Теодор Момсен нашол прикладност да објави памфлет на англиски во кој тврди дека не е вредно да се проучува пред-римската култура бидејќи во нејзе „нема да најдеме ништо релевантно за нас“. Интересно е дека ниту едно друго негово дело од огромниот опус не е преведено на англиски. Неговото прејудицирање на истражувањата е непримерен „научен“ гест. Што се однесува за нас Словените можеби всушност проучувањето на предгрчката и предримската цивилизација ќе го обнови разбирањето на сопственото минато.

Страв од словенството го ширел и уште еден друг германски мислител и активист од значај, на нам добро познатиот, Карл Маркс. Он напишал во New York Daily Tribuneu (5. maj 1855.): „Во оној момент кога Австрија конечно ќе се определи за Западот, или кога отворено ќе и се спротистави на Русија, Александар II себеси ќе се прогласи за лидер на Свесловенското движење, и ќе ја промени титулата од Царот на сите Руси во титулата Цар на сите Словени….

Тогаш ќе се постави прашањето кој ќе ја командува цела Европа? Словенските народи (Рашите, Русите или Расата) долго поделна на внатрешното ривалство, втурната кон истокот  од страна на Германците, тормозена делимично од Турците, Германците, Маџарите, брзо би ги обединила своите гранки. После 1815 година постепениот пораст на свесловенство, оваа Раса за првпaт би прогласила војна со нож против римско-готските народи кои дотогаш го владееле континентот.

СВЕСЛОВЕНСТВОТО не е движење кое се стреми кон национална самосталност, тоа е движење кое владеејќи ја Европа би одело кон разбивањето на маглата што илјадагодишната историја ја создала, и каде би морале да ги збришат од мапата Маџарска (Хун-гарија), Турција и голем дел од Германија.”

Англо-амариканската масонска олигархија, во која Маркс ги насочувал надворешно-политички коментари како владеечка елита, било потребно да се знае „кој ја владее Европа“ бидејќи се спремала унификација на Италија истотака под масонско водство. Јасно е дека агитацијата против Словените била во целта за зачувување на Западот како доминантна цивилизација. Маркс, во овој случај како новинар и агитатор, во својот следен текст пишува: „Српското кревање 1805 и грчкото 1821 се повеќе или помалце предизвикани од руското злато и руското влијание, и каде и да се побунат турските паши против централната власт, руските интриги и руските пари не недостасувале, и кога внатрешните турски прашања сосема ги збуниле западните дипломати, кои не знале повеќе за тоа прашање, тогаш војната е обнародена, руската војска тргнала кон Балканот, и дел по дел од отоманското царство е расцепувано“. Во истото писмо он, всушност, ја убедува американската елита дека Русите користат потплатени народи внатре во Турција поради сопствените територјални амбиции.

Читајќи го ова, имаме доживување на веќе виденото: деведестите години на 20ти век Западот стои на страната на римокатолиците и муслиманите на Балканот, дипломатите повторно наводно затекнати и збунети од непознавањето на околностите. Своето мешање на Западот, заедно со последователните кобни последици за Словените на Балканот, оправдано е бидејќи Западот чуствува дека треба да му го покаже на исламскиот свет своето пријателство. Важно е да се воочи дека во словенскиот свет повеќе не постои единствена причина. Уште во средината на 17ти век катиличкиот опат Јурај Крижанич го предупредувал рускиот цар дека поделбата помеѓу католици и православци ќе создаде непремостив раздор во Славија. Тој раздор навистина ќе биде користен во 20ти век на Западот како аргумент за отцепување на Хрватите и другите словенски народи од Југославија. Хрватските националисти успеале со напорна работа да ги конвертираат во католичката црква. На тој начин хрватските национални програмери преминале на самата Римокатоличка црква, како тоа инзворедно го приметил Др. Петар Милосављевич, еден од српските обновители на србистиката како научна област која истотака исчезнала под експанзијата на хрватскиот национализам по пат на претопување и србохрватистика – за на крајот de facto  да се претвори во хрватистика.

Но како што дури денеска после многу векови можеме да читаме за културното наследство на Словените во срцето на Европа, така можеме да се надеваме дека ќе се обнови знаењето за Словените во времето кое доаѓа. Др. Иво Вукчевиќ се вбројува меѓу пионирите за обнова на стариот Словенски свет и се надеваме дека и неговите следни дела ќе го најдат патот до старата тоест прастарата татковина.

Книгата Старо-Германска Славија во своето оригинално издание е на англиски јазик има 624 страници. Нејзиниот подднаслов е: „Испитувањето за потеклото и раната историја на Србите/Словените, Сарматија, Германија и Илирја. Книгата е испечатена во Лос Анџелес во издание на самиот писател Иво Вукчевич, а напишана е како колекција на причините пронајдени во најразновидните извори, а највеќе од самите германски извори. Содржи 23 мапи, 81 илустрација, 43 инскрипции, содржи и речник од 450 индо-ирански зборови слични на словенските зборови, го анализира винчанското писмо, го разгледува потеклото на босанските средновековни држави на основа на градбите од таа доба. Од германските извори ги користи оние средновековни списи како што се Fredegarius, Geographus Bavarus и Helmold од Bosau, потврдувајќи го постоењето на германско-српските кралства Soraborum, Obodrituorum, Luticiorum i Rugianorum, и владетелите Богислав, Драшко, Кнезот Јакша, Милогост, Прибислав, Растислав, Славомир и Вишеслав. Најчесто се повикува на современите експерти на германската србистика или сорбистика на E. Eichleri J. Herrmann. Полемизира со  H. Kunstmann-овите трудови за европските Urheimatu гермаснки Словени. Испитува историјски докази кои ја потврдуваат тезата на M. Klinge за балтословенското потекло на старите Руси (in Slaviam, Rugian/Rusi vocitatam). Ја документира улогата на балтичките Словени во инвазијта на Англија. Во прилогот се наоѓа и библиографија со преку 2000 изворни трудови.

Advertisements

3 thoughts on “REX GERMANORUM, POPULUS SCLAVORUM – Словенска Германија

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s