Македонските Словени и бунтот против Ромеја (Византија) – Прв дел

b2b_PEG_75-099_4

Историјата на Словените од Македонија била предмет на проучвање на повеќето истражувачи. Сепак и покрај обемната литература повеќето сегменти од рано-средновековната историја на Словените од Македонија останале сеуште енигма за историчарите. Како главна причина за тоа се наведува оскудацијата на изворни податоци за тој период. Но не треба да заборавиме дека и тие податоци што постојат различно се толкувани и интерпретирани. Така, нашите научни работници водени од разни идеолошки определби намерни или не, на некои настани се обиделе да им дадат национална етикета што не одговара на историјската вистина. Во тој период “нации” не постојат, и проблемот треба да го гледаме од глобален аспект. Меѓу проблемите кои и до ден денес не се разрешени се два основни: првиот е населувањето на Словените во Македонија и Балканот, дали е преселба или бунт на поробеното население и второто прашање е односот на Словените со Ромеја (Византија) или нивниот статус во рамките на  “Pax Romana”. Првото прашање овде нема да биде разгледувано. Вниманието ќе го разгледаме и ќе го посветиме на второто прашање: статусот на Словените во рамките на Источната Римска Империја или како што милуваат да ја нарекуваат со новиот термин – Византија. Тоа прашање ќе го разгледаме во текот на VII век. Зошто?

18 64465339_anty_3

Седмиот век по многу нешта е специфичен и токму тој според некои историчари е почеток на типичното средновековие. Во тој век Источната Римска Империја дефинитивно се трансформира во средновековна држава. Тогаш е направена преобразбата на државната управа, тогаш е уништена древна Персија, тогаш се јавува новата управавна силна на Арапите вдахоновени од исламот, тогаш е направена замената на латиснкиот со средновековен византијски и на крајот тогаш Империјата успева да го врати својот авторитет во Европа, пред се над Словените. Седмиот век по многу нешта е значаен и за Словените од Македонија.

Сити извори, за жал не многу, зборуваат за односите на Словените со Ромеја. Хендикепот е во тоа што најмногу извори за односите на Словените од околината на Солун и нивните борби за превземање на овој град од Ромеја (Византија), иако, според некои извори дел од Словените и живееле внатре во градот. Што се случувало со Словените од внатрешноста на Македонија во VII не ни овозможуваат да дознаеме нешто поконкретно. Меѓутоа според своето скромно мислење и убедување сметам дека Словенски род постоиел и меѓу родовите на Империјата Ромејска како затекнато, бидејќи целата територија на денешна Грција бил исклучително од Прото-Словенски народи како што се легендарните Пелазги, потоа и народите како што се Древните Анти и Венети, а тоа ни го потврдува и топономијата што се протегнува низ цела денешна Грција. Тоа можеме да го забележиме и во самото име на градот Солун, што означува Соларен Град, за разлика од денешното грчко Тесалоники. Солоњ е чест поим во топонимите и личните имиња и презимиња (види пример: Alexander Solonik) на Словенските народи како и на нивните дамнешни предци. Да не заборавиме дека и Латинскиот јазик се темели на основите на мистериозната Етруската Култура како и на сродниот Винчанскиот јазик и писмо и култура, па не е ниту исклучена случајноста што толку многу латински зборови се слични дури и со денешните словенски зборови.

1390995855_solon

Древниот Словено-Аријски свастичен симбол – СОЛОН.

Untitled-68

Древниот Словено-Аријски свастичен симбол – СОЛАРД.

Токму затоа и тежиштето на овој труд е сконцентрано на односите меѓу Ромеја и Словените од пошироката  околина на Солун. Првите значајни вести за Словените од околината на Солун се однесуваат на словенскиот племенски сојуз на чело со “егзархот” (кнезот) Хацон и нивниот обид за завземањето на Солун во 614-616 година. Тоа е прво чудо во збирката Чудата на Св. Димитрија (Miracula s. Demetrii II) и авторот посветува прилчно големо внимание на тој настан. Тој дел е доста експлоатиран од научнте работници за докажување на различни тези. Нас не интересира тоа што досега не било предмет на посебно истражување, а е содржано во расказот.  Посебно внимание заслужува почетокот на расказот:

“и така се случи да се крене (подигне) народот на Словените составен од неизмерно множество Драговити, Сагудати, Велегезити, Вајунити, Берзити и др племиња”

Интересна е констатацијата на авторот: “се крена т.е. се подигна народот”, не вели тргна од таму и таму, туку вели се “подигна”, a тоа значи дека тие Словени го имале регулирано својот престој во Македонија и сега се кренале т.е. се подигнале, се разбунтувале. Не ни е позната конкретно причнита. Меѓутоа повеќе од јасно е дека сакале да се ослободат од жестокото Ромејско робовласништво и секако од она што тие го вршеле и наметнува преку новата религија и политика, како и одземањето на домашните територии, ресурси, даноци и сл. По мое лично мислење, ова го доживувам како обид на Словените да си ги повртат своите градови и територии што некогаш ги поседувале нивните пра-древни предци, како што се тоа легендарните Пелазгите (Белазгите), главните двигатели на цивилизацијата и култура на целиот Балкански Полуостров и секако пошироко Африка, Мала Азија и Азија, и во контекст на нив можеме да кажеме слободно дека тоа било во времето кога Ведската култура на Словените и Аријците доживеала процвет. Меѓутоа не се чуствувам адекватен да зборувам и да оформувам цврсто мислење, за тие прадревни времиња како и прото-културите, бидејќи ситуацијата станува се поматна, затоа што постојано се преместува временскиот период на настанокот и активноста, вклучително и археолошките наоди и факти, што говорат и за цивилизации што постоеле дури и пред потопот и катаклизмата што веројатно се случила пред одприлика 13 000 години. Да се вратиме сега на VII век.

Друго што е значајно, авторот ги наведува имињата на одделените словенски племиња. Тоа ни овозможува да можеме полесно да определиме кои се тие племиња што го сочинувале “народот на Словените”, што живееле на територијата на Македонија. Целта на ова “кревање” на Словените е јасна и на авторот: “решиле да го нападнат градот и разурнат нашиот град, како што направија и со останатите градови”.

Оваа реченица е разично преведувана и интерпретирана, па дури некои истражувања и ја ставаат во нејасните, иако е сосема јасна. Сите околни градови на Солун биле разурнати од Словените и сега сакале тоа да го сторат и со Солон. Некои историчари помислуваат и на тоа дека целта им била да создат своја држава со престолинина во Солун. Дилемата се разрешува од следната реченица: “носејќи ги со себе и своите семејства заедно со покуќнината, планираа по завземањето на градот да ги сместат внатре”.

Од овој дел, исто така се добива впечаток дека Словените го имале регулирано својот престој во околината на Солун, па можеле да си ја понесат покуќнината и семејствата со себе за да по освојувањето на градот, се населат внатре. Не треба да се мисли дека при овој напад Словените тргнале од Влашко и дошле до Солун. По извршувањето на подготовики за напад “целиот народ на Словените го опкружи градот како смртоносен венец”. Тоа значи дека дошло до опсада на градот. И токму тука авторот на Чудата II (лат. Miracula Sancti Demetrii II) ни го дава името на водачот на Словените – Хацон. Неговото име скоро сите го прифаќаат како Хацон, исклучок прави Т. Живковиќ кој го преведува како Хакон. Неговата титула (лат: Rex Hatson или Rex Hacon) ja преведуваат како “водач”, “кнез” и “егзарх”. Kaко што се гледа од изворот таа е типично византијска титула “егзарх” и се однесува на воен управник на одредена воено-адмонистративна единица во Ромеја – Источното Римско Царство. Зошто авторот на Чудата му ја дава таа титула на Хацон, не ни е јасно. По обичај ромејските автори многу ретко ги титулираат владетелите на другите народи со свои титули. Кога станува збор за Словените во Македонија тоа се случува редовно во VII век и затоа заслужува посебно внимание. За текот на опсадата е даден целосен опис, но повеќе не интересира судбината на Хацон и неговиод однос со првенците на градот Солун.
Изворот е јасен: “некои од првенците на нашиот град го сокрија дома од некаква корист и недобри намери”. Но, “Св. Димитриј порикнал машка храброст кај жените и тие го извлекле од куќата каде што се криеле, го спроведоа низ градот и го каменуваа”. Tој дел од изворот наведува на заклучок дека првенците на Солун го познавале Хацон, па затоа го сокриле, можеби имале намера да го разменат за некаков откуп или пак во прашање било нешто друго, зошто авторот вели дека: нивниот морал не е за пофалба. Исто така и жените од Солун го познавале Хацон па поради неговото криење го извлекле на улица и го каменувале. Можеби жените го сметале за предавник на започнатото дело па го казниле, или пак му биле лути за страдањата што им ги предизвикал со подигањето на народот на Словените против градот и несреќата што ги снашла во опсадата. Останува нејасно зошто додека Хацон бил затворен во Солун, Словените и без него ја продолжиле опсадата, дали веќе имале избрано негов заменик или пак без водач продолжиле да се борат за да го ослободат Хацон. Како и да е, и по смрттна на Хацон словенската опсада на Солун продолжила.

Славяне-появились-в-шестом-веке

Затоа авторот на Miracula II вели: “По споменатиот напад на Словените т.е. на Хацон, и по лесниот и праведен колеж што ги снајде, и најпосле по срамната војна што ја водеа против нас, тие претпреа не мала штера, кога во нашиот од бога чуван град пребегнаа нивните заробеници кои беа ослободени д нивниот водач. Тое пребегнувајќи и кај овдешните им одзедоа и дел од воениот плен Бедата ги натера да свикаат советување и откако собраа премногу подароци, ги испратија преку пратеници до хаганот на Аварите, ветувајќи му и уверувајќи го дека ако им укаже сојузничка помош, за неговото завземање ќе му дадат огромни пари, што би ги ограбиле од нашиот град”.  Јасно е дека овде станува збор за настаните по смртта на Хацон. Тука авторот укажува дека заробениците биле ослободени од водачот на Словените, но не го наведува неговото име. Тоа најверојатно бил наследник на Хацон кој ја презел раководната должност во војната против Солун. Но, тој водач сам не одлчувал за најважните работи, тука за тоа свикувал советување и на тоа советување е донесена одлука да побара помош од Аварите, поточно од нивниот хаган. Овие вести се многу битни за согледување на односите меѓу Словените од Македонија и Аварите од Заддунав. Тие два ентитета истапуваат како два посебни субјекта и со молби да го убедат хаганот да им помогне да го освојат Солун, при што му ветиле дека ќе му дадат уште пари од тие што би го превзеле владиното богатство од градот. Аварскиот хаган знал дека градот Солун може лесно да падне, а и словенското ратеништво го убедувало дека тој е окружен од нив и дека се пусти сите градови и области кои зависеле од него, единствено тој стои од нивните населби и ги прифаќа сите бегалци од дунавските краишта, Панонија, Дакија, Дарданија и останатите градови и провинции, давајќи им заштита. Од овие вести јасно се гледа дека Словените се тие кои во дваесетите години на VII живеат во околината на Солун и тие преговараат рамноправно со Аварите за заедничка акција од Авари и Словени кои биле потчинети на Аварите и тие заедно со Словените од Македонија во 618 година го опсадиле Солун. Значи во опсадата на Солун учествувале две групи Словени, едната што дошла со Аварите од зад Дунав и втората Македонските Словени кои живееле во околината на Солун. Тоа е и една од најголемите опсади на Солун. Опсадата завршила неуспешно. Византијската влада испратила помошни војски во градот и на крајот аварскиот хаган се согласил да ја напушти опсадата под услов да добие извесни дарови. Хаганот добил откупнина, како и надомест во пари и намирници за ослободеите заробеници. Тој гест на хаганот ја покажува целта на неговото војување – добивање плен и подароци. По 33 дена тој се вратил за Дунав, но неговите сојузници од Македонија останале да го освојуваат градот. Нивниот следен обид бил во 630 година, кога Солун бил зафатен од силен земјотрес и многу згради биле разурнати. Словените што живееле во близина на градот по смирувањето на земјотресот тргнале со копачи и лопати во раце да ги расчистат урнатините и да се населат во градот. Откако се “доближија до градот, тие видоа дека целиот ѕид од сите страни е неоштетен и дека градот си останал како и порано, а и војниците што стражареле на ѕидината се гледаа од надвор, и така Словените се вратија назад исплашени и без резултат”.

ZHizn-drevnikh-slavjan

srm-07-z-01

Aвторот јасно укажува дека Словените се тие кои живеат во околината на Солун и дека во мирно време на смееле да му се доближат на градот. При природната катастрофа се обиделе да ја искористат можноста и да го завземат градот, но и овој обид не успеал. Солун останал ромејска  воена база на Балканот. По овој настан, за извесно време прекинуваат вестите за Словените од Македонија. Дури во 658 година Теофан Исповедник бележи поход на ромејскиот император Констанс II (641-668) против Склавните (Словените) што многумина заробил и потчинил. Овој поход е различно датиран, ние ја прифаќаме хронологијата што ја дава Георги Острогорски и М. Рајковиќ и затоа го ставаме во 658 година. Во прилог на тоа е фактот што по смртта на калифот Омар, јуни 656 година во арапскиот калифат започнале борби за престолот. Борбите се воделе помеѓу Алија од родот на Мухамед и Муавиј, прочуен војсководач и заповедник во областа помеѓу Еуфрат и Египет. Муавиј во 657 година извојувал победа над Алија кај Еуфрат, во граѓанската војна. Една година подоцна ромејскиот цар Констанс, користејќи го преќинот во своето непреќинато војување со Муавиј, завпјувал против Склавинија (Словенија). Овој термин според истражувачите се однесува на Македонија. Резултатот од походот е јасен, Констанс II заробил и покорил многу народи словенски. Најверојатно дел од Македонските Словени бил натеран да ја признаат Ромејската (Византијската или слободно може да се каже и како Грчка) власт. Како резултат на тоа примирје можно е да било и преселувањето на словенското население во Мала Азија, бидејќи од тогаш се споменуваат малоазиски Словени и словенски војници и во самата византијска војска во малоазиските теми. Не е исклучена можноста по овој поход Словените што биле засегнати од походот да стекнат статус на федерати во рамките на Ромејската империја.

Tекстот продолжува…..

Advertisements

2 thoughts on “Македонските Словени и бунтот против Ромеја (Византија) – Прв дел

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s