Навии Moлитви (за покојните)

80348561694436771249

mp56

  • Молитви за помен на Покојните Колена

Родот наш – тоа е светата жива врска со поколенијата, која е подржана од Отецот Сварог и Мајката Лада. Помнете го Родот наш.

Пред се, помнете го Праотецот Мир, и прародителот Богумир и Прамајката Слава. Од нив пошле Славјаните, народите на нашиот род.

Вечна им памјат, вечна им слава!

Помнете ги Спасителите на Родот Православен – Дажбо, Рама, Ориј, Колодиј, и Мамај, кои гржливо го орджуваа Светиот Покон.

Вечна им памјат, вечна им слава!

Помнети ги Првоволхвите на Родот Православен, кои се грижеле и го одржувале Радението (бдеењето) на Свароговото Родово Огниште: Волга-Волх, Магур, Рамадар, Јарослав, Кришењ, Сава-Тур, Осмомисл, Миробож, Всеволод, Богодар, Јаснозор, Радгост, Велимудр, Свјатослав, Данимир, Савр, Вјечеслав.

lhv_wkkdkge.jpg

Вечна им памјат, вечна им слава!

Помнете ги рахманите, волхвите, ведуњите и жреците праведни. Духовните прво-водачи на родот Славен, кои се грижеле и ја преумножиле Родната Православна Вера.

Вечна им памјат, вечна им слава!

Сите предци наши за нас се свети! Помнете ги сите ведачи, витези, веси и трудољубиви работници, светлите синови и ќерки на родот Православен, кои влегле во Вечноста, држејќи го Огништето Родово и светата Ведска Вера Православна.

Вечна им памјет, вечна им слава!

Помнете ги праведните кнезови-управители, храбрите воини, верните синови и ќерки на родот Православен, кои влегле во Вечноста, кои го подржувале Светиот Покон на Родот Севишен за чистината и светоста на крајбожјата татковна.

Вечна им памјет, вечна им слава!

0016-016-trizna-po-olegu

  • Молитва за Претците

Врата Небесна е отворена и дава на Предците Слава! Предците наши собрани, Шурите и Прашурите (дедовците и прадедовците). Ви благодарам вам за здравјето, за силата, што вие на нам од Боговите Родни ни ја пославте, во делата земни ни помагате. Нека Сварог се грижи за Вас и да ви даде Сила! Среќно и чесно живеајте во Мирот (Светот) Духовен, чувајте на нас! Нека вечно постои сврзката на поколенијата – Светата жива врска меѓу нам! Слава за Духот на Предците наши! Слава за Родните Богови!.

  • Молитва за Душите Починати

Роде Севишен, вие во себе ги држите сите нешта, сето видливо и невидливо, Правдата, Доброто и Љубовта. Голема е милоста ваша, вие сте правден и вознаграден, заблудните ги милуваш и спасуваш, ги заштитуваш животите преку Родните Богови наши! Си ни го одредил нам законот Права преку животот во Јава да го познаваме, да ги надминеме испитувањата, а  душата да биде благодарна за трудот осветен! Родните да ги љубиме, да се живее вистината, патот свој чесно да го засееме, и во Слава да из’рти! Влегол (ла) роднината наша (името на умрениот), и затоа прими го него (нејзе) во царство свое духовно, вознагради го (ја) по делата негови (нејзини) достојни, според делата негови (нејзини) праведни, прости им ги постапките лоши, кривдата волна и неволна, со Духот свој сесветол очисти ја и заштити го (ја).

  • Молитва за покојникот – Поменална

Велесе, Оче наш! Дарувај и спокој на душата на внукот (та) Дажбогова! Нека со нејзе живее радоста на битето вечно, во светот на Род Севишниот! Пуштете ја во стадото на Светлите Богови и заштити ја од тагата и немирот Навин, нека живее со нејзе Духот на Родот Православен, да живее со Предците и Потомците во согласност! Ние му ги помниме добрите слова, делата славни и пред Боговите сме сведоци на единството на родот наш во трите света! Слава за Боговите!

  • Молитва за покојникот (Дажбожја)

Слава за Дажбог Јасниот, Отецот наш, кои со сончевата светлина го повелува родот земен каде со својата топлина ги грее душите нивни. Оче наш, загреј ја душата (името), за во другиот свет секогаш му биде светло и радосно, за да ги благословува Боговите негови за следниот живот праведен. Слава Отецу Дажбоже!

  • Молитва во денот на смртта на Родниот

Желја заминала од домот на својата мајка Мор-Морана и сега е во домот на родот наш. Затоа и ја одавам честа и славата, што ни дава радост за животот тука. Сето што таа ги научила жените наши загласовната Правда која во душата на Трисветлиот Ириј или во Нава се изразува. Сета смрт што таа ја дава е да се спознае животот. Слава за Нашата Божица!

1345714232_3c6365ab98227e41e975f3bbce113f16_26_06_2008_0142041001214490906_christophe_vacher

Овој празник како и Велигден се празнува три дена. Во црногорското и хрватското приморје овие денови се нарекуваат и Русаље или Русаљи, а во Македонија и кај останатите Јужни Словени со православна вероисповед првиот ден од Духовден е и ден на Св. Троица (ТРИГЛАВ).

На Духовден се внесувале билки во храмовите, од нив верниците плетеле венчиња кои ги носеле како заштита од демоните, но и како практична заштита од молците и другите штеточинки во своите куќи. Гробовите се прекривале со листови од орев, а некаде се кителе само крстовите.

На Духовден во Македонија не се спиело ноќе, на гробиштата луѓето седеле цела ноќ и раздавале храна за душата на покојните. Задолжително е носење на цреши во земјани садиња кои според верувањата со симболично давање на блиските преминуваат граница на оној свет и им служат на покојните во тој задгробен живот.

Во Јужна Србија се верува дека човек роден на Духовден,секоја година на таа ноќ во стаклото на шишето во кое има вино може да ги види мртвите и да комуницира со нив, но пред да го стори тоа мора да помине низ обредни елементи меѓу кои е и отиде до гробот без да се сретне со некого, да појде од домот и да стигне до гробот во глуво доба, да пости седум дена пред Духовден и др. Некаде пак се верувало дека детето родено на тој ден нема да има среќа во животот.

Во Скопје и Скопско домаќинките во петок пред зори месат мали благи лепчиња, кои пред да се раздени се носат на соседите и на пријателите. Тие треба да се изедат на гладно за да им се најде на тие што не се живи. Лепчињата треба да бидат меки, благи и топли како душата. Потоа попладне се посетуваат гробовите на починатите членови од семејството каде што се носат посни раздавки. Во сабота наутро, освен продуктите за раздавање, кои се делат за да му се најде на покојникот, се носи и пченица и вино. В недела, пак, по полноќ, на гробишта се носат млади гранки од оревово дрво, со кои се поминува целото гробно место. Порано се носеа бардачиња и каленици од глина, кои се полнеа со јагоди и цреши. Сега тие се заменети со стаклени или керамички садови кои може да држат вода, а се даваат на најдобриот пријател на покојникот. Важно е еден од продуктите што се даваат за душа на покојникот да биде домашен, односно да е замесено лепче или пита или нешто што многу го претпочитал покојникот.

Обичаите и верувањата на битолчани за време на духовденските празнувања се раздавање храна за душа на покојните, бдеење на гробовите до пред изгрејсонце и коленичење за време на црковната служба зашто веруваат дека духовите на покојните одат на причесна. Постарите битолчани раскажуваат дека подготовките за празникот почнуваат уште пред Спасовден кога се купуваат дарови за душа на покојните. Кај луѓето во овој крај од дамнина останало верување меѓу народот дека на Спасовден излегуваат духовите, па затоа претходно се купуваат чаши, маици, крпи, шолји. Во петокот пред Духовден се опеваат покојните, а другиот ден, во саботата, на Задушница се раздаваат даровите. На гробишта се носат храна, лепче, маслинки, сирење, кашкавал, јагоди и цреши и купените предмети кои се раздаваат на блиски. 8 недела на Духовден пред да изгрее сонцето уште во темнината ги мијат гробовите на покојните со гранки од маслинки и ореви. На тој начин симболично се мијат починатите роднини. В недела се служи во црквата голема литургија, подот во храмот е послан со лисја од ореви и маслинки.

СЛАВА ЗА БОГОВИТЕ И МНОГУМУДРИТЕ ПРЕТЦИ НАШИ!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s