Потеклото на племето Рети-Редаријци

etruscomix_manara

Влезот на варварите во северна Италија е предизвикано како одговор на движење на уште еден народ кои го споменува писателот на книгата –  “Ретра Последното Словенското Светилиште ” – Рети (грч. paiтoi, лат. – rheti) или Редаријци (Retharii, Redarii).

23617930

Пред вам е првото издание на познатата книга на Андреас Готлиб Маш објавена во Берлин 1771 год. Повеќе од два века било потребно за да оваа повеќенаменскa  корисна студија, постане достапна за читателите. Колекцијата на богослужбените предмети, кои ги представил г-дин Маш првобитно припаѓале на паганскиот храм во градот Ретра. Ова светилиште се наоѓало во Предна Померанија (по-морје), помеѓу реките Пена (Pene) и горниот тек на реката Хавел (Havel) каде сред бројните езерца и мочуришта, кои настанале како последица на големиот Тевтонски потоп (Кимбријски потоп), живеело некогаш древното племе на Редарејците. Соседи им биле Бодричите, Љутичите, Волините, Рујаните и другите Венди, под кои Германите подразбирале различни племиња на Западните Словени. После насилното спроведување на христијанизацијата, земјите на Вендите, кои во дел биле поробени, а во дел биле протерани од родните краишта, постанале властиштво на феудалците кои влегле во составот на Германија.

Да се вратиме сега на пред-историја на овој познат народ – Рети:

Во подоцнежната латинска и германска транскрипција името Рета од лингвистички причини претрпело мало изменување, но тоа во секој случај укажува на заедничката генетска линија, чии корени досегаат до легендарните Етрурци (Расени). За нас оваа роднинска врска има сакрално значење, па на нејзе ќе се заржиме подетално.

Првобитното јадро на Етрурците, го чинеле Пелазгите. Името на овој народ, еден од изворните, автохтони етноси на Хелада, го среќаваме уште кај Хомер и Хесиод. Према сведоштвото на Есхила, Пелазгите имале распространето царство, кое ја опфаќало Тесалија, Халкидик, Додона и Аргос, а Херодот кажува дека и самата Хелада првобитно се нарекувала Пелазгија.

После Тројанската војна, продорот на Дорјаните на Балканот и крахот на микенскиот свет, Пелазгите го колонизирале Апениснкиот полуостров помеѓу реките Арно и Тибар. Таму после 700 г.п.н.е. почнале да се мешаат со Тирените, кои биле со потекло од Мала Азија, и едно време живееле на островот Сардинија. Како резултат, настанала нова, етрурска цивилизација. Таа била своеврсна мешавина пелашко-италска (вилановска) и тиренска (нурагијска) култура.

Етрурците и нивните претходници Пелазго-Тирените извршиле огромно влијание за формирањето на класичната грчка и римска култура. Предците, или најблиските сродници, светски познатите антички богови Зевс, Минерва, Јуона, Семесла, Аполон, Марс, Нептун биле етрурските божества Тин, Минерва, Уни, Семла, Аплу, Марис, Нетун. Јунакот Херакле, кои се прославил во бројните подвизи и кого боговите го однеле на Олимп, кај Етрурците бил познат под името Херклеи и е сметан за нивен прародител.

Римјаните на Етрурците им признавале многу заслуги во многу области; ги сметале за свои достојни предци и учители во духовноста, медицината, сликарството, музиката, архитектурата-градежништвото, законодавството, војувањето, поморството. Во времето на владеењето на етрурската династија Тарквинија Рим бил обложен со цврсти одбранбени ѕидини и постанал еден од првите градови на Италија. Во долината на Мурција изграден е величествен стадион-циркус, кој можел да прими 60 илјади луѓе. Етрурците со помош на канали ги исушиле мочуриштата, и на нивно место граделе погодни пристаништа и градскии улици. Во Рим и другите градови изградиле канализационен систем, кој и денеска се употребува. Етрурците први во Италија почнале да ги насликуваат храмовите и гробниците и ги украсувале со реалистични скулптури од бакар. А кој уште незнае за етрурското тајно знаење во областа на магијата. Нивните свештеници, знаеле да предвидуваат проучувајќи ја јетрата односно црниот дроб. Погребните урни, музичките инструменти, театарските маски, симболите на власта, оружјето, па дури и легендарната волчица, која ги одгледала близанците Ромул и Рем – сето тоа припаѓа на етруското наследтво.

Кога старите пелазгијски градови (Тарквинија, Цер, Вулчи) паднале под власта на републиканскиот Рим, започнало издигнувањето на Сардинија и изградбата на новите поморски патеки помеѓу Апенинскиот и Пиринескиот полуостров. Центарот на етрурското делување преместено е во Ареција и Перусија. Градовите на Етрурија почнале да го освојуваат трговскиот копнен пат кој ја поврзувал Италија со северните земји. Ова трговиннска врска оставила, трагови во Венеција, Словенија, Австрија, Германија, Франција, Послка, како и на југот на Скандинавија. Уште во предхристијанската доба во областите на етрурската колонизација, се чуствувало силното културолошко влијание на развиената древна култура, за која се поврзува и ширењето на писменоста.

После галското пустошење на Етрурија, чии центар бил во Тусција (денешна Тоскана), жителите на овој регион, наречени Тусци, ги напуштиле земјите на своите татковци. Грчкиот автор Помпеј Трог соопштува дека племето Тусци “под водство на Рета ги завземале Алпите и го основале племето Рети , кои го добиле името по својот водач”. Jасно е тука дека се работи за легендата, која потсетува на летописната приказна за браќата Рус, Лех и Чех. Оваа легенда, меѓутоа, ја одсликува реалната причина, која е потврдена со археолошите и лингвистичките податоци.

Ретите биле многу бројно племе, кое населувало голема област северозападно од Јадран, познати како Реција (лат. Rhetia, Rhaetia). Според ауторатативниот опис на географот Страбон, Ретите ги населувале планинските места источно и јужно од Алпите кои се нарекувале Рецијски Алпи, во соседство со Винделиција, Хелвета и Боја. Нивните поседи се простирале со до горната точка на Рајна на северот до самата Верона на југозапад и Виндбона (Виена) на југоисток.

Името на овие земји моеби проистекува од името на божицата Ретија чии култ во античката доба бил раширен во точката на областите на источните Алпи. Од археолошката точка на гледиште, античката Реција (халаштатска култура) поврзана е со цивилизацијата на Расените-Етрурците, која во времето на процветот на Етурија се проширила на север. Тит Ливиј по тој повод отворено пишува: “Ретите се истото племе и со потекло како Етрурците, но планините толку ги огрубеле, за да денеска од се им остане само јазикот, па и тој е доста искривен”.

Потиснати од крајбражјето на Тиренското море во планинските области, Ретите вршеле чести упади во Италија и Галија, придвижувајќи ја војската од повеќе илјади луѓе. Но кога Римјаните во освојувачките походи повеле со себе професионална војска од повеќе илјадници војници, не биле во можност да им се спротистават дури ни обединетите варварски сили.

После Тиберијевите освојувања, рецијските земји за владеењето на императорот Август, големата земја е поделена на две провинции: Rhaetia Prima и Rhaetia Secunda. Северниот дел на Реција, оној кој ја делел од германските племиња, добил име Винделиција (Vindelicia). Тука некогаш живееле Винделициите, кои го добиле името по една од притоките на Дунав (Vindo) кое произлегува од самите Венети. Главниот град на провинцијата се нарекувал Augusta Vindelicorum, денеска Аугзбур (во јужна Германија).

Според резултатите на лингвистичките истражувања на словенскиот научник М. Бор, писмото на Ретите – потомците на Расените-Етрурците, кои го сочувале древниот јазик донекаде измислен – заснован е на етрурската азбука и по својот тип е сроден со венетскиот. А говорот на директните потомци на Ретите (Резијаците), доживеал изменет облик во почетокот на XX век. Неговото блиско сродство со современиот словачки јазик виртуозно го докажал истакнатиот лингвиста Б. де Куртене. Во некои од областите во Швајцарија, Баварија и Тирол до денеска се чуваат дијалектите таканаречените “реторомански jазици” (фриулски, карнијски, трентски, кувалски и др).

Што значи името Ретра ?

Објавената книга за светилиштето Словенското (Вендското) светилиште Ретра во денешна Германија, неможеме а да не се замислеме над значењето на ова име, а за нив централен поим. Прво се јавува мислата во вркса со името на светилиштето и народот кои живеел тука, односно Редариите (Retharii, Redarii). Но како што покажавме во историјскиот преглед, самото име на Редариите е од постар датум. Изгледа дека е поврзано со родовското стебло на Рета (Реијците), потомците на Расените-Етрурците.

Освен тоа, постоела уште една Ретра. чии корени досегаат во длабочините на раната антика. ,,Великата Ретра” (Rhetra) бил насловот на зборникот на законите во Спарта (VIII-VII век п.н.е.), кој, по преданието, го објавил самиот делфијски оракул. Оваа причина укажува на религиско-јурдичкиот, правен значај на светилиштето.

Во Рецијските Алпи, кои сега се нарекуваат Јулски Алпи, Вендите ја почитувале божицата Ретија (Reitia). Taa била заштитничка на мудроста, медицината, уметноста и по своите особини потсетува на етрурската Менрве и римската Минерва. Меѓутоа, нејзиното име фонетски е блиску до семантичкиот низ Фреја, Реја, Рита, т.е. до имињата на небесните царици, кои ги родиле боговите и луѓето.

Грчката  Реа, скандинавската Фреја и ведската Рита имаат ист корен, која во санскритот гласи РТА. Види за (Што представува Законот – РИТА ?

Тоа е симбол за небесниот закон, во кругот на на божјиот свет и светот на луѓето. Aвестинското aša ша) и неговиот ведски еквивалент ṛtá обете протекуваат од Прото-Индо-Иранскиот ṛtá- “вистина” – право, , right, true”, од коренот *h2ar. Зборот е забележан во Старо Иранскот како arta (арта)

Во индијската митологија Рита (принцип и термин) нема развиена персонификација, бидејќи се појавила уште во пра-прадревните времиња, кога вжарениот хаос тек започнувал да се раздвојува на ден и ноќ, небо и земја. Според ,,Атхарава Веда” Рита била содржана во едната од нозете на Пуруша, додека според ,,Рг-Веда” Рита (односно законот) била воспоставена од Индра. Освен тоа, во светите текстови овој закон е од женски пол. Во химните се кажува дека на ,,Рита и припаѓаат земјата и небесата” , “небесната крава ja храни со своето млеко”, затоа ,,Рита создала разновидна храна која дава сила”, носи богатство, ја воздигнува душата, спасува од грев. Целата Вселена почива на Рита и се движи преку нејзе, бидејќи самата е слична на небесниот круг.

Едно од материјалните овоплотувања на небесното кружење било Сонцето, кое во ведската традиција е сметано како окото на Рита или нејзиното лице. А постојаните следители и чувари на божицата била Адитите – 12 деца кои ги симболизирале месеците во годината и одговарачките зодијакални соѕвездија. Во Рг-Веда годината е наречена ,,колата на Рита со 12-те точкови”.

Космичкиот точак на Рита нашол свои израз не само во Зодијакот, кои се придвижувал околу поларната оска. Аналогното значење го има и рунскиот знак R (Rad) – ,,точак, коло, закон”. Во северноевропскиот календар тој го означувал Сонцето и точката на пролетната рамноденица. Неговиот древен хиероглиф бил прстенот, кругот или кругот со точка, сличен на слово ,,Р”. Слично на ведскиот поим RTA, тие симболизирале жиотен циклус, раѓање на идеја и вечното повторување, точакот, колото на Судбината (Дхарма). Во православната традиција овој круг е тесно поврзан со Рајот (Ирија) – оностраниот, небесен Пол, каде се составуваат сите животни линии. Принципот на Рита (РТА) кои се одржува во руната Rad, лежи во основата на светите имиња и поими поврзани со законот и владеењето. Старорускто ,,рота” означува свет ритуал, обред, ротација, заклетва, свет завет и обеќање, што во христијанската доба било заменето со бакнувањето на крстот. Овој поим, е близок со германскиот Recht, Right, што значи Прав, Право, Правда. Reich на германски значи ,,империја, држава”. Rex на латински значи ,,крал, владетел”, што одговара на индо-европското Рајан, готското Rix и шпанското Rey. Respublica на сите јазици значи ,,народна власт”.

Редарии – Ред и Поредок, Закон, Вистина, Право….

Tракијскиот владетел Рес (Rhesos), кој помагал во Тројанската војна против Ахајците, почитуван е како бог, бидејќи е сметан за господар на “магичните коњи” (сончевите коли), а златнокосиот Радамант (Rhadamanthus), син на Зевс и Европа, во старогрчката традиција представува пример за идеален и праведен владетел. Овие поими се многу блиску со Расите (Асите) односно со поимот Рус, сроден на полскиот Rzech и украинското Рада. Обрнуваме внимание истотака на една од најпознатите скулптури од Ретра односно од богот Радогост (Rhadogast). Неговата фигура со глава на лав, излиена од злато, слична е на иранскиот Митра (Mitrha), во чие име го среќаваме коренот rha, кои истотака означува свет закон.

Piekosiński_-_Kamienie_mikorzyńskie_-_Tabl._III_A._Radegast

Истотака индијско-ведското божество Нарахсимха имал лавјо-глав изглед и бил едно од вооплотенијата на Вишну, кој се пројавувал во таквиот облик како заштиник на правдината и пресудувал на оние кои ги напаѓале праведниците и посветениците на космичкиот закон, како што бил случајот со неговата заштита врз младиот посветеник – Прахалада Махараџ.

lakshmi_narasimha

Истотака Arta (Greek: Άρτα) во северозападна Грција, е главниот град на регионалната единица на Арта, која е дел од Епирскиот (Перунскиот) регион.

Ратае имаме и име на село во Макеоднија тетовско  (Ратае), како и Ратево беровско (Ратево).

Покасно фигурата на царскиот лав ги красела бројните дворци на угледниците, аристократите  и нивните гробови. Тоа би било поимното јадро на кое припаѓа името на светиот град Ретра во земјата на Љутичите.

Слава за Боговите Светли и Премудрите Предци наши!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s