Земјата на Балтичките Венди – Виндланд (Славија)

slavia-1896

Според една теорија, Германските народи најпрвин започнале да го применуваат ова име за античките Венети, но со текот на времето овој термин бил употребуван и за Словените – нивните комшии, во подоцнежниот период, кои всушност се токму истиот народ кои на историската античка сцена се јавуваат како Венети. За средновековните Скандинавјани, поимот Венди (Vender) значи Славјани што живеат во близина на јужното крајбрежје на Балтичкото Море (Vendland), терминот потоа бил употребуван за Полабските Словени како што се Ободритите (Бодричи), Ругијските Словени, Велети/Љутичи и Поморејските (Помераниските)  племиња. За луѓето што живееле во средновековното Северно Свето Римско Царство и нивните представници посебно Саксонците, Венд (Wende) бил Словен што живеел во областа западно од реката Одра, а подоцна именувана како Germania Slavica , населена со Полабски племиња (горе споменатите) на северот и со останатите, како што Сорбите (Sorbs) и Милчаните, во средината. Германите на југот го употребуваат поимот Winde наместо Wende и го применуваат исто како Германците на северот, за Словените што имале контакт со Полабските народи од Bavaria Slavica или Словените (имињата како Windic March и Windisch Feistritz сеуште носат сведоштво за оваа историска деноминација).

danmarks_oestersoekyst2 Да преминеме сега на земјите кои се се наоѓале во нопсредна близина на светилиштето и градот Ретра кои заедно се нејзе чинеле единствена цивилизација. Се работи за јужното крајбражје на Балтикот, од Висла до Лаба, вклучително и островoтo Риген (Руген). Според податоците не некои современи автори, Словените на овој простор се појавиле некаде околу VI век н.е. Оставајќи ги своите сродници во Централна Европа, се населиле во соседството на Варините и Ругите, кои тука живееле пред нив. Со текто на времето Словените можеле да се асимилираат со локалното население. Но какво било потеклото на самите Варини и Руги?

wendish-tribes

Варијите (Вагријанци, Варини) не биле од германско потекло. Според сведоштвото на Хелмонд, данскиот мисионер од XII век и автор на ,,Словенската хроника”, Варгијанците биле Западни Словени. Непрестано војувале со Германите и на копно и на море. Нивните земји хроничарот ги нарекува ,,поморската област на Словените” и смета дека во поморството биле ,,нај напредни од сите словенски народи”. Оваа оцена се поклопува со описот на поморските Венети, кој го дал Јулие Цезар, иако он ги вбројувал Венетите во Гали. Ругите не биле ни Германи, ни Келти. Јордан во ,,Гетика” пишува дека Ругите, Аросите, Раните, Светидите и другите племиња се од Скандија (Скандинавија), каде со нив неколку години владеел Родвулф. Јордан нагласува дека од сите останати племиња на Скандија овие се разликувале со посебно држење и со исклучителен висок раст и заклучува: ,,Сите овие племиња, кои биле над Германите, како со тело, така и со дух, се бореле со ѕверска крутост”. Ругите не биле Готи, кои, според сведоштвото на готскиот историчар, истотака потекнуваат од островото Скандзе, ,,како работилница која произведува племиња”. Ругите биле Варјази-Викинзи, кои живееле од трговија и гусарство на Балтикот, бидејќи ги освоиле поморските патишта ,,од Варјагите до Грците”. Превземајќи ја власта, кралот Родвулф нашол упориште кај готскиот крал Теодорих Велики, кој ја основал независната држава со центар во Равена (северна Италија). Можеби Готите биле Германи? Ова мислење е раширено во германската историографија. Но како тогаш да го разберемe Прокопиј Цезарски, кој во својата книга ,,Војна со Вандалите” тврди: ,,Порано готските племиња биле многу, многу ги има и сега, но најбројни меѓу нив и најзначајни од нив биле Готите, Вандалите, Визиготите и Гепидите. Порано навистина, се нарекувале Савромати и Маленхлени. Некои од овие племиња ги нарекувале Гети”. Во продолжение Прокопије ја опишува нивната надворешност и обичаи: ,,Сите се тие со бело тело, руси коси, крупни се и убав изглед”,  ,,сите се тие Аријци и говорат еден јазик, кои се нарекува готски”. По мислењето на византијскиот историчар, Готите биле едно племе, но покасно започнале да се наркуваат со разни имиња, по оние кои ги предводеле”.

Mecklenburg-Vorpommern_Map_Districts_Border_Mecklenburg_Western_Pomerania_-_Landkreise_Grenzen_Karte_MV_MeckPomm.svg

Western_Slavs_B

Во Померанија (Поморје), каде сега се наоѓа земјата Мекленбург, пред доаѓањето на Саксите, живееле Ободрите (Бодричи). По мислењето на руските научници, всушност од таму потекнуваат легендарниот кнез Рјурик (во превод Сокол), Трувор и Синеус. Тие биле синови на бодричкиот кнез Годлајб (Годолав, Годослав) кој погинал 808г. во војната против Данците, и Умила – ќерката на новогордскиот кнез Гостомисл. После смртта на Годлајб власта преминала на неговите браќа – Трасик и Славомир – стриковите малолетни браќа, за потоа на наследниците – Годомисл и Табемисл. Кога Данците и Швеѓаните го покориле  Рарог, престолницата на Ободрите, и на нејзино место го подигнале Мекленбург, Рјурик и неговите браќа тргнале преку море во потрага за среќа. Според наследството на Гостомисл, Словените од Новгорд го повикале 862г. на кнењевскит престол неговиот внук Рјурик, кои постанал родоначалник на руската кнежевска династија Рјуриковичи. Новогордската Русија и Балтичките Словени долго време одржувале блиски контакти, по што особено сведочи ,,Сага за Олaф Тригвасон”, првиот крал на Норвешка. Во еден од походите силен ветер од спротивен правец го запрел Олаф во Виндланд – земјата на Балтичките Венди. Тука се оженил со ќерката на кнезот Гејра, му служел на кнезот Борислав и учествувал во големиот поход на Данска. После смртта а Гејра, Олаф тргнал кон Русија, а потоа се натокмил за Грција и Ирска.

e85c7c616972

wolin_festival_2011_gallery_30_photo_15_by_wikingowie-d4kddu2 Доста прецизен опис за земјата на Балтичките Словени оставил Адам Бременски (XI век), хроничар од северна Германија. Вреди тука да го цитираме, па макар во фрагменти и парафрази. ,,Славија е – пишува христијанскиот летописец – многу пространа област во Германија населена со Винули, кои некогаш се нарекувале Вандали. Славија е десет пати поголема од нашата Саксонија, ако на нејзе и се додадат Чесите и Пољаците, кои живееат од онаа страна на Одра, а кои не се разликуваат од жителите на Славија ниту со својот изглед, ниту со јазикот”. ,,Словенските народи се многу. Најзападни се Вагријанците”.  ,,Нивниот град, што лежи на море, е Старград. Потоа доаѓаат Ободрити, кои сега се нарекуваат Рерези, а нивниот град е Велеград”.

wolin_festival_2011_gallery_45_photo_06_by_wikingowie-d4l1rhp Хроничарот и потаму говори за три острови кои лежат наспроти словенската земја. Тоа се Фембре, Рујан и Земландија. Со вториот остров ,,владеат Рујаните, храбро словнеско племе, без чие согласие, по обичај, не се донесува ниту една одлука од општ интерес”. Останатите словени ги почитувале Рујаните затоа што биле ,,оние кои биле во блиска врска со боговите”. ,,Позади земјата на Љутичите, кои се нарекува Вилци, се наоѓа Одра, река со највеќе вода во словнеските земји. Таму каде Одра се влева во Скитското море, лежи славниот град Волин, познатата лука која ја посетуваат Грците и варварите кои живееат околу нејзе”. ,,Волин е најголемиот град во Европа”. ,,Во овој град сите се предадени на паганските обреди. Што се однесува до нароват на гостопримливоста, нема повеќе поштен и по-гостољубив народ од нив”. Во овој град, преполн со роба од сите народи, ништо не е пораскошно и поретко”. ,,Кога се трга со брод од Волин, со четиринаесет дена пловидба се пристигнува до Новогорд, во земјата Русија, чија престолнина Кијев, е ривал на константинополскиот скиптар, убавината и славата на Грција”.

tumblr_mnejpe7Zu41rw960oo1_500

Kitka-201211-02-prev

autumn_on_wolin_island_by_wirikos-d329f7v

The-Oath-of-Omladina-Under-the-Slavic-Linden-Tree

1364088799627571 Oд ова со зборови богато, сведоштво, на Адам Бременски, произлегува дека Балтичките Словени, потомци на Вандалите и Винулите, кои живееле од Лаба до Висла, не биле етничко малцинство, потчинето на соседните народи. Неговите Рујани, не се Германи, ни Данци ниту Швеѓани. И тие се Словени, притоа од посебен род и посебна каста.

xviii_festival_wolin_2012_pt_gallery_03_photo_05_by_wikingowie-d5bdygk Наследниците на венетската линија се образувале во регионот на Балтикот (некогашниот Вендски залив) целиот систем на градови и културни центри, кои странските автори од средниот век им биле познати под различни имиња: Виндланд, Славија, Русија итн… Во развиените систем градови-полиси, кои потсетуваат на јарданската Венеција и источноевропскиот Гардарика, влегувале Старград (Oldenburg) во земјата на Вагријанците; Љубич (Lübeck), Ратибор (Ratzeburg), Зверин (Schwerin), Раштак (Rostock) во денешен Мекленбург; Aркона на островото Рујан (Rügen), Ретра во Мекленбург, Шчечин (SzczecinStettin), Демин и Волгаст во Поморје (Pomerania), трговскиот центар во Волин (Wollin), кои лежи на сливот на Одра и другите градови на помала одалеченост од море.

10352896_1751812435043046_2886231981646263902_n Сведоштвата на современите научници ни овозможуваат нам да стекнеме целовита слика за Виндланд, како се нарекувала земајта на Вендите во географските делови на Скандинавците од средновековната доба, и податоците содржани во нив..

5WendishWeavers_ed

Слава на Светлите Богови и Премудрите Предци наши!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s