Поврзаноста на Цимбрите со Кимерите

 

Историчарите го потврдуваат фактот дека Кимбрите престојувале во Северна Европа. Крајот на II век п.н.е. Кимбрите (лат. Cimbri, грч. Κιμμέριοι, Kimmerioi) ја споменуваат границата меѓу германските и галските племиња. Тие живееле во регионот Јитланд, а потоа, заедно со Тевтонците, тргнале кон воениот поход против Рим. Ривалството помеѓу Латините и Варварите имало уште од тогаш повеќе-вековна историја. Затоа е неопходно на ова место да направиме една мала екскурзија во уште подлабоката историја.

800px-Cimbrians_and_Teutons

Кога античкиот свет, бил потресен од Тројанската војна, тој почнал да добива нови контури, а во Европа и Мала Азија продирале воинствените номадски племиња од Истокот. Првиот голем влез бил како резултат на порстот на моќта на Кимеријците (Кимерите-Кимбрите), народ со “Иранско-Аријско” потекло, кое во ХII-VIII век п..н.е. го проширеле своето влијание во степите околу Црното Море, Поволожјето и Средна Азија. Можеби всушност Кимеријците да се тие кои ги протерале од овие простори старите земјоделци, потомците на легендарниот Таргитај, кои во шумско-степскиот појас на северот на Подњепровље ја развиле Триполската култура.

ancient_german_family

Во VII век п.н.е. степските номади како огнена стихија со својата коњаница побрзале кон јужното крајбрежје Понт (Црно Море) преку целата Мала Азија. Ја потчиниле својата власт на Урату (древна Ерменија), ја опустошиле Фригија (Бригија) и Лидија, преминале преку Палестина и запреле тек пред моќната војска на египетскиот фараон Псаметиха. Првото историско забележување за Кимерите се појавува во Асиријските анали во 714 г.п.н.е. Тука се опшуваат како Гимири (Gimirri ) кои им помогнале на силите на Саргон II да го порази кралството на Урату. Нивната прататковина, се нарекувала Гамир (Gamir)што веројатно била лоцирана со тампон државата на Манае (Mannae.) Подоцна географот Птоломеј го сместува Кимеријскиот град на Гомара (Gomara) во овој регион. После нивните освојувања на Колчис и Иберија во првиот милениум п.н.е., Кимеријците постанале истотака познати како Гимири. Според Грузијските историчари, Кимеријците изиграле влијателна улога во нивниот развој на обете Колчиската и на Иберската култура. Денешниот Грузијски збор за херој е გმირი – гимири, што е изведен од зборот Gimirri. Ова укажува дека Кимеријците се населиле во регионот после значајни освојувања. На Асиријците овој народ им бил познат како Khumri. Херодот мислел дека Кимеријците и Тракијците се во тесна врска, пишувајќи дека обете народи се првично дојдени од западниот брег на Црното Море, и обете биле раселени околу 700 г.п.н.е. , од страна на напаѓачите од истокор. Со оглед на тоа дека Кимеријците ја напуштиле нивната пра-татковина одејќи кон исток и југ преку целиот Кавказ, Тракијците мигрирале југо-западно кон Балканот, каде тие основале успешна и долго жиотна култура. Таурите, првичните жители на Крим (Crimea), понекогаш се идентификувани како луѓе што се блиска врска со Кимеријците и подоцна Таурусците. Модерните историчари упатуваат дека Кимеријците се претците на Келтите или Германите, споредувајќи ја сличноста на Кимеријците со Кимбрите или Кумирите. Нивната поврзаност е очигледна и можеме слободно да спомнеме дека Кимбри се племето од далечните Нордијски земји и реката Рајна, германско племе од Химерланд (Old Danish Himber sysæl) во северниот регион на Данска. Етимологијата на Cymro “Welshman” (множина: Cymry) се поврзува со Кимеријците од страна на 17-вековните Келтисти, е денеска прифатена од Келтските лингвисти што е изведено од Братонскиот збор kom-brogos , што значи “сонародници”. Во класичниот период на грчката колонизација Кимеријците биле господари на источниот дел на црноморскиот појас, областа околу Меотијското езеро (Азовско Море) и реката Танис (Дон). Тука се простирале на границата помеѓу Европа и Азија. Заливот помеѓу Понт и Меотида бил наречен и како Кимеријски Босфор. Cimmeria2

Хелените имале крајно одалечени представи за Кимеријците. Се мешале со Тауријаците и Источните Скити (Масагетите). Уште во Хомеровата доба до нив пристигнувале легенди за некакви диви племиња, кои живееле или во земунци или во пештери. Кимерите всушност биле високо развиен народ, постари од Грците. Нивните родовски корнеи досегнуваат до сумерската доба (спореди Сумери и Кимери), т.е. во времето пред IV милениум п.н.е., кога веќе била формирана “Индо-Европската” (аријската – расенската) заедница на народите, сумерско-акадската цивилизација и кога културните центри, познати во археологијата како Арат, Винча и Пелазгија доживувале процвет. Во Источна Европа Кимеријците се спротиставиле на Скитите. Тоа е колективно име за различни племиња кои во првиот милениум н.е. го населувале просторот од Волга до Дунав. Во Скити спаѓаат: Tауријците, Неурите, Аланите, Роксаланите, Гелонците, Амазонките и другите народи од северниот појас на црноморското крајбрежје. Нивните археолошки фигури сведочат за тоа дека Скитите не биле Азијати. Со својот изглед не подсетуваат ниту на монголоидите ниту на Јужните Аријци. Тие се типични представници на европидната бела раса. Скитите биле првенствено воини-номади, искусни ловци и сточари, делимично со иранско (аријско), делимично со словенско потекло, а делимично имале и хеленски корени. По староста можеле да се мерат со Египјаните, кои себеси се сметале за првиот народ на Земјата. Скитите како и Етруците (Расените), го издвоиле својот родослов од Херакле, а легендарниот крал Ахил, главниот јунак од Хомеровата ,,Илијада”, го сметале за еден од своите славни претци. Откако моќниот племенски сојуз на Скитите, кои живееле западно од Танаис и Бористена, ги потиснале Кимеријците од појасот на црноморското крајбрежје, овие во Европа постанале познати под името Кимбри. Биле тоа потомци на истите оние номади кои им се спротиставил скитскиот војсководец Прототије (Партатуа) во сојузот со Асирија во времето на нивниот поход на Мала Азија. На љубителите на антиката Кимбрите им се добро познати од ,,Историјата против паганите” oд П.Орозиј. Тие се во сојузот со Теутонците и Галите кои ги побиле Римјаните 113, г.п.н.е. во Норика (битката кај Нореја), а 105г. во јужна Галија (денешниот Оранж). Агресорите биле запрени тек во Шпанија и северна Италија, каде редовната римска војска успеала да им се освети. Резултатот од овие две крвави битки, кои завршиле со потполн пораз на варварите (102г.п.н.е.), бил со 340 илјади убиени војници, а уште 140 илјади поразени воини биле заробени. Од обете страни е пројавена голема окрутност, дури и за таа доба. Според сведоштвото на Орозиј, после победата над царската војска, Кимбрите не само што побиле десетици илјади непријатели, туку, по некаков древен обред, го презирале богатството, го уништиле и целото злато и сребро. А кога и самите паднале во заробеништво, избрале самоубиство наместо понижување. Кимбријските владетеле Бјорикс и Лугиј (Лужиј) ритуално со своите мечеви се посекле еден со друг, a весталките (принцезите), одбивале да им служат на туѓите богови или се беселе или заедно со другите галски девојки се фрлале од карпите. Тешкиот пораз на Кимбрите во Северна Италија (околу Верцела, под Милано), кои резултирал со погубување на целата војска, составена од повеќе илјадници воини, значајно го ослабнело ова воинствено племе. Меѓутоа, тоа успеало да ја сочува својата независност уште стотина години проживувајќи надвор од границите на Римската империја. Во знак на примирје варварите на цезарот Август му го предале својот свет котел, кој кај Кимбрите бил почитуван како реликвија. На него со исклучителен уметнички дар и мајсторска уметност во техниката на бакрорезот се прикажани воените и обредните сцени, од кои една е детлно опишана во Страбоновата ,,Географија”. Фрагментите од овој ритуален котел, украсен со бакрорез, често се прикажуал на албумите, енциклопедиите и хрестоматиите посветени на античката култура, каде неговите познати сижеи, вклучувајќи ги приказите на боговите и свештениците, нарекувајќи ги час ,,келтски”, час “германски”.

Gundestrup_EGundestrup cauldron, Plate E

Во изворите започнати со Кралските Франачки Анали, Меровиншките кралеви на Франките традиционално ја трасираат нивната лоза преку пре-Франачките племиња наречени Сикамбри (или Sugambri), митолозирани како група на “Кимеријци” oд обалата на реката Дунав.

На крај како заклучок, можеме слободно да кажеме дека Кимбрите и Кимеријците  / Сикамбрите произлегуваат од ист првичен народ или племе кое припаѓало на нордијската група и веројатно балтичката група на народи. Галите, Гимирите, Кимерите, древните Германи, Келтите се всушност еден ист народ кои произлегуваат од едно родово стебло – Скитите. По свое мислење, сметам дека, станува збор за Аријски народи со можеби помали примеси на Венди (Словени). Но тоа е доста комплицирано да се одреди во колкава мера е можно тоа мешање. И Словените имале црвени коси и светли очи, и Словените имале како нив плави коси, ако се додаде и описот на Балтичките Венди и тие располагале со совршени високи и убави тела и воинствен нарав. И едните и другите имале паганска вера со многу заеднички богови, а имале истотака и многу слично општествено уредување и секако премногу слични зборови во тогашниот нивни јазик, како и рунско (черт и резов) писмо.

Слава за Боговите и Премудрите Предци Наши!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s