Наука или Фикција: Во кој век живеел Исус Христ?

“Кој го контролира минатото, тој ја контролира и иднината.”Џорџ Орвел “1984”

jesus-christ-1-56_6194

Во овој текст, нема да се навлегува за Христиовиот идентитет, неговото вистинско име, фамилија, учење или мисија, тука најпрвин ќе обрнеме големо внимание на фактите и науката за определувањето на временскиот период на неговиот живот, а останатото ќе го оставиме за во наредна прилика, и ветувам дека ќе ви биде од значаен интерес, ова многу матно прашање, бидејќи работите многу добро ќе се поклопат и расветлат со следните текстови на оваа тема.

Денеска, речиси секој човек без оглед на религијата (верата), ја познава или знае еванѓелската приказна за Исус Христ. Времето на неговиот земски живот, не било само доба на неговото раѓање, туку и нова референтна точка во хронологијата на човештвото. Во повеќето земји во светот е прифатено за годината да се пресметува од раѓањето на Христа. Никој не се ни сомневал дека од тоа важно случување за човештвото, поминале 2000 години. Но, зошто луѓето се толку сигурни во тоа?

7468396

Тука ќе говориме дека општо прифатениот датум на раѓањето Христово е погрешен (намерно!) До овој заклучок дошле руските математичари и автори на проектот “Нова хронологија” Aнатолиј Фоменко и Глеб Носовски. За проучувањето на древните документи го користеле својот авторски: математичко-статистички и астрономски метод на датирање. Тие откриле дека правиот хронолошки развој на човештвото, е многу пократок од општо прифатениот. Значи повеќето историски случувања се случиле многу покасно, за разлика од тоа што сме се навикале (или програмирале) да мислиме, вклучувајќи го и Христовото раѓање.

253jesus12

Oдма да кажеме дека тука нема да се бавиме со прашањето вера, и секако нема да расправаме за црквените догми. Задачата тука е нешто сосема друга. Ќе говориме на прашањето од историско-хронолошката природа. Истражувачите се пред се научници, и секогаш во своите книги нагласуваат дека нивното истражување не се однесува на било какво прашање од теолошкиот карактер. Нема во овој текст да се бавиме со ниедно религијско учење ниту со Христијанството ниту пак со било која друга вероисповед. Ќе се бавиме тука со научното прашање, прашањето за пресметување на датумите. Додека во наредните текстови ќе продреме и подлабоко во самата суштина на вистината.
Однонсо врз база на овие истражувања ќе се обидеме да разбереме: Кога всушност живеел Исус Христ? Во кој век живеел Христа?

Хроничарите се одлучиле да ја поделат историјата на човештвото на две ери: до Христовото рождество и после него. Научниците овие периоди ги нарекуваат: пред новата ера и новата ера. Новата ера започнала со раѓањето на Исус Христ. Но колку и да е чуден датумот на Христовото раѓање, конечно е формиран тек во средината на XVI век, во времето на Грегоријанските календарски реформи, однсоно 1500-та година после еванѓелиските случувања. Најверојатно е дека и тогаш во XVI век и сега речиси никој и не се сомневал во точноста на одредениот датум. Ајде малку да ги отвориме умовите и душата и да започнеме да се сомневаме!

  • Датуми

Се верува дека првиот датум на раѓањето Христово го пресметал монахот Дионисије Мали (Dionysius Exiguus). Ова наводно се случило 532 година од новата ера, односно 500 години после самиот настан. Притоа Дионисиј прво го пресметал датумот на Христовото распетие, и тек одпосле, врз основата на традиционалните представи за староста на Христа во моментот на смртта, потпирајќи се на сопствените пресметки, Дионисиј ја одредил и годината на раѓањето на Спасителот. Дионисиј ги правел своите пресметки користејќи се со можноста на пресметувањето на датумот на Пасхата, усвоен во неговото време и тука направил голема грешка.

Доколку Дионисиј ја познавал современата астрономија, никако не би можел да ја означи годината на Христовто раѓање на почетокот на нашата ера. Нажалост, астрономската наука постанала доволно развиена тек во XVII – XVllI век. А во тоа време погрешниот датум веќе бил канонизиран, во почетокот од римокатоличката црква, а подоцна и од ортодоксната црква (намерно го избегнуваме поимот Православие, бидејќи како што објаснивме во претходните наши текстови, овој поим е директно украден од Староверните Словени, кои самите биле најголемата жртва на моќниот систем на црквата.)

Историчарите не сакаат да говорат на оваа тема и по правило упатуваат се на историските документи. Но поради нешто тие молчат за една многу интересна карактеристика на древните документи, во XV, XVI, XVll век датумите не се пишувани како денеска. Во средниот век се користени две форми на запаси со името на Спасителот.  Латинската буква или слово “I” е првата иницијална буква на името Исус и латинската буква X – е првата буква на името Христ. А кога морале да напишат на пример 300. години од раѓањето на Христ, тие пишувале I.300 односно 300 години од раѓањето на Исус. Да би го запишале третиот век од Христовото раѓање тие пишувале XllI, односно III век од Христа.

4324077

Очигледен пример е марката која ја издал Л. Елзевир, која датира наводно од 1595 година.

6506159

Показетел е и датумот 1524 на гравурата на уметникот Алберхт Дирер  (Albrechta Dürer). Гледаме дека првата буква “I” не само што е одвоена со точка, од останатите цифри, туку и совршено исправно е напишана како латинско “i” со точка горе. Со други зборови, како првата иницијална буква на името Исус.

6291762

А ова е руската воено-поморска карта, направена за време на владеењето на императорката Јелисавета Петровна, во средината на XVllI век. На картата јасно е напишано “Краншат” поморска прецизна карта. Ја напишал и измерил по указот на императорското Височество во 740. година капетанот на флотата Нагајев, направена е во 750 година. Броевите 740 и 750 се запишани дури и без буквите “I”. А според она наше општо познавање 750 година е  VllI век, а не XVllI век. Хм, чудно зар не? Очигледно е дека 750 година не се однесува на 8-миот век туку за времето на императокрта Ј.Петровна односно за 18-тиот век.

Постојат многу такви примери. Највероатно, латинската буква “I” започнала да се тумачи како 1000, а буквата “X” како 10, но не пред крајот на XVI век. И самото тоа ја направиле историјата на човештвото постара за цели 1000 години. Но старите документи содржат и друга, важна информација.

  • Палеја

Се испоставило дека во старите текстови може да се најде и директното датирање на Еванѓелските случувања. Овие датуми се наоѓаат на пример, во древната руска Палеја, од Румјанцевскиот фонд на Све-Руската државна библиотека.

Палеја е стара црковна книга која веќе излегла од употреба. Но, до XVllI век таа им ја заменувала на руските читатели старозаветната Библија. Во Палеја се говори за случувањата од Новиот завет. Понекогаш таа дури и го дополнувала еванѓелието. Палеја суштински се разликува од денешниот канон на Стариот Завет. Тоа не е само додаток на Библијата, туку потполно независна книга. Но таа ги опишува истите настани како и современата канонска Библија. Во Палеја во јасен текст се укажува истовремено на три датуми: Раѓањето, Крстењето и Распнувањето на Исус Христ. Овие датуми се запишани на два начина. Првиот е познатиот начин на пресметување по Источно Римската-Ромејската (Византијската) ера од Адам. А другиот – кој излегол од употреба е стариот летописен начин – “ИНДИКT”. Се испоставило дека овие датуми запишани на два различни начини не се сложуваат, иако би требало да се поклопуваат.

Ајде да погледаме како изгледаат овие начини на запишување на датумите. Пресметувањето на годините од Адам, бројот на годините се запишува со еден број. Тоа е како едно практично безконечно броило на времето. Таквото пресметување го користиме и денеска, само почетната точка на пресметување е друга, раѓањето на Христа.

Picture

Сега да го погледнеме индиктниот начин на запишувањe на датумите. Овој метод многу се користел во старите хроники. Кај Индиктното пресметување на годините не се запишувале со еден број како денеска, туку со три. Од кои секој број се менувал, во различините граници. Секој од тие три броја имал свое име: Индикт, Круг на Сонцето и Круг на Месеичната. Секој од нив, секоја година се зголемувал за еден. И кога ќе ја достигнат граничната вредност, се враќале на единица. И потоа повторно секоја година се зголемувал за еден. На тој начин, наместо едно во принцип безконечно броење на годините во Индиктниот начин се користеле три ограничени циклични бројачи. Тие ја преставувале годината со три не-големи броја и тие неможеле да излезат надвор од пропишаните граници. Овие броеви се Индиктот, кој се менува од 1 до 15. Кругот на Сонцето, се менувал од 1 до 28 и Кругот на Месечината, се менувал од 1  до 19.

Бројките чии гранични вредности во индиктното пресметување: 15, 28 i 19 не се делливи помеѓу себе, взаемно прости, немаат заедничи делител. Потаму, било кое нивно повторување можело да се случи тек преку бројот на годините кој е еднаков на нивниот производ. Кога меѓусебно ќе ги помножиме, се добива 7980. Но овој начин повторувањето на индиктниот датум се случува само еднашка во 7980 години. Со други зборови, распонот на времетраење од речиси 8000 години индиктниот начин на запишувањето на годините е потполно недвосмислен.

Да ја погледнеме Палејата, по поводот раѓањето на Христа, во нејзе се кажува: “Годината 5500 се родил во тело вечниот крал, Господ Богот наш – Исус Христос на денот 25 декември.” Тука е наведна 5500 година, датумот по ромејската (византијската) ера од Адам

Picture

Picture

Оваа година е запишана и на Индиктен начин: Кругот на Сонцето бил на 13; Месечевиот – 10; Индиктот – 15. ,  ден-недела 7-ми час. Но запишаната 5500 година требала на Индиктен начин да биде ваква: Индикт – 10. Кругот на Сонцето – 12 и Кругот на Месечината – 9. Слична слика на непоклопување на датумите ја гледаме и во датумите на крстењето и распетието. Како тоа можело да се случи. Зар за препишувачите било тешко да ги исправат датумите и да ги направат скалдни меѓусебно.
Фоменко и Носовски предпоставиле дека препишувачите на хрониките неможеле да ги исправат старите датуми запишани на Индиктен начин, затоа што не ги разбирале, тоа е архаичен систем за запишување на годините. Моето лично сомневање е дека намерно е направена збрката, со цел да ја подигнат вредноста на новата религија што ја ширеле и промовирале со оган и меч.
Датумите по византијската ера од Адам препишувачите и уредниците почнале да ја впишуваат во хрониките од  XVI-XVllI век. Додека во старите, првичните извори, кои се порано препишувани или удредувани датумите од Адам, како по правило ги нема. Наместо нив биле архаичните, индиктни датуми. Иако се обиделе да го сочуваат и изворниот индиктен датум препишувачите можеле да погрешат, бидејќи потполно не ја разбирале нивната смисла. На пример го мешале Кругот на Месечината и староста на Месечината, што не е исто. Тоа можело да ги доведе до грешки од многу години. Научниците објасниле дека освен случајните грешки, можеле да бидат и системски грешки, кој се повторуваат, а поврзани се со неразбирањето на некои околности. Овие грешки би можеле да се појават и поради две главни причини:
Првата причина: Не поклопувањето на почетните точки на промената на трите циклуси во текот на годинита. На пример, за индикниот број, важно е кога, во кој месец започнува новата година. Почетокот на годината од септември, односно од првиот септември се смета дека е од византијско потекло. Во старите времиња постоел и јунски или египетски почеток на новата година, поврзан со почетокот на жетвата. Истотака не може да се исклучи ниту почетокот на индиктот во Март или Јануари.
6506159
Другата причина: Стариот начин на броење на кругот на Сонцето така нареченото – “vruceleto” на прстите на раката, табелата за представувањето на Кругот на Сонцето и Кругот на Месечната нацртана е во облик на две човечки раце. Едната од нив, левата се однесува на Кругот на Сонцето, која се нарекувала раката на Дамаскин. Кругот на Сонцето се запишувал на четири прста, од показалецот до малиот прст. Денеска на Дамаскиновата рака, круговите на Сонцето се зголемуваат од лево кон десно. Од показалецот до малиот прст. Во древните времиња повеќе од сигурно се запишувале од десно кон лево како што пишуваат денеска Арапите. Се испоставило дека така не работеле препишувачите кои ги препишувале индиктните датуми кои одговараат на датумите од Адам.
Впрочем овие системски грешки ги откриле Фоменко и Носовски. Со обзир на тоа, што во Палеја постојат истовремено три датуми, раѓањето, крстењето и распетието се појавила надежта дека ќе се исправат тие грешки и дека ќе се утврдат правите датуми. За решавањето на оваа не едноставна задача Фоменко и Носовски направиле посебен компјутерски програм. После спроведувањето на релативно сложените пресметувања, каде на редакторите од XVII-XVllI едноставно им биле недостапни. Фоменко и Носовски добиле неколку можни датуми на Христовото раѓање. Три од нив се најверојатни: 87 година од наша ера, 867 година од наша ера и 1152 година од наша ера. Останатите добиени датуми биле или пред нашата ера или во XX век.
А кој од овие датуми е точен?
За се утврди ова требало уште да се проверат датумите на крштевањето и распетието. Сите три датуми, треба да се најдат во оквирот на одреден временски интервал. Според христијанската традиција помеѓу раѓањето и крштевањето поминале 30 години. Но, помеѓу раѓањето и распетието – 33 години.

Фоменко и Носовски ги разгледале сите можни опции, и утврдиле дека постојат само две решенија кои точно се поклопуваат со еванѓелискиот опис. Од овие две го избрале она решение кое е потврдено и од другите извори. Се испоставило дека решението е следно: Раѓањето – декември 1152 година, Крштевањето – јануар 1182 година, Распетието – март 1185 годна. Односно времето на неговиот земски живот на Исус Христ е Xll век од новата ера. Овие датуми не се наоѓаат само во руските документи.

  • Феатрон или историскииот преглед

Неочекувано, за општо прифатената односно конвенционална историја, датумот на раѓањето на Христа, може да се најде не само во старите руски документи, туку и во европските. Да го погледнеме интересниот историски документ кој ја опишува историјата на светот од создавањето до 1680 година. Тој документ се нарекува “Феатрон или историски преглед”  (Theatrum historicum). Документот го напишал на латински бискупот Вилхем Стратман  (Wilhelm Stratemann) во  XVll век, 1720 година. По наредба на Петар I оваа книга ја превел на руски јазик епископот рјазински и муромски, Гаврило Бужински. А во мај 1749 година по указот на императорката Јелисавета Петровна “Феатрон” e забранет. Практично сите примероци биле забранети. Во оваа книга се говори за славењето на христијанските јубилеи кои се славеле во Ватикан од  XllI до XVI век.

Глеб Носовски: Ние оваа книга ја нарекуваме “Лутеранска хронологија” бидејќи е напишана со изразена точка на Лутеранското гледиште, таа ја опишува целата светска историја како и пред историја на лутеранството. Книгата е отпечатена во 1684 година. Тука детално се говори за јубилеите. Деталното пресметување преку јубилеите се докажува, дека настанот на раѓањето Христово се случило во средината на Xll век. Јубилите се прославите на Христовото раѓање. Се славеле не секоја година, туку после извесен број на години. Кои години требале да се слават јубилите, го утврдувале римските папи. Првиот, кој ги утврдил овие датуми бил папата Урбан IV. 1389 година и тој ја воспоставил прославата на јубилеите на секои 30 години. И првата таква прослава била после една година 1390 година. Меѓутоа папата Бонифациј IX наредел јубилеите да не се слават после 30 години, туку после 10 години. Ова правило се задржало во Ватикан до 1450 година. А од 1450 година по указот на папата Николај VI јубилеите почнале да се слават после 50 години.

Сето ова на прв поглед изгледа како досадна информација а всушност содржи уникатен доказ. Со помош на комплицирани матеметички пресметки може да се одредат кои се датумите во кои би можел да се роди Христа по мислењето на средновековните папи. Ако во 1390 година јубилеот се прославувал како 30 годишен, односно за X пати 30 години од раѓањето, а во 1450 година, како 50 годишен, односно зголемен за 50 пати, се добиваат следниве датуми: 1300 г.; 1150 г.; 1000 г.; 850 г. ; 700 г. ; 550 г. .; 400 г. ; 250 г. ; 100 г. .;  50г. и така натака со интервал од 150 години наназад.

Зачудувачки е дека во добиениот список ја нема првата година од новата ера за која историчарите ја сметаат како година на раѓањето на Христа. Се испоставува дека за разлика од хроничарите од XVI – XVll век, римските папи од XIV век, поради нешто не верувале дека Христос се родил во првиот век од новата ера. А практично тоа потполно се поклопува со датумите од руската Палеја. Секако за да се призне Xll век за раѓањето на Христа не се доволни само два древни документа. Но, постојат и други потврди на овој датум. На пример: астрономските.

  • Витлемска ѕвезда

За периодот на земскиот живот на Исус Христ поврзани се две големи астрономски настани. Едниот е потполното помрачување на Сонцето на денот на Христовата смрт, а за тоа ќе говориме во некој нареден текст. Другиот феномен е експлозијата на новата ѕвезда во годината на раѓањето на Спасителот. Во Еванѓелието овој настан е опишан како појавата на Витлемската ѕвезда. Кога Исус се родил во Витлеем во времето на царот Ирод во Ерусалим стигнале мудреците од истокот и прашале: “Каде е новородениот еврејски Крал? Ја видовме неговата ѕвезда на истокот и дојдовме да му се поклониме.” Eксплозијата на ѕвездите е експлозија во Космосот поради што остатоците од ѕвездата се разлеваат на разни страни и понекогаш формираат кластери и маглини. Една од таквите експлозии оставала позади себе маглина во соѕвездието Бик, која се нарекува “Крабска маглина”. Долго време се мислело дека експлозијата на ѕвезди во соѕвездието Бик се случило 1054 (запамтете ја оваа година, подоле ќе видите зошто) година. Овој датум е наведен во древните хроники.
 Picture

Интересирањето за оваа маглина се појавило уште кон крајот на XIX век. Во годината 1899 е направената нејзината прва фотографија. Во XX век со маглината озбилно се бавеле научниците: Ламплант, Данкан, Баде, Тримбл, Биков, Мјуреј, Нјугент. Се испоставило дека датумот 1054 година кој е наведен во хрониките не е исправен (но може и да е исправен!). Затоа што астрономите успеале да го утврдат точното време кога е формирана Крабската маглна. Како е тоа утврдено?

На фотографиите снимени во емисионите линии на водород оваа маглина изгледа како “краба” Иако во видливиот спектар таа маглина има облик на облак. Но овој облак има многу светли емисиони линии на водород, тии се со боја на малина. Астрономите ја измериле брзината на ширењето на овие маглини во нејзините поедиечни области. Според овие податоци може да се одреди староста на овие маглини или датумот на експлозијата.

При експлозија остатоците од ѕвездата се равлекуваат во радијален праве. Во текот на првите неколку илјади години брзината на експанзијата на остатоците од ѕвездата може да се сметаат за рамномерни, бидејќи Космосот е вакум, кој нема речиси никаков отпор. Тоа го потврдуваат и фотографиите на Крабската маглина, направени во различни периоди.

4197523

4197523

4208556

На пример ова се фотографиите од 1899 година. Снимката од 1973 година и фотографијата од 2000 година. Може да се говори само за постепено успорување на развлечените фрагменти, но не и за нивното забрзување.

Современите уреди овозможуваат да се пресметаат датумите на експлозијата брзо и прецизно. Се мери брзината на разлетувањето на фрагментите и одалеченоста на која успеале да одлетаат. Потоа одалеченоста се поделува со брзината и се добива времето на летот. Добиениот број на години се чита одназад, и се добива датумот на експлозијата. Резултатите кои ги добиле разните научници се наоѓаат во еден временски интервал од 1110 до 1170 година. Значи древните хроничари погрешиле и експлозијата на суперновата ѕвезда при што е формирана Крабската маглина се случила во Xll век од новата ера. Во овој временски интервал се наоѓа раѓањето на Христа кои го откриле Фоменко и Нососки во руската Палеја и Феатрон, 1150-1152 година така што и најверојатно била и Витлемската ѕвезда.

  • Зодијакот на Христа и Зодијакот на Озирис

Од древните времиња до нас пристигнале и другите астрономски потврди за тачниот датум на Исусовото раѓање и распетие. Нив ги оставиле древните и средновековните астрономи. Тие ги запишале овие датуми во облик на хороскоп.

Денеска многумина погрешно мислат дека хороскопот е поврзан исклучително со астрологија, гатање со помошта на ѕвездите и предвидувањето на судбината. Во астрономијата хороскопот се нарекува положбата на планетите по соѕвездијата на зодијакот. Соѕвездијата на зодијакот се 12. Денеска нивните имиња се добро познати. Тие се: Oвен, Бик, Близнаци итн. Постојаната промена на положба на планетите на небото во однос на фиксните ѕвезди, хороскопот изгледа како гигантски саат-календар. Овој небесен календар луѓето го користеле од минатото за запишување на датумите, посебно за важните настани.

Анатолиј Фоменко и Глеб Носовски дешифрирале десетина зодијаци. Меѓу нив се и двата зодијака во кои се шифрирани датумите, поврзани со Исус Христос.

4208556
Во годината 1826 во Лондон е издадена книгата “Aстрологија” oд англискиот лекар и астролог Е. Сибил (Ebenezer Sibly). Во оваа книга е прикажена сликата-зодијак со хороскопскиот датум на раѓањето Христово. За тоа говори и натписот ставен на средината на сликата како и сликата на раѓањето на Спасителот која се наоѓа на дното на страницата.

Анатолиј Фоменко и Глеб Носовски се одлучиле да го проверат кој е датумот забележан во тој зодијак. Дали тој одговара на вообичаениот датум на Христовото раѓање. Со помош на компјутерскиот програм “Horos” ги направиле сите неопходни пресметки. Постанало јасно дека во овој хороскоп постои само едно точно решение. Датумот ко го запишал непознатиот астроном е 25 декември 1151 година.

Не чуди што овој хороскоп сеуште се смета за еретичен. Овој единствен зодијак ја признава традиционалната историја за погрешна, на крајот тоа е уште една независна потврда за датумот на раѓањето на Исус Христ кои го пресметале Фоменко и Носовски. Се испоставило, дека во старите книги може да се најде точниот датум на раѓањето, покрај многуте вековни трудови на историчарите на Скалигеровските школи, кои уништиле илјадници неподобни.

Другиот датум во врската со Исус Христ, Фоменко и Носовски ја откриле во Египет. Авторите на новата хронологија многу години ги изучувале спомениците на древниот Египет. Посебен интерес код нив предизвикале зодијаците, кои ги краселе сводовите на многуте египетски гробници и храмови. При дешифрирањето на египетските зодијаци постанало јасно дека сите датуми се запишани на нив се однесуваат на периодот од  XI до XV од новата ера.

4208556
Меѓу нив постои и еден во кој е забележан точниот датум на распетието на Исус Христ. Станува збор за познатиот округол дендерски зодијак, или како што уште го нарекуваат “Зодијакот на Озирис”.

“Тоа е огромна слика, низок рељеф во камен, каде е прикажан зодијакот, прикажани се ѕвездите, положбата на планетите, симболиката која нам ни е добро позната од текстовиот на средниот век. Го датиравме овој зодијак, кажува Фоменко, продолжувајќи ги претходните истражувања на научниците посебно на Никоај Морзов, кој е првиот кој го поставил прашањето за тоа дека датумот кој го дале историчарите и астрономите за тој зодијак е неточен. Ако се датира зодијакот, независно од претпоставеното априори датирања, што ние сме ги направиле, се добива потполно друг датум – 1185 година, крајот на Xll век од новата ера”.

Поточно 20-ти март, 1185 година. Тоа било среда, првиот ден од полната Месечина, почетокот на еврејската Пасха која се славела 7 дена. Потаму, четвртокот бил Пасхален. А во Еванѓелието се говори дека “Тајната вечера” била точно на Пасхалниот четврток. Пасхален бил истотака и петокот. Еванѓелието тврди дека Исус е распнет во петокот. Поради тоа може да се даде точниот датум на Христовото распетие. Тоа е 22 март 1185 година. 

Како додаток на ова од погоре, во следните текстови ќе се повикам на покојниот руски академик Николај Левашов (1961-2012) убиен во Москва, како и на информациите од неговата сопруга Светлана Левашова Де Рохан, истотака убиена во Париз 2010, иако не успела да ја доврши својата книга Откровение, сепак успеала значитело да нанесе важни информации на темата. Според информациите кои ги добиле од сосема друг извор (ќе гоориме во следната наша објава подетално), истотака потврдуваат дека Исус живеел сосема во поинакво време и дека бил распнат точно за време на полната месечина под налог на Левитите – еврејските свештеници, само што тие местото на распетие го посочучуваат Константинопол, и тоа во 1086 година, еден век разлика од резултатите на Фоменко и Носовски. И доколку годината 1054, како што е наведна во старите хроники за експлозијата на суперновата, како една одредница на Христовото раѓање, забележена во Еванѓелиото, тогаш ако ги додадеме годините на Христовиот живот + 33-32 ја добиваме годината 1086-87 кога тој бил распнат според информациите што ги добил  Н.Левашов и Светлана. Можебе за ова погрешиле научниците Фоменко и Носовски, но во секој случај биле блиску.

Николај Левашов истотака кажува дека тоа било за време на полната месечина, каде мрачната сила на Левитите била максимална, така што енергијата на белиот хиерарх (богомил) Исус Христ била многу ослабната и неможел и неуспеал да ја блокира енергијата која што и била наметната на масата од страна на црните магови односно еврејските свештеници – Левитите.

Но во Еванѓелието постои една протвречност. Дека за време на Христовата казна, било и помрачување на Сонцето. И астронимите и исоричарите добро знаат дека ако во хрониките се споменуваат такви големи астронмски појави како што е соларното помрачување, можно е со голема прецизност да се утврдат датумите на настаните кои се случиле. Но работата е во тоа што на денот на распетието на Христ, не можело да биде помрачувањето на Сонцето, според астрономските пресметки во 1185 година. Како што веќе кажавме, тоа било Пасхална недела. А еврејската Пасха почнува со полната месечина. Всушност потполното помрачување на Сонцето било месец дена после завршувањето на Пасхата 1 Мај 1185. И според Фоменки и Носовски наводно помрачувањето на Сонцето и смртта на Христа останале соединети во свеста на луѓето, и се нашле на страниците на Библијата, како случувања кои се случиле истовремено. Но дали тоа е така навистина, дали повторно погрешиле? Сепак информациите на Николај Левашов за кои ќе говориме во наредниот текст подетално за вистината на Исус и неговата наука и мисија, кажуваат дека тој е распнат во Константинопол 1086 година, и таму астрономските пресметки каде учествувал повторно Фоменко многу добро се поклопуваат, точно во таа година се случила и соларната еклипса на 16-ти фебруар, како и земјотресот кој е опишан во Еванѓелието.

Еве едно картко видео за истото: https://www.youtube.com/watch?v=2lvBlTxaYoM

Но зошто авторите на новата хронологија сметаат дека датумите се шифрирани на округлиот дендерски зодијак и е директно поврзан со Христа? За тоа дека Озирис и Христ се една иста особа имаат пишувано многумина. Ние не сме првите ниту последните кои се согласуваме со ова тврдење. Исус Назарениот (Озарениот). Потоаму, ако во Зодијакот на Озирис е напишан одреден датум, тоа природно се однесува на Христа. Затоа Фоменко и Носовски го користат датирањето на Зодијајот на Озирис за Христ.

И така како и во руската Палеја, и древните египетски округли дендерски зодијак укажува на 1185 година како датум на Христовото распетие. И не само дека астрономските пресметки и древните летописи говорат за тоа дека Христ живеел во Xll век од нашата ера, тука има уште една потврда.

  • Торински покров

Нажалост, до нашите денови малку дошло од материјалните докази на еванѓелистичките настани. Еден таков уникатен примерок е Светиот покров. Тоа е четириметарското ленено платно во кое по преданието на Јосип од Ариматеја го замотал телото на Исус Христ, после неговото страдање на крстот и смртта. Од 1578 година покровот се чува во специјален ковчег во катедралата Јован Крстител во Торино. Затоа денеска е познат под името “Tорински покров”.

Според општата историска верзија, прв пат оваа реликва е покажана на народот во 1353 година во францускиот град Лиреи (Lirey). После скоро два века се појавува во Торино, а потоа 100 години се наоѓала во капелата на Соборната црква во Торино. Тогаш во Соборната црква за чување на покровот е направен специјален ковчег. Во тој ковчег реликвата спокојно останала практично до крајот на XIX век, додека не се одлучиле да ја фотографираат.

Picture

Во 1898 по наредба на црквените власти фотографот Секонде Пиа (Seconde Pia) ја направил првата фотографија “Светост”, и се открило неверојатното. На негативот изненадно се појавила јасна слика на контури од човечко тело од предна и задна страна. Постало очигледно дека покровот во себе чува мистериозен отисок. Ако го погледнете покровот при обично осветлување, тоа е малку приметно. Но на негативот е добиена многу јасно слика, биле видливи дури и малите детали. Резултатите на истражувањето го одфрлаат сомнежот дека тој отисок едноставно го нанеле на ткаенината, не некој генијален начин. Било видливо дека е измената самата структура на ткаенината, а капките крв со вистински, при тоа тие паднале на ткаенината пред појавата на отисокот. Не било сомнитело на кој припаѓал овој отисок. Торинскиот покров ги чува контурите на телото на Исус Христ. (На крајот од текстот е поставен целиот документарен филм, ќе имате можност подетално да го прегледате овие слики).

Научниците се одлучиле да ја одредат староста на оваа светиња. Во 1988 година се одлучило да се одреди староста на ткаенината со методот на радиоактивниот јаглен. Од Светиот покров одрежан е мал примерок, со ширина од 10 мм. Тој е поделен на три дела кои се испратени на испитување во најдобрите радио-јаглеродни лабаратории во светот. Државниот Универзитет во Аризона, САД, на Оксфордскиот Универзитет, Велика Британија и Сојузниот Политехнички институт во Швајцарија.

Научниците ги прочувале деловите независно едни од други. Резултатите од истражувањето биле сензационални. Во овој случај се добил датум кои предизвикал во времето кога објавен голем шок во научната заедница. Се испоставило дека датумот не е првата година од нашата ера како што се претпоставувало, априори, туку некаде околу Xll век од новата ера со грешка од плус, минус 50-100 години.

Ова датирање совршено се поклупа со датумите на Фоменко и Носовски, датирањето на животот на Христа во Xl – Xll век од нашата ера. Експертите се склони да мислат дека се најточни се заклучоците на Оксфордската лабараторија. Британските научници ги означиле најкратките интервали на датирањето. Од 1090 до 1265 година.

Секако, дека историчарите не се задоволно со оваа опција. Никој не сака да признае дека времето на производството на ова платно е Xl-Xll век. Многу научници го нарекуваат покровот фалсификат. Тие се спремни да признаат дека тој не е направен во  Xl-Xll век, туку во  XIV век. И дека е направен како имитација да се манипулираат луѓето. По општата историја во XIV век покровот е за прв пат покажан во јавност. Но овој покров бил долго познат уше пред да биде прикажан во Лиреј.

Каде тој се наоѓал до средината XIV век? Се верува дека од почетокот на XllI век, Светиот покров се чувал во храмот Света Софија во Константинопол. Значи, во Европа е донесен од Истокот. Повторно тука можеме да ја поврземе приказната на рускиот академик Н. Левашов со информациите и тврдењето дека Исус е распнат во Константинопол, а не во Ерусалим, како што е општо прифатено од историјата. Но тоа ќе го оставиме за во следните објави.

Најверојатно во XVl век во Торино се појавил вистинскит покров. До тоа време не само што не го покажувале, туку ништо за него не се ни говорело. Затоа покасно во документите и хронологиите ставиле соопштение дека Покровот е покажан во XIV век.

Секако, радио-карбонскиот метод на датирање не е совршен, познати се случаи кога датумите добиени со помош на него биле погрешни. Но денеска радио-карбонската анализа се смета за најпрцизно одредување на староста на биолошките објекти. Секако при испитувањето научниците ги создаваат своите неопходни услови, резултатите можат да бидат прилично објективни. Единственото датирање добиено со помошта на радио-карбонската анализа е XII – XIV век. После 1988 година повторната анализа на покровот, никој не ја потврдил.

И така резултатите на истражувањето на Анатолиј Фоменко и Глеб Носовски говорат дека правата епоха на земскиот живот на Исус Христ е Xll век нова ера. На ова укажуваат и древните документи и астрономското датирање и резултатите од радио-карбонската анализа на Светиот покров. Тоа значи во XVI век историчарите или погрешиле, или намерно го преместиле датумот на раѓањето на Христа многу години порано во минатото. Како резултат, на тоа, хронологијата на развојот на човештвото постанала подолга за повеќе од 1000 години.

Можеби затоа во историјата се појавиле таканаречените мрачни векови на средниот век. Сеуште научниците не можат да дадат не само научно, но и логично објаснување: Зошто до денешен ден останале толку малку средновековни предмети од материјалната култура и толку многу антички споменици? Логично е да биде спротивно. Единственото објаснување кое историчарите го даваат, звучи неверодостојно и неуверливо. Тие нам ни нудат озбилно да веруваме дека после многу вековниот период на убрзаниот развој на древните цивилизации на Европа и Азија, нагло дегенерирале и исчезнале. Биле заборавени сите научни и културни достигнувања на антиката. Во текот од 10 векови луѓето живееле во темнината на незнаењето. Некогаш блиставиот и просветителниот етрурски-венетски јазик (прото-словенски) постанал груб и примитивен однонсо варварски јазик; исчезнува уметноста, во многу земји е прекинато ковањето на пари итн..

Воопшто “блесокот” на интелектувалните дејности, посебно во раниот среден век, е случаен настан, може да се каже спорен. За да во XV-XVI век во епохата на ренесансата луѓето наеднаш се сетиле на сите откритија и достигнувања од своите антички предци. Почнале, не само да ги користат, туку и да ги развиваат.

Новиот точен датум на Исус Христ, ги поставува работите на своето место. Постанало очигледно дека во историјата нема речиси 1000 години назадувања и незнаење. Немало јаз во историските епохи. Во културниот развој на човештвото немало нагли угорници и никакви оправдани падови. Напратив, тоа се развивало доста рамномерно и доследно.003

A.Т. Фоменко: “Ние разбираме дека “новата хронологија” понекогаш се доживува како револуционерен проект на нашето разбирање на минатото и нашата само-свест денеска. И затоа не треба да се плашиме. Таквите примери во науката на историјата имало и тие секогаш го носеле новиот и исправниот поглед на светот. На пример пред откритието на Коперник, тие изјавиле дека Сонцето се движи околу Земјата, а всушност е спротивното, Земјата околу Сонцето. Замислете каква бука тоа во тоа време, шок, во друштвото после ова откритие, и тогаш луѓето разбрале дека ова гледиште е исправно и одговара на подоброто разбирање на свемирот.”

Г.В. Носовски: “Генерално на луѓето нема да им биде полошо од научните откритија. Искуството покажува дека што повеќе има научни откритија, подобро се живее. Во секој случај, не полошо. Може секако со тоа да спорите, но научните откритија не можете да ги спречите.”

Многумина се обидуваат да ги сопрат откритијата на Фоменко и Носовски. Секоја година борбата против новата хронологија постанува се поупорна. Во последно време во голема мера се врши намерно искривување на основните идеи на новата хронологија. Површно угледната академска публикација, ги носи идеите на Фоменко и Носовски во очигледно карикиран облик.

A.Т. Фоменко: ” Причината е дека историјата е комплексен предмет, а тука таквото ревулуционерно движење, како што веќе било во историјата на астрономијата, физиката, математиката, имало такви примери, големи ревулуционерни движења. Тука ваквиот настан се случил подоцна, има многу материјали, треба многу од тоа да се разбере, преработи. По нашето мислење, тоа само ќе не доведе до правилното разбирање на нашата историја. Тоа е многу важно и за нас, поради правилното разбирање на современоста.”

Г.В. Носовски: ” Всушност, далеку од тоа дека лажната представа за историјата е безопасна, таа од време на време влијае на политичките и многуте други одлуки во нашите животи, бидејќи луѓето, вклучително и политичарите и раководството во разните земји искрено веруваат во таа лажна слика и како последица на тоа носат одлуки на темелот на лажната историја. Одлуките донесени на лажна основа, доведуваат и довеле до трагични последици.”

152259b8b47b249c67b4204aed8

 “Бирајќи ги Боговите – ние ја одбираме судбината”Вергилиј, римски поет

Слава на Боговите и Многумудрите Предци Наши!

.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s