Слово на Мудроста – Волхв Велимудар (прв дел)

Неква вам чеда ви биде разкажано, ова Слово, многу Мудро Слово, многу Древно Слово. Ова Слово не е она што во магла почивало, туку она кое самата Мајка-Жива го сложила и на Волхвот по име Велимудар му го подарила. Ова Мудро Слово, е како Вест, и нека добрите луѓе целиот свој живот го пренесуваат. Послушајте го повикот чеда, Веста да ја запознаете. Оваа Вест треба со умот да ја разберете и со срцето свое да ја прифатите, а пред се во секој лик на Мудрото Слово да проникнете.

yKP30ckIgrw

“Оние чеда Божји кои го избираат Правиот Пат, кој води кон висините на Духот, каде со секој чекор станува се потешко одењето, бидејќи патот по кои тие одат, непрестано се стеснува претварајќи се во патека која е се пострмна и пострмна и која се искачува кон врвот и исчезнува во далечината покриена со облаците. Но оние, кои до крајот ќе го поминат овој Пат, не жалејќи се за тежините и загубите, задобиваат такво Духовно богатство, Мудрост и духовна сила, каква што не ни замислувале. А оние, кои решиле да тргнат по патот кој води спустливо никогаш нема да стекнат доволно сила да се вратат на почетокот и да се подгинат во самите висини, бидејќи оние кои одат спустливо го губат својот Разум и Сила, и Пеколот пред нив широко ги отвара своите порти, а оние кои упорно одат кон врвот на Духот, Богот-Велес небесната порта им ја отвара и сите многуцветни сварги (духовни светови) пречисти каде постојан дух за себе задобиваат.

“Ако некој утеши и нахрани дете-сираче, давајќи му покрив, огниште и удобност од Душа, а не поради корист, со тоа чини дело блажено и користа од него ќе биде поголема за разлика од стотина зборливи Мудреци”.

“Не правете ги грешките како оние кој и не размислуваат за извршувањето на какви било добри дела, и не ги пружаат рацете свои кон создавањето во корист на Родот свој. ”

“Оној кој ќе постигне малку, тој и малку ќе добие, а кој знае за многу, нема да добие ништо, но Духот негов ќе постане посилен.”

Ако на некому му е тежина во Душата, од се е најлесно да ја сподели со ближниот или роднината свој, а кога на ближниот Ваш ќе му затреба Ваша помош, помогнете му и Вие нему.”

“Ако на ближниот Ваш му прети несреќа, никојпат не му ја одрекувајте помошта, бидејќи несреќата никојпат не оди сама, и може кај Вам да сврати на гости”.

“Кој на Мајката-Јога ќе и го покаже местото каде спијат на ладно децата-сирачиња, тој мало дело направил, а кој ќе го подигне сиротото дете на нозе, под стреата на Големиот Род свој, тој големо дело извршил.”

“Некој се обидува да осознае малку, а некој многу од Мудроста Древна, мислејќи при тоа, дека е тоа е лесно да се направи, но да се познава малку или многу од Мудроста Древна, за тоа можеби нема да бидат доволни ниту стотина животи човечки.”

“Запознавајќи го околниот Свет Јава (материјалниот свет), ние порано или покасно пристигнуваме до јасното разбирање на тоа, да се спознаеме самите себе, бидејќи нашето постоење во Светот Јава е неразделив дел од нас самите”.

“Кој наликува на човекот кои живее само во своите желби и сесилните порочни дела, тој ја убива чистата Душа своја и не го исполнува долгот кон Родот. И после тоа не треба да се чудите што прибежиштето на таквите луѓе на крајот од животниот пат постанува Пекол неизмерен. ”

“Големината на секој Род-Племенски заветен е во неговиот создателен труд во корист на Родот и другарското заедништво со другите родови и племиња, и ако сите Родови би живееле во единство, благост и меѓусебено почитување, создавајќи за доброто на своите потомци, во слава на Боговите и Предците свои, тогаш никаква темна сила и војна со непријателите нема да можат да го победат тој Голем Народ.”

“Оние деца човекови кои се стремат кон другиот Свет не-запознавајќи ја Радоста на создавањето во својот Свет Јава, не-развивајќи ја Душата своја и Духот свој, не-запознавајќи ја Мудроста на Боговите и Предците свои – ги очекува разочарување и темнина голема, бидејќи не се во состојба да ја здогледаат убавината и големината на новиот Свет, бидејќи Душата и Духот нивни спијат.”

“Доколку е долга косата во човекот, толку повеќе Божја Сила тој добива, бидејќи таа сила го храни телото, Духот и Душата на човекот, и го насочува кон создавање и дела правадни, во кои како мерело на се, Совеста се јавува”.

“Со својата волја исполнувајте ги поуките од Родителите свои и Старците на Родот, бидејќи ниту еден Родител или Старец не му пожелува зло на чедото или внукот свој. ”

“Подгответе се и покажете грижа за Родителите и Старците на Родовите свои, во сите денови и во нивните доцни години, бидејќи кога ќе дојде времето, чедата Ваши ќе гледаат на Вас и исто така ќе се однесуваат кон Вас.”

“Взаемните односи во Општините требаат да бидат засновани на трудољубивост, добрина, љубов и взаемна помош, а не на принуда и страв. Не може принудната работа да донесе слатки плодови, бидејќи оној кој од присила создава или од стравот свој, затвара се во себе и не може да ја вложи Душата во плодовите на работата своја. Создателниот труд за добрина на Родовите ваши и Општините ваши треба да бидат доброволни и по повикот на срцата ваши, инаку јалови и безлични ќе бидат плодовите на таквиот труд”.

“Заштитата на сите Родови свои, Светата земја на Отците свои, Древната Вера на прапредците свои, тоа е најбитниот долг на секој маж од Расата Голема или потомците на Родот Небесен, во сите времиња додека свети Јарило (Сонцето).”

“Онај кој од децата човечки е во состојба да ги слушне разноликите звуци од околниот Света на Мајката Природа, може да слушне како чука Срцето негово во заедничкиот полет со Вселената, а оној кој се слуша само себеси и своите расудувања никогаш нема да ја слушне преубавата Небесна Музика.”

“Од чистото срце и со чистите помисли принесувајте безкрвни жртви и понуди кон Боговите и Предците свои во Светот Јава, бидејќи она што им принесуваме жртви тоа ќе стои пред нам во Светот на Светлата Нава и во Светот Права.”

“Во сите дела свои, големи и мали, и во сите односи со Роднините свои или со жителите на другите Родови – Совеста и Правдата наша треба да бидат мерило за се. Во односите со сите народи треба да се исполнува заповедата на Перуна: Какви дела Вам ви чинат луѓето со исти такви и Вие чинете им нив, бидејќи секое дело со своја мера се мери.”

” Со туѓ ум неможеш животот да го запознаеш  ниту ќе постанеш поумен, а не-запознавајќи го со својот умот животот и Светот Јава, како ќе можеш достојоно да го проживееш и да го исполниш Долгот кон Родот свој и Родот Небесен.”

“Сесилното јавување на различните природни сили, кои се пројавуваат околу нас, не постојат сами по себе, туку се исполнуваат во точно согласение со Древните Закони на Создавањето на Светот кои се придржуваат на Земјата сите постоечки битија, а особено треба да и се придржуваат луѓето”

“Всушност човекот е способен, за разлика од другите живи битија, со целата Душа да се радува кон успесите на ближните свои и со целото срце да жали кога несреќата му доаѓа на ближниот свој.”

“Неочекуваното во животот на човекот се случува почесто од очекуваното. Тоа е поврзано со тоа што во човекот е својствено да го запознае Светот Јава со oдговорните заклучоци на својот ум на степен на ограниченото запознавање. Поврзан со такви умни заклучувања, човекот во животот многу често го прогласува посакуваното за стварно, игнорирајќи ги Законите на Постоењето во Светот Јава.”

“Нај-непростивите постапки за човекот се: предавството, зависта, оговарањето, стомакоугодувањето, желбата за туѓите добра на Родот и лихварството.”

“Ако никој не ја приложи силата своја за исполнувањето на делата праведни, како се надевате Вие, дека добро ќе се случи во иднината на Вам и ближните ваши. Затоа творете Вие она што сте во сојстојба да го творите, и ќе се случи она што е судено да се случи, но ништо не се случува кај оние кои ништо не работат, а нив и како да ги нема, како воопшто да не се родиле на белиот свет.”

“Најглавното во животот на човекот е самиот Живот, повеќе од Животот човечки може да биде само Долгот кон Родот.”

“Ништо не се случува во нашиот Свет без некаква првобитна причина. Она што воопшто не може да биде на Светот, тоа никогаш и не бива во овој Свет. Ако пак нешто во Светот се случува, значи, дека во овој Свет тоа е можно. Ништо не се случува случајно, бидејќи секоја случајност има своја закономерност, причина и последица.”

“Tри големи Тајни на Бидењето се скриени за умот човечки и се чуваат под девете печати: Како се родил човекот на белиот свет, како целиот негов живот неприметно пролетал, и кога ќе се упати човекот кон Чесниот Пат – Слава преку Светот на Светлата Нава и Небесната фамилија на Сваргата, каде повторнo ќе ги сретнe Предците свои.”

“Aко некој млад Родител започне да го одвраќа своето чедо од создателните делувања за добробите на Родот свој, со тоа ја убива тој Душата негова и животот негов. И ќе биде Душата на тоа чедо – безчуствителна, а животот без радоста ќе биде рѓав. Aко младиот Родител започне на секој начин да им угодува на разните барања на чедото свое, со тоа ќе го убие светлиот Дух негов, а убиството на Духот на детото не му се простува на никој жив.”

“Запознавајќи го со целото срце околниот Свет човекот започнува да разбира дека се во животот на белиот свет, во каменот, и дрвото – постои Душа. Запознавајќи ја силата на Душата на каменот и дрвото човекот го пронаоѓа Древниот Извор на исцелителните Сили на Мајката-Природа, со чија помош може да се изгони болката и болеста од телата човечки.”

“Најдоброто и најделотворното, најпријатното и најосвежувачкото средство против тешкиот умор после трудот и делата праведни – тоа е сонот спокоен.”

“Не ја сквернавете и не ја трујте Вие, со трулежите човечки, Светата земја на предците Ваши, закопувајќи ги умрените на ближните свои во јамите земски, како што тоа го чинат незнабожците. За умрените ближни свои направете клади големи и чамци пространи соединувајќи ги мртвите свои со Чистиот Свет Оган.”

“Во Древните Руни е скриена смислата, од порано на сите им била јасна поуката: Удио (судбината) не-гледајќи е само глаголењето а удио на севидините е ќутењето.”

“Oној кој не верува во продолжувањето на земскиот живот после смрта, задобива мрак и темнина, во согласнот со својата Вера. А оној кој не се сомнева во далечната на продолжувањето на животот ќе ја види целата убавина.”

“Кoj во срцето свое носи сомнеж во продолжувањето на животот во Слава и Права, тој задобива за себе темнина, бидејќи величествениот сјај на тие Светови за својот поглед се затворени. Залудното трагање на Патот во темнината може единствено да не доведе до Пеколот. А кај оној во кој постои Верата на прапредците и нема никакви сомнежи во Животот кој следи по Светот Јава – ја задобива целата убавина на разнобојниот Свет и Радост поради средбата со прадедовците на Родот свој.”

“Aко во овој момент се раскрила Врата на Вистинскиото Познавање тогаш човекот ќе ја здогледа првобитната суштина на нештата онакви какви се – бесконечни. Но човекот долго време се затварал во себе за да го гледа сега Светот Јава само преку тесните премини на пештерите на своите представи”.

 

“Кој од децата човечки се задлабочувал во мислите за Исконската, Вистинската Суштина на сите нешта и Она Вистинското-Кој ја создал Природата и разноликоста на Световите, во оние најстари времиња, кога не било ништо и нешто, а посебно ништо од она што ние го нарекуваме Природа, време и светови, и кога мракот се покривал со мрак, тој ќе ја види Светлината.”

“Памтите чеда на Расата Голема дека вашата Сила лежи во заедништвото помеѓу сите родови и племиња, засновани на Древната Вера на прапредците.”

“Разберете, чеда на Расата Голема, дека само оној е вистински потомок на Боговите кој е во состојба да создава и твори за добробит на Древниот Род свој, во Славата и величината на татковците свои и Древната Првобитна Вера своја.”

“Темните сили користат две патеки, на кои ги одвлекуваат луѓето и им попречуваат да се развиваат на Земјата, во Светот Јава, трудољубиво да создаваат во корист на Родот, Духовно и Душевно да се усовршуваат: првиот е незнаењето, а другиот – неучтивноста. На првиот пат не им даваат на луѓето да осознаат, а на другиот – тврдат дека сознавањето е непотребно и штетно за луѓето.

1412230543_1

Текстот продолжува….

Слава на Боговите и Многумудрите Предци Наши!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s