Слово на Мудроста – Волхв Велимудар (втор дел)

 

41o5pzu34a

Неква вам чеда ви биде разкажано, ова Слово, многу Мудро Слово, многу Древно Слово. Ова Слово не е она што во магла почивало, туку она кое самата Мајка-Жива го сложила и на Волхвот по име Велимудар му го подарила. Ова Мудро Слово, е како Вест, и нека добрите луѓе целиот свој живот го пренесуваат. Послушајте го повикот чеда, Веста да ја запознаете. Оваа Вест треба со умот да ја разберете и со срцето свое да ја прифатите, а пред се во секој лик на Мудрото Слово да проникнете.

“Никојпат не жалете поради тоа што во минатото сте чинеле добри дела или сте пружиле помош на ближните ваши, бидејќи добрите дела се прават по повикот на големото Срце ваше и по чистата Совест ваша.”

“Чувајте го споменот на сите воини кои ги положиле животите за другарите свои, за земјата на Татковците свои, за Светата Вера на Прапредците свои, за процветот на иднината на Родовите свои.”

“Светиот долг на секој маж од сите Родовите на Великата Раса е да ја штити дедовината своја, старите и младите на Родовите свои, Родовите на другарите и ближните свои. ”

“Не пуштајте гнев неправеден во благотворното Срце ваше, бидејќи гневот ќе ја погуби секоја благост и ќе го расипе чистото Срце ваше.”

“Никој и никогаш не може да се украде човековото право да ја запознае Вистината и Големата Древна Мудрост која ја оставиле Боговите и Предците.”

“Ако мажите на Родовите на Великата Раса не покажат должност за заштита на границите на земјата на Татковците свои, кој ќе може да ги сочува Древните родови од погубување и сесилното понижување.”

“Сето она што е создадено поради големината и добробитието на процветот на Родовите ваши и сите потомци на Расата Велика, не може да се осудува. Бидејќи Великите Предци на Родовите ваши ги вложиле чистите Души во плодовите на создателниот труд свој.”

“Големиот Долг на секој родител и секој старецот на древниот Род – е да го воспита целото потомство свое по древните Законите на Родот се до денот на полнолетноста на потомокот. ”

“Родовското заедништво и взаемната помош треба да се зацврснува во сите краишта ваши. Ако вие ја скратите помошта на сите ближни родови ваши, тогаш кој Род вам ќе ви пресретне напомош?”

“Совеста – тоа е најголемиот Божји дар, од нејзе не можеш да избегаш или да се сокриеш, нејзе не можеш да ја превариш ниту да ја заговариш. За добрите дела таа дава Радост, а за недоличните – Страдание.”

“Кој живее по Совеста, тој човек и безгрешен е. Душата во човекот и совеста постојат од времињата на прапредците, и по нивна волја човекот живее.”

“Душата човекова и Совеста негова само на својата родна земја можат да се родат, и само можат на нејзе да живеат. Ако некој човек оди од својата Родна земја и го напушти Курганот на Предците свои, тој човек својата Душа ја лиши.”

“Зошто на човекот му е потребно да иде против својата Душа и својата Совест, кога се тие повеќе од се на светот, и човекот треба секогаш да ги чува. Зар може некој однадвор да ја наполни со Радост и Среќа – Душата човекова или Совеста негова.”

“Памтете, чеда на Расата Голема, и вие, потомци на Родот небесен, дема Животот треба да се проживее во Радост,бидејќи таа е само еден момент единствен. Светлиот живот во Светот Јава на човекот му ја даваат светлата Душа и Совеста. Сите луѓе Душата и Совеста да ја почитуваат и како може праведниот човек да во име на било што или било кога да ја погуби Чистата Душа и Совест своја.”

“Кога ја штитите својата дедовина од љутите непријатели и не-другари свои, кој во хорди доаѓаат во земјите ваши, одтргнете ја од себе гордоста и гневот и не пуштајте ја осветата во срцето ваше, бидејќи секоја освета, гнев и гордост, ги затемнуваат очите и срцата ги прават сурови.”

“Секое дело кое сте го извршиле остава своја неибришлива трага на вечниот животен пат, и затоа чинете луѓе само прекрасни и добри дела, и тоа во Слава на Боговите и Предците ваши, за напредок на потомците ваши.”

“Возвраќајте им на непријателите и не-другарите свои само со оние неправедни дела кои ги извршиле во вашата земја. И нека Совеста и чистата Душа ваша биде мерило на возвраќањето за сите нивни дела неправедни.”

“Чеда на сите Родови на Расата Голема и мудри потомци на Родот Небесен, секогаш сте слободни во Душите свои и во своите создателни дела, а тоа го утемелија Светлите Богови наши. Древните родови наши никој не ги учел за Совеста што дошол од надвор, и затоа не може да има власт над нејзе.”

“Послушајте ги, чеда на Родовите на Расата Голема и потомци на Родот Небесен, зборовите мои. Ако го проживеете својот живот со голема чест и по Совеста ваша, чистите и светлите Души ваши со димот на Светиот Оган – погребните клади ќе се вознесат во Сваргата Пречиста. А додека безчесно и не по Совеста биде проживеен животot ваш тогаш и пред Родот и пред Предците ваши сами за него ќе одговарате.”

“Зацврстувајте ги, чеда на Расата Големе, сите Древни и Славни родови ваши и почитувајте ги, како во минатото, Светлите Богови и Предци ваши. Браните ја од непријателите земјата ваша залиена во пот и крв од мудрите татковци и дедовци ваши. Создавајте, чеда на Расата Голема, поради славните потомци на Родовите ваши.”

“Живејте, чеда на Родовите на Расата Голема, во големо родство со Боговите ваши, во пријателство со родовите и клановите ваши, во Мир и Љубов со роднините ваши, во уважување и праведност кон сите погранични Непријатели ваши.”

“Кој Богот Перун го почитува, тој Древните Родови свои од несреќа и незгода ги брани. А кој го почитива Род и Мајката-Лада , тој Древниот род свој со здраво потомство го умножува.”

“Ако кај вас се појави несогласување со ближните или Роднините ваши, причината поради тоа несогласување треба да ја побарате само во себе.”

“Благите зборови за заедништвото на родовите кои доаѓаат од чистото Срце ваше го засилуваат заедништвото помеѓу родовите ваши подобро од сите заклетви кои со мечот се полагаат во името на родовскиот Бог ваш.”

“Не се одрекнувајте, чеда на Расата Велика од братските и ближните родови ваши, бидејќи кога ќе дојдат тешките времиња, ќе дојдат напомош сите родови ваши, сите братски и ближни Родови ваши.”

“Запамтите, чеда на Расата Велика, никогаш не се охрабрувајте себе со страв. Бидејќи тој е налик на змијскиот отров: во мали количини носи корист, но брзо се вгнездува во Душата и го труе потамошниот живот.”

“Не валкајте го, чеда, јазикот на Родниот говор и наречјата на туѓиот јазик. Во срцата живеат само зборовите Родни, а за Душата другите гласови се мртви”.

“Стремежот кон Чистото Светло секогаш ќе живее во срцето човечко. Но снаоѓајќи се на Мидгард-Земјата човекот никогаш не го достига Сонцето, дури и ако успеал да се качи на највисоката планина на Земјата, бидејќи Јарило-Сонцето секогаш ќе биде за човекот недостижна висина. Затоа оној кој трага може и да најде и да ја задобие Сјајната Чиста Светлост само во Срцето свое кое искрено сака, во Јасниот Разум и во светлиот Дух.”

“Запамтите, чеда на Расата Велика, никојпат не штедете живот свој за заштита на Родот Древен свој, за заштита на Древната Вера на Предците свои, во заштита на Светата земја на Татковците свои.”

“Kако што светлината доаѓа од Јарило-Сонцето не може да се затвори во темна кутија, исто така е неможно да се одземе од Расата Земјата на Предците, Слободата, Совеста и Верата.”

“Запамтите ги, чеда на Расата Велика, зборовите мои, дека за секој човек од древните родови Вишните Богови одредиле Задача. И таа ви е одозгора на вам наменета, нејзе неможете да ја одбегнете или промените по своја желба. И затоа исполнувајте ја својата Земска Задача, што ја поставиле Небесните Богови, и ќе се случи она што е судено да се случи.”

“Размислете, чеда на Расата Велика, за тоа, кој се по вистинската суштина и поради што живеете на Земјава. Вмерете го својот поглед во култот на Душите свои и загледајте се во длабочината на Срцето свое. И видете ја Древната Мудрост на Родот, која вам ви ја даруваа Светлите Богови Заштитници при земското раѓање ваше.”

“Памтете, чеда, на Расата Велика, ма колку голем имот да стекнете, тоа вас нема да ве увеличи над другите родови и нема да дарува сила на Родот ваш. Бидејќи, дури и ако имате преголемо добро и имот голем во Родот свој, никој од вас нема да биде во состојба да го запре Сонцето-Јарило или да го натера Времето да тече наназад.”

“Чеда на Древните Родови и Расите Велики, почитувајте ги Оците и Мајките свои, бидејќи они ве дарувале со живот. И не ја прекинувајте грижата за Родителите до самиот крај на нивниот живот.”

“Запознавајќи го околниот Свет Јава, увидете, чеда на Родовите на Расата Велика, дека ништо не може да се појави од никаде, и дека ништо не може да изчезне без трага, се мора да има свој извор и за се во Светот постои свое место.”

“Световните ризници и богатства, кои ќе ги преумножите на Земјата, никако нема да можат да ви помогнат и послужат во следните светови НАВА и СЛАВА, бидејќи вистинските ризници и богатства, неопходни за во световите НАВА и СЛАВА, се Љубовта, Исконската Вера, Создателниот Труд и Мудроста на Боговите и Предците ваши.”

“На древниот благден (празник) Љубомир направете големо огниште за целиот свет, бидејќи кои не прави Свадбени гозби, тој чесниот имот и благодат ги лишува од децата на Родовите свои, и така тој нов Родителски Сојуз нема да биде прифатен ниту од Заедница ниту пак од Боговите.”

“Неправедно делување или одлука, направени без знааењето на заедницата, Боговите можат да опростат или пак да не приметат. Но истите тие дела и одлуки, направени без знаењето на Родан (племински водич), можат да навлечат несреќа на целиот народ”.

“Древната Вера на Предците и Совеста секогаш живеат во отворените срца. Затоа деца отворете го погледот свој, пламеното и треперливо срце свое и посушајте го гласот на чистите срца свои, и имајте храброст да го следите.”

“Запамтете, чеда на Родовите на Расата Голема, и вие, славни потомци на Родот Небесен, дека сте внуци и правнуци на Древните Богови, и затоа уште од почетокот сте слободни луѓе, а за човекот на Великата Раса Слободата е првобитната состојба. Таа неможе да се даде или пак да се одземе. Бидејќи Слободата – тоа е состојба на Духот ваш!”

“Oдејќи во Светата шума или Дубрава, принесете угодни дарови на Домаќинот на Шумата, бидејќи човекот кој не носи дарови, Домаќиниот на Шумата ќе го опколи, ќе го отргне од патот, сите патеки ќе му ги измеша. Отргнат од неговиот поглед целиот ловлив дивеч и во разумот ќе му испрати повикливо сениште.”

“Луѓето на древните Родови на Расата Велика, секогаш трудете и создавајте за добробит на процветот на Родовите ваши. Секогаш вложете ја чистата Душа своја во плодовите на создателниот труд свој. И тогаш никаква нужда нема да ве допре вам, ќе се умноуваат и цветаат Древните и Велики Родови ваши.”

“Памтете ги, главите на Родовите на Расата Велика, дека никогаш не треба да престане грижата за сите потомци на Родовите свои до нивната телесна и Духовна зрелост. Бидејќи неповрзаноста и незрелоста  ќе ја  преќинат нитката на потомството на Родовите ваши и тие нема да биде столбовите за идниот живот на Родовите ваши.”

“Не го барајте на дното на длабокото езеро сјајното изобиле на Небесната ѕвезда, бидејќи тоа се наоѓа високо над вас. За да го здогледале вистинскиот сјај нејзино, морате да го упатите погледот кон Небесета.”

“За изградба на ќуќите на Родовите ваши не режете мртво и заспано Дрво и не ги вознемирувајте Дрвјата за време на полната Месечина. Бидејќи Боговите нема да ја погледнат новата куќа ваша, и Домовој (ќуќен дух) нема да се погрижи за добрата ваши. Барајте само оживеано Дрво, што во пролетта го испило сокот од влажната Земја.  Принесете му на избраното дрво извинување и оправдување и принесете му дарови и понуда. Во кој милосен ден од Неделата ќе почнете да ја градите куќата на Родот ваш, тој Бог-Покровител ќе ви помага вам.”

“Запамтете, чеда на Родовите на Расата Велика, дека кај човекот на Земјата никогаш ништо не се случува случајно, бидејќи случајноста е закономерност, одредена од Судбината и Божјите закони. Се што се случува во животот човеков, се е знајно од Боговите-Заштитници на Родот, кој укажува на делата кои сте ги извршиле. И затоа со внимание однесувајте се на се, што се случува околу вас.”

“Оној кој ги исполнува Небесните Закони на Боговите на Мајката-Природа дарува животна сила, а Небесните Богови му даруваат на Родот негов среќа во срцето и богатство во децата. Боговите-Заштитници на Родот го штитат таквиот благодатен човек и ближните негови од секакво зло, неправда, темнина и измама, и таа Благост е подеднакво вистинита и права како светлината на Сонцето-Јарило на Небесата и како постојаното течење на водата во реката.”

“Слично на тоа, како што денот ја сменува ноќта, како во утринската Зора се раѓа Сонцето, така и секое неприлично дело направено од човекот на Великата Раса случајно или по злобна намисла, им постанува познато на Боговите и Заедницата.”

“Кога Вишните Богови доаѓаат напомош, никогаш не се прашувајте за тоа, од каде вам ви надошла Великата Сила. Едноставно со благодарност примете го тоа што вам ви поклониле Боговите-Заштитници.”

“Запамтите, чеда на Родовите на Расата Велика, и вие, славни потомци на Родот Небесен, дека целата небесна Мудрост на Боговите, Домовој (домашниот дух) кои ги чуваат древните Родови ваши, треба да припаѓаат само на Расата и родовите, и на никој повеќе. И затоа никогаш не ги откривајте тајните ВЕДИ на непријателите и странците. Како тие не би можеле да ја ограбат Небесната Мудрост на Боговите и да ја употребат против древните Родови ваши.”

“Не одите против Судбината своја, која за вас ја исплетила Богоодица Макош, ни против повикот на Срцето свое и Совеста. Бидејќи сите Патеки Животни ќе ги изгубите и ќе постанее беспатен oдметник.”

“Aко вам Жреците, Боговите или Старците на Родот побараат да изврши добро дело, исполнете го без одложување како тоа добро дело да ви го наложил родениот ваш Отец.”

“Чувајте ги како зеницата на окото свое Кумирите на Небесните Богови – Заштиници и сите Светии на древените Родови свои. Бидејќи ако не ги спремите Светиите на Родовите, нема да избегаат Древните Родови ваши од несреќа, темна оскудна и погубна година.

“Кој од луѓето во заблуда, благите и мудрите зборови ги отфрла, тој за истото преку некое време ќе жали. Кој пак ќе ги слушне благите и мудрите зборови, послуша и без одлагање ќе изврши се што треба, тој во животот во се ќе успее, и имотот на родот негов ќе се преумножи.”

“Никогаш не брзајте и не трчајте, луѓе, во благодетните дела и беседите ваши, и нека секој ваш чекор и збор секогаш биде течен и спокоен, како текот на водат во утринската тивка рекичка. Пред измената на било какво дело, или прекинатиот тек на беседата, послушајте го гласот на Срцето свое.”

“Немојте да мислете, дека сите случувања на Земјата се само по намислата на Вишните Богови и дека ништо не зависи од моќната Волја и благодетните помисли ваши. Така говорат само неразумните луѓе, кои не го познаваат Вистинскиот Живот. Небесните Богови само ги надгледуваат создателните дела и доаѓаат на повикот човечки кога луѓето ги молат за помош.”

“По волјата на Вишниот Тарх Дажбог ќе биде сокриена до Времињата, Светлоста на Древните Веди во Харатиите и Сантиите кои ги содржат трагите и руните, од радозналиот поглед на темните луѓе. Бидејќи не треба знаат темните створови за Славните дела на Древните Богови кои го умножуваат Светлото во Сваргата Пречиста. Ведите само ги разбираат просветениците, оние кој го освестиле Патот на својот живот. А луѓето, кои не ја познаваат Мудроста на Родот, како ќе можат да ги разберат тајните Веди.”

“Никојпат не одбивајте да пружите уточиште на оние Древни родови на Великата Раса кои бараат заштита за потомството свое од непријателите љути во населбите ваши. Бидејќи чувањето на Родовите и браќата по Крв е добро дело за секој Род.”

“Памтете, луѓе на Родовите на Расата Велика, дека Светите места на Земјата секогаш биле, се и ќе бидат Извори на неисцрпната голема Животна Снага. Без оглед на тоа дали сеуште стојат Храмови на Светитеместа покрај Изворите на Силата, и независно од зборовите и поислите човечки, тие секогаш даруваат Животна Сила на сите оние кој им е потребна.”

“Секој заробен непријателски војник, кој нанел губиток на древниот Род нека го надоместо тој губиток со работата своја. По истекот на три полни години тој е слободен дасе врати во родниот крај или да остане.” Никојпат не почнувајте да се препирате за тоа, кај кој Родови и Народи на Земјата, Боговите-Заштитници се подобри или поважни, бидејќи тоа не е под вашето власништво и разум. Почитувајте го Светото кај древните родови свои од почетокот на Родените Богови – заштитници, но не хулете и не понижувајте ги луѓето кои ги почитуваат за вам непознатите Богови.”

” Памтете, луѓе на Родовите на Расата Велика, дека само Жреците-Чувари, служителите на древните Вишни Богови, откриена е онаа тајна Мудрост која нам ни оставиле Боговите и Прапредците, и која е заклучена во трагите и Руните.”

“Увидете, луѓе, дека животот во Сваргата тече согласно со небесните Закони и не зависи од помислите ваши. Како темните луѓе не би го нарушиле поредокот и движењето на небесното светло, за да Јарило-Сонцето би излегло на исток и јасниот ден би ја сменил темната ноќ.”

“Увидете, луѓе на Расата, оваа Мудрост: Никој нема да може да ги заштите вашите Родови од туѓите родови и сурови непријатели, ако самите не сакате да се заштите себе. Никој нема да стекне имот во родовите ваши, ако самите не стремите да го стекнете со труд. Никој нема дојстојно да ги одгледа децата ваши доколку самите не го воспитате потомството свое.”

“Трудете се и создавајте, луѓе на Расата, во името на Боговите и Предците свои, бидејќи ако биде обилност во родовите ваши, ќе живеат во обилност Народите ваши. А ако во обилност процветаат народите, тогаш и Државата ваша Велика ќе се нарече.”

“Разберете ги, луѓе на Расата Велика, зборовите мои: Древната Мудрост се запознава малку по малку, преку голема ревност, долготрпение, и грижлив, создателен труд, бидејќи е невозможно наеднаш да се разбере целата разноликост скриена во Ведите, и со погледот свој да се опфати Творечкиот Свет. Ако некој тежнее да го завладее знаењето, како би го достигнал врвот на власта и почитувањето тој со времето ќе постане полош од безумникот и сите негови дела ќе постанат залудни.”

“Древната Мудрост не запознава за да се владее и да му се наредува на неој, и не поради тоа, да се погордее или возвиши над другите родови. Древната Мудрост луѓето одсекогаш ја дознавале за да го разберат својот Животен Пат, и да ја предадат на своите потомци.”

“Запамтите, чеда на Родовите на Расата Велика, и вие, славни потомци на Родот Небесен, не слушајте ги темните луѓе кои дека вашите древни Богвои и умрени Предци Велики никојпат нема вам да ви помогнат во тешките часови. Бидејќи на темните не може да им бидат познати Патиштата и Помислите на Боговите и Предците ваши, и се, што вам ви говорат, само е лага и измама, која води од Правите Патеки во темнина.”

“За секое исполнување или добро дело како и за случувањата во животот човеков постои од горе одредено време и место. И затоа кои дела треба да ги исполните, исполнувајте ги без одлагање и без брзање. Создавајте, луѓе, што сте во состојба да создадете, а ќе се случи она, што однапред го зацртале Боговите.”

“Слушајте, чеда на Родовите на Расата Велика, и потомците на Родот Небесен, зборовите мои. Запамтете и предате ги на потомците ваши. Иднината за сите родови ваши ќе проистече од Минатото на Родовите ваши, бидејќи вие сами ја создавате својата Иднина, водени од Љубовта која вам во срцата ви живее. Ако во Минатото никогаш не било Љубов во Срцата на Родовите ваши, тогаш нема ниту Иднина за родовите ваши, а според тоа и Секашноста е безмислена. Бидејќи се што сте направиле поради Родовите ваши, и потомците ваши, ќе се претвори во прав. Запамтите, ако биде Љубов во срцето – ќе биде и Иднината во родовите ваши.”

 

Слава за Боговите и Многумудрите Предци Наши!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s