Ведското Потекло на Европјаните: Децата на Дану

Овој текст објаснува како Прото-Европејските Аријци, како што се Галите (Келтите), се изворно Ведските народи наречени Данави или Суданави (добри Данави) поврзани со Ведските кралеви, мудреци и јогини.

my-sweet-rose-by-john-william-waterhouse-1849-1917_jpg.jpg

Многу древни Европски народи, особено Нордијците, Галите (Келтите), и останати Словено-Аријски народи како Венетите, се сметале себеси како Децата на Дана, каде што Дана значи Мајката Божица, која што како Сарасвати во Рг Веда, представува Божица на реките. Келтите се нарекувале себеси како “Tuatha De Danaan” додека Германите имале слично име. Древните Европски реки како што е Дунав (Danube) и многуте реки наречени Дан (Дон) во Русија, Шкотска, Англија и Франција го рефлектираат ова. Дануб (Дунав) кој што тече во Црното Море е нивната најважна река и го рефлектира нивното источно потекло. Истотака, во овој контекст можеме слободно да го спомнеме и да го поврземе потеклото на името Македонија, каде што Македонија и на денешниот индијски јазик, означува Мајката Божица. Нормално, Маке – Mајка и Дана или Дона – Госпоѓа ондонсо Божја благородничка. Истото го среќаваме и во Ирските легенди, дека постоела боженствена група на луѓе познати како  “Tuatha De Danaan” кои потекннувале од Дана, односно “Danu, with Danu meaning the Mother Goddess”.

 

Всушност поимот Дана или Данава (множина од Дану) се појавува како субстратум на Индо-Европскиот идентитет во основата на Хеленските, Антично Македонските, Илиро-Венетските, Галско-Келтските, Нордијските и Балто-Словенските елементи. Северните Хелени истотака се наречени Дануни. Затоа, Европските Аријци односно Боженствената Аристократија веројатно дел или пак сите можно е да се нарекувале Данави. Денеска името на земјата (државата) Данска најверојатно води потекло од Данавите. Физички се опишувани како исклучитело светлокожи, однсоно бледо-бели (одтука и англскиот поим за бел-блед е – pale) народи со светли очи и црвени коси. Еве еден приказ од мозаикот во Пела, Античка Македонија.

Lion_hunt_mosaic_from_Pella (2)

Данајците од конвенционалната историја биле познати како хеленско племе и жители на градот Арга и Пелопонез. И наводно името „Данајци“ пристигнува од нивниот прататко и основател на градот Арга, кралот Данај.

Според римските извори, Тактус во неговите Хроники и Истории, тврди дека Германите се потомци на Манус, синот на Туисто. Туисто е всушност поврзан со Ведскиот Тваштар, Ведскиот татко-творец Небесниот Бог, кој истотака е татко на Ману (RV X.17.1-2). Ова ги прави Рг Ведските народи истотака потомци на Ману, синот на Тваштар.

106679_orig

Во Рг Веда, Тваштар се појавува како татко на Индра, кој ја промовира неговата молња (vajra) за него (RV X.48.3). Сепак Индра е во спротиставеност со Тваштаровиот принцип бидејќи е принуден да го надмине (RV III.48.3-4). Секаде Тваштаровиот син е Вишарупа или Вритра, каде Индра го убива, одсекувајќи му ги неговите три глави (RV X.8.8-9), (TS II.4.12, II.5.1). Индра го покорил змејот Вритра, кој лежел во подножјето на планината и ги држел водите, и така ги ослободил седумте реки да течат кон морето. Во неколку наврати, Вритра е наречен Данава, синот на Божицата Дана која е поврзана со морето (RV I.32.9; II.11.10; III.30.8; V.30.4; V.32).

13434828_616194915225670_4519717147801172348_n

Кај Браманите Вишварупа/Вритра е син на Дану и Данају, имињата на неговата мајка и татко (SB I.6.3.1, 8, 9). Јасно е дека Вритра е Вишварупа, син на Богот Тваштар и Божицата Дану. Данава истотака значи змија или змеј (RV V.32.1-2), кој што не е само симбол на мудрост туку и моќ на обете Ведската и античко Европската аристократија која ги имала нивните добри и лоши змееви и змии. Вритра можеме многу ленсо да го поврземе со словенскиот Велес.

Во оваа интересна приказна обете херои-богови и Индра (Перун) и Вритра (Велес) се појавваат исконски како браќа бидејќи се синови на Тваштар (Ишвар, Сварог).  Исотака мора да напоменам дека Тваштар ја промовирал молњата за Индра да го покори Вритра (RV I.88.5). Индра и Вритра представуваат сили на експанзија и контракција на дуалностите кои се својствени за секој од нас. Односно тоа се Јупитер (Светлиот учител) и Сатурн (Темниот учител).

Заедно тие се содржани во Тваштар и ги представуваат двете страни на Творецот како знаење и незнаење. Како вистинското “Ас-Јас-Его” и “лажното Јас-Лажното познато и како Супер Его“. Како што Вритра е истотака син на Тваштар и Дану, Индра мора едноставно да биде син Дану истотака. Обете и Ведските Аријци и Прото-Европските Аријци се синови на Тваштар, кој понекогаш не е Врховниот Творец туку демиург каде што тие мора да одат подалеку.

a251520bb354e796ab53a836f1b25cb2

Данавите во Пураните (VaP II.7) се синови на Ришито Кашјапа, каде таму ја превзема улогата на Тваштар како основен отец-творец. Кашјапа е голем риши (мудрец) поврзан со Хималите. Тој е осмиот или централниот Адитја (Соларен Бог) кој не ја напушта Планината Меру (Taittiriya Aranyaka I.7.20), легендарната светска планина. Кашјапа е поврзан со Кашмир (Кашјапа Мира или Кашјапиното езеро) и другите Хималајски региони (Ведските земји на Шарјанават и Арјика, RV IX.113.1-2), кои се поврзани со Данавите на северозапад. Каспиското море е веројатно именувано по него. Прото-Евопјаните, потаму, се синови на Тваштар или Кашјапа и Дану, преку нивниот син Ману. Тие обете се Манави и Данави, и истотака Аријци.

1509684_622184741187895_1794055245_n

Во Рг Веда, Дану исто како Дашу се однесува на штетни луѓе и воглавно е термин за оцрнување (RV I.32.9; III.30.8; V.30.4; V.32.1, 4, 7; X.120.6). Данавите или потомците на Дану се генерално непријателите на Ведските народи и нивните Богови. Исто како спротиставеноста на Девите-Асурите или Арја-Дашу, или пак во нордијската митологија тоа е борбата помеѓу Асир-Ванир, раздвојувањето помеѓу Ведските Инди и Парсите (Персијците), можеби некој ќе предложи дека одвојувањето на Девите-Данавите рефлектира уште една дивизија на Ведските народи, вклучувајќи ги Прото-Индо Аријците и Прото-Евро Аријците. Во овој процес терминот Дана е адаптиран од Прото-Европјаните и постанал оцрнет од подоцнежните Ведски народи. Јасно, станува збор дека настанало раздвојување и конфликт помеѓу еден голем народ од исто потекло кој влегол во страшна братоубиствена војна и поделба.

Ние истотака треба да запомниме дека во Пураните (VaP II.7), како и во Ведите поимот Данави се однесува голема група на народи, многу штетни, но другите пак пријателски настроени, како и разните митски демони. Во Рг Веда, Данавите се наречени amanusha или нечовечни (RV II.11.10) како опозитни на човекот, како и оние добрите кон човекот Manusha. Европјаните имаат слични негативни битија како античките Титани или Келтските Формории кои коренспондираат повеќе со митската страна на Данавите како сили на темнината, подземскиот или подводниот регион како Ведските Асури и Рашките.

Келтскиот научник Питер Елис забележува, “Ирските епови содржат многу епизоди на борбата помеѓу Децата на Домну, кои ја представуваат темнината и злото, и Децата на Дана, представувајќи ја светлината и доброто. Потаму, Децата на Домну никојпат не се целосно надминати или искоренети од светот. Истата работа е кажана и за Ведските војни помеѓу Девите и Данавите или Пурано-Браманските војни на Девите и Асурите. Или пак Персиско-Авестинските Ахури и Деви, само во овој случај Ахурите не се демони и зло, туку спротивно.

  • Добрите Данави – Суданави 

Марутите во Пураните (VaP II.6.90-135) се наречени синовите на Дити, а жената  негова Кашјапа, која е понекогаш еквивалент со Дану. Нејзините деца се наречени Даити термин кој што истотака го наоѓаме во поврзаноста со  Парсите (Персијците), како името на реката во нивната оригинална татковина (Vendidad Fargard I.3). Иако требало да бидат непријатели на Индра, Марутите постанале неговите сопатници и биле големи Богови, често укажуваат на Ведските риши и јогини. Како Богови на ветерот тие ја контролираат Праната и другите сидхи (окултни моќи). Тие истотака се синови на Рудра (Шива), како и Шаиватските Јогини во подоцнежните времиња. Тие биле големи и славни мудреци (RV VI.49.11). Тие биле слободни да патуваат низ светот и не биле попречени од планините, реките и морињата (RV V.54.9; V.55.9).

Рг Веда содржи многу примери каде Дану има позитивно значение индицирајќи изобилство или дури представа за боженственото генерално. Дануктра, значи ришите (мудреците) на светлината, и се јавува неколку пати (RV I.174.7; V.59.8). Марутите се наречени Jira-danu или во множина Jira-danava или брзите Даннави или брзи Богови (RV V.54.9). Овој термин Џидрадану е упатен насекаде како подарок од Марутите во последната строфа на повеќето химни од Агастија ( RV I.165-169, 171-178, 180-186, 189, 190). За Митра и Варуна е речено дека се Шрипра-Дану или лесни да дадат, многу дарежливи, дануни за молење (RV VIII.25.5-6). Ашвините се наречени господарите на Дануна, Данунаспати (RV VIII.8.16). Сома истотака е наречена Дануда и Данупинава, она која ја дава Дану или е преплавена со Дану (RV IX.97.23), поврзувајќи ја Дана со водите и реките.

1240252_535591733180530_1695823295_n

Марутие типично се наречени Суданави, добри да дадат или добри (Su) Данави (RV I.85.10; I.172.1-3; II.34.8; V.41.16; V.52.5; V.53.6; VI.66.5; VIII.20.18, 23). Слично, Вишведевите или универзалните богови се наречени Суданави RV VIII.83.6, 8, 9), како што се Адитите (RV VIII.67.16), Ашвините (RV I.117.10, 24) и Вишну (RV VIII.24.12).

Терминот истотака се јавува во химната за Сарасвати (RV VII.96.4), каде Сарасвати е наречна како пријател или сопатник на Марутите (Marutsakha; RV 96.2). Најважното, постои Божица наречена Судану Деви (RV V.41.18), каде што е веројатно уште едно од имињата за мајката на Марутите (Маричите). Маритуте или Боговите воглавно се синови на Судану или Суданавите. Ова сугерира дека можеби Дану, како Асура, бил претходно позитивен збор и означувал божествено, а потаму е извалкан овој облик од Дивно до Диво однсоно Девијантно-Devil. Tака што не е само лоша Дана но и добра или Судана. Во Рг Веда референците на Суданавите се многу повеќе отколку на оние Данави (одметници) како штетен поим.

Марутите се наречени и Сумаја (RV I.88.1), имајќи добри (Su)  или божествени моќи на Маја, која што стои одговорна за магијските моќи, или Мајина (RV V.58.2), поседувајќи ги моќите на Маја. Дану е веројатно, во некој контекст, синоним за Маја, моќи на изобилство но истотака и илузија-замајеност. Како што коренот Ма, коренот Да означува “to divide” – разделување.  Мајата е моќта на Данавите (RV II.11.10). Но и како добра среќа, “да те фати Мајата“, типично за нашето поднебје. Данавите, особено Ахи-Вритра, се осликани како змии (RV V.32.8),  особено како змиите кои живеат во подножјето на планината држејќи ги небесните води, каде што Индра-Громовникот морал да ги уништи со цел да ги ослободи водите. Маја е всушност змијска моќ, или змејска, Змаја-Замајување, илузија. Познато е дека Змејовите, освен што се љубители на злато и богатство, истотака поседуваат лукавост и моќи за правење илузија.

Марутите како богови на ветровите се сили на громовите, каде што во Ведската најдревна мисла биле змии или змееви. Марутите се добрите змии, кои зрачеле светло (RV I.171.2). Марутите му помогнале на Индра да го покори Вритра и неговите блиски сопатници. Индра е наречен Марутван, или поседуван од Марутите. Нивниот водач е Вишну (RV V.87), кој е наречен Еваја-Марут. Со Рудра (Шива) како нивен татко и Пришини (Шакти) како нивна мајка, тие ги рефлектираат сите Богови во подоцнежниот Хиндуизам. Како Шивини синови тие се поврзани со Сканда, Ганеша и Хануман.

Веројатно овие Суданави или добри Дани се Марутите, каде во нивните патувања ги насочувале и воделе многу народи вклучително и Галите (Келтите) и други Европски следбеници на Дану. Како синови на Рудра, ние забележуваме мноштво на ликови слични на Рудра, како Керунос помеѓу Келтите, кој што исто како Рудра е господар на животните и е представен во јогинска поза, како на Гундестроповиот Котел.

Gundestrup_Cernunnos

Доколу Марутите се одговорни за ширењето на Ведската култура, како што предложив, тие ги нарекле нивните деца, децата на Дану, во позитивна смисла. Ние истотака можеме да тврдиме дека Суданавите се Марутите, Друидите и другите Риши класификации.

Ние знаеме дека од обете Келтски и Ведски текстови на раните Аријци, како и другите антички народи, биле своевремено во конфликт и меѓусебена војна, веројатно поради супериорнаста во нивните региони. Ова довело до различни дивизии и миграции низ вековите, кои што не можеме секогаш да ги земеме како главни, исто како и воинствените принцеви на Индија или Ирска останале во истата култура и продолжиле со мешањето на браковите, на едни со други. Потаму, како и да е, раниот конфликт можеби постоел помеѓу Прото-Европските Аријци и оние на истокот и секако во внатрешноста на Индија, кој биле само дел од разните судири помеѓу различните кралски семејства кои припаѓале на оваа иста група. Низ текот на годините, се заборавило тоа.

Европските Аријци имале богови како Перун (Зевс, Тор и Јупитер) кои служеле како колеги на Индра како Бог на рајските планети, Богот на дождовите, громотевиците и молњите. Потаму, ние неможеме да го прочитаме разделувањето помеѓу Рг Ведските Аријци и Данавите како отфрлање на Богот Индра од стрна на Прото-Европјаните. Како додаток, Прото-Европските Аријци продолжуваат да го употребуваат терминот Дева како дивно-divine, како и латинското Деус и грчкото Теос, за разлика од Персијците каде што ги представуваат Асурите како боженствени и Девите како демони. Тие истотака изгледа го познавале и Ману, каде што Персијците изгледа го заборавиле и само го споманле Јима (Јама). За разлика од Персијците, кои развиле анти-иконска и скоро монотеистичка традиција, Прото-Европските Аријци ја одржале плуралистичката традиција, употребувајќи слики, и обожавајќи многу Богови и Божици, како Ведските.  Ова сугерира дека нивната разделба од Рг Ведските народи се случила пред Персијците и Иранците, и тие превземале поголема и постара форма на Ведизмот со нив.

Pre-Raphaelites-crop

2 thoughts on “Ведското Потекло на Европјаните: Децата на Дану

Напишете коментар