Мачка – Магијско животно

Мачката е едно од најпознатите магични животни на земјата. Нејзината Аура е толку голема, што го опфатува не само човекот, туку и целото семејство, домот и територијата во која живее.

oGYUDpI

Поради тоа, морате да разберете кога мачката се трие од вашите нозе, таа не само што сака да се умилкува, обидувајќи се да го добие своето, таа всушност сака со вас да ја сподели својата магијска односно астралната сила. Оној кој ја турка мачката во овој момент, да се тргне од него, едноставно ја одбива од себе таа поволна односно позитивна енергија, која мачката сакала да ја сподели. Но, можно е следниот пат, мачката да не сака да ја даде кај тој човек својата астрална сила, а можно е дури и спротивното, да ја одземе.

Мачката го заштитува домот од нечистите сили, разните ентити, астралните паразити, не дозволува нивен продор во светата територија на која мачката живее, и доколку во куќата имало претходно негативни сили, тие брзо заминуваат. Ова е особено корисно за оние кои се преселиле во некое живеалиште каде некој друг порано живеел.

Пронаоѓањето во домот на нечисти сили, мачката одредено време ги набљудува нив, ги скенира, обидувајќи се да ги утврди нивните намери. Војдејќи сметка, дека таа астрална природа ја загрозува нејзината територија, мачката превзема секаков обид да ги протера од своето енергетско поле. Доколку не успее на тој начин, тогаш таа како “смрдеа”ја собира нечистата сила, ја прима во себе и ја изнезува од куќата, секако доколку ја има таа можност.

Оттука, во некои традиции, се појавиле мотиви кога злобниот дух продолжува, условно кажано да  ја”јава” мачкката, значи, ако се види дека мачката е секогаш во некое место во вашиот дом, во напнато држење на телото, очигледно е дека нешто гледа, знае дека постојат зли духови. Ако е некој посериозен ентитет, хиерархијски помоќен, можете и вие да учествувате и да му помогнете на вашето милениче да ги ослободите темните и ниско-фреквентни астрални сили со помош на словото, односно да прочитате молитва или со некаков прочистувачки ритуал. Доколку не знаете молитви и не сте развивале магијска пракса или слична духовна техника, во овој случај можете на местото да искадите со пелин, темјан или жалфија. Пелинот е многу моќна алатка која брзо ги изгонува демоните.

Астралната способност на мачката е толку силна што може лесно да го ослободи  духот во куќата или астралното тело на починатиот. За оваа причина, волшебниците, маговите, шаманите или со еден збор свештениците на племињата и цивилизациите, ја користеле мачката како средство за детектирање и помагање во процесот на чистењето на домот или пак исцелувањето на некоја особа. Но во зависност од тоа какви сили се повикуваат, некои од нив нема да можат да дојдат поради присуството на мачката во собата каде се врши сеансата.

Черный-кот

Присуството на мачки, исто така, ќе ве заштити вас од секое злобно око и расипаност, но во ист момент ве полни со позитивност, предчувстува опасност, заштитува од уроци и пороци, или пак може да заштити во разговор со лице за кое се сомневате во неговите нечисти мисли, и, тогаш треба да ги држите рацете ваши врз мачката, со левата да ја галите за вратот а со десната за опашот. Ова не е некакво суеверие или “бабини деветини”, тоа се биоенергетски правила и енерго-анатомски принципи, каде левата рака е поврзана со женскиот-магнетен дел, додека десната е поврзана со електричниот односно машкиот дел, така што на тој начин се прави заштитно енергетско-коло помеѓу вас и мачката, и не дозволувате негативната енергија да ви се налепи. Во овој случај ќе бидете во целосен контакт со животното и вашето енергетско поле ќе биде компактно во еден склоп, што потаму ќе ви помогне дури и од најсилниот магијски удар од страна на темните уметници да бидете заштитени и безбедни. Од мое лично искуство, во едно Битолско село, (не е важно од кој), имав директен магијски напад од страна на лице кое очигледно се бавело со црна вештина. За среќа уште тогаш имав некакво, какво-такво познавање од езотеријата. Бевме во истата соба, и јас навидум заспан го слушав чисто и свесно што прави и какви сили повикува во тој момент. Времето во кое се случуваше овој настан беше негаде околу 3 часот навечер, и во тој момент, во куќата која беше на спрат, најгоре во собата влезе мачка која ми застана точно на главата и ми помогна да направам колку што можам една непробојна, жилава и пурпурна аура, потпомогната и од молитвата упатана кон Арх. Михаил, кој меѓудругото, оваа виша сила која е позната воглавном и по својата силна и брза заштита. Кај Старите Словени овој најмоќен Архангел се нарекувал Симаргл, кај Персиците Симиург а додека кај Индијските-Ведисти на истокот се нарекува Нарасимха, кој е представен како човек со лавја глава. Инаку, меѓудругото подоцна имав прилика да прочитам во книгата на Давид Годард – Светата магија на Ангелите, дека всушност Арх. Михаел е познат и како покровител на целото мачкно царство.

5ec8c21327b934d3b45d12281a309bb71106828983

narasimha-images-1200x800

Мачките се јавуваат како проводници на космичката енергија, така што тие во вашиот дом ќе ги донесат овие благородни енергии, што ќе придонесат за подобрување на благосотојбата и просперитетот на целото семејство. Мачката обожава да биде на местата каде е силен протокот на енергија, особено ако се во прашање, негативните чворишта, геопатогените зони и често ги избира местата каде што се собира ова големо количество на ниско-фреквентна односно негативна енергија. Целта е јасна, преработка, преткајување во позитивна.

Затоа луѓето кој го познаваат овој природен феномен го користат ова животно за расчистувањето на просторот и домот од негативните вибрации. Во овој случај, можеме слободно да кажеме дека мачката работи како “правосмукалка”, ја превзема на себе негативната енергија и ја конвертира во позитивна. Таа е специјана жива машина слична на оргонот кој се изработува од смола, метал и кристали. Ако можеме да кажеме дека дрвјата го трансформираат штетниот јаглероден диоксид во кислород за нас, така мачките ги прават истото, но во однос на енергијата. Ова се должи на фактот дека нејзиното биополе има негативен полнеж. Во традицијата на Словенските народи останало запамтено сеќавањето дека, доколку се преселите на ново место на живеење, прво нека влезе мачката. Ако куќата е стара и полна со туѓи енергии (остатокот од поранешните сопственици) и штетни енергии, мачката ќе се погрижи за нив. Доколку имате нов дом, секако можете и тука да ја чувате мачката која ќе биде силен енергетски набој и заштита.

Ако продолжиме со темата за куќата, потребно е да се спомене таковиот момент на магичната врска помеѓу мачките и куќите. Во традицијата и сеќавањето, останало да се верува, дека куќата постанува живо квантно поле и дека и е многу драга на мачките. Ова се должи на фактот дека мачката по природа, исто така може да дејствува како фокусник (медијатор), односно да служи како посредник помеѓу човечкиот свет и “другиот”, односно невидливите светови. Поради тоа мачката во куќата воспоставува однос со човекот. Ако во куќата не се донесе мачка, таа може да се налути и разгневи и ќе им наштети на оние кои живеат во таа куќа. Природата и те како има интелегенција, па затоа е важно да не бидеме себични и да бидеме од корист, на тој начин што ќе му служиме на божествениот поредок, а тоа значи и да ги чуваме нејзините представници од животинскиот свет, особено како што е ова благородно суштество.

Мачките истотака делуваат и на човековиот организам, и делуваат буквално како исцелители. Доколку и во самиот човек постои некако енергетско нарушување, мачката сама ќе дојде и ќе започне да чисти и лекува. Мачката емитува позитивна енергија а истовремено ја чисти негативната, како што рековме погоре. Па така од свое лично искуство, можам слободно да ви кажам дека тоа функционира, и не само на физичко туку и на психолошко ниво и секако енергетско ниво. Доколку имете анксиозност или некакви депресивни состојби, од голема корист ќе биде да чувате мачка, односно да бидете вие чувани од нејзе.

Се сеќавам на една моја факултетска другарка, која ми објаснуваше како за време на нејзниот циклус, мачката сама доаѓала и седнувала на нејзиниот стомак и започнувала со познатото предење, а потоа и се олеснувале нејзините тегоби. Всушност, предењето, е една од нејзините главни техники за подигање на вибрацијата. Тој звук е толку моќен, што ефектите се кристално јасни и делотворни. Мачките од било која раса и боја имаат способност за третмани и “ненамерно”можат да ги третираат нивните, да не звучам грубо, господари. Иако мачката за разлика од кучето, не можете да ја третирате на тој начин, така што ќе се поставите со доминатно господарство и ќе ве следи во сите ваши наредби. Мачката е повеќе слободољубиво суштество, и таа сама чувствува и знае кога и со кој ќе сака да сподели љубезност. Една од најлесните методи на лекување со помош на мачка е едноставно да ја милувате, и така таа ќе го амортизира или отргне вашиот умстевно-емотивен стрес.

Во однос на психо-емоционалните ефекти врз луѓето, мачките се со вродени (не стекнати !) карактеристики на структурата на телото и муцката (Скотиш-фолд, Персијците, Егзотичните, Бобтеил, Свингата, Манчките, Рексите), имаат двојно повеќе волшебна моќ!

scotish-fold-001Scottish Fold

Оние луѓе кои сакаат да ги користат магичните својства на ова животно, треба да знаат како да изберат една мачка или мачки, во одредени случаи, да знаат каков тип на мачка им одговара. При изборот на мачка за одредени магични постапки е многу важно да се земе во предвид нивната боја. Постојат правила кои треба да се земат во предвид.

Ќе споменам неколку:

black-cat-375866_960_720Црните мачки: симбол за вештерство (ова не е никаков негатив термин, тоа значи вештина, вешт, способност, подоцна демонизиран поим од црквата) окултна сили, заштита, длабока магија! И покрај сите инквизициски митови, мачињата со оваа боја ја искористуваат негативната енергија и ја трансформираат во позитивна и ги отстрануваат проблемите од домот, даваат мудрост и увид. Тоа е поради самата боја која може највеќе да апсорбира соларна енергија. Во Велика Британија, сепак црната мачка се смета за добар знак.

6980484-cute-red-cat.jpgЦрвенте (риџите) мачки: класичен придружник на вештерите и маговите, тие се полни со машка енергија, сончевата енергија, однсоно Јанг енергијата. Претставниците на оваа боја се магија за привлекување на изоблиство, богатство, фокус и секако имот, односно дом.

aaacc3c3f0585fb7867ac29d7c39777d1766868847Сините (сивите, чадливо сивите ) мачки:  претставниците со оваа боја се посветени на Божицата Фреја, на тивкоста, молчењето и тајноста. Досега, сивите мачки во Тајланд ги користеле за пронаоѓање на невеста за неженетите. Мачките со оваа боја носат љубов, среќа, чест, брак, како и емоционална стабилност, сензуалност и мир.

666434-beautiful-white-catБелите мачки: исто така е мачка користена од волшебниците кои се поврзани со лунарната однсоно месечевата магија и тие имаат многу лековита моќ, исцелување, смирување. Даваат чуство на убавина, нежност, ослободуваат од напнатост и го помагаат здравјето на луѓето. Во Америка, се смета за добар знак.

siamese-more1.jpg

Сиамска мачка: Кралската боја. Мачките со оваа разблажена капучно боја во Сијамските храмови љубоморно ја чувале чистината на расата. Мачките со оваа боја носеле слава и успех, долговечност, помагаат во одржувањето на јанг енергијата.

Слава на Боговите и Многумудрите Предци Наши!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s