Нектарот на Боговите – Медовина

Медовината е врста на најстариот на човекот познат, алкохолен ликер направен со ферментација на мешавина од мед и вода. Медовината е традиционален пијалок во словенската кујна и е потполно природен. Со медовината се сладеле нашите предци, однсоно старите Словени и славните јунаци, познатото е дека и Крале Марко сакал многу да ја пие, но сепак треба да се спомне дека таа им била позната и на другите Индо-Европски односно Аријски народи, така што таа добро им била позната на нашите северни роднини- Нордијците.

a286e988541b6721c98a2b689868ce17.jpg

Медовината во старите времиња им била давана на војниците, каде со нејзе се поливале раните верувајќи дека побрзо и поефикасно ќе бидат исцелени. Многумина мислат дека медовината настанува кога во виното ќе се додаде мед – но ова не е точно, бидејќи се работи за пијалок кој се прави исклучително од мед, вода и зачини, и се вбројува во списокот на специјални десертни вина.

meadodin.jpg

Медовината била многу повеќе него само обичен пијалок, исто како виното, се верувало во нејзините магијски моќи за ревитализација и лековитост, медовината е сметана за еликсир на долгиот живот. Луѓето верувале дека, пијеќи ја ќе имаат многу долг живот, метафорично ќе постанат бесмртни. Се верувало дека ја подобрува машкоста и плодноста и како во секој мит и легенда има и вистина, бидејќи медовината е богата со витамин-Б и амино-киселини кои ја потикнуваат изградбата на протеини кои делуваат на издржливоста и италноста. Медовинита е еден од најстарите алкохолни пијалоци кои човекот ги открил, медот, како основна сировина, бил лесно достапен во природата, се користел за исхрана, а со текот на времето се додавал во разни напитоци и така настанала медовината. Медовината се добива со алкохолна ферментација на растворот на природен мед, а постапката со која се добива е иста како и во производството на вино. Според некои испитувања, медовината содржи околу 13% алкохол, 5% екстракт и 0,17% минерални соли. Може да се произведува како алкохолен и како безалкохолен напиток, со пријатна арома и вкус. Медовината не е вештачки напиток, напротив, таа е природен производ сличен на виното, бидејќи основните состојќи се медот, однонсо грозјето, под влијание на алкохолната ферментација, се претвараат во алкохол и јаглерод-диоксид.

Како што кај виното, вкусот и квалитетот зависат од сортата на грозјето и неговите особини, така квалитетот на медовината зави од врстата на медот, начинот на неговото производство и староста. Медовината е пијалок за кои се тврди дека ја поправа крвната слика, го закрепнува организмот, го подобрува апетитот, но и го успорува стареењето!

  • Етимологија

Англискиот збор mead произлегува од Старо Англискиот meodu, потаму од Прото-Германското meduz, од Прото-Индоевропското (Аријското) *médʰu, па од Славјанскиот збор мед/ miod, од Балтичкото medus, Прото-Индоевропскиот корен,  Велшкото medd,  Старо Ирското mid, Латинското mel, Италијанското miele, Романското miere, и секако да не го испуштиме и Санскритскиот збор madhu, како и Согдијанскиот (Старо Ирански јазик) muð, Авестинското (уште еден Старо Ирански јазик) maðuКласично Персикииот mul, Ново Перскиот mey…..

031344.jpg

il_570xN.877667352_46uq (1)

  • Меден Месец 

Во старите добри времиња тајната на среќниот брак (семеен сојуз) се криела во алкохолниот напиток, животот бил многу поедноставен и тајната на среќниот брак се криела во обичниот алкохолен напиток на база на мед. Всушност венчаните парови биле терани од своите родители и предците да пијат од медовината секоја ноќ, цел еден месец откако ќе стапат во брак. Плодот од тој рецепт, во брачниот период каде дури и денеска се нарекува меден месец, ќе се покажел девет месеци покасно. Децата од таквите бракови се раѓале со многу добро здравје и имунитет.

tumblr_m2kgvzFJl41rolsbao1_1280

Медовината е позната и како нектарот на Боговите, еликсир на бесмрттноста, но и како љубовен напиток. Лековитоста на медот е одамна позната – медот го зајакнува имунитетот, делува антибактериски, антивирусно, антигабично, но влијае и на плодноста – поради што Вавилонците во првите денови од бракот јаделе мед и пиеле медовина. Одтука и произлегува познатиот израз – меден месец. Медовината е старо словенски пијалок и како што споменав погоре не била позната само на балканските земји, туку и на нашите северните роднини.

tumblr_npzrlrc1ji1tzeqovo10_1280

tumblr_o75wujPUE61uk18o2o2_500

 

  • Историја

Медовината е произведувана во античката историја низ Европа, Азија и Африка. Медовината играла важна улога во верувањата и митологиите на некои народи. Еден таков пример е Медовината Поезија, медовината од Нордијската митологија направена од крвта на мудрото битие Квасир каде што го претварал конзументот во поет или учен човек. Во Азија, глинени садови содржат записи на микс од мед, ориз и други овошја заедно со органските соединенија на ферментација кои датираат од 6500-7000 г.п.н.е. пронајдени во Северна Кина. Во Европа, првите потврдени примероци се од карактеристичните керамики на Бел Беакеровата Култура (2800-1800 г.п.н.е.)

Најраните преживеани дискрипции за медовината ги наоѓаме во химните на Риг-Веда, најстарата света книга на историската Ведската традиција и подоцнежниот Хиндуизам кои датираат околу 1700-1100 г.п.н.е. според современите и општо-прифатените истражувања, но бројките веројатно се многу постари. За време на Златната Доба во Античка Хелада, за медовината се вели дека бил приоритетен напиток. Аристотел (384–322 г.п.н.е.) дискутира за медовината во неговата Meteorologica но и на други места, додека Плиниј Постариот (23-79 н.е.) ја нарекува медовината militites во неговото дело Naturalis Historia  и ја разликува од виното засладено со мед или “медово вино” од медовината.  Шпанско-Ромејскиот натуралист Колумеља ни дава рецепт за медовина во De re rustica, околу 60 година од н.е.

Земете дождовница  (дождова вода) и чувајте ја неколку години, и потоа измешајте еден секстариус (римска единица –sextarius) од оваа вода со римска фунта (римска мерна единаца) на мед. За послаба медовина, измешај секстариус на вода со девет унци на мед. Целиот микс се става да одлежи на Сонце 40 дена , а потоа се става на полица во близина на оган. Доколку немате дождовница, тогаш може да се зоврие изворска вода.

Постои поема што му се препишува на Британскиот бард Талиесин, кои живеел околу 550 година, наречена Kanu y med или “Медовинската песна”.  Легендарните пиења, веселби и слави за воиниците во Медовинската Хала  која што одекнува во медовинската хала на Din Eidyn (модерниот Единбург) како што е прикажано во поемата  Y Gododdin, посветена на поетот Анеирин кој бил современик на Талиесин. Во Старо Англиската епска поема Беовулф (Беовук, Белиот Волк), Данските воини пиеле медовина. Во Келтски и Германски, однонсо Аријско-Словенски култури медовината била примарен херојски напиток во поезијата.

Beowulf

drinkinghorn.jpg

beowulf heorot[1]

Подоцна, оданочувањето и прописите кои се однесуваат на состојките на алкохолните пијалоци довело за комерцијалната медовина да постане повеќе непознат пијалок  се до неодамна. Некои манастири ги чуваат старите традиции на медовина со одлуки како нус-производ на пчеларството, особено во областите каде грозјето не може да се одгледува, добро познат пример е на Lindisfarne, каде медовина продолжува да се прави се до овој ден, иако не е тоа веќе во самиот манастир.

Поимот “медовина” и “медово вино” често се употребувани како синоними. Некои култури, прават разлика помеѓу медово-вино и медовина. На пример, Унгарците како и Плиниј Постариот се држат до тоа дека медовината е направена од мед, вода и пивски-квасец (барм), додека медовото-вино е воденаст мед ферментиран од грозје или друго овошје.

Медовината е истотака популарна во Источна Европа и во Балтичките земји. Во Полскиот јазик медовината е наречна miód pitny што значи “мед за пиење”. Во Русија е наречена Медовуха. Се до 19-тиот век, во Русија, медовината останала популарна за долго време по нејзиното исчезнување на Западот.  Таа е спомната во делата од 19-тиот век на Руските писатели, вклучувајќи го Гогољ, Достоевски и Толстој. Во Србија, Хрватска и Црна Гора, медовината е позната како здрав еликсир и често е споменувана во народната литература. Медовината во овие земји се произведува и во домашна и во индустриска форма. Во Македонија колку што ми е познато никој не ја произведува, ниту пак многумина го познаваат овој напиток, но верувам дека интересот за овој магичен пијалок и напоток ќе се заживее како феникост, особено кај Родоверците и традиционалистите. 

  • Начин на приготвување

Постојат повеќе начини и рецепти, во случајов ќе наведам еден поедноставен и краток метод, каде секој од нас може да го направи во одредена количина и во домашни услови.

Во чиста вода се раствара мед и се вари на оган додека да проврие. Додека се вари пената се собира и се одстранува. Оставете да врие неколку минути Мора да се меша за да не дојде до таложење на медот. После варењето растворот мора да се олади, а потоа се сипа во дабово буре или стаклен сад. Садот не смее потполно да се затвори бидејќи се создава притисок при ферментацијата. Процесот на ферментација трае и до месец дена, а во некои случаи може и до 3 месеци. Односнот на водата и медот не е се строго одредени, но треба да се внимава растворот да биде добро засладен. Од зачини може да се додадат циметот, морското оровче, каранфилчиња, кардамом и сл. а од билките може да стават камилицита, лавандата па и хмељот. Секој си има своја тајна.

 

  • Медовински варијанти

  • Ацерглин: Медовина направена од мед и јаворов сируп.
  • Балче: Древна Мексиканска верзија на медовина.
  • Билбемел: Медовина направена со боровинки и сок од боровинки и цветен мед.
  • Црна Медовина: Име дадедно според сортата на медот и црните рибизли.
  • Бохет: Медовина каде медот е карамализиран или изгорен одвоено пред додавањето во вода. Тврд тофии, карамел, чоколадо и пресирани маршмелов вкусови.
  • Бохетомел: Бохетен стил на медовина која што истотака содржи овошје како што е бозелот, црните рибизли и капините.
  • Брагот: Истотака наречен бракет или брачкет. Првично се мешаат со мед и хмељ, подоцна со мед и слад – со или без додаден хмељ. Велшко потекло (bragawd).
  • Капсикумел: Медовина со вкус на чили пиперчиња, пиперчињата може да бидат лути или благи.
  • Шоучен: Врста на медовина што се произведува од Бретања (Франција).
  • Цисер: Микс на мед и сок од јаболку заедно ферментирани; види истотака за cider.
  • Чворниак: Полска медовина, каде што се користат три единици на вода за секоја единица на мед.
  • Дандагхаре: Непалска медовина, која што вкрстува мед со Хималајски тревки и зачини. Се произведува уште 1972 во градот Покхара.
  • Двојниак: Полска медовина, направена од еднаква количина на мед и вода.
  • Великата медовина: Секоја медовина која се спрема да биде стара неколку години. Назначувањето е со цел да се направи разлика на овој вид на медовина со “кратката медовина”. Постојат посебни рецепти за ваквиот вид.
  • Гверц Медовина: Хрватска медовина направена во Самобор и многу други места. Зборот ” гверц” или ” гвирц” е од Германското “Gewürze” и се однесува на различни билки кои се додаваат во медовината.
  • Хидромел: Име кое произлегува од грчкиот збор ὑδρόμελι hydromeli, што во превод значи воден-мед ( μελίκρατον melikraton and ὑδρόμηλον hydromelon). Истотака  Француското име за медовина е hydromel. Тоа е лесна или слабо-алкохолна медовина.
  • Медица: Словенска, Хрватска варијанта на медовина.
  • Медовина: Чешка, Хрватска, Србска, Црногорска, Бугарска, Босанска и Словачка медовина. Комерцијално достапна во Чешка, Словачка и во другите Централни и Источно-Европски земји.
  • Медовуха: Источно Словенска варијанта (ферментиран напиток врз база на мед)
  • Меломел: Меломелот е направен од мед и други овошја. Во зависност од базат на овшјето, одредени меломели може да имаат други специфични имиња, пимент и морат како на пример.
  • Метхеглин: Традиционална медовина со билки и додадени зачини. Некој од познатитте метхаглини се ѓумбирот, чајот, кора од портокал, морско оревче, кориандер, цимет, каранфилче или ванила.  Користен во народната медицина во Велс.
  • Мидус: Литванска медовина, направена од пчелин природен мед и сок од капинки, малини или боровинки. Се внесуваат каранфилни цветови, желади, топола пупки, плодови од смрека и други билки, тоа често се прави како медовина дестилат или медовина нектар, некои од сортите имаат дури  75% алкохол.
  • Моду: Eстонски традиционален ферментиран напиток со вкус на мед и содржина на алкохол до 4%.
  • Морат: Тоа е мешавина од мед и дудинки.
  • Мулсум: Mулсумот не е вистинска медовина, тоа е неферминтиран мед мешано со високо-алкохолно вино.
  • Мјод: Tрадиционална Руска медовина, исторски достапни во три главни варијанти:
  1. Варена медовина (“мёд варёный”) : пијалок близок до пивото, приготвен од варен кантарион од разреден мед и тревки, слично на модерната Медовуха(medovukha).
  2. Медовина за пиење  (“мёд питный”): сорта на медово вино направено од разреден мед со традиционална ферментација.
  3.  Стара медовина (“мёд ставленный”):: микс на мед и вода или сок од боровинки, предмет на многу споро (12-50 години) анаеробена ферментација во херметички затворени садови во процес сличен на традиционалниот  балсамико оцет, создавајки богат комплекс и продукт со висока цена.
  • Омфакомел: Медовински рецепт мешавина на мед со сок од незрели плодови, може да се каже дека е верзија на пиментот. Води корен од Хеленскиот збор ὀμφακόμελι omphakomeli, дословно “незрел-гроздов-мед”
  • Оксимел: Уште еден историски рецепт за медовина, мешавина од мед со вински оцет. Од Хеленското  ὀξύμελι oxymeli,, дословно “oцетен-мед”  ὀξυμελίκρατον oxymelikraton).
  • Питарилија: Mајанска медовина направена од ферментиран микс на див мед, кора од  балчево-дрво и свежа вода.
  • Полторак: Полска велика медовина, направена со употреба на две единици на мед за секоја единца на вода.
  • Црвена медовина: Форма на медовина направена со црвени рибизли.
  • Родомел: Родомелот е направен од мед, шипки, ливчиња од ружа или ружино етерично масло и вода. Од Хеленското ῥοδόμελι rhodomeli, дословно “ружин-мед”.
  • Рубамел: Специфичен вид на Меломел направен од малини.
  • Саќе: Јапонска медовина донесена во Европа од Шпанските и Португалските трговци.
  • Сима: Тоа е брзо-ферментирачка и ниско-алкохолна Финска варијанта, зачинета со лимон и е поврзана со празникот Валпургиска ноќ.
  • Теи/Мес: Eтиопсска и Еритрејска медовина, ферментирана со див квасец и со додадокот на гешо . Рецептитите варираат од семејство до семејство.
  • Тројнак: Полска медовина, направена од две единици вода за секоја единица на мед.
  • Бела Медовина: Медовина обоена со бела боја поради билките, овошјата, а некогаш и со белки од јаје.

 

Mедовината неслучајно е избрана во многуте Словено-Аријски митови и прикази како што го споменав епот за Беофулф, како и во другите дела кои се извлечени од овие митови. Забележливи се примерите во книгите на Толкин, Џорџ Р.Р. Мартин, Т.Х. Вајт и Неил Гаиман. Често е избрана во историските книги и текстови од Викиншката ера. Медовината многу пати е спомната во Неил Гаименовата новела во 2001, Американските Богови, каде што е опишана како напитокот на боговите. Во Наследниот Циклус серијал од Кристофер Паолини, протагонистот, Ерагон, често пие медовина на прославите и гозбите….

0133156_PE288434_S5.JPG

12.jpgЗаштитната Медовинска етикета на семејството Волињец од Скопје

36568545.65nzzv1w25.jpg

Во следниот дел ќе говориме за медовината која се добива по пат на алхемија и која се нарекува Сурица.

Слава на Боговите и Многудрите Предци Наши!

 

Advertisements

One thought on “Нектарот на Боговите – Медовина

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s