Вистината за Темпларите – Витезите на Храмот

Дали навистина е така како што знаеме? 

Во 1307 година дестина бродови од Редот на Темпларите ја напуштиле Франција за да го избегнат прогонот на кралот Филип IV. Никогаш повеќе не се видени, а нивната судбина до денеска продолжува да ги интригира историчарите.

Редот е основан, официјално од страна на Светата Столица, 1118 година како би се заштитиле аџиите кои оделе во Светата земја Од тогаш, Темпларите биле опкружени со аурата на мистиријата. Легендите околу нив почнале да се појавуваат после речиси два века постоење. Редот бил гонет и уништен, наводно како резултат на љубомората помеѓу европските монархии и свештениците поради нивната моќ и богатства.

Иако значаен дел од тоа е само фикција, Витезите во историјата оставиле низа мистерии кои научниците сеуште не можат да ги решат. Една од нив е од петок 13 октомври, 1307, кога, бегајќи од прогонот на фрнацускиот крал Филип IV, многу членови на Редот тргнале од пристаништето во Ла Рошел (Франција) со 13 бродови, како би избегале да не бидат фатени. Оваа флота тргналеа преку Атлантикот под јадрата, на кои биле црвените крствоти на Редот на Витезите – Темплари, исчезнале без трага, а нивната судбина останала непозната. Се верува дека дури стигнале во Америка пред Колумбовата експедиција. Во одреден период, многу пред негосе создадени многу легенди и гласини за Темпларите, дека тие биле само “едноставни витези, спремни да штитат аџиите во Севетата земја”, според официјалната верзија.

Но!

Во текот на 12-ти  век, во светот град “Ерусалим – Цариград” во 1086 година, распнат е Радомир (Исус Христ), а идните Витези Темплари – Витезите на Духовниот Храм на Радомир, со неговиот син Светодар, ќерката Веста и жената Марија Магдалена, заминуваат за Шпанија, а одтаму со Марија и Веста во Франција.

tumblr_lwr3mz9js21qbhp9xo1_1280

Види за:

 

Цариград во тоа време бил центарот на религија, и како таков, бидејќи во него се наоѓале првосвештениците на сите религии, имал право да биде наречен Ерусалим, каде во историјата градови со ваква титула-име имало неколку. Подетално е објаснето во линковите.

Во модерната верзија на “историјата” Првата Крстоносна Војна започнала кога Папата Урбан II испратил повик во 1095 година од н.е. Тука има некои “необичности” што ме изненадуваат многу. Доколку Исус Христ, чие вистинско име му било Радомир (инаку Исус Христ, не е ниту име ниту презиме, тоа е титула што на старо грчки значи – месија), бил распнат во 33-та година од нашата ера, зошто никој не повикал за казнувањето на неговите убијци цели 1062 години? На нив им требале скоро единаесет векови за да ја почуствуваат ненадминливата желба, за повторното превземање на Светиот Гроб и да ги казнат неговите убијци, иако тие веќе се претвориле веќе во пепел уште многу одамна исто како и нивните потомци! Но доколку го земеме на сметка податокот дека Исус Христ бил распнат во Константинопол на 16-ти Фебруар, 1086 наша ера, тогаш оваа смешна објава која што е општо прифатена во историјата брзо ќе исчезне.

Ајде да видиме што кажува официјалната верзија….

  • Раѓањето на редот на витезите Темплари

templari.jpg

 

Светиот град Ерусалим, каде Христ умрел и повторно станал, бил под муслиманска власт (тие истотака верувале дека тоа е свет град). Меѓутоа, следбениците на Мухамед, по правило, не им дозволувале на аџиите од другите вери да го посетат градот и своите светињи да ги обожуваат. Сепак, со ширањето на Турците Селџуци, оваа очигледно мирна ситуација започнала да се менува, а на Европјаните им постанало се потешко и да дојдат до границите на современиот Израел. Селџуците Турци не ја испуштале приликата да ги ограбуваат и убиваат аџиите-патници. Покрај тоа, тие на тој начин се обидувале да ги увредат кралствата кој ја исповедаат христијанската вера. Сите овие фактори, како и агресивни дејства (и територјални и политички) довеле до тоа за да во 1095 година Папата ја прогласи Првата Крстоносна Војна за ослободувањето на Светата Земја.  Занесени со идејата за походот и планот да ја издигнат својата вера над верувањето на оние кој се нарекуваат “неверници”, стотина витези се обединиле во војни единици, да го освојат Ерусалим со сила. И таа намера доживеала остварување на 15-ти јули 1099, кога војската, која се засновала на тешката коњаница (Европа испратила повеќе д 4000  воници), со ист број пешадија, влегле во градот. Набрзо, месните жители ги замрзеле нив.

peacefulwarrior.gif

Причини за тоа имало многу. Преплавени со желбата за освета, крстоносците започнале бројни злочини – воопшто, широко биле распространети кражбите и убиствата. Тоа им случило на многу христијаните кои останале во градот откако нивните вооружени бранители заминале. Без доверлив воен штит, како заштита од нападите на Сарацените, стотина христијани се убиени и фрлени на сите врсти на вознемирувања. “После масакарот витезите ги присилувале војниците да се вратат во своите куќи, оставајќи ги во сериозни проблеми браќата, кој одлучиле таму да се населат и кои потоа биле подвргнати на тешки прогони”, пишува популарниот хроничар на историјата Виктор Кордеро Гарсија во својата книга “Вистинитата историја за Витезите Темплари од 12в. до денешни денови” –  (« Historia real de la Orden del Temple: Desde el S XII hasta hoy » ). 

Во напорите да ги заштитат аџиите од константните напади, неколку групи од витезите, кои живееле во Ерусалим, заминале со оружјето кај “неверниците”. Една од нив, кој се состоела од девет членови, 1118 година ветувала дека ќе го заштитат патот, и животот на христијаните од нападите на муслиманите. Тие постанале основата на редот на Витезите Темплари. Од тој момент, сочувани се две имиња на основачите: Пајенски Хуго (Hugo de Payens), кој подоцна постанал првиот Голем Мајстор на Редот, и Готфрид Сент Омерски  (Godofredo de Saint-Aldemar). “Тоа биле во времето на владењето на кралот Балдвин I, кој им приредил топло добредојде на јадните Христови војници”, како што себеси се нарекувале. Тие поминале на Светата Земја девет години, престојувајќи во една од палатите, кој им ја наменил Болдвин I, која се наоѓала непосредно над некогашниот Соломонов Храм (одтука и името Витези на Храмот), “напишал истражувачот Рохелио Увале (Rogelio Uvalle) во својата книга “Комплетната историја на Витезите Темплари”  «Historia completa de la Orden del Temple»).

  • Воздигнувањето и падот на Темпларите

Во наредните години, Хуго Пајенски ги претворил Темпларите во една од најзначајните институции на својата доба. После некулкуте патувања во Европа, бил во состојба да обезбеди финансии, и како последица на тоа, и прлив на нови сили во Редот. Во 1139 година добил низа даночни олеснувања. “Покрај великодушните донации, разните бенефиции обезбедени од Папата. Темпларите добиле право на автономија во однос на епископите, и биле подредени само на Папата. Тие не припаѓале под нормална на граѓанска и црквена надлежност. Тие добиле право да присоберат и примаат пари на разни начини, вклучитено и правото да примаат донации за цквата еднаш годишно, “кажува хроничрот Јоса Луис Хернандез Гарви (José Luis Hernández Garvi) во своето дело “Крстоносците во кралствата на Иберскиот полуостров” (« Los Cruzados de los reinos de la Península Ibérica »).

Како резултат на тоа, како што истакнува авторот, нив им било истотака одобрено ексклузивното право да градат цркви и замоци, каде сметале дека тоа е неопходно, без претходна дозола од страна на државните и црковни власти. Иако на прв поглед таквата привилегија не изгледа значајно, таа довела да тоа да можат Темпларите да концентрираат во своите раце големи финансиски средства и имот во Ерусалим и Европа.

maxresdefaultЛангедок, РУСИЛИОН, Јужна Франција – Дворците на Катарите 

На тоа мора да се додаде и значајното богатство во властништво на Витезите кој се придружиле на Редот, како и средствата добиени од продажбата на вишокот од земјоделските производи, кој се акумилирале од година во година. Сето тоа довело до тоа за да во 13 век Темпларскиот Ред постане некоја врста на држава. До 1250 броел, според Увалу, 9000 земјишта и куќи по селита, тринаесет илјади војници (не вклучувајќи ги оние со пушки, службениците и занаетчиите), повеќе од пеесет замоци, сопствена флота и прва меѓународна банка. Нивното богатство било толку големо, да некои владетели, посебно, францускиот крал Филип IV, барал пари од Редот и останал нивен должник. На крјаот, тоа, нажалост, ја запечатило судбината на Темпларите.

 

Уморен од големите војни и финансиски моќи, кој биле концентрирани во рацете на “јадните војници на Христа” (како и поради сопствениот долг), во 1307г. монархот одлучил да заврши со нив. “Филип IV верувал дека првобитната идеја за враќањето на светите места на христијанството ја изгубиле својата актуелност, со огледот на тоа како се вкоренила положбата на исламот на Истокот. Покрај тоа, таа им должела многу на Темпларите. Поради горе наведените причини, Филип IV наредил да се распушти редот, како и апсењето на членовите кои се теретеле за богохулие, ерес, содомија….”, кажува писателот и наставникот на Мадридскиот Отворен Универзитет (UDIMA) Мариј Лара Мартинез, добитник на Националната награда за дипломски труд од историјата и автор на книгата “Енклавите на Темпларите” ( «Enclaves templarios»). Но Филип IV разбрал дека без верската подршка не може да се бори против силниот Ред. “Бидејќи тогаш умрел папата, тој почнал да бара од неодлучениот кардинал, како во потполност ќе ја почитува неговата волја. И тој го нашол вистинскиот кандидат во лицето на надбискупот Бордошки. Во модерната епоха, како и во првите векови на христијанството, изборот на главата на Светата Столица се предавале во рацете на Светиот Дух. И во средниот век и модерните времиња околу Римскиот престол испреплетена е мрежа на интереси. На францускиот монарх му тргнало за рака да го постави на чело на Римокатоличката црква под името Климент V, и започнал со него план против Темпларите“,  продолжува експертот. Седум години подоцна, во 1314 година, тие донеле одлука во врска со Темпларите, а одлучено е да нивниот имот постане приход на француската благајна.

jacques-de-molay.jpgГолемиот Мајстор Жак де Моле

После тоа, повеќе од 15 000 Витези се уапсени. Големиот Мајстор Жак де Моле (Jacques de Molay) е уапсен, испрашуван и спален жив со своите најблиски соработници пред црквата Нотр Дам.

de_mole_by_redvulpesart-d8peten.jpg

the_burning_of_jacques_de_molay_by_wraithdt-d944ftt.jpg

jacques-demolay

После 200 години големиот ред е ликвидиран на најригорозни начини. Без оглед на легендите, можеме со сигурност да тврдиме дека со зголемувањето на куповната моќ, Редот стекнал голем број на бродови, кој би можеле да пловат од Европа до Светата Земја. “Овие бродови учествувале во трговија и во борби. Темпларите ја контролирале морската комуникација, а основите на навигација ги научиле од Феникијците. Тие имале на располагање голема армада која пловела во Медитеранот и на Атлантикот (Францускиот дел). Според Мариј Лари,  Темпларите успеале да воспостават контрола над пристинаштата на Фландрија, Италија, Франција, Португал и Северна Европа. Најважната била Ла Рошел (главната точка на Темпларите на Атлантикот), како и во Марсеј и Колиур во Средоземното море. Треба да се напомене дека воините монаси внимателно ги проучувале пристаништата, во кој оделе нивните бродови за да можат да ги заштитат во случај на напад.

Но сепак, кога започнале да ја градат флотата? Според некои истражувачи, посебно, историчарот Хуан Г. Атиенца  (Juan G. Atienza),  Редот на Темпларите започнал да прави после неколку децении откако добиле посебен третман од Папата. Доказ за тоа дека Темпларите му ги понудиле на Риџард Лавјо Срце своите бродови, за да се вратат дома после крстоносниот поход врз муслиманите, на чие чело бил 1191 година (во текот на овој поход, не успеале да го повратат Ерусалим од непријателите на христијанството). Нешто слично се случило и со Џејмс I. Освојувачот, каде Витезите му ги дале бродовите, кој ги имале во Барселона и Колиура, на почетокот на борбата за Светата Земја. Транспортот на робата и аџиите, флотата го правела до 1307 година, кога започнал прогонот на Редот. Тогаш бродовите (според многу извори, биле 13) ја напуштиле луката Ла Рошел пред него што француските власти да ги стават позади решетки нивните капетени и посада. Тука се родила големата тајна, бидејќи, историските документи и тврдат дека бродовите пловеле од француските пристаништа под знамето на Редот, и до денеска сеуште е непознато каде се усидриле. “Кога на петок 13, октомври 1307 година, Филип IV го започнал прогонот на Темпларите, флотата исчезнала без оставена трага.

815853c4a0d61173025094f183325c1a.jpg

Филип IV Убавиот (роден од април до јуни 1268 во Фонтенбло – починал на 29 ноември 1314 во Фонтенбло) бил крал на Франција од Капетинската династија. Тој бил син на кралот Филип III. Прекарот „Убавиот“ го стекнал поради својата физичка допадливост и нема никаква врска со неговите дела како владетел.

 

Оваа мистерија и потаму ја обвива историјата на Темпларите. Не е јасно дали се рашириле по морето или се групирани во друга лука. Постои хипотеза ддека Темпларите го напуштиле Средоземното море во настојување да најдат непознато и сигурно место како свој азил. Но каде?”

  • Каде се упатила флотата? 

pirate-ship.jpg

Исчезнувањето на изгубената флота предизвикало децении покасно појава на шпекулации за тоа каде можеле да отидат Витезите со својот терет. Некои теоретичари на завери укажуваат на тоа дека Темпларите качиле на овие бродови огромно богатство, собирано со децении, за да не падне во рацете на Филип IV. Некои извори дури тврдат дека на нив се криел Големиот Мајстор Жак де Моле (Jacques de Molay), кој е уапсен тек тогаш кога се вратил во Европа во тајната мисија. Што и да било, јасно е дека тоа е само предупредување на Темплариските (веројатно од Ватикан или припадниците на францускиот двор) бродови да го избегнат она што ќе се случува…

  • Што шкрипи во официјалната верзија на историјата?

Па би рекол повеќе нешта. На прво место, приказните и легендите за Темпларите кој ја поткрепуваат официјалната верзија се појавиле тек 200 години после нивното исчезнување. До тогаш, не живееле, или не живееле во обликот кој и одоварал на Светата Столица. Тогаш, познато е дека Светата Столица како и денеска копнеела за власт и богатство. Непознат е некој друг таков пример со такво големо доброволно откажување на богатството без управувањето на црквата над нив. Истотака познато е дека црквата ја преправала историјата и пишувала како на себе и одговара. За преправената историја и вистинските податоци, ангажирани се во текот на историјата огромни црковни ресурси, каде во тие ситуации не се штедело, и како преку “историските извори” би се потврдил авторитетот и исправноста на црквата. Зошто тоа и тука не би бил случај. Најефикасните се оние верзии кога некои нешта ќе се направат мистериозни, како што е овој случај. Но кога некое тумачање што е надвор од званичната верзија, тогаш тоа добива призвук на разоткривање и тогаш почнуваме да се сметаме како најпосле да сме ја осознале  вистината. Нажалост, вистина која повторно е во функција на прикрување. Она што ми е најверојатно и реално, на основа на податоците поврзани со Радомир, е дека единствениот Ерусалим кој Темпларите го виделе бил Цариград, кој го напуштиле после неговото распетие, да би го прошириле редот прво во Франција па потоа се потаму, да во редот пристапат и многу други аристократи и благородниците, да се градат замоци и да се ширело знаењето и учењето кој не било врзано за христијанската црква и луѓето кој го прифатиле тоа учење се нарекувале себе Катари-Богомили-Албињези-Патари (Гностичари). Не би ме зачудило, дури и самиот нагон на помисла, дека познатиот петок тринаести како бакзузен ден, не е дело и волја на црквата, туку дека црквата не можела да го избрише сеќавањето и памтењето на луѓето од тој прогон на Темпларите кој навистина и се случил, а морало да му се даде сосема нова димензија која што ќе и одговара на црквата. Од друга страна, можебе тоа е навистина жалосен ден за црквата, бидејќи огромното богатство на Темпларите не стигнало во трезорот на црквата, туку заедно со бродовите на Темпларите изчезнало. Дури не е невозможно дека тие навистини ги штителе патиштата на аџиите, како и нив самите, само не до Израелскиот Ерусалим, туку до оној Ерусалим каде тие така го знаеле во тоа време, односно до Цариград (Истаннбул, Константинопол), каде нивниот учител и пријател – Радомир, навистина бил распнат. Многу е веројатно, дека целата приказна се исплетила во цела една нова верзија за вистината на Темпларите, прикажана на нам од страната на Светата Столица, која и била најзгодна…..

 

Боженствената музика на Катарите:

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s