Разликата помеѓу Православието и Христијанскиот Ортодокс – Дел II

Продолжиме понатаму со “Словото за Законите и Благодатите” на митроолитот Иларион да видиме дли таму навистина се спомнува зборот Православие или е само добро смислен историјски мит. Го читаме оригиналниот текст: Добро послух благоверију твојему о блажениче свете цркве свете богородице Маријејуже сзда на ПРАВОВЕРНИЕ основи,идеже и мужественоетвоје тело нињ лежит жида труби архангелски. A еве го преводот: Добар е доказот твој, о блажени, благочесни, светата црква на пресвета богородица Марија која си подигнал ти на ПРАВОСЛАВНА вера и каде и до сега машкото тело твое лежи чекајќи ги арханглеските труби. Како што гледаме во дадениот провод изразот: на правовернна основа, заменет е со изразот на православна основа. На многумина им е потполно нејасно зошто било потребно на преведувачите да се измени основниот збор на кој била создадена христијанската црква. На тоа ќе се вратиме подолу. А сега да се вратимот на текстот на зборовите за законот. Го читаме следниов дел од текстот од оригиналот: Верују же и в 7 сабор ПРАВОВЕРНИХ свјатих атец и јевоже извергоша и аз изметајуи јегоже прокљаше и аз проклинају и јаже писанијем придаша нам принимају.  A сега текстот од преводот: Го признавам 7-миот собор на ПРАВОСЛАВНИТЕ свети отци и тие што се изгубени од нив и ја ги отфрлам тие кој се проклети од нив и ја ги проколнувам, што со пишувањето свое го предале тоа го прифаќам. 

Треба да се замислиме кој се учествувал на 7-миот собор на христијанската црква. Православните свети отци или Правоверните свети отци. Како што е тоа прикажано во оригиналниот дел од текстот на “Словото за Законите и Благодатите” на митроолитот Иларион. Кој и каде донел одлука за замена на едниот поим со друг? И дали постоел некогаш во минатото спомен за Православието. Одговорот на тоа прашање го дал Византијскиот монах Велизариј долги години пред покрстувањето на Русија уште во 532 година од нашата ера. Бидејќи со голема сигурност тврдам дека терминот ПРАВОСЛАВИЕ нема доприна точка со Христијанството, тогаш оваа изјава на некој начин мора да биде одбранета и со некои историски факти и документи. Бидејќи постојат многу неспорни докази, ќе се повикам сега само на еден важен документ а другото ќе го споменам во некој поопширен текст. Сега ќе видиме дали од минатото постои некој спомен за поимот Праославие а да се однесува на Паганите односно Родоверците.

Одговорот на ова прашање ни го дава нам Византијскиот (Ромејскиот) монах – Велизариј во 532 година односно многу долго пред покрсувањето на Русите. Еве што напишал тој во своите хроники кој се однесуваат за неговите гледања врз животот на Словените во Киевска Русија и нивните обреди за бањање и чистина: “ПРАВОСЛАВНИТЕ СЛОВЕНИ се диви луѓе и живеат безбожно. Мажите и Жените заедно се бањаат со топла вода и ги удираат своите тела со прачки (тревни билки) до изнемоштување а после се мијат со ладна вода на тој начин зајакнувајќи ги своите тела”……..

Бидејќи нема да му обратиме внимание на Велизирај, за тоа дека древниот и обичен Словенски култ за бањање слично на денешните саунски третмани е нешто диво и неразумно, ќе се посветиме на нешто друго. Тој начин на бањање е потполно природно, но за нас е важно нешто друго. Обратите внимание на тоа како тој ги нарекувал Словените. ПРАВОСЛАВНИ СЛОВЕНИ. И само поради оваа реченица ние треба да му изразиме благодарност, бидејќи со таа фраза монахот Велизариј потврдува дека Словените биле ПРАВОСЛАВНИ многу векови пред покрстувањето….

Словените се наречени Православни бидејќи го славеле “Прав” а “Прав” тоа е светот на древните Словенски Богови. Оној кој ја проучувал Словенската митологија веднаш ќе се сети на светогледот на претците.

Untitled-1.jpg

 

види за: Јав,  Нав и Прав 

Дури и  денеска во денешното “Православие” задржан е дел од овие концепти а го пронаоѓаме во молитвите упатени кон Богородица Марија:

Радувај се, на преподобните мајки и свети девственици весело радување.

Радувај се, зашто ја надминуваш рајската населба на праведните;

Радувај се, зашто ги посетуваш сите кои се во небесната слава.

slavic-world-tree

Еве дел од една македонска песна каде што слично е представено дрвото на животот:

…едно дрво виданлија,
виданлија мајко нишанлија,на врвот му сонце греит,
на средето му паун пеит,
во корен му змеот лежит.

d0b2d0bed0bbd185d0b2d18b.jpg

Се поставува прашањето кој и кога решил да се замени во Русија терминот Правоверие (Ортодокс) и Православие? Тоа се случило во 17 век кога московскиот патријарх Никон уредил црковна реформа а основната цел на тие реформи на Никон не била измената на црковните обреди и начини на крштевање, наместо со 2 прста ја променил со 3 и промената на насоката на движењето со рацете при крштевањето во спротивна страна (од десна кон лева). Туку основната цел на реформите било уништувањето на “дво-верието” (постоењето на 2 вери во Русија во исто време). Однонсо постењето на Византијското Христијанството – Правоверие (Ортодокс) и родната вера – Православието. Во наше време малку знаат дека од почетокот на владеењето на Царот Алексеј Михајлович во Русија постоело “дво-верие”. Со еден збор обичниот народ ја исповедал не само Источната христијанска религија на Византија туку у старата предхристијанска вера на своите претци – Православието.  Ете што највеќе од се му сметало на царот Алексеј Михајлович Романов и неговиот духовен наставник, христијанскиот патријарх Никон. Иако Православните луѓе на старата-родната вера живееле по своите норми и не признавале никаква власт, Патријархот Никон решил да заврши со “дво-верието” на многу оригинален начин, што би рекле србите: или милом или силом. Иако за Словените повеќе требало силом. И поради тоа под изговорот на црковните реформи и непоклупачките црковни текстови наредил да се препишат сите црквени книги и текстови и да се замени фразата “Правоверни” со “Православни” но во сочуваните до денес текстови ние можеме да видиме за “правоверната христијанска вера”. Тоа бил многу интересен пристап на Никон во спроведувањето на реформското право, и не било нужно да се препишуваат мноштво на древни словенски книги и летописи кој го опишувале постигнувањето и победата на до-христијанското Православие како друго се бришело сеќавањето на народот на животот за време на двете-вери. И најважно, значењето на зборот Православие е променет ,бидејќи после таквите реформи на црквата секој текст од богослужните книги или древните летописи може да се прикаже како благодет на христијанизацијата врз Руската земја.

Освен тоа патријархот испратил по московските цркви наредба за употребата на три прста при крстење наместо два и така почнала реформата како и протестот против нејзе што довел до црковниот раскол и протест против реформите на Никон и било организиран од бившите пријатели на патријархот прото-поповите Авакум Петров и Иван Јероновим.Тие му укажале ја укажале на патријархот проблематиката на тие реформи и тогаш во 1654 година тој го повикувал соборот на кој учесниците под притисок донеле решение да се спроведе исправка во древните ракописи и книги кој поради Никон се било изедначено според христијанските обреди на тоа време  и сите потези на патријарохот Никон довеле до поделба на црквите на 2 спротиставени фракции. Следбениците на старите традиции го оптужиле Никон за уништување на “јазичниците” – така христијаните го нарекувале Православието (језичество) односно старата до-христијанска вера. Расколот ја зафатил цела држава и довело до тоа да во 1667 година Големиот Московски собор осудил двајца противници на реформите и од тоа време сите кој биле на страната на Никон кој му се придружле на новите богослужбени традиции се наречени Никановци а оние кој продолжиле  да се придржуваат на старата традиција наречени се Расколници. Спротиставувањето помеѓу нив со текот на времето довело и до вооружени конфликти. Додека на страната на Никановците не стоела царската војска да би се избегнала религиозната војна дел од високите духовни лидери на московската патријаршија осудила некој делови од реформите на Никон. И во богослужната пракса некој државни документи започнале повторно да го употребуваат терминот Правоверни. На пример ако ги погледнеме духовните прописи (уставот) на Петар Први, ќе видиме што е напишано во овој документ: Царот на сверуската држава Петар Први премудриот во корист на својата држава се установил во 1718 како христијански владетел на ПРАВОВЕРИЕТО и високо во црквата света…….

1360915862

Можеме да видиме дека уште во 18век Петар Први го нарекувале христијански владетел на Правоверието и благочинењето а за Православието во дадениот документ нема ниту збор. Нема ни збор во сличните документи од 1776 и 1856 година. Да ги собереме заклучоците до кој сме дошле…До 988 година кај Словените во Русија постоела нивната стара вера која се нарекувала Православие. На крајот од 10-ти век Кијевскиот владетел – каган Владимир ги покрстил Русите според грчкиот закон т.е. го усвоил христијанството како државна религија изменувајќи ја старата Православна вера. Во 1054 година дошло до раскол во христијанската црква која се поделила на западна и источна. Источната христијанска црква со центар во Цариград се нарекла Ортодоксна или Правоверна во превод, и верниците според грчкиот обред се нарекле ортодоксни однонсо правоверни. Во “Словото за Законите и Благодатите” на митроолитот Иларион во оригиналниот текст терминот Православие се користи само во преводот а во оригиналниот текст се користи терминот Правоверие. Обидот на патријархот Никон да ги замени богосужбените книги термините Правоверие со Православие во 17-век довело до поделба….Од претходно кажаното се наметнува ново прашање: A кога терминот Православие стапил во званичната употреба на христијанската црква? Да се одговори на тоа прашање ќе кажеме нешто за претходните имиња на руската христијанска црква. Христијанската црква постоела под друго име односно – Руско Греко-Католичка или Руска Ортодоксна Црква на Грчкиот обред. Христијанската црква со името РПЦ т.е. Руска Православна Црква се појавил од неодамна во времето на болшевичката валст.

Да појасниме. Почетокот на 1945 година по наредба на Јосиф Сталин во Москва под раководство на одговорни лица од државната безбедност на СССР бил спроведен собор на Руската црква и избран е новиот патријарх на Москва и цела Русија. Вреди да се спомне дека многу христијански свештеници не ја признавале болшевичката власт и заминале од Русија и тие продолжиле да го исповедуваат христијанството на источниот обред и ја нарекуваат својата црква Руска Ортодоксна Црква надвор од Русија што во времето на советскиот сојуз често називот на една структура се користел за ознака на друга каде што неизненадувачки се работело по наредба на високото партијско раководство во земјата за да се покаже древноста и некој можат веројатно да се сетат на совјетскиот учебник по историја “Историјата на СССР од древните времиња до 1861 година”

post.jpg

Малкумина се оние кој тогаш размислувале дека таквото име на учебникот е аспурдно бидејќи СССР бил создаден 30-ти декември 1922 година за да конечно излеземе од добро смислениот историски мит и да дознаеме што навистина значел зборот Православие во длабоката древност и да го обратиме вниманието на оние луѓе кој до денеска ја сочувале старата вера на претците.

Bez-imeni-519.jpg

Отецот Диј Александар главата на Древната-Руска Црква на Старата Вера – Инглија во нашето:

Во наше време филолозите и лингвистите на акедемското образување но истотака и современите христијански богослови упорно се трудат да го утврдат во словенскиот народ мислењето дека Грчкиот термин – Ортодоксија во превод на Словенските јазици значи – Православие а не Правоверие и дека само верниците на источната црква правилно го слават христа и дека затоа тие се православни при тоа не размислувајќи дека при таквата логика на преведувањето Правоверните Евреи, Правоверните Муслимани или Будисти исто така постануваат како Правславни Евреи, Православни Муслимани, Православни Будисти итн..што во принцип е апурдно и не одговора на реалноста. Во совјетското време тие учени луѓе или незнале или се обидувале да сокријат од обичните луѓе уште една длабока древност, долго пред постанокот на христијанството на словенските земји постоело ПРАВОСЛАВИЕТО и тоа го опфаќало не само основниот концепт кога нашите мудри претци го славеле Прав туку и светот на словенските богови се нарекувал ПРАВ и бил во длабоката срж на Словенското Православие и тоа била многу повеќе нешто се претставува фигуративно значењето на тие зборови кое во себи ги вклучувало и разбирањата на нашите претци кој го славеле Прав, само тоа не било ниту римско ниту грчко прво, туку наше родно право, словенско право.

82119_original.jpg

Тоа го опфаќало општото право основано на древните традиции на културата и законите за создавање на семејството, општинско право кое е базирано на меѓусебно разбирање помеѓу различните семејства кои живееле заедно во исти помали наслеби, кој немале статус на град, правилата помеѓу општините кој се уредувале во односот помеѓу семејствата кој живееле во големите населби кој припаѓале на една покраина, прво на старците кое ги носело одлуките во името на целиот народ и сите градови словенски и секое ПРАВО (во согласност со Божјото Право) од општото право па до правото на старците било создадено на основите на древните закони, култура и семејство но истотака и според запо-ведите на словенските Богови и заветот на претците кое било наше – РОДНО СЛОВЕНСКО ПРАВО, каде што мудрите претци ни заповедале да го сочуваме тоа право. И ние сме го сочувале и го чуваме уште од древните времиња кога нашите претци го славеле Прав и ние им се придружуваме и ние го славме Прав и го чуваме Словенското Право и ќе го предадеме од поколение на поколение затоа што и ние и нашите претци сме биле, сме, и ќе бидеме ПРАВОСЛАВНИ!

a916a01701aa3477b2222f0c2c186b27.jpg

 

Слава на БОГОВИТЕ И МНОГУМУДРИТЕ ПРЕТЦИ НАШИ!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s