Таинствените џуџиња на Арктида

Норвешките алфари, данските и шведските елфи, англо-саксонските гноми, германските алби….мудреци, волшебници, недостижни мајстори во обработката на метали, мајстори за магичните предмети…..Преданијата за овие загадочни битија се широко распространети меѓу народите на Северна Европа. Во многу региони на земјата има легенди за џуџињата како првобитни жители на месностите, кои со појавувањето на луѓето, секогаш им ја оставале својата територија, исчезнувајќи без трага, заминувајќи под земјата. Што се крие зад многубројните легенди за џуџињата? И зошто во фокусот на овие легенди е токму Северот на европскиот континент, што го заплискуваат брановите на Северниот Леден Океан?

Еден од најстарите народи на Европа, Келтите-Ирците, во своите преданија ја зачувале легендата за таинствените северни острови, чии најстари жители се нарекувале Туату де Данан, или Племињата на Божицата Дана. “Ним им се потчинети волшебството, магијата, друидизмот и брзината – ни соопштува древната сага – и тие ги надминуваат мудреците-пагански во волшебствата и во науките и технологијата во магијската уметност и во сите благородни финеси”. Во свотие четири града – Фалијас, Горијас, Муријас и Финдијас – тие постигнувале волшебство и секакви тајни, создавале магични предмети од кои дел пренеле со со себе, преселуајќи се во Ирска.

François_Pascal_Simon_Gérard_001.jpgТуата де Данан

Северните острови – ,,Земјата Ируат” – се наоѓале на север, недалеку од  Скандинавија. За смртниците тие биле недостижни. Во средновековната “Книга за завојувањето со Ирска”се раскажува за појавата во ирската земја на народот – Туату де Данан.  Нивното пристигнување било проследено со некакви нејасни катаклизми, но поради нашите претходни објави, можеме слободно  катаклизмата да ја пооврземе со потопот предизвикан од војната и раздорот што избувнал помеѓу Атлантида и Велика Расенија. ,,Пепел и чад ги обвитка блиските земји и небото”. Подоцнежните легенди појаснуваат дека дојденците едноставно ги изгореле своите бродови, стапнувајќи на ирскиот брег. Затоа и се смета дека Племињата на божицата Дана се појавиле  со бродови од облаци со  чад. Дали ова може да се толкува како некаква метафора во која се крие смислата за користењето на високо технолошкит космичи летала дури и во тие дамнешни времиња, опишани во ведската литература како Вимани, каде детално за нив ќе посветиме повеќе внимание во друг текст.

llegada-de-los-danaan

Fitzpatrick-TuathaArrivo.jpg

 

Oвие мудреци, ниски, но постојано млади и прекрасни, управувале со помош на волшебства и наука, и периодот на нивниот расцут се смета како златен век на Ирска. Но конкретно за Туата де Данан легендите велат дека биле  и високи и убави, со црвени и плави коси, со сини или зелени очи. Никаде немало приказ дека станува збор за џуџиња. Ќе го објаснам тоа подолу. Туата де Данан биле прогонети од други народи, повторно пристигнати од морето, и последните од нив заминале во подземниот свет, “под среќните ридови, за да живеат вечно”. А тие обично живеат во пештери и во волшебните ридови – “сиди“. Ирците и до денес го почитуваат својот “народ на ридовите”. Навистина, со годините волшебните жители на Сидите (Aes Sídhe) станале личности од фолклорот, се претвориле во многубројно племе “мали човечиња”, кои ги населуваат тивките катчиња на Ирска.

Согласно моите разбирања и истражувања, ќе се обидам тука да споменам неколку класификации за да не настане некоја забуна околу малите човечиња. Бидејќи сметам дека постои разлика од Гноми, Џуџиња, Елфи-Вилењаци како и оние мали светкави Вили.

  1.  Гномите, етимолошки веројатно водат корен од Латинсото gēnomos (жител на земјата), и најпрвин се забележани во Ренесансниот период, дека живеат под земјата, и се движат многу лесно низ земајта. И прикажани се како мрзоволни. Во 20-тиот век на нив се гледа као на куќни духови (астрални битија). Тие ја загубиле својата подземна конекција, која помага да се објасни нивната употреба како градинарски декорација.
  2.  Џуџињата, етимолшки носат корен од Старо Англиското dweorg, најрано представени во Нордијската митологија. Тие се мудри, занетчии, некои живеат подземја но некои живеат слободно во шумите и планините. Тие се многу попријателски расположени за разлика од гномите и првично не со особено минимален раст.

Two_Völuspá_Dwarves_by_Frølich.jpg

Две џуџиња представени во 19-ти вековната едиција на Poetic Edda во поемата Völuspá (1895) од Лоренс Фролих.

3. Елфовите,  носат корен од Старо Англиското ælf, кој се воздушни за разлика од претходните спомнати битија. Значењето на овој термин и природа на овие битија изгледа се одвоил од многу различни региони, од практично полу-боговски статус во некои општества до Кеблерските елфи во нашиот модерен марктенинг. Значи исцрпниот одговор е далеку од мојата способност. Накратко, тие доаѓаат од Германскиот Фолклор, особено од Нордијскиот, и имале магични способности и биле рамнодушни кон луѓето. Голема е веројатноста Елфите да биле хуманоидни битија како што бил тоа кланот на Туата де Данан. Митскиот народ кој имал магијски и технолошки моќи.

 

 

Елф од ерата на Сагите

 

Иако тие имаат комплексна митологија во Нордијските Саги, тие се со злобен нарав за Англофоните. Можно дел од Елфите (Туата де Данан) да тргнале кон темните патеки и дел од нив да бидат мајстори на темните уметности. Во Средните Векови во Англија, тие се гледани како злобни преваранти. Во Елизабетската ера, тие се мешани со вилите. Затоа денеска се мисли дека тие биле мали, иако тие првично не се гледале на тој начин.

grasshoppers.jpg

Тоа било во Викторијанскиот период каде што ние сме започнале да ги гледаме нив како “Кеблерските Елфи” со остри уши и стапала со чорапи. Ова сето води до модерната идеја за Дедо Мразовите елфи.

4bcc79d7c7b8c706dcf9c2f9a206a1cd.jpg

image005-005.jpgВикторијански Елфи

 

Изгледа дека изворно гномите биле мали битија. Елфите и Џуџињата се враќаат назад во Нордијската митологија, додека гномите се појавуваат подоцна. Џуџињата и гномите тежнеа да имаат брада, додека елфите се безбради. Џуџињата се здепасти мали луѓе. Додека гномите се минијатура и за нив. Џуињата изворно се пријателски, гномите се преваранти и елфите се речиси полу-богови. Сега елфите и гномите се преваранти и џуџињата се недружељубиви створови. Но најверојатно постоеле и злобни елфи, како што напоменав имало веројатно фракција и помеѓу нив исто како и помеѓу самите богови во нордијската митологија -Асир и Ванир, исто како и Асурите и Девите во индо-ведската или ирано-ведската историја. Сега се гледаат во поинакво светло за разлика од некогаш.

Знаејќи дека сидите се населени со “мали човечиња”, Ирците не само што никогаш не разурнуваат ридови, туку дури избегнуваат да се приближат блиску до овие волшебни живеалишта. На Британските Острови, каде што необично е помешана келтската и германо-скандинавската култура, постојат многу преданија за џуџињата. На мнозина им е позната баладата на Р.Л. Стивенсон, во која се вели:

Дошол кралот шкотски,

безмилосен кон непријателите. 

Ги прогонил тој бедните Пикти

кон карпестите брегови.

Уништени од Шкотите, Пиктите исчезнале од картата на Британија. Научниците до денес не знаат точно какви луѓе биле Пиктите. Самиот поим почнал да се употребува од третиот век наваму, воопшто за сите племиња што го населуваел северот на Британија, на Хебредите и на Оркнејските Острови. Нивниот јазик е представен се до денес непреведеното огамнично писмо (древно писмо, кое на Британските Островите се употребувало само од Келтите и од Пиктите). Потеклото на Пиктите предизвикува спорови, повеќето од научниците се со став дека ова е народ од неиндоевропско потекло. Меѓу пиктските племиња, легендите одвојуваат таинствен мал народ, кој го населувал северот на Шкотска. Овие џуџиња живееле во пештери, биле познати како народни лекари, вареле тајни премази и мелеми. Носеле зелена облека и умееле да прават и да растураат магии.

 И денес пиктските преданија и легенди за џуџињата се распространети низ цела Британија. Во Велс раскажуваат дека џуџето Ејдан предизвикало поплава на езерото, чии бранови ја потопиле целата земја. Особено се популарни преданијата за гномите и за елфите, кои понекогаш ги нарекуваат “бели” и “црни” џуџиња. Елфите можат да го сменат својот раст и обликот според својата желба, на зајдисонце тие сакаат да пеат и да танцуваат на засолнетите планински полјанки. Поседуваат недостижна мудрост, дури делче од знаењата на елфите од човекот прави моќен мудрец. Под покровителство на елфите растат некои дрвја, пред се дабовите и липите. Тука треба да се замислиме дали елфите и вилите се те исто, и различно од Туата де Данан кои дефинитивно биле нешто сосема друго особено на физички план, но со слични магијски способности. Не би сакал да давам никаква потврда, но само оставам простор за размислување. Судејќи по се Вилите биле етерични но можеле да се прикажат по желба во окото на оној кои тие сакаат. Но дали и ова е точно, сепак неможам со сигурност да кажам бидејќи кружат многу информации дека се пронајдени многу минијатурни скелети кој недвосмислено одговараат на овие битија. Пред крајот на текстот ќе приложам видео поврзано со пронајдените скелети, па оставам сами да просудите дали тоа се вистински или пак станува збор за вешта манипулација.

Гномите излегуваат на површина само ноќе. Нивните подземни дворци се осветлуваат со топлата светлина на килибарот и од блесокот на неброените богатства. Нивниот свет – тоа е споменот на онаа Првобитна ноќ што некогаш царувала на земајта, безѕвездениот подземен свет, каде што првично живееле сите богови.

Ако во Ирска џуџињата се сфаќале како преселници, тогаш народите на Скандинавија секако биле запознати со нив во многу постарите времиња Скандинавскиот еп раскажува за тоа дека, долго пред појавувањето на луѓето на земјата, светот бил населен од џинови и џуџиња. Џуџињата биле создадени од боговите, “од крвта на Бримир и од коските на Блалин”, но недостига поголема сигурност. Според една верзиите, џуџињата “се појавиле од камењата на земјата, што дошле преку топење на песечните полиња”.

Џуџињата живееле подземја, биле недостижни мајстори во уметноста на работењето со огнот и металите, и во подготвувањето на волшебни предмети – артефакти. Тие ковале оружје за боговите. На големиот Один тие му го исковале волжебното копје Гунгнир и златниот прстен Драупнир, на Тор – чеканот Мјолнир. Џуџињата Брокх и Ејтри го создадале дивиот вепар со златни и остри влакна. Од искусните раце на џуџињата е изграден чудесниот брод Скидбландири исковани се златните коси на божцата Сив. (може под ова да се разбере дека ковале накит за нејзината коса, шноли, дијадеми, обетки итн). Борбата за совладување на овие магични предмети го составувале значајниот дел на скандинавскиот еп. Некому не му успеало да проникне во тајната на џуџињата. Тие, се разбира, не живеат вечно, туку многу долго, со векови. На земјината површина можат да излегуваат само ноќе – сончевата светлина ги претварала во камења. Џуџињата се надарени со натприродна сила, и носат долги бради. Некои од нивните племиња се добри кон луѓето, а други “црните гноми” – напротив, тие им биле непријатели. Рударите тврдат дека е добар знак да сретнеш џуџе. За џуџињата се зачувала репутацијата на волшебници и познавачи на маѓијата. Постоеле и коболди – џуџиња – духови на домашното стопанство. Според преданијата, тие живееле во амбари, во коњушниците и на тавани, но само кај работливите и добри стопани, кои гледале да не им паднат во очи. Секој треба да живее од својот сопствен свет, сметале тие.

Erebor_gate.jpg

18956a6a34e1623bf41e566e97c618c3.jpg

Горските џуџиња – неискусни, разбушавени, облечени во кожи на ѕверови, собирале лековите билки и биле познати како искусни исцелители. Епосот на Германците се формирал во релативно доцен период, затоа во него има повеќе црти на рицарски роман, иако во неговите најнови слоеви, секако, постојат ликови од древните легенди. Така, од длабокото минато до нас стигнало преданието за Нибелунзите.

main-qimg-c736e5e32d1e8f9488656cecb9090cbd.png

Gimli-gimli-11310030-1280-720.jpg

Првобитно во старите германски преданија, Нибелунзите се нарекувале северни џуџиња (алби), жители на планинските пештери и чувари на планинските богатства, кои биле освоени од Сигурд. Постепено, древната смисла на името Нибелунзи – суштества што го населувале поземното царство била изгубена, а за подоцните творци, кои ја преработиле Песната на Нибелунзите, таа веќе била нејасна. Нибелунзите почнуваат да фигурираат в епосот како моќни воини. Согласно со древните преданија, Нибелунзите носад невидливи наметки со чудно својство како заштита: оној кој ќе наметна таква наметка станува невидлив, но и безбеден од удари и од прободување. Притоа, неговата сила значително се зголемува. Зигфрид со многу напори зел една наметка од џуџето Албрих. Долгобрадиот Албрих живеел под планината, бил свиреп и многу силен. Зигфрид му наредил на џуџето, кое го победил, да го чува богатството во тајната пештера…….

mysterious-skulls-skeletons-thomas-theodore-merrylin-home-london-8

*На овој линк може да ја погледнете домашната колекција од долго годишната работа и собирањето на чудните животински и хуманоидни скелети пронајдени од страна на крипто-натуралистот, зоологот и ксено-археологот – Thomas Theodore Merrylin и да одлучите самостојно дали ова е вистина или една добро смислена монтажа….

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s