Вистината за Богомилот Радомир (Исус Христ) – Шести Дел


Марија и Радомир (Марија Магдалена и Исус Христ)

ФРАГМЕНТИ ОД НЕДОВРШЕНАТА КНИГА НА УБИЕНАТА СВЕТЛАНА ЛЕВАШОВА – “ОТКРОВЕНИЕ“:

Card-01.jpg

Визијата на Исидора – Венецијанската монахиња: 

 

Одеднаш, Светодар внимателно слушнал….но потоа топло се насмевнал.

-Ти поворно ме надгледуваш, чичко…Јас веќе ти говорам долго време – Јас не сакам да кријам! Радан излегол од камената платформа, вртејќи ја главата. Годините не го жалеле, давајќи му на светлото лице силен впечаток…..Сеуште не му рекол среќно на младичот, секогаш насмевнат како сонце, Радан, што понекогаш можел да го стопли и најсуровото срце. Сега тој е искусен, опасен воин, кој се обидува да ја сочува својата најголема драгоценост – синот на Радомир и Магдалена, еден жив подсетник на нивните трагични животи….нивата храброст….нивната светлост и љубов.

– Ти имаш долг, Светодарушка…..Точно како и јас. Мораш да преживееш. Што и да е потребно. Бидејќи така е, исто како и со мене. Ти си должен да живееш. Колку и да чини тоа. Ако и тебе те снема – тоа би значело дека твојата мајка и твојот татко умреле залудно. Дека нас хулиите и кукавиците не победиле во војната….Немаш право на тоа, мое момче!

-Не си во право, чичо. Имам на тоа свое право, бидејќи тоа е мој живот! И нема да дозволам никој однапред за него да напише закони. Мојот татко го поживеа својот краток живот потчинувајќи се на волјата на други…..Како и мојата сирота мајка. Само затоа, што некој друг одлучил да ги спаси оние кој ги мразеле. Не сакам да ја почитувам волјата на ниеден човек, дури и ако тој човек е мој дедо. Ова е мој живот, и ја ќе го проживеам на начин на кој сметам дека е потребен и чесен! Жал ми е, чичо Радан! Светодар бил жесток. Неговиот млад ум бил огорчен со туѓите влијанија на неговата сопствена судбина. По законот на младоста, тој сакал да одлучува сам за себе, да не дозволува било кое влијание на свјот драгоцен живот.  Радан само се насмевнал, нажалост, гледајќи во својот храбар питомец…..Во Светодар било се – сила, интелегенција, издржливост и истрајност. Тој сакал отворено и искрено да го живее својот живот….но, нажалост, сеуште не разбрал дека со оние кој го ловеле, отворена војна не може да има. Само затоа што никојпат немале чест, совест, срце….

– Па, на свој начин си во право, сине мој…..Тоа е твој живот. И никој друг не може да го живее, но…Јас сум сигурен дека ќе го живееш достојно. Само бидии внимателен, Светодаре – во тебе тече крвта на отецот твој, а нашите непријатели никојпат нема да одстапат,  и ќе сакаат да те убијат. Чувај се, драги мој. Го потапкал внукот по рамето, Радан тажно се повлекол на страна и исчезнал позади камената платформа. Момент подоцна се чул крик. Нешто паднало на земјата, и настапила тишина……

Светодар побрзал кон звукот, но било прекасно. На камениот под на пештерата стоплени во последната прегратка лежеле две тела, каде едниот бил непознат човек облечен во наметка со црвен крст, а другиот бил Радан. Природно вреснал, Светодар побрзал до телото на чичко му кое совршено и мирно лежело, како животот да го оставил, не дозволувајќи ниту да се опростат. Но како што се испоставило, Радан сеуште дишел. – Чичко, те молам, не оставај ме…Не…Те молам, не оставај ме! Светодар беспомошно го држел во своите раце, нежно лулајќи го како мало дете. Точно така како што тоа многу пати го чинел Радан….Било очигледно, дека животот го напуштил Радан, капка по капка, излегувало златен поток од неговото ослабено тело…

Дури и сега, знаејќи дека умирал, тој бил загрижен само за една работа – како да го сочува Светодар….Како да му објасни во овие неколку преостаните секунди, што не бил во состојба да му пренесе се во овие долги дваесет и пет години….И што ќе им каже на Марија и Радомир, таму, во другиот, непознат свет, како не успеал да се спаси и дека нивниот син останал сам?….

– Слушај, сине…..Овој човек – тој не витез на храмот – покажувајќи на мртвиот човек – промрморел Радан. Ги знам сите – тој е странец….Кажи му го тоа на Гундомер….Тој ќе знае….Најдете ги…или тие вас ќе ве најдат. И најдобро од се – оди, Светодарушка….Оди кај Боговите. Тие ќе те заштитат. Ова место е исполнето со нашата крв…тоа е премногу….оди, роде….Полека очите на Радан се затворија. Од немоќните раце паднал со бука витешкиот нож. Бил многу необичен….Светодар го погледнал одблизу – тоа едноставно не можело да биде. Таквото оружје припаѓало на многу тесниот круг на витезите, но само оние кои некогаш го познавале лично Јован – на крајот на дршката била позлатена крунисана глава…Светодар точно знаел – тоа сечиво долго не било кај Радан (одеднаш останал во телото на неговито непријател). Потоа, во одбрана денеска, го зграбил оружјето на убиецот?…Но како тоа се нашло во рацете на некој туѓинец!? Можно ли е некој од оние кој знаел дека позади делото стоеле Витезите на Храмот, за кој сите тие живееле? Светодар во тоа не верувал. Ги знаел тие луѓе, како самиот себе. Никој од нив не можел да падне волку ниско на ниво на ништавило. Нив било можно да ги убијат, но било неможно да дојде до предавство. Во тој случај – која е особата која била во власништво на овој конкретен бодеж?!…..

 

foto-058.jpg

Радан лежел неподвижен и мирен. Сете земска грижа и горчина го оставила засекогаш….зајакнал во текот на годините, опустошеното лице, повторно подсетувало на радосниот млад Радан, кој толку многу го сакала Златна Марија, и кој го сакала со целото свое срце мртвиот брат Радомир….Повторно биле среќни и светли, повторно неговиот ум бил среќен и мирен…..Светодар бил на колена, без зборови. Неговото мртво тело само благо се лулало од една на друга страна, како да си помага самиот себе да го преживее, овој подол удар….Еве, во истата пештера, пред осум години убиена е Магдалена….И сега останал последниот човек од семејството, останал сосема сам. Радан бил во право – ова место впило премногу крв од нивното семејство…Не е ни чудо што дури и потоците се обоени во црвено….како да му велат да оди…..и никокаш да не се враќа.

Се тресев во некоја чудна грозница….Беше страшно! Тоа било апсолутно недопуштено и нејасно – ние себе се нарекуваме луѓе!!! И во суштина, требало да постои некаде граница помеѓу човековата злоба и предавството?

– Како сте можеле да живеете толку долго со тоа, Север? Сите овие години, знаејќи го ова, како сте успеале да останете толку мирни!?

Тој се насмевнал, нажалост, не одговори на моето прашање. И јас сум искрено изненадена, бидејќи храброста на овој прекрасен човек, ја открива новата страница на неговата посветеност и напорен живот….и нескротливо чиста душа…

 

– После убиството на Радан минале уште неколку години. Светодар ќе ја освети неговата смрт, пронаоѓајќи го убиецот. Како што и тој самиот се сомневал, тоа не бил еден од Витезите на Храмот. Но тие никогаш не знаеле, од кои навистина тој човек бил пратен….Само една работа била позната – пред убиството на Радан, исто така подло бил убиен величенствениот светол Витез, кој бил со нив од самиот почеток. Само да ја земат неговата наметка и оружје, и да се создаде впечаток дека Радан го убиле неговата и да настане неслога…..

Овие горчливи настани и губитоци ја отруле душата на Светодар. Имал само една утеха – тоа е чистата, вистинската љубов….Неговата слатка и нежна Маргарита…..Таа била прекрасна катарска девојка, следбеник на учењето на Марија Магдалена – Златната Марија. И таа многу потсеќала на нејзе….Имала иста долга златна коса, мекост и бавно движењем едноставна нежност и женственост на своето лице. Година дена покасно добиле девојче. Таа се викала Марија. Како што ветувал Радан, малата Марија ја одвеле кај драгите и храбри луѓе – Каарите – кои Светодар многу добри ги знаел и на кој им верувал. Тие ветиле дека ќе внимаваат на Марија како на своја ќерка, колку и да ги чинело тоа, или било што да им направеле или да им се заканувале. Од тогаш, така и било, штом е родена во лозата на Радомир и Магдалена новото бебе, дадено е на образувањето на луѓето, за кој “светата” црква ниту знаела ниту имала појма. И тоа е направено како би се спасил нејзиниот живот и да и се даде можноста да го живее до крајот. Без оглед колку среќен или тажен може да биде….

– Како можеле да го дадат своето дете, Север? Дали нејзините родители ја виделе некогаш повторно…?  – Прашав во шок.

– Па, зошто да не ја видат? Ја виделе. Само судбината кај секого се одвива поинаку….Подоцна, еден од родителите живеел во близина, особено мајката. А понекогаш се случувало, да направат организација тие исти луѓе кои го подигнале нивното дете. Различни се животите….Само една работа никогаш не се променила – слугите на црквата не престанале да одат по нивните траги како ловечки кучиња, не пропуштајќи ниту најмала прилика да ги убијат родителите и децата кои ја носеле во себе крвта на Радомир и Магдалена, жестоко мрзејќи ги поради тоа, дури и мало дете, штотуку родено дете….
– Колку често гинеле – тие потомци? Дали некој преживеал и го живеел својот живот до крај? Дали сте им помогнале, Север? Дали им помогнале на Метеори?….-Јас буквално го опсипав со рафал од прашања, не успевајќи да ја запрам својата разгорена радозналост. Север за момент заќуте, а потоа тажно рече:

– Се обидевме да помогнеме….но многу од нив не сакаа. Мислам дека веста за неговиот татко, кој го испратил својот син во смрт, живее со векови во нивните срца не опростувајќи ни нам и не заборавајќи. Болката може да биде тешка, Исидора. Таа не опростува грешки. Посебно оние кои не можат да се поправат….

– Дали знаете уште некој од овие чудесни потомци Север?

– Па, секако, Исидора! Ние се сме занеле, само не сме виделе. Некој од нив, мислам, си ги познавала и ти. Но, дали прво би дозволила да завршам околу Светодар? Неговата судбина била тешка и чудна. Ти ќе бидеш заинтересирана да слушнеш за тоа? – Само климнав со главата и Север продолжи….После раѓањето на неговата прекрасна ќерка, Светодар одлучил конечно да ја исполни желбата на Радан…..Паметиш ли, умирајќи, Радан му рекол да оди кај Боговите: – Да, но дали тоа било сериозно?! Кон какви “богови” можел тој да го испрати? На Земјата одамна нема живи богови!….

– Не си во право, пријателе…Можеби тие и не се токму онака како што мислат луѓето за боговите, но на Земјата секогаш има некој кој привремено го завзема тоа место. Некој внимава, земјата да не стигне на работ и да не дојде нејзиниот страшен и преран крај. Светот сеуште не се ни родил, Исидора, ти го знаеш тоа. На Земјата и потаму и е потребна грижа. Но, луѓето не би требало да знаат за тоа….Ти се должи да се грижат за себеси. Во спротивно, ќе направат само штета. Потаму, Радан не го пратил без причина Светодар кон оние кој гледаат. Знаел дека самиот Светодар никојпат нема да отиде. Да се обиде да го спаси, да го заштите од несреќа. Светодар всушност бил директен потомок на Радомир, неговиот син првенче. Тој бил најопасен од сите, бидејќи му бил најблизок. И доколку го убијат, никој не би го продолжил овој прекрасен и светол род. Опростувајќи се со својата слатка , блажената Маргарита, и прегрнувајќи ја за последен пат малата Марија, Светодар заминал за многу далечен и тежок пат…..во непознатата северна земја, каде живеел оној кој го испратил Радан. А кого го нарекувале – Патникот…..

Изминале многу години пред Светодар да се врати дома. Се вратил, за да изгине…..Но тој живеел полн и прекрасен живот…..Стекнал знаење и разбирање на светот. Го пронашол она, за што толку тешко и долго одел…..сакав да ти покажам, Исидора…..ќе ти покажам Исидора, што на никој и никогаш не сум го покажал.
Просторот бил исполнет со студ, како наеднаш да потонав во вечноста….Чувството беше необично и чудно – истовремено издишуваше радост и страв….Се чувствував како мала и без значајна, како некој мудар и огромен воедно ме гледа, обидувајќи да се разбере кој се осудил да го поремети неговиот мир. Но ова чувство набрзо исчезна, а постоеше само голема и длабока, “топла” тишина…….

На смаргдната, бескрајна ливада, со прекрстени нозе, свртени еден кон друг седеле двајца….Седеле, со затворени очи, без зборови. Сепак, било јасно – кажале.

Разбрав – говореа со мислите….

Срцето ми чукаше, како да ќе искочи…Се обидувам некако да се смирам и соберам, ниту на било кој начин да го спречам овој собир, влегувајќи во овој таинствен свет на луѓето, гледав без здив, грижејќи се да ги запаметам во душата нивните лица, бидејќи ова нема да се повтори. Освен Север, никој неможе да ми покаже се што е така тесно поврзано со нашето минато, со нашите страдања, и со нашата Земја….

Еден од нив ми изгледаше многу познато, и, секако, после здогледувањето, веднаш го препознав Светодар…..Воопшто не беше променет, само косата му е пократка. Но неговото лице беше исто така младо и свежо како оној ден кога го напуште Монсегур… Другиот исто така беше релативно млад и многу висок (што можело да се види дури и кога седи). Неговата долга, бела коса паѓала преку неговите рамена, и сјаеше на сонцето како чисто сребро. Оваа боја беше многу необична за мене – Изгледаше надреално….Но најмногу од се бев погодена од неговите очи – длабоки, мудри и многу големи, тие сјаеа чиста сребрена светлина….како некој великодушно да расеал безброј сребрени ѕвезди. Лицето негово беше силно и истовремено добро, прирано и растресито, како да го живеел истовремно, не само нашиот земски живот, туку и некој друг, непознат живот….Ако добро разбрав, тоа бил оној кој Север го нарекол Патникот. Двајцата беа облечени во бело халина со црвени елементи…

Светот околу овој необичен пар нежно го менуваше својот облик, како да седеле во некој затворен простор што вибрира, достапен само за нив. Воздухот издишувал свежина и мирис на шумски билки, борови и малини…Полека, повремено лесниот ветер ја милувал сочната и висока трева….Земјата тука била безбедна, чиста и добра, без секојдневни грижи, тука не продирала човековата злоба, како не би успеал да зачекори лажливиот, нестабилниот човек…

 

Крај на 6/17 дел.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА……..

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s