Јарило – паганскиот Св.Ѓорѓија

Јарило (Јура, Јурај, Јежи, Јиржи или Ѓорѓе), наречен и Јаровит или Геровит, е еден од главните прасловенски богови на вегетацијата, плодноста и пролетта, а е поврзан и со војната и жетвата.

8406.jpg

Единствениот историски извор во кој се споменува ова божество е биографијата од 12 век на германскиот бискуп Ото фон Бамберг, кој се служел со прозелитизам и кој за време на своите експедиции кои ги водел со цел да ги преобрати паганските племиња на вендските и полабските словени во градовите Волгаст и Хавелберг, присуствувал на фестивали во чест на богот на војната Геровит. Името Геровит е најверојатно германско приспособување на оригиналното словенско име Јаровит.

1ce748e0d2df.jpg

Сепак, култот кон овој бог опстојал во словенскиот фолклор долго после доаѓањето на христијанството. Сè до 19 век, во Русија, Белорусија и Србија се одржувале народни фестивали наречени Јарило, кои се славеле кон крајот на пролетта или почетокот на летото. Овие свечености воопшто не биле од христијански карактер, па дури и некои од првите истражувачи на словенската митологија во нив препознале остатоци од пагански обреди во чест на истоименото божество на пролетта. Во северна Хрватска и јужна Словенија се одржувале слични пролетни фестивали наречени Јурјево, Зелени Јурај или Зелени Јуриј (зелен Георгиј). Во принцип, ова било прослава на денот на Св. Георгиј, но скоро сите елементи од прославата имале паганско потекло и биле доста слични на фестивалите во чест на богот Јарило кај другите словенски народи. Дури и словенските имиња Јури, Јержи, Јурај или Јура не се сметаат за превод на грчкото Георгиос, туку се смета дека се развиле од словенските зборови Јаре, Јарило и Јаровит, Жар, Жарко, Жарило. Словенскиот корен јар значи пролет или лето, јарост, топлина, млада сила светлинска.

6. праздник 4.jpg

Сите овие пролетни фестивали биле во основа слични: на овој ден (денот на Св. Георгиј) група селани оделе во обиколка на селата и нивната околина. Постоеле повеќе начини на кои бил претставен Јарило: како кукла од слама, маж или дете накитени со зелени гранки или пак девојка на коњ, облечена како маж. Се пееле песни што алудирале на враќањето на Јурај/Јарило од далечните земји од другата страна на морето, на доаѓањето на пролетта, среќата, плодноста и богатството.

SvDjordje-490x640.jpg

  • Поврзаноста на Јарило, Герман и Хермес

 

Герман или Ѓерман е пагански празник кој се празнувал во Србија, Бугарија и Македонија. Старите Словени кон своите возвишени божества принесувале жртви,(кукли). Иако христијаните мисионери и инквизитори се обиделе да ги оцрнат овие култови и да ги поврзат со човечки жртви, сепак вистината е сосема поинаква од овие јудео-христијански хулења и лаги. Христијаните измислиле уште еден мит. Божеството на плодноста било заменето со Св. Герман (Ш. Кулишиќ нагласува дека станува збор за цариградскиот патријарх кој живеел во 8-от век и кого го прогласиле за заштитник од грмотевиците и невремето и кон чиј лик Словените ги придодале и своите многубожечки верувања).

Старите Словени при силните грмотевици и невремето секогаш го повикувале Герман, него го повикувале старите и при вечерата на Бадник како заштитник. Долго време кај народот постоел обред да се жртвува кукла, а во некои краишта Св. Герман бил изработуван од глина или дрво. Во Тимочка Краина (Србија) кога владееле долги суши, обредно се вршело погребување на Св. Герман: две девојки прават кукла, ја погребуваат и плачат по неа, на прашањето зошто плачат тие одговараале бидејќи умрел Герман од суша, за да падне дожд. Во Лепеначкиот крај (Србија) обредот на погребувањето го прават жените со расплетени коси и тажаленки во кои се тажи за починатиот кој умрел од сушата.

Во Бугарија Герман се правел од глина или од стара метла и секогаш имал нагласен машки полов орган, куклата ја ставале во ковчег а над главата му палеле свеќа. Ковчегот го кителе со цвеќињата и со свештеникот кој го опејувал покојниот го погребувале до реката. По обредниот погреб сите останувале на ручекот “за Господ да го прости Герман”.

img_0168

yarilo-mokriy.jpg

Меѓутоа, важно е да на се обрати внимание на христијанските толкување бидејќи тие не се ништо друго освен пропаганда, всушност целата оваа религија е само една еврејска лага и искривена полу-вистина. Затоа не е меродавно да се земаат во предвид нивните манипулативни и заводливи абрахамски лаги.

Правени се кукли и за Купало, Морана и Јарило. Според мене Јарило е најсличен по особините со Герман, така што може да се каже дека Герман ги превземал особините на Јарило, а со доаѓањето на христијанството наместо божество постанал демон. Јарило е бог на плодноста, вегетацијата, светлината, пролетта, младоста, животот, храброста, заштитата итн..

Интересно е да се спомне дека англискиот збор “germination” се преведува како ртење. Па затоа Јарило/Герман како машка небесна и соларна енергија е задолжен за оплодувањето, раѓањето на природата, ртењето, никнувањето – животот.

7-Б. праздник 11.JPG

Герман значи е култ за повикување на дожд во пролет, распространет и во Северна Бугарија, јужните делови на Цнтрална и Источна Стара Планина но и во Странджа. Ѓурговден е поврзан со овој култ и празник. Понекогаш се поистоветува и со некои христијански празниции – Летен Св. Атанас, Летен Св. Никола, Еремија, деновите после Ѓурѓовден и др. Ѓеорѓија и Грузија се практично синоним. Ѓорѓија била некогаш дел од Арменија/Ерменија.

20160612_kup_8

 

Герман освен како машко име во овие краишта може да се однесува на следниве нешта:

Места
Планини

Герман е македонска средновисока планина што се наоѓа во крајниот североисточен дел на Македонија, помеѓу котлината Славиште на југ, долината на Пчиња на север, планината Козјак од запад и масивот Билино од исток.

Герман често е претставуван со изразен фалус. Тука не би заборавил да го споменам и фактот кој можеби е од корист, а тоа е дека римскиот Меркур (Хермес, Хермо, Гермо) е исто така претставуван.

d-phallichermes.jpg

1411bbhermes.jpg

Herm with erect phallus. Marble, ca. 520 BC. From Siphnos Island (Greece).

Герман се изработувал како антропомофрска машка фигура од кал или од глина, која ритуално се погребувала. Оваа кукла се нарекувала Герман, Геро, Јаро, Јарман, Арман, Ѓеорги, Гечо (во Тетвенскиот балкан), Џорманџо, Драфанчо (Разградско), Скалојан, Кабаиван (Северна Добруџа). Фигурата се изработувала од девици под раководство на повозрасните жени и големината може да досегне до еден метар. Најкарактеристична особина е јасно изразениот фалус. Рацето му се вкрстуваат на градите како на човек кој умрел. Следно што се изработува е ковчегот кој се прекрива со цветови, слама и со запалена свеќа жените го оплакуваат како мртовец.

medium_12_1_1_1_1.jpg

Funeral_of_Kostroma.jpg«Похороны Костромы». Рисунок с лубка. XIX век Обожествление — хотя аграрное происхождение его и не исчезло — празднование в честь них ещё сопряжено к земледелию, но уже и есть постоянное поклонение им (Персефона, Осирис и т. д.)

pohorony-kostromy.jpg

stroma1.jpg

 

СЛАВА НА НАШИТЕ БОГОВИ И ПРЕМУДРИ ПРЕТЦИ!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s