Српски народни песни за Ведска Индија – (Дел I)

 

north-legend.jpg

 

Кога во фебруари 2004 година ја пребарале старата книжарница во манастирот Боџани, не ни помислувале на какви ретки и драгоцени книги ќе наидат. Сепак една од нив била неизмерливо повредна, со неочекувана и особена содржина, книга за која сонувале етнолозите, исторографите, филолозите, истражувачите на старата вера и споредбените религии, сите оние кој се бавале, на било кој начин, со старо-словенското минато или српското наследство.

 

z-indije.jpg

 

Bođani_monastery,_Serbia_02.jpgМанастир Бођани

Иако неугледната надворешност и обичен наслов – ”Песните и обичаите на вкупниот спрски народ – Обредни песни”, нејзината содржина била како суво злато. На пожолтените и распарталените листови биле одштампани не секојдневни стихови, стари кој ли знае колку векови, милениуми, напишани на недотераниот српски народен јазик. Книгата дури не била ниту распарчена. Некогаш одамна книгите начесто се штампале многу скромно, како тетратки: на големата арка од листови се штампаат обострано 8+8 страни, а потоа големиот лист се пресвиткува на 8 помали. Така пресвиткуваните и необрежани листови се коричеле. На читателот му било оставено со ноже да ги расече и состави страните. Таква недопрена и нечитаната книга, како златник опфатен со земја, пронајден е во манастирската книжарница, каде ја расекле и виделе реткост за која безуспешно трагале и Чајкановиќ, Нодило, и Тројановиќ, и Миличевиќ, и сите постари и помлади етнолози и историографи.

 

1969, The herald of death Walkiria

Пред точно 135 години особениот Милош Милојевиќ (1840-1897), професор по црковна историја, член на Ученото друштво (денешното САНУ), писател, етнолог, доброволец, четник комита, голем родољубец и неуморен истражувач на далечното минато на Србите, ја изпечатил во Државната печатница во Београд 1869 година оваа несекојдневна книга. Милојевиќ собрал 345 песни каде повеќето се особено стари обредни песни кој, уште во негово време ги пееле коледарите, лиличарите, даждолите, лазарките….а можеле да се слушнат на Иванден, Петровден, на Туцинден и Бадников ден, на Цветници, тука се и мајските песни на Св. Јеремија (Герман?), љуљашкините е и породителските, варичките, друштвените, посмртни запевења, песните за задушниците…итн…

Познато е дека за имињата на божествата во старата вера на Словените и Србите речиси ништо не се знаело. Имињата никаде не се запишани, а не останале дури ни траги во преданијата. Со сигурност се знае само тоа дека Србите некогаш ја исповедале религијата на предците, дека славата, записите и Бадниковата вечер се реликви од старата вера, додека на основата на зачуваните древни обреди тие истражувања и анализи, приповеди, бакји, приказни, можеби уште нешто би се додало… (Нодило, Чајкановиќ).

Во ”Лексиконот за религијата и митовите на древна Европа” (А. Цермановиќ, Д. Срејовиќ, Современата Администрација, Белград, , 1996, с. 502) пишува: ”Изворите за словенската вера се многу малку и грагментирани….Подоцнежните пишани извори се однесуваат воглавном на верувањата на Балтичките Словени и Русите, додека религијата на останатите Словени – Чесите, Пољаците и Јужните Словени – можат единствено да се чујат на основата на лингвистичките остатоци и фолклорната градба.” А во Збирката за обредните песни наведени се многу древни “борови” или “божоли”, како што тоа најчесто ги нарекувале старите Срби, за кој безуспешно трагале многубројните српски истражувачи за верата на претците.  Стиховите се преполни со имиња:  Коледe, Купала, Гостослава или Радигоста, Љеља и Љеље, Пољеља и Пољеље, Вида или Свевида, Перун, Јарилo или Јаруна, Ладa, Велеша, Рујевит, Давор, Прпруш, Живбоже, отецот Сварог и мајката Сварогова, Божиќ Сварожич, Јаждраксин, Правовид или Прове Праве, Дажбог, Поревит, Рановит и мистериозната ”Сиве Жива”.

 

*Благодарение на учтивоста на ѓаконот Никон Цветичанин и несебичната помош на богословот на Огнен Вериќ, пронајдени се во старата книжираница на манастирот Боџан многу ретки и вредни книги, меѓу кои и оваа особена збирка за ‘Песните и обичаите на вкупниот спрски народ – Обредни песни”. Му се заблагодаруваме на намесникот на манастирот Свети Архангел Михаел и Гаврил во Ковље јеромонахот Исихија Рогич за обезбедувањето на одличните услови за работа и на својата неопходна помош за овој текст. 

 

8c1e7834ba973b259735877239684720.jpg

 

И како потврда за неретките истражувачу кои сметале дека старите Срби одсекогаш биле еднобожци, монотеисти, песните без никаква забуна го величаат ”Вишњега, превишњега и јасњега, Триглава бога највећег” – ”Наш господар Триглав вељи/ Наш Створитељ и Држитељ/ И велики Уморитељ” (пе. 107).

Триглав, Србите и другите Словени го молеле и привикувале во неволјите – за сушните години, за болестите, во воените опасноти, кога се женеле и подмладок добивале, на посмртните моменти итн…Се споменуваат и имињата на многуте демони кои нашите (јужно-словенските) претци настојувале на милост и смирение: од страшниот Воден и неговиот син Моран и многуте ќерки Морици па до Смртхана, Жива или Шива и сите други со основа мар/мор/умор (moralis – смрт). Веќе самите факти кој ги наведовме представуваат особено сознание, голема етнографска и историска, ќе се осудам да кажам – сензација. Сепак, откритето на песните кои гласно говорат за дамнешното живеење на Србите во Индија, за кратката благосостојба во далечната земја, а потоа и постојаните конфликти со азијатските народи и за големите погубување, е над сите очекувања. Ние како особени над особните, засебно ќе издвоиме и обработиме петнаесет обредни песни во кој се споменува Индија и српските страданија од Хиндушаните и Манџурите, од Тартарите и Глобирите и црните Гати. Исто така во неговата збирка „Сватовски“ песни пронајдовме две (98 и 215) кој ја споменуваат „разбојната земја крвната Инџија“.  Како 18-та песна, ќе селектираме и една посмртна, сосема необичен обред за Србите: спалувањето на мртовецот и неговата жена, во Индија познато како – satyа.  Меѓутоа овој ритуал исто така е опишан и за не-крстените Руси, од страна на еден арапски патеписец. Секако земени и се и две познати песни во кој исто така се спомнува Инџија – “Свеци благо дијеле” и “Босиљак и роса“, но и една до сега необјавена народна песма – “Роса робињица“.  Оваа песна ја одстапила Светлана Стевиќ – Вукосављевич, познат ризничар на српското народно музучко благо. Кај Никола Беговиќ е пронајдена “Свету цркву Инђију” запишана некаде во Лика или Банија, а од А. Ломе е превземена исто така индијската песна од Брач “Птица ластавица“, за прв пат објавена во 1896 во изданието на Матица Хрватска. Во книгата “Народната книжевност на Србите на Косово ” која ја уредил др. Владимир Бован, ја најдовме песната „Инђија девојка“.

Потаму, вкупно се собрани 23 ”инџијски” песни сврстени под еден наслов – Индијска Рапсодија.

За веродостојнаоста на собраните песни, за нивната изворност сочувана на народниот јазик, со кој се кажувани, Милојевиќ во Предговорот, с. IV, запишал: ”Што се однесува на оваа наша прва збирка можеме слободно да кажаме – а така и бараме и во иднина дека се работи и купува народната умотворба – дека : таа е собирана и препишувана онака како што устата на кажувачот и пејачот ги изговорила. Дека е потполно верна во се како говор така и во поедините зборови и изрази. Милојевиќ дури и напомените под песните ги давал во дијалект. За песните кажувани на мијачки давал и примеди на мијачкото наречје, а за оние испеани на брсјачки – на брсјачки говор. Така за една песна кажувана на помешаната екавица со икавица – М. Милојевиќ, ‘‘Песните и обичаите на вкипниот српски народ’ – Обредни песни ”, Државна печатница, Београд  1869, с. 46 напишал: ” …сама Стане говораше ми без икакво правила И умисто ωпа и онди ди се увик чује Е. Ја митну ове писме и друге њене овако не притерујући ни у чим са- мо ради тога да се види, да у нас наш језик није ни мало обрађен.”

 

Да се потсетиме дека Џ. Јанковиќ за веродостојноста на обредните песни во рецензијата запишал:”…не гледам како некој би можел да ги исмисли: Милојевиќ или било кој друг уште во тоа време а и зошто. После се, некој од тие песни и денеска се пееат во некој вид (Вељи Чуј). Исто така не е можно да се измислат настаните како ни топонимите, хидронимите и етнонимите поврзани со нив, и тие да се поклопат со податоците каде уште во 19век сеуште не биле познати, ниту биле откриени, како потаму би покажале. Тие навистина се извор на податоци за далечното би рекол пра-далечното минато на Србите, и сведоштвата на обредните пракси образени во некое предамнешно време.

*Потребно е исто така да појасниме, дека придавката изведена од етнонимот Срби е пишувано по старо, пред-вуковскиот начин на пишување како српски. Всушност, прастариот согласнички збир СРБ од секојпат на странците им представувало несовладлива тежина во изговорот. Се попмагале така што уфрлувале самогласки помеѓу овие три согласки и го изобличувале ова особено име до непрепознавање. Желбата ми е во овој текс, за кој се говори за далечното минато на овој прастар народ, да го задржиме во непроменетиот согласнички збир СРБ и во стариот придавски облик, посебно што во селата, долините, реките Криваје и Гостовича, потоа во подозренските села, па во вровачките села: Крајзовци, Петрово Село…..и денеска исклучиво се кажува – србски. И владиката Николај Велимирович во ”Србската теодулија” ја пишувал придавката од името СРБ како србски. Исто така во пишувањето на именките на санскритот и придавките на санскритски не се вметнувала буквата ”и”, што инаку принудени се да го прават многу други народи како би го разбиле согласничкиот збир ”нскрт” и така овозможувајќи си непречен изговор. Србскиот јазик, всушност како и санскритскиот, има својство да во одредени неопходности, како што изговорот на ”тешких” согласничките збирови: врт, крв, прст, смрт, крт, врх, Срб…согласката ”р” се преобразува во самогласка и така она што за другите јазици е многу тешко, се претвара во лесно изговорливо.

 

  • ИНДИЈСКАТА РАПСОДИЈА

Познатите песни за земјата Инџија

Добро познатата народна песна “Светците благо делат“. Со нејзе Вук Караџиќ ја започнува својата збирка “Најстраите песни јуначки” печатена за прв пат 1823 година во Липисци (Лајпциг).

pure6.png

 

Песната ја запишал Вук во Срем од слепата Степанија која била по потекло од Јадра. Ќе наведеме само дванаесет значајни реда за нашето истражување:

 

 

СВЕЦИ БЛАГО ДИЈЕЛЕ

…А мој брате, Громовник Илија,

како нећу сузе прољевати,

кад ја идем из земље Инђије,

из Инђије из земље проклете?

У Инђији тешко безакоње:

не поштује млађи старијега,

не слушају ђеца родитеља,

родитељи пород погазили…

кум свог кума на судове ћера,

и доводе лажљиве свједоке…

ђевер снаси о срамоти ради,

а брат сестру сестром не дозива…

 

За оваа песна Нодило напишал во своето познато дело “Старата вера на Србите и Хрватите” неколку страници, па дури и го изедначил громовникот Илија со Перун, и ги споредил двајцата со громовникот Индра и со ведскиот Паржањ (Parjanyas). Нодило исто така воочил значајни сличности во обичаите на српскиот народ со оние опишани во старите Веди…За “Инђији земљи проклетој” расправале исто така и Џоровиќ и Косич сметајќи дека пристигнала во народната песна од романот за Александар Македонски. Св. Матиќ повторно предпоставува дека слепата Степанија како Сремчанка само ја поврзала неименуваната земја со името на селото Инџија во Срем.

rig-veda-book.jpg

Александар Лома мисли дека позади ”Индија/ Инђија како имиња на проклетата земја всушност стои Виндија, земјата на Вендите/Вендите, каде што и јас лично се согласувам, каде кај словено-германската погранчност  биле претците или роднините наследници на балканските Срби и Словни каде живееле како пагани се до моментот на инквизицијата 9-10 век.”

*Види заREX GERMANORUM, POPULUS SCLAVORUM – СЛОВЕНСКА ГЕРМАНИЈА

*Вук Стефановиќ Караџиќ, ”Српски народни песни”, ИП Просвета, Бгд, 1958, кн. 2, с. 9. 6 Др Костиќ, ”Тумачење на други књиге Српски народни песни Вука Ст. Караџиќ”, 1 дд, Бео- град, 1937; Владимир Џоровиќ, ”Силуан и Данило II, српски писатели од XIV и XV век”, Глас СКА CXXXVI, втор раз. 72, с. 13-103. 7 Св. Матиќ, ”Проклета Инђија”, Зборникот на Матице српска за книжевноста и језикот, II, с. 192-193, Белград, 1954. 

 

f03ab2515bf37ef9167f9b603a320f2e.jpg

 

А Вук, кој што ја запишал песната, ништо не кажал за ‘Инђији проклетој”, но затоа Радомир Матиќ. писателот ја објаснува песната ”Свеците благо делат, во Вукавата збирка издадена 1958. запишал: ” Проклетата Инџија (за народната песна која се врзува за проповедањето за тешките гревови и безаконија) стигнала од нашата стара книжевност, од приказните за страдањето на апостолот Тома во Индија, или непосредно од црквеното, пролошко житие на Тома. Тек Милојевиќ, а потоа еден век после и Илија Живанчевиќ и Олга Луковиќ-Пјановиќ се осудиле да пишуваат за земјата Инџија, големата земја во Азија, и за старите Срби кој некогаш живееле во таа далечна земја. Милојевиќ најголемиот дел од песните ги објавил во своите ”Одломци…” а необичните стихови восхитено ги протолкувал:

”Оваа песна е толку јасна, толку точна, толку убава и чудна, подобра и појасна, повистинита и поверодостојна од сите досегашни наши и странски истории и историчари. Од нејзе го изведуваме ова: дека првата година од несреќата на србите во Инџија ги означува првите напади на црните народи, дојденците на островото од Хиндуш или средна Азија.  Дргутата година ги означува нападите на тие исти народи со средоточна сила од Кинезите….А третата и последната: најцрното нафрлување на мисирските цареви на Инџија и конечното заробување на остатокот на српските племиња. Ете каква била грда, ужасна и страшна несреќата и неволјата, во добата на иселувањето на Србите од Инџија…..

Морам да непоменам дека оваа песна не говори за нападите на Кинзеите, Хиндушаните и останатите црни народи врз Србите. Ќе го видеме тоа во другиот дел од текстов, во обредните песни. Во нив се споменуваат Хиндушани, Манџури, Глобири, Татари и други азијски народи, но тука Милојевиќ дава обединети резултати од своите предтходни пасуси од Милојевите ”Одломци…” како и споменатите стихови на народната песна, Луковиќ-Пјановиќ заклучува:

”Доколку ми е допуштено да го изразам своето лично мислење, ми се чини дека српскиот народ ја создал оваа песна веќе на патот од Инџија….Одејќи кон новите краишта на светот….Тоа треба да го сакате и да можете да го истражите! Тука би требало да го започнеме развивањето на нашата тема, доведувајќи ги во врска и откривајќи ги заедничките мотиви, не само помеѓу приказните на старите Срби и оние, од кај Грците од нив ги зеле и ги преиначиле, туку особено да се издвои сето она што останало сочувано во било кој облик во српското духовно-народно богатство од епохата на Ведите до ден денеска”. 

Втората позната песна со индијската тема е “Босилек и роса” за прв пат објавена од Вук 1841. г. запишувајќи ја во Рисен. Живанчевиќ во своето “Ново поколение“, во поглавјето за Српската народна песна, за оваа народна песна запишал: ”Нашиот народен поет не упатува ниту на Италија чии лимони и портокали ги гледа низ прозорот, ниту во Грција, земјата на вечната пролет, која му е тука под нога, туку духовната носталгија, го одвлекува таму далеку, далеку дури во Индија…”

 *Илија Живанчевиќ, “Ново поколение”, Белград, 1934/1994, с. 88.

*Александар Лома, ”Пракосово”, САНУ Балканолошки институт, с. 57, Белград, 2002. 9 В.Ст. Караџич, ”Српски народни песни”, кн. 2, с. 625. 10 М. Милојевиќ, ”Одломци историје Срба”, Државна печатница, Бгд, 1872, с. 50, дио I. 11 Олга Луковиќ-Пјановиќ, ”Срби… народ најстар”, ИПА Мирослав, Бгд, 1994, кн. 2, с. 245-247. 12 Вук Стефановиќ Караџиќ, ”Српска народна песна: книга прва, каде шт осе разние женски песни ”, припр. Вл. Недиќ, Белград, 1975 (1. издание Виена 1841). 

 

БОСИЉАК И РОСА

Поцмилио ситан босиоче:

”Тиха росо, што не падаш на ме?”

”Падала сам за два јутра на те,

ово сам се била забавила

гледајући чуда великога,

ђе се вила с орлом завадила

око оне зелене планине.

Вели вила: Планина је моја!”

Орле вели: ”Није, него моја!”

Вила орлу крила саломила.

Љуто цмиле тићи орловићи,

цмиле љуто, јест им за невољу;

ћешила их тица ластавица:

”Не цмилите, тићи орловићи!

Повешћу вас у земљу Индију,

ђе штир коњу расте до кољена,

ђетелина трава до рамена:

откле никад не залази сунце.”

Оваа иста песна во нешто поинаков јазичен облик ја забележал етно-музикологот Петар Вукосављевич во селото Јашаница на Хомље. Песната Вукосављевич ја запишал под името “Љуто цвили ситан босиоче“.

 

ЉУТО ЦВИЛИ СИТАН БОСИОЧЕ

Љуто цвили ситан босиоче:

”Тија росо, што не падаш на мен’?”

”Падала сам до два јутра на теб’

ово сам се јутро забавила,

гледајући чуда великога,

да се Вила с’ орлем завадила,

око оне зелене планине.

Вила вели: ‘Планина је моја!’

Орло вели: ‘Није, него моја!’

Вила, орлу крила поломила.

Љуто цвиле тићи орловићи.

Тешила ју тица ластавица:

‘Не цвилите тићи орловићи.

Водићу вас у земљу Инђију,

ђе штир расте коњу до колена,

детелина трава до рамена.

Отклен сунце не залази никад’.

 

Благодарение на чуварот на српското изворно народно богаство Светлана Стевиќ- Вукосављевиќ, во прилика сме за прв пат да ја предочиме народната песна во која исто така се говори за Индија и каде се мешаат екавиците и јекавиците, каде и денеска се ”пупева” на Хомље:

 

РОСА РОБИЊИЦА

Везак везла Роса робињица,

везак везла ју море гледала,

морем лете два врана гаврана

јал говори Роса робињица:

”Ја два врана, два по богу брата,

јесте л` скоро јод земље Индије?

Јест` видели моју стару мајку?

Јел` је моју браћу иженила

и сестрице младе разудала?

Јел` је моје даре поарчила?”

Јал` говоре два врана гаврана:

”Ми смо јутрос јод земље Индије,

видели смо твоју стару мајку.

Она твоју браћу иженила

и сестрице младе разудала,

ја ли није даре поарчила,

већ преврће јутром и вечером

и спомиње Росу робињицу.”

Јал` говори Роса робињица:

”Ја два врана, два по богу брата,

јотидите ју земљу Индију,

па кажите мојој старој мајци,

нека моје даре раздијели,

нек раздјели слепом и сакатом,

нек спомињу Росу робињицу.”

То говори Роса робињица,

То говори чарне очи зави,

Зави очи па ју море скочи.

 

Песната Ствиќ-Вукосављевиќ ја забележила во  (Жагубица, Хомоље) по кажувањето на 80 годишната старица Живка Милојковиќ, родена во Суви Дол. Песната кај народот за нарекува “Везак везла Роса робињица” и најчесто се пеела како свадбена се до 70-тите години на минатиот век, кога народното ”пупевање” на свадбите било потиснато од хармоникашите и трубачите. И денеска често се слуша по селата. Со овие три песни за Индија направивме вовед во серијата од 15 обредни песни (инаку има и повеќе) во кој се споменува индија или индијските топоними и хидроними, или пак имиња на азијатските народи со индоазијската целина. Тука се запишани и градот Дунав, и реката Дунав, па дури и ”српската земја Рашка светлата” – но и Индија!

Кој биле Ришите ?

16142387_10209828658246704_6485167721602509612_n.jpg

“Секој маж и секоја жена е ѕвезда”Алистер Кроули
“Како Горе така и Долу и обратно”Хермес Трижмагист


Во Ведите терминот Риши (Rishi) исто така е познат и како Руши (Руси) – Rushi – Sanskrit: ऋषि ṛṣi, каде што се однесува на инспирираните поети на Ведските химни. Пост-Ведската традиција на Хиндуизмот ги поздравува Ришите или Руесите во Лаос и Тајланд (Ruesi in Laos and Thailand) како мудреци, јасновидци каде после интензивните медитации ја реализираат вистината и вечното знаење, каде тие го компонирале во химни. 
Белите Учители, кој се нарекувале Риши (Раси), дошле од северот, и ги донеле Ведите во Дравидија каде тие ќе ја наречат таа земја – Индија (Вендија). Книгата на индологот Н.П. Гусевоај (1914-2010) “Легендите и митовите на древна Индија – Махабарата, Рамајана” e легендата под името “Синот на шесте мајки”.

CuFyHiQNliE.jpg

154241-Sepik

Еве како таа започнува: “Во крајот од далечниите северни планини и млечен океан, живееле седум пророци – риши, создатели на светите химни на Веда, во кој се сочувале големите знаења и древна мудрост. Тие биле високо почитувани од Боговите и луѓето. Толку високо, што животот на овие Риши не морал да заврши на Земјата, и кога ќе заврши нивниот пат, тие заедно со своите чисти сопруги биле вознесени на небесниот свод. Од тогаш на небото сија пресветлото соѕвездие, каде луѓето му дале две имиња – “Саптариши-Седумте Ришија” и “Голема Мечка”. Ова е чудесно соѕвездие и сјае најсјајно од сите други ѕвезди и планети над темното северно небо и им го покажува на смртниците патот по земјата и водата….”

 

12191833_10206430698579836_3160879311800812966_n.jpg
11200581_10206426158906347_5533195718213290911_n
Фактот е дека древните говореле за постоењето на Три Индии. Примордијалната Индија, Птоломеј на картата ја сместил на брегот на Северниот Леден океан во непосредната близина на реката Индигирика и ја нарекол India Superior (Супериорна, Прапочетна, Примордијална или Основна).
Индија (ВЕНДИЈА) како топоним е пренесен од Словено-Аријците преку Сибир до денешна Индија (која во минатото пред Аријскиот поход се нарекувала Дравидија како и самото население Дравиди, негроидо-австрално население) , и тек отспосле оваа земја била наречена Индија. До ден денеска во Индија постои област Виндја исто како и Хрватска Виндија или пак Српската Инџија, каде потаму и женското име Индира сеуште е присутно помеѓу нашите комшии во голема мера. Како име ја имате една Индира Ганди но и Индира Кастратовиќ. И топонимите кои започнуваат со префиксот Инд, се значително присутни денеска во Русија и Скандинавија. На мапата се читаат имињата: India Superior, India Meridion, India Gangptic па дури и Индија на полуостровот Индокина. Мене ме интересира India Superior – Горна Индија, која се наоѓала северо-источно од Хиндустан, во Сибир.
Manusmriti-The-Laws-of-Manu-1024x971.jpg

 

*Види за: КРИШНА И РАДА ВО СЛОВЕНСКАТА ТРАДИЦИЈА

 

boris-olshansky-a-tale-from-the-parrot-2006-e1272135376146.jpg

indira03.jpg

$_57.JPGИндира Радич – позната српска пејачка

 

Текстот продолжува…..

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s