Гуанчи – Последните Атлантиѓани (Дел I)

  • Заборавените и истребени бели народи од Канарските Острови

Map_of_the_Canary_Islands.svg.png

На западната страна на Северна Африка, во непосредната близина на Мароко се наоѓаат седум големи и неколку помали острови на Канарскиот архипелаг – една од последните колонии на поранешното шпански царство и сега светски познатиот центар на современата држава Шпанија. Старите Грци (Хелените) и Арапите ги нарувалe овие острови како Среќни или Блажени. Таму, говореле преданијата, на крајот од западот од столбовите на Херкулес, во океанот се наоѓаат овие острови, кој ги населуваат душите на праведниците и светите лица, уживајќи спокојно во вечната среќа.

VIR_78456_6860_cuanto_sabes_de_los_guanches.jpg

Pyramids-of-Tenerife.jpgPyramids of Güímar – Tenerife

Веќе во Елисиј тебе ќе те однесат бесмртните богови,

Каде е крајот на светот, каде што е плавокосиот Радамант,

И каде што најлесен живот имаат, оние кој се таму.

Каде бурите ги нема, ниту пак зимите, 

Туку Оканот постојано таму ветерче пушта

Зефирск, кој возбудливо зуј и луѓето ги лади.

*Елисеј е местото на блажените во подземниот свет, а Радамант, синот Зевсов, е еден од тројцата судии кој им суди на душите на покојниците.

VIR_78851_6860_cuanto_sabes_de_los_guanches.jpg

Така Хомер го опишува ова место во “Одисејата“(560-565).

nombres-guanches.jpg

Кога Европјаните ги “откриле” тие острови во почетокот на 14 век, 1312 година, двата големи островои во Канарскиот архипелаг, Фуертевентура и Лансароте, виделе таму раса на плавооки и златнокоси луѓе. Атлетски градени гиганти се пронајдени. Древните жители на Канарски острови, Гуанчи од гиганти, секако можеме да ги нарекуваме само условно. Такви биле во однос на џуџестите европјани – нивната просечна висина била 190 cm, а некој имал раст повеќе од два метра. Во четири тома германскиот географ Риџард Хенинг “Непознатата земја“, објавена во Москва 1962 година, ги собрал речиси сите познати примарни извори кој се однесуваат на откривањето и изучувањето на земјата на непознатите европјани. Третото издание го опишува откритието на Канарските острови, каде се користи средновековниот документ, т.н. “Ракописот на Бокачо“, дога низа на години чуван во Фиренца, во библиотеката Малија-беки. Тој е публикуван 1827 од страна на Себастијан Чампија – италијанскиот научник-лингвист, славист и етруролог. Во “Ракописот на Бокачо” публикуван од Себастијан Чампија се говори за заедничката колонизаторска експедиција на европјаните до островите и нивните први впечатоци: “Во годината на нашиот Господ 1341, во Фиренца стигнало писмо, напишано на 14 ноември од страната на некој фиренциски трговци во Севиља, градот во надворешната Шпанија.

1409100380968k.jpg

la-gomera.jpg

foto-082.jpg

Тие го известиле следново:

1-ви Јули оваа година, тргнале на пловидба два брода, кој биле опремени со сите потреби за португалскиот крал, а со нив мал чамец од градот Лисабон со екипажот од Флорентинците, Џеновјаните, Кастилијанците и другите шпанци. Сите овие бродови достигнале до отвореното море. Тие со нив понеле, копја, оружје и разни воени машини, да би можеле да ги завземат градовите и дворците, и заминале во потрага за островите, каде, според општото мислење, трабало да се откријат повторно. Благодарение на полниот ветар, тие на петиот ден пристигнале на крајбрежјето. Крајот на ноември, тие се вратиле дома и го донеле со себе следново: четири месни жители од тие острови, како и голем број на козји кожи, масти, рибино масло, овча кожа, махагони боја за кожа, која дава речиси иста боја како бојата верзино, иако оние кој се разбираат во тоа, тврдат дека споредувањето е неуспешно, потоа – дрвена кора за произведување на црвена боја, црвена земја и слични такви работи.

Водачот на експедицијата Николозо да Реко од Џенова, објаснил, во одговорот на прашањето, дека архипелагот е одалечен 900 миљи од градот Севиља. Но, рачунајќи од тоа место, кое денеска се нарекува Р’тот Сан Висенте, островите се многу поблиски до континентот (Европа): прво од откриените острови е на околу 140 миљи. Тоа е необработена камена грамада, со обилство на кози и други животни и населена е со голи мажи и жени, кој имаат свој обичаи и навики и кој подсетуваат на дивјаци. Водачот на експедицијата додал дека тој и неговите другари тука натовориле на бродот најмногу кози и масти, но не се осудиле да одат во внатрешноста на таа земја.

Тие поминале покрај уште едно острово, кое е многу поголемо него првото, и виделе многу луѓе, кои трчале кон обалата да ги запознаат. Овие мажи и жени, исто така биле речиси голи; еден од нив очигледно командувал, а останатите биле облечени во козји кожи, обоени во шафрано-шолта и црвена боја. Судејќи по однесувањето на островјаните, тие имаат сувереност, каде многу го почитуваат водачот и се согласуваат. Сите овие гестови на островјаните говореле дека тие сакаат да тргуваат, и да влезат во однос со морнарите. Меѓутоа, кога бродот се приближил кон крајбрежјето, морнарите не го разбирале нивиот јазик, и не се осудиле да се истоварат на обалата. Нивниот јазик е многу тивок, изговорот е сличен на италијанскиот. Кога островјаните приметиле дека морнарите не сакаат да се симнат на плажата, некој од нив се обиделе да допливаат до бродот. Четири островјани се заробени на бродот, а тоа се луѓето кој морнарите ги довеле со себе. Земјата е засадена со различни култури. Патниците можеле да ги видат овоштарниците, полињата со жито и зеленчук. Куќи со цврсти врати изградени од големи камења со дрвена рамка. Отидовме до храмот, каде се наоѓаше идол од камен – гол маж, кој ја покрива срамотата со дланка. Ја понесовме таа статуа во Лисабон.

Кога морнарите пловеле дож крајбрежјето, да го заобиколат островото, откриле дека северната страна е многу покултивизирана од јужната. Тие виделе доста колибки, смокви и други дрвја, палми на кој немало плодови, па дури и други дрвја, како и бавчи, каде растела зелката и други зеленчуци. Морнарите одлучиле да се истоварат на крајбрежјето. На плажата се истовариле 25 вооружени морнари, тие ги претресле куќите и пронашле 30 луѓе потполно голи, преплашени при погледот на оружјето од кое веднаш побегнаа. Морнарите продреле длабоко на островото…Островото се покажало густо населено и добро култивирано. На него растат треви, житарки, овошки, воглавном смокви….

Пловејќи од островите, морнарите виделе други острови на одалеченост од 5,10,20 и 40 миљи. Тие отишле до третото острово, на кое виделе многу високо исправени дрвја. Потоа поминале уште покрај едно острово, на кое имало мноштво на разни птици и обилност од вода. Таму има полно дрвја и диви гулаби кој ги јаделе, убивајќи ги со стап или камен. Гулабите биле поголеминего нашите, но вкусот бил ист или уште подобар. Морнарите виделе таму многу соколи и останати птици грабливци. Меѓутоа, тие не се обиделе да се симнат на крајбрежјето, бидејќи изгледало ненаселено.

west_coast_road_gran-canaria.jpg

1280px-Clouds_La_palma_2.jpg„Море од облаци“ –  често среќавана појава на островот Ла Палма

MARY.jpg

berber_guanches.jpg

Guanches3-980x360.jpg

Тогаш здогледале пред себе уште едно острово, карпести планини кој се издигаат до големите висини, и скоро сите биле прекриени со снег. Но тој дел од острвото можел да се види по јасното време, изгледало многу убаво, и сметале дека е ненаселен. Морнарите виделе уште многу острови, од кој некој биле ненаселни, другите не, било вкупно 13. И морнарите како што пловеле понатаму , се повеќе острови виделе. Морето помеѓу островите е помирно за разлика од нашите крајбрежја, и земјата е погодна за усидрување. Овие острови имаат мали пристаништа; и тие се добро снабдени со вода. Помеѓу 13-те острови, што ги посетиле, 5 биле населени, но сите не биле еднакво густи.  Морнарите исто така известиле дека локалниот јазик е толку чуден така што тие ништо не разбирале, а на островите нема никакви бродови. Може само да се доплива од еден остров до друг….

guanchebusiojcgracia.jpg

21. Caves at Cenobio.JPG

3799130440_f0d03d4181_z.jpg

gran-canaria.jpg

Añaterve_cropped.jpgA statue of the Guanche chief (“mencey”) Añaterve. At his side there are eight more statues.

Името на водачот е Анатерве, и веројатно има директен корен од племето на Антите.

*Види за: АНТИТЕ И АНТЛАНТА (АТЛАНТИДА)

pyramidspain.jpg

Така започнало полувековното освоување на народите од тие острови од страна на европјаните, што завршило со нивното потполно исчезннување. Геноцид! Исчезнала нивната изворна култура, изгубен е единствениот начин на живот убиени се повеќето најдобри физички носители на генетиката а останале асимилираните во бранот на дојденците во нивната земја. А сега, ние не знаме точно, каква цивилизација биле тие…Околу нив започнато е да се собираат информации тек 100 години после освојувањето на Канарските острови од страната на Кастелијанците, што се случувало од 1402. до 1496 г. Вп 1579. на островото Тенерифе дошол доминиканскиот фратер Алонсо де Еспиноза (1543-)?) за да го испита феноменот на чудото на јавувањето на Канделаријската Дама (Nuestra Senora de la Candelaria) кај двајца Гуанчи – староседелци на Тенерифа околу 1392. Всушност, таа Дама е именувана многу подоцна и промовирана е во христијански светец и заштитник на Канарските острови, а тогаш Гуанчите сеуште не се преобратиле во христијанство, и последователно, не пристапувале кон христијанството своеволно, иако европските напади на островите редовно се извршувале во втората половина на 13 век. Џеновјаните, Португалцтите и Шпанците се истоварале на нивните крајбрежје, им ја краделе стоката на староседелците, а нив самите ги продавале на пазарот за робови. “Историјата за Дамата Канделаријска” (Historia de Nuestra Senora de Candelaria) Монахот де Еспиноса ја напишал таа историја. Двајца пастири чувале стока и во доцните попладневни часови и во пештерите виделе темнокожа жена со дете во рацете, која стоела на крајбрежјето. Еден сакал да фрли со камен по нејзе, но неговата рака се парализирала, а другиот одлучил да и го одсече прстот, но за малку не го одсекол својот. Пастирите побегнале кај водачот. Додела бегале, наместо жена на крајрежјето се покажала статуа направена од темно дрво. Случајно, Дамата Канделаријска Шпанците ја нарекуваат – La Morenita.

foto-083.jpg

 

Таа е една од т.н. Црни Мадони. Се испоставило дека статуата лечи повреди. Водачот ја однел статуаата со себе во пештерата. Гуанчите почнале да ја обожаваат, нарекувајќи ја Мајката на Сонцето (Chaxiraxi). Подоцна, еден од Гуанчите, кој го заробиле Шпанците, одведен од островите и преобратен во христијанство, како би се вратил во домот и би ја “препознал” во древната статуа – Девица Марија. Сето ова Алонсо де Еспиноса го опшал во својата книга (Historia de Nuestra Senora de Candelaria), која е објавена во Севиља во 1594.

Pelicar---A-Guanche-king.jpg

7691523834_571c3ea9b1.jpg

На жалост, неговата книга, па дури и неколку други кој ги напишале шпанците подоцна, е се што располагаат научниците, проучувајќи го автохтоното население на Канарските острови. За Гуанчите пишувал и Гонзала Арготе де Молина, шпански војник, поет и историчар, филолог и хералдист во 1590 година. Неговата книга “Историјата и описот на Канарските острови” (Historia y descripcion de las siete islas Canarias) останала недовршена поради неговата смрт во 1596 година. Во 1630 година некој фрањевски фратер Хуан де Абреио Галиндо, ја објавил Историјата на освојувањето на седумте Канарски острови (Historia de la conquista de las siete islas de Gran Canaria), која била компилација од претходните автори, но и некој други. Подоцна се испоставило дека тоа е името – псевдоним на непознатиот монах, чие име во списоците на монахот не било во тоа време. Уште еден писател за Канарските острови, бил италијанскиот инжињер Леонардо Торијани. Него го испратил шпанскиот крал да го прегледа утврдувањето на островото, попат пишувајќи ја “Историјата на Канарските остови “(Descripcion e historia del reino de las islas Canarias antes Afortunadas) во 1588 година. Во 1604 година Антонио де Виана (1578-1650), канаскиот историчар, лекар и поет, напишал епска песна за Гуанчите “Древноста на среќните острови” (Antiguedades de las Islas Afortunadas).  И тоа е се. Но не е наивен ниту описот за јавувањето и чудата на Црната Мадона, кој повеќе личи на измислена приказна, интересните книги на домениканскиот монах. Првиот дел се состои од 10 поглавја и посветен е во описот на Тенерифе и начинот на живот на неговите староседелци – Гуанчите. Случајно, единствените жители на островот Тенерифе ги нарекле Гуанчи. Староседелците на секое острово од архипелагот имале поинакви имиња. Тие кој живееле на островото Ла Палма се нарекувале Бенаоритас (Benahoritas),  на Ла Гомер  – Хуноненси (Junonienses), на Хиеро – Бимбаче (Bimbaches), на Гран Канарија – Тамаротес (Tamaraotes), на Фуентевентура – Махорерос (Majoreros), на Ланзароти – Махос (Majos). Другиот дел од книгата е приказна за чудото на појавата на кипот на Дамата. Третата го опишува освојувањето на Канарские острови, т.н. католички крал Фернандо Аргонски и Изабела Кастилијска. Четвртата е посветена на 57-те чуда, кој наводно ги направила пронајдената Гуанчанска статуа на безгрешната Дама.

spain-canary-islands-santa-cruz-3.jpg

TeideNevado.jpgНационален парк Теиде

Но нас не интересира приказната за како бело-кожите и златнокосите Гуанчи ја обожавале црната статуа, кој народ биле Гуанчите, нивнто потекло и историја. На жалост, тоа е она што авторот не бил во состојба да го одреди, бидејќи Канарските староседелци немале развиена писменост во нашата смисла на зборови. (Натписите во каменот во облик на кругови, елипси и цик цак, за кој научниците веруваат дека е писменост на Канарските староседелци не може да ја реши мистеријата на нивното појавување на островите) Така да, само претпоставуаат и мислат, на основа на различните приказни, кој сите се егзотични.

Некои говореле дека Гуанчите се потомци на Римјаните, каде е непознато како достигнале до островите, и воопшто не се знае од каде е оваа територија. Некој друг рекол дека Гуанчите потекнуваат од некој народ во Африка, кој се побунил против Римјаните, кој го убиле римскиот преторијанец или судија, и оние кој не се убиени им го одсекле јазикот да не би можеле да говорат за востанието, ги ставиле на бродови без весла и ги предале на волјата на океанските бранови. Напредната верзија е дека тоа е народ од различна националност кој му се придружиле на Квинт Серториј римскиот генерал, кој се побунил против матичната зема и побегнал во Шпанија. А после неговата смрт, плашејќи се од одмаздата на Римјаните, тие побегнале на островите. Уште една верзија, која ја спомнува монахот, ја дал платон во “Тимеј “. Некогаш Канарските острови биле поврзани со африканскиот континент, како Сицилија и Италија, а после страшната бура и дожд се одвоило од копното и се делат помеѓу себе. Тоа е, попатно една од причините, зошто живејќи сред океан тие луѓе не знаеле за бродови или чамци, и немале комуникација помеѓу островите, а рибата ја ловеле од крајбрежјето.

41dadb6ee290d4f7d173e135bb72952d.jpg

96bd4b34b893a027c19bfab7c79bb0d6.jpg

caldera-de-bandama.jpg

guanche.jpg

Старешините на Гуанчите говореле за 60 луѓе кој дошле на островото Тенерифе, и да дека со нив се почнало. Но од каде дошле, тие не знаат. И самиот автор смета дека историјата на Гуначите има илјадници години и дека потекнуваат од Африка поради близината на континентот, поради сличноста на обичаите и јазикот, како и храната. И многу современи научници се однесуваат кон Гуанчите како кон Берберите.

*види за: БЕЛИТЕ НАРОДИ ВО АФРИКА – БЕРБЕРИТЕ (I ДЕЛ) ;

                 БЕЛИТЕ НАРОДИ ВО АФРИКА – БЕРБЕРИТЕ (II ДЕЛ)

cuentan-guanches-costurera-marcas-pastores_EDIIMA20140317_0248_3

Меѓутоа, никој не може ништо конкретно да каже. Можеби ќе дојде времето и научниците ќе направат сериозна анализа за генетиката на мумиите, кој на островото се многу. Не ги уништиле сите нив христијанските демони на темнината.  Факт е дека кога конквестадорите говореле во Европа дека островите имаат пештери, во кој понекогаш има од 300 до 1000 мумии, европските научници веднаш ги прогласиле за чудовишта, плод од бракот помеѓу ѓаволот и луѓето, и дека треба да подлежат на уништување. Тоа е правено со своето внимание и одговорност. Покрај тоа, дел од мумиите европските алхемичари ги сметале за важни состојки во апотекарските и магичните лекови, со сите негови последици. На среќа, демоните не можеле се да уништат. Според Гуанчите, само на Тенерифе било околу 12 големи пештери со мумуии. Најдени се и украдени, не повеќе од пола. Па како живееле Гуанчите, дивите потомци на Антите, пред да дојдат “цивилизаторите”? Еве што можело да се најде од разните шпански извори.

  • Изглед

db9e8be0d217c8e12120a5f532415265.jpg

За Гуанчите монахот Алонсо де Еспиноса напишал дека на северот од Тенерифе живеат луѓе со бела кожа, жени кои имаат многу убава светла, плава коса. На југот од островото се луѓе со потемна кожа поради фактот што речиси секогаш оделе голи  и се пржеле на сонцето. Тој исто така истакнал за нивната особена флексибилност и физичка сила и вештина за владеење на телото, каде никој не можел да се такмичи со нив во Европа, кога би се такмичеле со нив во фрлање на камења или копја. Тие го подигнувале над главата и ги спуштале рацете наназад. Трчале по стрмните планински патеки, каде другите оделе со страв, за изгубената стока и лесно ги извлекувале заглавените животни од непристапните места. Уште повеќе на монахот го поразила сопособноста на Гуанчите прецизно да го сметаат бројот на козите кој ги истерале на пасење, без отварање на устата и не покажувајќи со прстот кон нив.  Исто така го знаеле секое животно, дури ако биле и илјада. Во борбата оделе голи, покриени само со козја кожа. Жените, исто така, биле со нив, им носеле храна и исто така умирале со нив. Победниците никојпат на губитниците не им нанесувале никаква штета, на жените, децата и старците, дури ни мажите кој не биле војници. Им дозволувале да се вратат во своите домови. За потеклото на Гуанчите исто така говори и поетот Антонио де Виана: “Тие биле чесни, поштени и храбри, кај нив се комбинираат сите најдобри човекови особини: великодушност, агилност, храброст, атлетска сила, цврстина на душата и телото, пријателски лица, радознал ум, ревносен патриотизам, љубов кон слободата….”

kjgkjglGuanche mummy at the National Archaeological Museum of Spain in Madrid, Spain.

Momia_guanche_MNA

 

35021F9D00000578-0-image-a-45_1465305568517

 

2015121519010155.jpgMUMMY FROM 1776. An archaeologist observes the ‘Guanche Mummy of Barranco de Herques’ upon its arrival at National Museum of Archeology in Madrid, Spain on Dec 14, 2015. The mummy was moved from the Anthropology Museum, where it has stayed for more than 100 years. The mummy is the best well-preserved example of a man who was found in Tenerife, Canary Islands, in 1776. The Guanche is an original inhabitant of Canary Islands. The mummy will be part of an exhibition focused on Canary’s prehistory. Photo courtesy Emilio Naranjo

Крај на 1/4 дел

Текстот продолжува….

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s