Римско Право – Homo Sapiens, Корисен Роб (Дел II)

Изгледа е дојдено е времето кога се треба да се нарече со своето вистинско име. Информациите се отвараат сами, можеме слободно да и се заблагодариме на непознатата сила, и да имаме време да го завршиме својот дел од задачата.
Homo на латински – означува роб.
Човекот е Роб, заотоа што слободата е тешка, а ропството лесно.
Во ниту еден речник нема да најдете директен превод на хомо=роб, но ќе се обидам да ви го представам изворот за самостално учење. Што има таму во речниците? Ако вам ви се неинтересни речниците, преминете доле, до “Формулата за Римското право”. 
Посебна доверба во речниците немам, но би било погрешно се да се заобиколи, како и да е, етимологијата поврзува некој мисли.
За почеток – како се преведува “човек” на латински?
“Homo [inis, m];
vir [i, m];
mortalis [e, m];
Merk [cis, f] (mala merx haec est); “
Се испоставило, дека на Латински имало повеќе зборови, каде во теоријата се користени да означат човек.
Vir -во склад со Литванското vyras (маж, човек), во mortalis се следи смртноста, merx – тоа и не знам на што е слично.
Но мене ме интересира всушност HOMO. Етимологијата на Латинското “Homo” се следи наназад до Прото-Индо-Европското “Земјанин”, давајќи го како алтернативен облик зборот – “Hemo”.
Чудно е што се случувало со оние кој Римјаните ги нарекувале “Земјанини”. Интересна случајност: на Грчи “Hemo” – тоа означува крв. Но, да се вратиме на етимологијата. Во истот дел од текстот според етимологијата, се утвредува дека “Homo” пристигнало од зборот “Humus”. Како тоа можело да случи, каде е логиката на тие Римјани?! Humus – тоа е нешто земско и хранливо, неопходна материја.
“Humus (лат. humus, “земја”) – основна органска супстанца на земјата, содржи хранливи материи кој се потребни за раст.
  • Оргиналното Римско Право

Како и обично, од најугледните историски документи, примарните извори се изгубени. Обично под примарни извори се подразбираат т.н. закони на XII таблици, сочувани само во фрагменти. Нивната содржина се реконструира на основа на референцата и врската, кој се наоѓа во деловите на римските писатели и правници.
Писателите ги отфрлам веднаш, како што ги отфрлиле и лингвистите, а текстовите на Римските правници, т.н. “Формула за Римското Право”, истражени се подробно.
  • Формула на Римското Право

Јас успеав да пронајдам на мрежата учебник по Римско право: Зајков А.В. приватно право во систематското излагање: Учебник / Зајков А.В.  — М. Руски Фонд за Образование и Наука 2012. — 480 s. ISBN 978-5-91244-089-2

17795792_1708251135867977_6260527251369195735_n

Посебно внимание заслужува Прилог 3 (471 стр.) – “Образите на најважните формули со паралелен превод.”
14) Actio Publiciana.
Si quem hominem Stihum, quo de agitur, Aulus Agerius emit, (et) is ei traditus est, anno possidisset, tum si eum hominem ejus ex jure Quiritium esse oporteret, si ea res arbitratu tuo Aulo Agerio non resti-tuetur, quanti eareserit, tautam pecuniam, judex, N–um N–um Aulo Agerio condemna, si non paret, absolve.
14) Публиканска тужба 
Ако овој роб Стихо, кој Ауло Агериус го купил и тој му бил предаден по традиција, го имал во поседство година дена, и ако тој роб за кој се води спор постанал негово власништво според квиритското право, и ако таа работа не му биде вратена на Ауло Аугериус на судниот повик,  тогаш колку таа работа вреди, на толкава сума на пари нека судијата Нумерија Негидија кон Ауло Агерујус досуди, а во спротивно нека го ослободи”.
Слично на тоа, во формулата 21, 25 – во Латинскиот текст се користи  “homo” (или неговите падежни облици), а на македонски се преведува како – “роб”.
Во формулата 9 истиот Стихо е наречен како “servum” и преведен е како “роб”, што најмалку говори за синонимноста на “servum” и “homo”, а како максимум – говори за роб, кој е пратен на служење (односно во servis, сервис од лат. servum) на друг господар. Ако ја прочитате таа 9 формула, тогаш ќе видите, дека е предаден во сервис робот….украл златна чинија.
  • Правните проблеми на Римското право
Можеби е случајност? Погрешил, кажува авторот, иако се повикува на поранешен превод на Авторитетен учебник за Римско право на 480 страница?
Да прејдеме тогаш на другото издание, педагошкиот приречик за правни проблеми на Римското право.
Е.В. Афонасин. Правните проблеми на римското право : учебник Е.В. Афосин , Новосибирск, un-t – Novosibirsk : RINC NGU, 2014. – 216 стр.
На страница 129-130 даден е пример за следната правна работа, некоја врска на вежба:
“Робот Стих ја дал во замена за своето ослободување кон својот годподар Семпрониј киднапираната робинка (Семпронијус, секако, не знаел за тоа). Робинката затруднела од Стих и родила, кога веќе била кај Семпрониј. За кратко време Тициј, кој имал право на плодоуживање на робинката, ја барал и заедно со сопственикот, Гај, го тужеле Семпрониј, барајќи враќање на робинката и нејзиниот син. Прашањето за робинката кај никој не предизвикало прашање, меѓутоа, дали Семпрониј е должен да го даде нејзиниот син? И ако е, кој власник има право на плодоуживање?
Во референците за решавањето на овој проблем на стр. 130 и 131 зборот “homo” се повторува повеќе пати, кај различните Латински автори, така да грешка во тоа, дека зборот “homo” се кориси да означи роб или робинка практично нема!
  • Ecce homo

Ecce homo – познатите зборови на Понтиј Пилат, кој го извел Христ на римскот суд и ја објавил својата пресуда. Пилат не бил заинтересиран за духовните квалитети на Христа, тој му судел според Римското право. И да ја донел пресудата, Пилат морал да разбере под каков дел од Римското право потпаѓа Христ, и од тоа зависело дали ќе биде осуден или не. Римските граѓани со своите права, неможеле ни да удрат, на пример, апостол Павле (поранешен од крстење Евреинот Савле), кој имал таков статус на граѓанин. Замислете пресудата да е објавена во судница, “откриениот-човек” Се чини апсурдно, но тоа е сосема разбирливо ако Homo се преведе како “роб”.

*(ромејскиот, византијскиот, морам тука да нагласам дека Исус живеел во XI век во времето кога Константинопол се нарекува и како Ерусалим, и дека Понтиј Пилат бил Источно Римско – Византијски намесник).

Погледнете на оваа слика што носи име – Ecce Homo од Тициан (Tiziano Vecelli) околу 1570 – 1576 , во каква средновековна (византијска, ромејска) облека е представен Понтиј Пилат.

Чудно зар не?

Случајност?

titian_-_christ_shown_to_the_people_ecce_homo.jpg

види за: КОГА И КАДЕ НАВИСТИНА БИЛ РАСПНАТ ИСУС ХРИСТ? ,  НАУКА ИЛИ ФИКЦИЈА: ВО КОЈ ВЕК ЖИВЕЕЛ ИСУС ХРИСТ?

17798999_1708251932534564_4962396909436476022_n.jpg
Esse Homo – тој е роб! 
Судијата највува дека го разгледал случајот и го одредил статусот на Христ – “роб”, согласно ова за никаков статус на “Јудејски Цар” не може да стане збор. Всушност тоа довело до бес на многумина, а не тоа, што Христ наводно го признале за човек на судот. Смешно е нели? Ние не сме робови, робови не сме ние?
11391756_10205432657789440_7072125216478996622_n (1).jpg
Оваа замена смисла покажува многу во светлото на концептот “хуманизам” “human rights”, “homo sapiens”. Минатиот дел од Римското право го завршив со фразата: “Jaс, човекот”. Сега морам да ја пре-осмислам оваа фраза, бидејќи лагата и замената на смислата се на секој чекор.
tumblr_na5aqbllN11tj0ejxo1_1280.jpg
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s