Последните Атлантиѓани – Гуанчи (Дел II)

  • Организација на друштвото

Познато е дека староседелците на Канарските острови биле на ниво на камена доба – оганот го добивале со триење, зрната ги мелеле со камен, се облекувале во овча и козја кожа, а секирите ги правеле од обсидијан – темната вулканската карпа. Меѓутоа, организацијата на социјалниот живот и закони, по кој тие живееле, како и некој знаења и вештини, изгледа дека не биле на тоа ниско ниво, туку биле многу понапредни. Друштвото било кастински и се состоело од три касти – благородници, воини и селани. Представниците на вишите касти не им било дозволено да се женат со нижите. Ако не биле кандидати од нивните касти, ги женеле или давале своите браќа и сестри. Секое острово имало свои семејни односи. На пример, на Гранд Канаија доминирала моногамијата, а на Хиеру – полигамијата, Лансарот усвоил полиандрија – (жена со тројца мажи), од каде секој живеел со нејзе месец дена. Канарците користеле тривијални методи за казнување на престапите. На пример, за убиство, тие ги осудувале на смрт не само сторителите, туку и некој од нивното семејство, верувајќи дека на убиецот многу му е потешко да ја загуби својата сопруга, таткото или синот, него да го загуби својот живот….

Населението на островото за време на кастелијанската инвазија 1402 година го чинеле: Гранд Канарија – помеѓу 35 000 до 40 000 луѓе, Тенерифе – помеѓу 30 000 до 35 000, на островото Ла Палма – 4000, Ла Гомер – 2000, на Ел Хиер – 1000, на Лансаротеу и Фуентевентира вкупната популација била околу 900 домородци. Системот на управување на островите не бил сложен, но секое острово имало своја специфичност. Така било и на островото Тенерифе. Според монахот Еспиноза, кај нив бил чуден системот за наслеувањето на власта. Власта на менсејот, т.н. владетел, не приминувала од татко на син, туку на следниот брат на менсејот, ако го има, и покрај фактот што тие имале деца. Кога ќе умрел, власта ја превземал следниот брат, и така натака, се додека има браќа. Во спротивно, власта се проследувала од најстариот син на првито владетел. Церемонијата, така да кажам, крунисувањето на владетелот, го правел советот на старците, под името Тагорор. Следниот менсеј ќе ја бакнел коската на најстариот владетел, која внимателно се чувала во семејството, замотана во неговата сопствена кожа. Потоа со таа коска се допирале главата и плеќите на идниот владетел и секако кој учествувал на советот изговарал: Се колнам во оваа коска овој ден, да постанете голем (Agone yacoron ynatzahana Chaconamet). После тоа, тие му изјавуваат на народот дека имаат владетел, дека тоа ќе го прослават како празник и со веселба низ целото острово, на сметка на избраниот владетел и неговите роднини. Кога Менсејот ќе преминел од едно место на живеење на друго – во лето на планините и во текот на зимата покрај морето, со себе ги водел старешините. Пред парадата се носело копје, како знак дека кралот доаѓал. Сите кој се наоѓале на патот, паѓале пред нив на колена, и станувајќи ми ги чистеле нозете со својата облека од овча кожа, која ја нарекувала тамарко, и ги бакнувале. Менсејот на Тенерифе бил единствениот владетел на островото до владеењето на Тинфра Големиот. После неговата смрт островото е поделено на неговите 9 синови и внуци. Нивните мали менсејати се нарекувале: Анагаа, Тегесте, Такоронте, Таоро, Икод, Дауте, Адехе, Абона и Гимар.

foto-085 (1).jpg

Владеењето на менсејот се протегало од крајбрежјето до падините на централниот планински венец. Врвовите на гребенот, вклучитело и врвот на Теида вулканот, е заедничката земја која можеле да ја користат пастирите на сите менсеејати на лето, кога на крајбрежјето ќе изгорела тревата и животните немале што да јадат. Ова е посебно важно за јужните менсејати (Адеја, Абона и Гимар), кој се бавале исклучително со одгледување на стока, додека климата им дозволувала на жителите на северот што повеќе да вклучуваат во земјоделството и одгледувањето на пченица, јачмен, грашок и грав.  Иако менсеите биле независни и биле врховни владетели на својата земја, еден од нив Таоро менсејот бил помеѓу првите еднакви. Неговата престолнина била во долината Оротава – во срцето на Тенерифе, која играла важна улога во војната против шпанските христијански освојувачки копуци.

Војниците на Гуанчи биле подредени со воениот лидер – сигонеу. Биле вооружени со дрвени копја и камења, шмирглани така да имаат многу остри ивици. Тие ја совладале вештината на прецизно фрлање и погодување на целата. Тие исто така користеле и прачки. Ја покажале својата сила и јунаштво со уништувањето на речиси во потполност кастелијанска експедиција во 1494 година, на северот од Тенерифе во селото Асенто. Војниците во војната иделе голи, иако обично ги носеле своите тамаркоси. На другите острови домородците носеле некакви сукњи направени од палминови влакна. Во зависност од временските прилики, врстите на активности и социјалниот статус, Гуанчите носеле херкос (сандали од свинска кожа), хурмас (траки од кожа кои ги носеле како ракави за заштите на своите раце), гуајакас (кожни хеланки со кој ги штителе нозете) и ахико (кожни шорцеви). За организацијата на дрштвото на другите острови малку се знае. Фуертевентура за време на шпанската инквизиција била поделена на два дела. Водачите на земјата не се сложувале еден со друг до таа мера, што изградиле ѕид со кој ја одвоиле државата. На Лансароте биле двајца владетели. На Ла Гомер – четворица. Островото Сан Мигуел да ле Палма било поделено на 12 дела. Гран Канарија била поделена на 10 ганартематоси, каде потоа се споиле во една држава. Иако на Канарските острови владеел патрихатот, жените играле многу значајна улога. Доколку мажот Гуанчи сретне жена во пустината, никој, било да е во прашање и најхрабриот воин, не би се осудил да го разбие табуто и прв да се сврти кон нејзе ако таа тоа не го дозволи. На некои острови правото на наследство одело од мајка на ќерка, а жената бил гаранција за преносот на власта. На Гранд Канарија сеуште се сеќаваат на владетелката Атидамне, која била позната по својата разборитост и мудрост, така што постанала пророк на островот.Ниту една војна, ниту едно склопување на мир, ниту наградување, ниту каза, не можела да пројде без нејзиниот суд.

db9e8be0d217c8e12120a5f532415265.jpg

214794d2abcbdf69111a1067afa32b0e.jpg

Повеќето водачи мажи на племенсиот остров и завидувале на талентот и со омаловажување говореле за нејзе и избегнувале да ја придружат во советот. Се обидела тоа да го игнорира, но кога степенот на занемарување и вулгарноста достигнале висок степен, таа се омажила за еден од водачите на племето кој долго ја барал нејзината рака, го убедила да собере војска, и тогаш со својата волја ги подчинила сите племиња на островото. Освен тоа, Атидамна секој пат одела пред војниците и се борела под еднакви услови со војската.

Изгледот на Гуанчите бил потполно Берберски / Варварски и биле представници на белата раса

 

foto-086.jpg

foto-087 (1)

foto-088.jpg

foto-089.jpg

 

Гуанчи жените жестоко се бореле на бојното поле, или ги охрабрувале и помагале своите мажи, така што конквестадорите говореле за “амазониките” на островото Ла Палма. Или ја говореле легендата за Гасимар, принцезата Анаги (Тенерифе), која учествувала во убивањето на оние кој се обиделе да се истоварат на крајбрежјето. Принцезите и аристократите завземаат важна улога во Канарските легенди кој говорат за херојството. Тие повеќе сакале да скокаат од карпите во океанот, нега да ги заробат европјаните. Овој ритуал на самоубиство, е симбол за љубов кон слободата, и го практикувале не само жените, туку и мажите со кралската крв, и додека го вршеле тоа самоуство возвикнувале – Vacaguare! (Сакам да умрам!)

 

historias-guanches-cronicas-borondon.jpg

Жените исто така се јавуваат како персонификација на власта и легитимитетот. Кога островото Гранд Канарија ја признало власта на шпанците, тогаш најмладата ќерка на последниот владетел на островот – Гуанартема била предадена на нив како симбол за легитимноста на независниот народ. Жените на Лансароте и Фуертевентура играле поскромна улога. Нив ги нуделе, како знак за гостопримство на гостите. На жените им било практично тешко во времињата на глад и пренаселеноста. Кога бројот на луѓе го преминувал одредениот максимум, а било јасно дека земајта повеќе не може да ги прехрарни, на островите Ла Палма и Гранд Канарија, практикувале женско чедоморство. Tие наводно ги убивале сите новородени девојчиња, со исклучок на првенецот. Нив ги одгледувале како продолжителки на родот.

foto-090.jpg

foto-091.jpg

foto-092.jpg

foto-093.jpg

foto-094.jpg

  • Куќи

foto-096.jpg

Живееле во пештерите на Тенерифе. Гуанчи селото обично се состоело од неколку пештери кој се наоѓале на околните падини.  Со оглед на тоа дека островото е од вулканско потекло, пештерите и тунелите настанати од лава ги има прилично повеке, така да археолозите откриле многу мал број на изградени куќи на островото. Aко пештерите не биле доволни, тие подигале мали колиби направени од камења без малтер, и ги затрупувале со гранки и лисја. Најнапредната изградба била на Гранд Канарија. Камените куќи ги ископувале во вулканското тло, а ѕидовите на власниците на куќата се обложени со даски на кои цртале геометрсики мотиви, како и на ѕидовите на пештерите. На Тенерифе, влезот во пештерата обично го затварале со големи камења оставајќи простор само за влез и излез. Повеќето од времето островјаните ги поминувале на отворено.

  • Секојдневен живот

 

foto-095.jpg

Oбрасците на Гуанчанските жени кои се бавеле со производство на разни тањири од глина биле округли, овални, со или без рачки. Тие се украсувале со едноставни геометриски шари – кругови, тријаголници, квадрати, крстови и соларни симболи, кој се нанесувале со помош на т.н. пинтандераса – печат од печена глина и дрва со големина на паричка со рачка.

 

2d387f105ecabaab7bd5e83549e906b7.jpg

 

foto-097

d159524232e0391cd72c56b972d0a939.jpg

2012-10-16_13-10-23_68.622x621.jpg

Истите алати и истите симболи ги користеле Берберите од Северна Африка и Индијанците од Мексико и Колумбија за тетовирање. Тие исто така собирале шумски плодови и билки, како што е пињолата, папратот, моканот или ги собирале родовите на јачменот, пченицата, грашакот и гравот.

0.jpg

Moroccan_woman.jpg

Мажите припремале терен за садање користејќи плугови направени од железни рогови. Садењетo го вршеле жените. Мажите биле одговорни за производство на оружје и алати: шиеле, сечеле камења, обработувале камења за мелење на брашно итн…Мажите биле и пастири на огромните стада на кози и овци. Гаеле посебна раса со рамна длака и ги знаеле сите свои животни, што за европјаните секогаш било необично. Пастирите ги обработувале кожите на овците и козите со камени алати и коски и ги шиеле користејќи ги како конец тетивите или тенките траки од кожата и игли од коски. Се сметале како многу корисно средство табонот – многу оштар нож од обсидијан – вулканско стакло.

963409

1gr712.jpg

Пастирите ги музеле козите и ги товеле свињите. Храната на Гуанчите билa многу едноставна, и покрај фактот што имале многу стока, месо на нивната трпеза не било честа појава, особено за нижите слоеви. Генерално биле вегетеријанци. Но кога имало празник, тие ги спремале овците, козите, па дури и кучињата. Еден од деликатесите било јадењето познато под името тамазанона – јачмен, приготвен со месо на маст. Главниот производ било млеко и до денеска познатиот канарски гофио – брашно направено од пржени житарици (пченица или јачмен и корен од папрат). Секојдневната храна биле сирењето, како и шумските плодови и корења.

 

  • Церемонија, свеченост, ритуали и верувања

1d6e6586a78b4878980b469ae5505a96.jpg

На самиот врв на дрштвеното скалило бил владетелот – Менсеј. После него биле – архименсејот, кој го правдал својот статус преку семејната врска со владетелот. Потоа доаѓал чичикочос (cichiciquitzos) – средна класа, а потоа ачикасна (achicaxna) – плебејците. Сите земји и сите стада му припаѓале на Менсејот, кој еднаш годишно ги распоредувал помеѓу племството во склад со заслугите на секое семејство. Менсејот имал и економска улога во прераспределбата на богатството, со оглед на фактот дека сите народни фестивали и церемонии со одржувале на негов трошок. На Тенерифе, се чини, немало свештенички класи и нивната функција ја обавувал владетелот. Меѓутоа, тие имале Гуаниамен – некоја врста на пророк-шаман, кој го уважувале со голема почите и восхит. Важните одлуки кој влијаеле на целиот менсејат се носеле во оквирот на Советот на старците.  Тие се собирале на посебно место, во близина на светите камења или дрва, каде во круг биле сместени камени седишта. Едно од тие дрва било дракена – Змајевото дрво, кое живee неколку стотина години, а неговиот сок има лековите својства. Гуанчи верувале во врховниот бог – сонце, кој имал неколку имиња: Ачаман (Небесата), Ачухуран Ачахуканан (Големиот Бог), Ачгуајаксеракс Ачорон Ачаман (Држителото на Небото и Земјата). Тие исто така ја обожувале Божицата Мајка – Ачамајекс Ачахајаксеракс Ачкорон Ачаман (Мајката Држителка на Небото и Земјата) или Ачагуајакиракси (Чуварот на Законот на Животот). Небесната мајка веднаш христијанството ја преквалификувало во Девица Марија, измислувајќи приказна за пронаоѓањето на дрвената статуа на домородците. Исто така, Гуанчите имале и злобен бог – Гуајота, каде христијаните, секако, го нарекле Ѓаволот. Тој живеел на врвот на планината Теида и можел да се претвори ноќе во куче. Пресретот со него се сметал за опасен. Покрај обожувањето на тие богови, Гуанчите практикувале и почитувале и на други помали божества, типично природно паганство. Оставале понуди за духовите на природата на карпите и во пештерите и на другите јавни места како би ги смириле или добиле помош. Во секоја фамилија имало глинени фигурим идоли, каде биле обожувано од членовите на семејството, молејќи за добар придонес и здравје за луѓето и животните. Исто така, на сите острови постоеле свети места, како што се планините и карпите, каде Гуанчите сметале дека ја држат рамнотежата помеѓу земјата и небото. На аТенерифе, планината Теида секогаш била од огромна важност во овој култ. На островот бил распространет и култот кон претците, кој е изразен со мумифицирање на мртвите, и нивното чување во пештерите-гробници….

35021F9D00000578-0-image-a-45_1465305568517

На Тенерифе, Гуанчите имале четири главни важни церемонии: церемонија за прогласувањето на новиот менсеј, ритуал спроведен за време на сушата, а другите два ритуали биле годишни. Тоа бил новогодишниот празник во прелет и големиот фестивал на жетвата.

Крај на 2/4 дел

Текстот продолжува….

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s