Вистинската симболика на “Великденското” Јајце

„За целата наша ера, за овој период знае само прабогот Сварог кој спие во внатрешноста на Сонцето како дете во проѕирното јајце. Златната боја на прекрасните соларни пишанки може ги види само бог. Човекот оваа убавина го заслепува. Во сончевото јајце на прабогот Сварог е топло и слатко. Сварог спие и ја собира силата. Кога ќе заврши нашата ера, ќе дојде ерата после нас. Исто како што пред нас била претходната ера.“ – Хуџец И. „Предавања и митови на Старите Словени“, Белград, 1993.

Јајцето според народните представи е почетокот на сите почетоцви, седиште на животната сила, симбол на препород и плоднсот. Мотивот за совладувањето на смртта низ животот кој е затворен во јајцето, се појавува во загадките како што е: „Живото раѓа мртво, а мртвото раѓа живо“. Опзицијата „живот – смрт“ или „бесмртност – смртност“ може да се воочи во многу словенски бајки во кои се спомнува јајцето.

Во верувањата на Словените јајцето било прототип и модел за светот. И не само во Словенскиот свет…Во древните кинески преданија, на пример, целата материја на универзумот била заробена во внатрешноста на јајцето во потполн Хаос. Длабоко во Хаосот живеел Џин кој во еден момент се пробудил, ја разбил лушпата, и ја ослободил заробената енергија. Кога тоа јајце се отворило, од тешките елементи настанала земјата, а од леесните и почистите – небото. Аријците-Персијци верувале во „исконското јајце“ кое се распаднало во Ахура Мазда и Ахриманот. Во спомен на тоа јајце, во пролетта имале обичаи на меѓусобно дарување на јајца. Сличната приказна е во дрвниот Ерменски култ кој е тесно врзан со оваа цивилизација. Кај Индусите е реширено верувањето дека Брама е роден од златното јајце. Од горната половина на лушпата на тоа јајце настанало небото, а од долната земјата.

9b00c0bb377311131add4f6e3a47e29a.jpg

Brahma.jpg

Hiranyagarbha_Suktam.jpg

Хиранјагарба (Санскрит: हिरण्यगर्भः , буквално “златната матка” или “златното јајце”) е изворот на целата универзумска креација или манифестираниот космос во Ведската филозофија, но и како аватар на Вишну во Багават Пурана. Спомнувањата може да се најдат во една од химните на Риг Веда (RV 10.121), позната како Hiraṇyagarbha Sūkta, укажувајќи на едно единствено божество креатор (стих 8: yo deveṣv ādhi devā eka āsīt, Griffith: “Тој е Бог на боговите, никој освен него), идентификуван во химната како Праџапати. Концептот на златната матка повторно е споменат во Вишвакарман Сукта (RV 10.82).

Насадија Сукта, Химната на Креацијата во Риг Веда (10:129) известува дека светот започнал од точката или бинду, преку моќите на топлина. Ова исто така може да се разгледа како коресподенција со “Big Bang” теоријата. Неколку проминентни модерни научници го забележале Ведизмот (Веда – исто така на Санскрит значи – знаењa односно наука, वेदveda, “knowledge“) е единствената религија поточно вера во целата забележана историја, која што има временски скали и теории во астрономијата (космологијата), што се јавува како кореспонднеција со онаа модерна научна космологија на Карл Сеган, Нилс Боро, Ервин Шродингер, Вернер Хеисенберг, Роберт Опенхаијмер, Џорџ Сударшан, Фритјоф Капра итн…

7ed87c590dda2e162e5e34735ac49e61

Two Golden Hiranyagarbha Lingams VV picture

Хелените верувале дека Ерос, најстариот од сите богови од кој подоцна се настанало, се родил од „световното јајце“. Во јужно-словенските загатки и детскиот фолклор, Сонцето се прикажува како „божјо јајце“,  ѕвездите како јајца кој ги снесла небесната кокошка“, додека ѕвезденото небо како „решето полно со јајца“.

main-qimg-f83992d10aad6daaf1032827b25e616a-c.jpg

Во народните легенди, целиот свет е представен во облик на огромно јајце чија лушпа е небото, мембраната – облаците, белката – водата, жолчката земјата.

Во Старо Словенските родоверните (паганските) обреди им се давало на верниците да проголтаат лескова пупка или глогов лист. Децата за време на празникот Врбица се китени со врбини реси, а околу вратот им ставале ѕвонци. Овој обред во христијанството го одржал своето име Врбица. Јајцата се фарбале и се украсувале (пищанки) во пролет, обично во црвено, што символизирало сонце, топлина, оган, здравје, каде божицата Весна ги носела со своето доаѓање. Јајцата заедно со лебот и виното им се поклонувале на домаќините на куќата…..

Никаде во Библијата не е запишано дека христијаните го одбележувале Христовото распетие односно Велигден на ваков начин, ова е само уште еден украден култ и обичај од Старите Словени….

Симболиката на повторното раѓање – враќање во животот ја одредува и симболиката за употребата на јајцето во погребно-задишните обреди: во прилката на погреб, кокошкини јајца (некаде дрвено или глинено) ставани се во рацете на умрениот, го ставале и во мртовечкиот сандак, го фрлале во река, го закопувале во земја, го фрлале во оган итн. Во западно-словенските обичаи јајцата се користени во текот на годината во обредите на првото орање и сеење на земајта, во сточарската магија, како лековито средство; го фрлале во вис во прилика на сеењето на лен и коноп, ја расфрлувале лушпата по зеленчуковата градина итн….Кај србите во приликата на првото орање, се крши јајце од челото на десниот вол или од ралото, се закупува во браздата, со него се благословувало житното семе. Кај балканските народи постоела низа на верувања за јајцето како симбол на плодноста. Кога кокошката ќе снесе јајце со две жолчки тоа е добар знак за домаќинството. Народот кажува дека представува предскажување за набрзо забременување на газдарицата. За да и се олеснат породителните маки, низ кошулата на породителката се провлекувало јајце. Во некој краишита на Србија, три јајца се закопувале во нивата како приносот би бил плоден и добар. Постој и обичај каде јајцето се закопува во мравјалник како домаќинството би напредувало, за да биде трудољубиво и многубројно како мравките.

Кај Русите бил масовно распространет обичајот на „тркалање јајца“: цела недела младите се забавиувале со тркалање на обоените јајца по земја. Исто така се тркалаат јајца по гробовите на умрените роднини, како оделе да се поздрават со нив. За тоа дека  сите овие древни обичаии немаат врска со христијанстовото ни говорат нам и руските црквени поуки од 17 век каде помеѓу разните црковни правила постои и забрана за „кршење со јајца“ бидејќи тоа не е христијански обичаи („Словенска митологија – енциклопедијски речник“, Белград, 2001.)

Обичајот за кршење со јајца долго постоел и во источнословенската великденска традиција, а во нашата, јужнословенската, опстанал и до денешни денови. Боењето и украсувањето на јајцата (пишанките) некогаш, истотака, бил општословенски обичај поврзан со пролетниот период и будењето на природата.

*Види за: Пишанки

a7e50b929f686f01e1f40a3538c3d4cb.jpg

 

Кај сите Словени јајцата (снесени на одредени денови или посветени на оредени празници) се чувани во ќуќата во текот на целата година како магијско средство. Кај нас тоа e јајцето „чуваркуќа”. Источните Словени, во случај на пожар, оделе околу куќата држејќи во раката јајце (празнично, магијско) и го фрлале во оган како би згаснал пожарот и да не се прошири низ целото село. Носеле јајце во шумата како би ја побарале изгубената стока (Русија, Јарославска област), девојките, поради убавина и здравје, се миеле со вода во која ставале црвено јајце (источно и западно-словенски обичај – “бела ем дебела”, односно чиста,здрава и плодна), потоа лушпата од украсените јајца ја закопувале во мравјалникот, за кокошката добро да снесува јајца. (Србија).

pisanka-kolovrat

Јајцето и лушпата се појавуваат во магијата, но исто така штитат од уроци. Јајцето има улога и во гатањето, а особено во народната медицина и обичаите поради здравје. Често јајцето било во улога на заштитник и средство кое го растерува злото: го подметнувале под праговите на шталите и ја терале стоката да премине преку него, за вештерката злобна да не може да наштети (источно-словенски обичај). Овој обичај веројатно е во врска со српското верување според кое вештерката може да влезе во лушпата од јајцето. Јајцето е ставано во колевката на новороденчето како одбрана од болест (Полска); го закопувале во нивата против коров и уроци (западно-словенски обичај), јајцата која ги снела црната кокошка во одреден ден, ги префрлувале низ кровот на куќата поради заштита од гром и пожар (Чешка). Сличен обичај постои и до денеска во Србија каде минато годишното прво украсено јајце „чуваркуќата“ се фрла прку куќата. Употребата на јајцето во народната магија ги одредувала неговите својства како што е: округлиот облик, исполнетост на содржината, белата боја, скриениот ембрион на идниот живот итн..

На пример, при првото истерување на стоката, домаќинката тркалала јајце по грбот на коњот, говорејќи: „Како што јајцето е обло и полно, така и моите коњи ќе бидат крупни и сити!“

 

За лицето да им било бело, девојќите со јајцето ги милувале своите образи, за ленот да роди, без коров, во зрното на сетвата ставани се необоени јајца. Посебно значение е придавано на првото јајце кое го снела младата кокошка, го користеле за гатање, со него пастирот го заобиколувал стадото, за волците да не ја напднат стоката, го закопувале во темелите на куќата што се ѕида, го наменувале како жртва за куќните или шумските духови итн. Чудотворните својства му се препишуваат на т.н. “петлово јајце” (јајце без жолчка или кокошкино јајце со необично мала величина). Се верувало дека од таквите јајца може да се излечи дух („мациќ“, „хоњавец“) кој е во својство својот домаќин да направи богат. Во мотивите на басните и бајките, се споменува чудено јајце (црвено или златно), кое не се кршело кога ќе падне.

Наведените обичаи се практикувани на нашите простори, како и сличните кои постојат низ целото словенско поднебје, имаат длабоки корени и потекло, многу постаро од самото христијанство. Меѓутоа овој култ е применуван и кај другите древни народи, култури и цивилизации кој веројатно биле дел од белата раса односоно Словено-Аријци, или што би рекле научниците Индо-Европјаните.

Salvador Dali egg.jpg

  • Паганскиот Ерменски Великден (ЗАТИК)

Денеска Христијаните секаде во светот го слават Великден, но денеска за жал малкумина знаат дека овој култ е родоверен (пагански-народен во превод). Во паганските времиња Ерменците го славеле Великден (Затик) и бил посветен на Мајката на Боговите – Анахит. Затик е древен збор и значи “ затвел-андџатвел” (избавување, сепарирање од нешто). Бил прославуван на првата полна месечина после Март 21-ви, роденденот на Вахан. Празникот ја симболизирал пролетта, будењето на пролетта, плодноста, расветувањето, доаѓањето на светлите сили. Затик исто така симболизира слобода на природниот опсег на бои од сивилото и монотонијата. Тоа е периодот кога Земјата е прекриена со бои, дрвја, расцут, шаренило. Паганите-Родоверците го славеле будењето на пролетта и природата со празнување и принесување на жртви. Животот на секое морално значајно битие излегувало од јајцето и затоа јајцето е симбол на овој “христијански” празник што се фарбало во разни бои, симболизирајќи ги боите на Пролетта.

17862531_1488833594522048_6205619682960188859_n.jpgЕрменската Мајка Божица – Анахит (Aрја Деви)

russian-women-pregnant-festive-gownsСтомакот на бремената жена исто така има форма на јајце (анг. prEGGnant)

500xcustom1279169110481sperm.jpgЈајце клетка и спрематозоиди

 

Христијанството како верски правец (секта) на Јудеизмот (абрахамска реигија) морало да ги менува празниците и обичаите за да се изгради и утемели како посебна религија за да се одвои од својата матична религија. Поточно тоа го чинеле владетелите (Источнотo и Западното Римско царство) кој ја виделе религијата како начин на обединувањене покорените разни народи  на својата територија и контрола на истите со наметнување на оваа религија врз ново освоените територии. Словото религија произлегува од латинскиот збор (religare): «ре» повторно, враќање (реверс, реанимација) и «лига»  – обединување (лига на шампиони, лига на нации). Т.е. религија, е повторно обид да се воспостави изгубенaта Духовна врска помеѓу луѓето и Бога, преку имитација на било пророк или мeсија. Нам не ни требало воспоставување на Духовна врска, затоа што никогаш не престанала, освен во моментот кога се наметнувала насилната христијанизација и по секоја цена морала да биде искорената народната вера на предтице односно родоверието-паганизам.

Што всушност значи зборот Паган?

Тоа е латински збор paganus  што значи: рустикалност, народен, селанец…..

Untitled.png

Великден е христијански празник кој го слави наводното воскреснување на Исус (Џошуа правото име) од мртвите е измислен празник кој е втемелен во 325 година за да се поклопи т.е. усогласи со еврејскиот празник Пасха (Кога Јехова ги ослободил евреите од Египет). Тоа се случило под ромејскиот цар Константин на соборот во Никеја 325 година, три века после наводната смрт на Џошуа (Исус) од Назарет. Соборот едногласно одлучил велекден да се празнува во Недела и тоа во истата недела во целиот свет. “За никој потоа да не го следи слепилото на Евреите” Во Новиот Завет никаде не е спомнат Великден, првите апостоли од настанокот на ново-заветната заедница па се до крајот на првиот во кој умрел апостол Јован не оставиле ниту најмал запис за празнувањето на Велкден.

Обичајот како што е 40 дневниот пост и фарбањето на јајца се украдени верски ритуали од предхристијанските ведски вери, каде јајцето како симбол на плодност и обновување на животот е присутен кај сите народи на сите континенти како доаѓање на т.н. обновување на природата.

  • Лунарниот Култ и Астралните паразити

Абрахамските религии се класични лунарни култови. Јудеизмот како тројански коњ е длабоко навлезен во срцето на Христијанството и Исламот. Ова се генерално религиите на новиот светски поредок наменети за духовна манипулација на масата. Месечината генерално е одговорна за многу природни функции и биоритми што се неопходни за животот на земјата.

17861586_10210495442555895_1856466008866962643_n

17884467_10210495443075908_384440445471411983_n

11391756_10205432657789440_7072125216478996622_n (1)

Но, лунарната енергија има и една темна страна, не само физички што не ја гледаме туку и функционално. Месечината може да биде одговорна и за многу психолошки нарушувања, и очигледно е дека во англискиот јазик терминот Lunatic го означува истото. Оваа темна лунарна енергија генерално е катализатор за енергетскиот полнеж на црните магови од памтивека и сите нивни ритуали се врзани со нејзините фази и астролошки транзити. Затоа е пожелно да се следи лунарен калнедар со цел внимателно да можеме да ги избегнеме негативните последици. Тој е календар што ни дава нам и упатства за да се усогласиме со природните биоритми. Овој факт многу добро им е познат на оние кој ги познаваат астралните сфери, добро знаат дека нижиот астрал е под контрола на лунарната сфера. Кабалистите исто така знаат за квалитетите и карактеристиките на сефиротата Јесод кој е всушност Лунарната сфера. 

Христијанскиот празник Великден е всушност директно поврзан со Еврејскиот празник Пасха. Велекден се одредува по лунарен календар, а не по соларен. Великден секоја година паѓа во очи на еврејскиот празник Пасха, односно првата недела полсе полната месечина после рамноденицата..Пасхата да не заборавиме се слави 7 дена. Ова е влезено во канонот кој по секоја цена бара Великден да биде исклучително после еврејската Пасха – затоа Великден се одложува за следната недела ако е полн Месецот во недела. Меѓутоа ако се следи изложеното правило (пролетната рамноденица и првата полна месечина-првата недела), која важи и за западните христијаните и финските ортодокси, може да се случи Великден да биде пред Пасха, што според канонот за христијаните е сосема неприфатливо…

Според информациите на руските истражувачи овој лунарен култ е директно поврзан со принесувањето на “божјото јагне” како жртва од страна на Ромеите (Источните Римјани -Византијците) и нивните бизинс партнери па дури и роднини Хазаро-Јудеите (фарисеите, црните магови, лихварите, банкарите) во чест на нивниот бог Јахве. Бидејќи Исусовото движење кое во суштина било револуциско -богомилско движење кое може слободно да се нарече и како западен-будизам имало цел да го сопре ширањето на новиот светски поредок, кој се развивал како канцер на планетава. Ова револуционерно движење носело со себе карактер на слобода и воздигнувачка спритуално-гностичка суштина која не им одговарала на овие паразитски империи и затоа морале да го ликвидираат. Овој настан според сите логични информации се случил во Константинопол 1086 година на гората Бејкос за што директно ни посведочиле меѓу другото и многуте средновековни сликари….Подоцна од Исус е направена тотално различна слика и црквата го искористила за своја цел и приказната ја измешале (сечено, лепено и монтирано) така што позајмила симболи и приказни од претходните пагански легенди и обичаи. Инаку како напомна не случајно нема никаква представа особено иконска на Исус пред 10-11 век. Христијанството како религија настанало тек во 11 век и не случајно тогаш започнуваат крстоносните војни. Колку е само смешно дека тие речиси после 1000 години (ако велиме дека христијанството е стара 2000 години религија) им текнало да се осветат за Исус и да започнат со својот одмазнички поход….да го осветат Исус дури после неверојатни 1000 години, кога неговите убијци на водни изумреле…дрн дрн јариња….Едноставно христијанството морало да вметне своја измислена легенда дека постои цели 1000 години. Како напомена во времето на цар Константин бил прифатен облик на Дионисов култ кој траел се до 9 век а тек во 11 век овој култ полека бил заменет со христијанството како што го знаеме денеска.

*види подетално за: 

КОГА И КАДЕ НАВИСТИНА БИЛ РАСПНАТ ИСУС ХРИСТ?

НАУКА ИЛИ ФИКЦИЈА: ВО КОЈ ВЕК ЖИВЕЕЛ ИСУС ХРИСТ?

15940831_595711023973451_5409029242677942539_n.jpg

Повеќето од црквите се само бази приемници каде како wi-fi се поврзуваат директно со луната формирајќи на тој начин еден сатанско манипулативен егрегор каде луѓето ја “донираат” својата енергија на ваквите инстанци… “Хранлива маса” по нивна терминологија.

Оваа непожелна темна енергија, најдобро се блокира и регулира доколу се смини начин на живот, особено ако се избегнат пороците поврзани со страст како што е дрога, алкохол, јадење месо и масовно религијско убивање на животни – кланици , абрахамски религијски собири, избегавање на тв-медумско перење на мозок, навијачко-спортски фанатизам и сл…

 

  • Велкден – Истер-Еаster  и култот кон Зајакот

Римската црква во нашите краишта, пропагира зајци во тие ритуали и тоа е исто така укреден архитип од старите вери. Поточно, зајкот што ги носи јајцата е легенда за саксонската и вендската Божица Еостра (анг. збор Easter-Великден всушност како име доаѓа од оваа божица), Божица на Пролетта. Легендата кажува како некогаш во шумата нашла птица која од студ умирала во снегот. Таа се претворила во зајачица како со крзното би ја заштитила од студ. Но бидејќи таа претходно била птица оваа зајачица продолжила да лежи јајца…..

eostre4.jpg

387751b2207f62178b37e9685ded620c.jpg

Великден-Истер-Easter е фестивал кој се слави од страна на милиони луѓе низ светот каде го слават воскресението на Исус од мртвите, опишанио во Новиот Завет како што се случило три дена по неговото распнување на Голгота. Тоа исто така е ден кога децата возбудено ги чекаат Великденските зајци да дојдат и да им ги донесат нивните дарови односно чоколадните јајца. Великден е подвижен празник што е избран како што кажавме со кореспонденцијата со првата Недела што ја следи полната месечина после Мартската пролеттна рамноденица, и се јавува на различи датуми низ светот каде западните цркви го користат Греогоријанскиот калнедар, додека источните цркви го употребуваат Јулијанскиот календар. Во секој случај двата се од римско потекло. Па ајде да видиме од каде овој подвижен празник започнал и од каде е неговото потекло и традиција и зошто е толку важен ден за светска прослава?

Многу историчари, вклучително и Библиските учници, се сложуваат дека Великден примордијално е пагански фестивал. Според New Unger’s Bible Dictionary  се вели следново: “Зборот Истер-Easter е од Саксонско потекло, Eastra, е божица на пролетта, во чија чест се жртвувале понуди за времето на Преминот (Пасхата) секоја година. Тек во средниот век Англо-Саксонците го присвоиле името да се назначи прославата на Христовото воскресение. Меѓутоа потеклото на овој празник се испоставило дека е многу постаро и од англо-саксонските легенди. Според некој научници, како што Др. Тони Нагент, учител по Теологија и Религијски Студии на Универзитетот во Сиетл, и Пресбитеранскиот министер, Истерот (Великден) потекнува од Сумерската легенда за Дамузи (Таммуз) и неховата жена Инана (Иштар) епски мит наречен и како “Потомците на Инана” најде во дискрипцијата на таблите со клинесто писмо пред 2100 години п.н.е. Кога Тамуз умрел, Иштар била погодена од тагата и го следела него во подземниот свет. Во подземниот свет, таа влегла низ седумте врати, и нејзината световна облека абила отстранета. Гола таа се поклонила, таа е осудена, убиена. Во нејзино отсуство, земјата ја губи својата плодност, културите престануваат да растат и животните заприраат да размножуваат. Освен ако нешто не е направено, целиот живот на земјата ќе заврши.

Откако Астрате-Инана исчезнала за три дена нејзиниот асистент отишол кај другите богови за помош. Најпосле Енки, создал две суштества кои го чувале плодот на животот и водата на живоот доле во Подземниот Свет, и ги испрскал нив во Инана и Дамузи, и ги воскреснал и им дал сила и моќ да се вратат на земјата како светлината на сонцето за шест месеци.  После шест месеци, Тамуз се враќал во Подземнито Свет на мртвите, и останувал таму уште шест месеци, и Иштар го гони, поттикнувајќи го Богот на Водите  да ги спаси двајцата. Така биле циклусите на смрта – зима и пролетта – живот.

 

Ishtar

 

The Descent of Inanna

The Descent of Inanna. Image source .

Др. Нугент извлекол лесна паралала помеѓу приказната за Исус и епот за Инана. Не мора да значи дека Исус не е вистински човек,  кој бил распнат, туку дека приказната е наштимана и структурината и била во согласност со античкиот моделот што бил широко распространет.

Сумериската божица Инана е позната надвор од Месопотамија по нејзиното Вавилонско име, “Иштар”, .Во древниот Канан Иштар е позната како Астрате и нејзиниот паднан кај Хеленскот и Римскиот пантеон била позната како Афродита и Венера. Кога бил откриен Еврејскиот Ерусалим каде бил лоциран празниот гроб на Исус , тие го пронашле храмот посветен на Афродита (Инана-Иштар-Астрате). Храмот бил урнат а на негово место била подигната Црквата на Светито Гроб, најсветата наводно црква во Христијанскиот свет….

Др Нугент тврди дека приказната за Инана и Дамузи е само една од големиот број на митови за умирачкиот и воскреснувачите богови кој го представуваат циклусот на сезоните и ѕвездите. На пример, воскреснувањето на Египетскиот Хорус, приказната за Митра, кој бил обожуван во Пролтта, и приказнта за Дионис, воскреснат од неговата баба. Помеѓу овие приказни преовладуваат темите за плодност, зачнување, препород, падот во темнината и подземјето, и триумфот на светлината над темнината или доброто над злото.

 

 

СЛАВА НА БОГОВИТЕ И МНОГУМУДРИТЕ ПРЕТЦИ НАШИ!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s