Перучица (српски: Перућица, босански: Perućica) — една од последните останати прашуми во Европа и заедно со Бјаловјешка шума, која се наоѓа на границата помеѓу Полска и Белорусија, представуваат огрмна реткост со непроценливо природно богатство. Пра-шумите, или буквално старите шуми, се оние шуми каде човекот немал големо влијание, шумите каде од своето првобитно раѓање се развивале потполно природно.
Перучица се наоѓа во Република Српска, Босна и Херцеговина, недалеку од границата со Црна Гора, и влегува во составот на националниот парк Сутјеска. Пристапот во шумата е дозволен само во придружба на шумари.
Во шумата е измерена највисоката смрча (Norway Spruce) на светот, која се издига 63 м. Етимолошки, англискиот збор “Spruce” води потекло од полскиот односно од вендскиот (словенскиот) збор – Prusy (Прусија е историски регион, денеска дел од Полска и Калинградската област). кој поостанал од spruce, бидејќи во Полскиот, z Prus (од Прусија), им звучи како “spruce” на оние кој говорат Англиски и бил генерички термин за мебелот донесен во Англија од Хансатските трговци и бидејќи се верува дека дрвото дошло од Полско Војводската Прусија.
Многу разни славјански аналитичари овој поим “Прусија” етимолошки го преведуваат и како Перунова Русија. Прашумата Перучица, дефинитивно како и многуте планински топоними на Балканот, директно е поврзана со едно од најглавните Индо-Европски однсоно Словено-Аријски божества, а тоа е богот-громовникот: Перун, Перкун, Перкеле, Пјарун, Перенди, Пекунас, Праџапати итн.
Перучица е најпознатиот од трите заштитени прашумски резервати во Република Српска, БиХ. Прашумата Перучица е дел од националлниот парк Сутјеска.
Со сигурност можеме да кажеме дека е бисер од природно богатство Националниот парк Сутјеска кој е строго заштитен резерват на Перучица, една од ретките сочувани прашуми на Европа. Уште од дамнешната 1938 година, шумарите надоместиле во приликата на изградбата на уредениот елаборат на планината Маглич, каде пронашле во сливот на реката Перичица, во заливот помеѓу Маглич, Волујак и Снијежица, прекрасни стојки на буки, елки и смреки чија дрвна маса надминувала 1.000 m³ по хектар, а висината на поединечни стебла достигала преку 50m. На шумските штандови на Перучица не им биле рамни ниту Динаридите, не само по дрвната маса и висина, туку и по составот, изгледот и убавината. Сето тоа било причина за во време на СФРЈ, Владата на СР БиХ 1952 го издвои подрачјето на Перучица со површина од 1.234 ha од редовното шумарско господарење, како „шумарски објект потребен за научни истражива и насатава“, а во 1954 година, тоа подрачје, е зголемено за уште 200ha, и се става под заштита на државата како природен резерват, со решение на Земскиот завод за заштита на спомениците на културата и природните реткости на СР БиХ, во тогашната Југославија.
Поглед од Видиковецот (Драгош Седло) на Перучица и водопадот Скакавац, кој е во срцето на прашумата паѓа од висина преку 70 м, и го исполнува човекот со задоволство што е само мал дел од исконската природа, богата со мултифункционален биодиверзитет, сочуван за сегашните и следните генерации. Зачувувањето и заштитата на Перучица во изворен облик е една од главните задачи на Националниот парк Сутјеска. Во резерватот се е препуштено на природата. Раѓањето, животот, смртта и повторното раѓање, тој вечен циклус, се одвива без никаква човечка интервенција. На остатоците на природно умрените стебла буј нов живот. Перучица представува, денеска толку ретка, природна лабараторија со големо значење за многу научни дисциплини, за подучување, како и за едноставно уживање во чистата и недопрена природа.
Живиот свет на Перучица е изразен преку вегетацијата (фитоценозата и билната заедница, екосистем, флора, фауна и друго) кој е многу разновидна и богата. Перучица поради својата јужна положба во Европа (субмедитеранско-медитеранско подрачје), била за време на ледената доба многу значаен регулаторен простор кој овозможувал многу термофилни врсти на европскиот север и нејзиното средиште да се сочуваат на оваа подрачје. Ледената доба го зафатила подрачјето на Перучица па нејзините горни делови биле прекриени со ледници, за што ни сведочат остатоците од глацијалниот период (ледничките циркови и корита, морени од разновиден карактер, глацијални облици и др.). Нижите делови на Перучица останале бар делимично, без ледена покривка, што овозможило развивање на рефугијалната флора и вегетација (Црниот габер и неговата заедница).
Во рамките на овој строго природен резерват, заштитени се, покрај шумските штандови на буката, елката и смреката, уште и субалпските буки, чисти или со планинскиот јавор, субалпската смрека, вегетацијата на кривиот бор, или т.н. клековски бор и планинската тревна вегетација. Во Перучица, како и во другите делови на паркот, се наоѓа навистина, вистинско богатство и разновидност на билниот свет, низа на ендемски и ретки врсти. За богатството на билниот свет на Перучица може да посведочи фактот дека се регистриранани преку 170 врсти на дрва и грмушки и преку 1000 врсти на зељести растенија. Истражувањата на застапеноста на врстите на мов и лишаи тек се започнати.
Како што кажавме Националниот Парк Сутјеска е најголемиот и најстариот национален парк во Босна и Херцеговина, а основан е 1962 година. Покрај Перучица, во него се наоѓа и Маглич, највисокиот планински врв во државата, висок 2.386 метри.
Перучица навистина представува вистинско природно богатство, една од последните зачувани прастари шуми во Европа. Со оглед на тоа дека шумата е многу густа, во некои делови дури и недопрена, таа е заштитена, а посетата е дозволена само со најава и придружба на водич од Националниот Парк Сутјеска.