Структурата на Астралните Паразити (Дел I)

  • 1. Вовед

Нашите мозоци се “затворени” во некоја ниска реалност, во која животот изгледа безнадежен, монотон и досадно непроменлив….Навистина, знаењето ни дава радост и смисла на животот. Знаењето е светлина и патоказ. Зборот “Веда” на старословенски и на санскрит означува знаење односно мудрост, (The Veda Sanskrit: वेद veda, “knowledge”) . Тоа знаење е како светлина која дава будност и сјајност и дава можност да се воздигнеме над темнината и незнаењето каде древните јогини оваа гуна (прекривка) ја нарекле Тама Гуна – темнина, незнаење,  (Sanskrit: तमस् tamas “darkness”).

 

10407737_10204494637299514_1612577100319850497_n

Бидејќи ако ja знаеме вистината, започнуваме да ги земаме во предвид нештата за кои сме мислеле дека не постојат, но кој, без сомнение ги има, и кои влијаат на нашиот живот, влијаат на физичките и менталните пореметувања. Тогаш започнуваме да читаме меѓу редови, и скриената реалност преминува во категорија на многу разбирлива и научно објаснива.

На сите денеска познатото ни е дека постојат паразити во физичка форма, меѓутоа малкумина чуле, осетиле или виделе енергетски паразити. Денешната наука стигнала до тоа ниво да може научно со факти да го докаже постоењето на овој вид на паразити и нивните откритија ќе ги објавиме во следните делови од текстов. Засега ќе одиме постепено за секој да може да разбере.

Познато е дека материјата не исчезнува, туку само преминува во друга физичка состојба. На Земјата постојат неколку нивоа над физичкото. Сите овие нивоа се реални и опипливи, иако во конвенционалната смисла на сетилните органи не се воочливи. Поради тоа, што не ги воочуваме, тие нема ништо да изгубат, туку напротив, губиме ние, бидејќи погрешно ја доживуваме реалноста. Но постојати оние, кои знаат како да го искористат нашиот недостаток на знаење односно незнаење.

Зошто, наместо да се разбере нешто ново за себе, нешто многу важно би рекол, човекот само така бездушно го брани своето незнаење?

Ни кажуваат нам дека не постои магија, дека не постои ништо такво, туку само манифестација на нашите потенцијали и еден куп својства.

Во модерната психологија, се применуваат методите на лечење засновани на туркање во трауматичните ситуации со цел за спознаја и прифаќање на проблемот. Но тука постои голема опасност, бидејќи луѓето така длабоко нурнати влегуваат во дирекрна интеракција со нижите астрални емоции, кои почнуваат да се придвижуваат нижо астралните текови кои им овозможуваат на нижо астралните ентитети да се поврзат со човекот, до таа мера за да можат да го управуваат неговото однесување, можат да му всадат одредени мисли и да го држат човекот под контрола. Таквиот човек нурнува во депресија на подолго време, понекогаш се изложува на лечење, а ниту лековите ниту задлабочувањето (медитацијата) нема да му помогнат. Реално, може да помогне само некој кој разбира што навистина се случува и кој ги има потребните капацитети.

На Балканот, периодот помеѓу 1985 и 1991  им е општо познат на сите езотеричари…Тоа било времето на Рајнес Ошоа,  Живорад Михајлович Славински, Харе Кришна и Шри Прабупада, О.Т.О. Б.П. Бенедикт – Приказната за Кармата, Трето Око, Логсанг Рампе и многу други литератури каде на повеќето не им донеле некое посебно добро. Луѓето читале се и сешто во тоа време но и денеска не е нешто подобро. Тоа на прв поглед бил доста напреден период, книжари полни со езотерија и сето она што било непознато одеднаш постанало за сите достапно. И луѓето почнале да експериментираат со тоа што им било изложено во тие книги. Разни медитации, мантри, тантри итн.. Многу од овие луѓе влегле да експериментираат со себе, притоа многу неспремни, неподготвени и непрочистени влегле во навистина сериозни и длабоки води, без конкретен водич и постепеност. Но постепено разбираме дека луѓето, кои биле скршени, кој ја изгубиле верата во животот, многу едноставно и многу по лесно ги вовлекувале и другите во својата “жива кал”. Многу е полесно да плукате, осудувате, се што им отежнува да ја сочуваат својата илузија, што ја уништува нивната “жива кал” (на крајот од краиштата, во нејзе е бар топло, и кој знае што уште ги чека).

Да работиш на себе, да ги признаваш своите грешки, да си признаеш дека си марионета, не е така лесно, за тоа е потребно храброст и интелегенција. За изненадување, на луѓето не им паѓа на памет, дека се во незнаење.  Порано бевме малку љубоморни на оние кои постигнале слава, положба, признание. Но кога ќе разбереме која цена ја плаќаат, издавајќи се себеси, постануваат кукли на конци, тогаш се си доаѓа на свое место….

illuminati-celebrities-hand-covering-eye-all-seeing-eye-gesture-lady-gaga.jpg

maxresdefault

Untitled6.jpg

3fc0bec9e6f31ab25f79ac11d1d12dd0.jpg

Sauron.jpg

Нашата способност да мислиме речиси во потполност е контролирана од хиерархијата на демонската суштина, а знаењето за нив внимателно е избришано од нашите умови.

Немојте да се изненадите слушајќи за енергетските паразити, дека можете да имате мисли од типот ова е потполна бесмислица. Додека пак на некои ваквите теми ќе предизвикаат или ќе најават страв.

Тие нас не “обработваат”, и тоа професионално. Тие имаат искуство милиони години, а нам сеќавањата ни се затворени, а знаењето за светот новиот светски поредок ни го поставува нам тотално наопачки. Во разните научно фантастични филмови и сличните приказни, сликата за ларвите постојано трепери пред нашите очи, во облик на вон-планетарен црв кој се размножува во организмот на човекот.

Луѓето имаат стравопочит кон оваа идеа, така што ја преувеличуваат оваа тема. Но сепак ова повторно оди во корист на паразитите. Методот е едноставен и функционира – ни се покажуваат нешатата какви се, а ние тоа отворено го нарекуваме будалаштина и фантазија. И никој после озбилно во трезниот ум за оваа тема нема ниту да размислува. Што се однесува до тие идеи, од каде се појавиле енергетските паразити, морам да напоменам дека во глобалната катастрофа на Земјата во минатото уништени се наеднаш мноштво на живи битија, преќинувајќи ги во нивниот еволутивно-ментален развој, каде после тоа незрелите души останале врзани за земјата. И тие сега се заглавени на еволуциската етапа, обидувајќи се да еволуираат и затоа пуштаат корени во најпогодните за тоа битија – луѓето. Енергетските паразити воглавном имаат полу-животинска свест, бар судејќи според манифестациите. Според информациите од Ведите: дошло до голем судир помеѓу цивилизацијата на Расите (Асите) со некоја демонска раса. Дошло до големо уништување и како резултат на масовниот напад на Земјата се случило пробој од нивниот свет, се отворил енергетски портал и ја пробиле заштитна мрежа изградена од силите на светлината – Расите. И тогаш се случила средба со демонската ментална, астрална и физичка цивилизација. Од истата прична, биле затворени порталите со другите земји, а со тоа била создадена изолација односно карантин. Според некој на нам непознати правила, на нашите куратори сега им е забрането јавно дефилување и сега сеуште трае подземната борба, едните за  – апокалипса, а другите – за духовна еволуција и кој на крајот треба да ја добие моќта на создавањето, и да се премине на следната фаза на еволуција.

Светлана Левашов во 29-то поглавје на својата книга “Откровение” кажува: “…Луѓето не сакаат прифатат дека “таму” – после смртта – има нешто друго. Бидејќи ако тоа го признаат, тоа значи дека за сите свои постапки мораат да одговараат. Но тоа е она што всушност никој и не го сака…..луѓето, како и децата, тие повеќе веруваат дека ако ги затворат очите и не видат, ништо лошо нема да им се случи. Или се ќе стават на силните рамена на својот Бог, кој сите нивни гревови ќе ги “откупи”, а потоа се ќе биде во ред….Но дали се во право?…

 

  • 2. Хиерархија на Енергетските Паразити

331e5f.jpg

Хиерархијата е многу слична на вистинскиот политички систем и како огледало се одразува во денешниот енергетски светски поредок.  Во светот денеска владее демократијата (демонкратија). Во тој демократски светски поредок се се гради на корупција, превара и ропство. Во енергетскиот свет е потполно исто. Сите односи се поставени така, како луѓето би се фиксирале на патење, болка, страв, ниска сексуална страст, разврат, смрт, темен окултизам. Ларвите за возврат се хранат со животинската сила на своите ноистели, емитуваат голем дел од земената енергија по вишата хиерархија во Егрегорот на религијата, медицината, политиката, државноста, науката, медиумите (филмската и музичката фела) и.т.н. низ хиерархијата на тие демонски светови, и на крај, до самиот врв. Зошто тие емитуваат? Тоа е принцип на корупција. Тој што е на врвот на хиераргихијата е господарот на ларвите и другите астрални паразити па се до вишите демонски кнезови и принцеви, и тој ги создава условите кој се неопходни за нивното создавање и понатомошен живот.

hehehe (1).jpg

 

Секој Егрегор се одржува во живот од енергијата на масата, масата на луѓето кои го бранат. Во таа смисла, сите видови на земски науки, финансиски и политички институции ширум светот, како и материјалните и техничките уреди за масовно собирање енергија, влијаат на умовите на луѓето на земјата. Тоа значи дека земјата едноставно е обколена со сите врсти на уреди на технолошко ниво, на нам достапни. Нивото на наука, за возврат, му овозможува на населението на планетата да се одржува на истото ниво на развој, без оглед колку тоа исто население верува дека само напредува.

2268661_original

Сите Егрегори и сите нивни пристапни складишта испраќаат (емитираат) енергија во тој свет, кој е оформен и се одржува со подршка на космичките паразити и нивните агенти слуги на Земјата кои се на врвот на овие цивилизации од демонски карактер и тип. Сите агенти-слуги се корумпирани, имаат мал процент од земеното, а најголемиот дел од животната енергија ја емитуваат некаде во самиот извор на тој свет, во највисоките демонски ешалони. Одтаму, за возврат, тие демонски божества ги подржуваат сите тие демонски светови, демонски идеи и структури, знаење, услови за раѓање, и се што е потребно за функционирање на демонската сорта. А планетарните агенти се слуги на големите духовни векикодостојници, големите банкари, политичари, т.е. сите оние кој имаат материјална добивка. А еретиците и енергетските агенти на високоразвиените демонски цивилизации исто така се бестелесни богови и ангели, кој по своите способности и структура се помалку достапни за интеракција, со оглед на разликата во димензионалноста.

 

7c4447453db3102e8ad0f1c3a921e829.jpg

Patala_Shesha

Патала Лока 7-миот подземен свет (дензитет)

И на крајот, исконот на пеколниот свет, творецот седржител, некој тоа мора да биде, а ние го нарекуваме – Инферно. Во принцип, како да го наречеме и како е можно да го представиме? Нема сонеж дека верскиот концепт стои всушност на таа линија на “боженственост”. Во тој ланец, создадена во човекот ларвата ја превзема неговата функција на умот и делува како мотивациона сила која придвижува и го мотивира на некоја акција. Библискиот бог (еврејскиот бог) Јахве-Јехова обележан е во рангот на агент на вонземската материјлна раса.

 

*Види за: Кој навистина бил старо-заветниот библиски бог – Јехова-Јахве? 

(Рубу Знаности, документарна емисија)

*Види за: Што е Славата на Јахве?

(Рубу Знаности,  документарна емисија)

 

За да се стекне повисок рејтинг потребно е борбено искуство, со својата злоба да се пали земјата и да се убиваат милиони души и да се принесуваат жртви кон енергетските астрални демонски структури. Можеби им недостасува емитуваната енергија и тогаш се спремни да организираат жетва во своја корист.

Тогаш се претпоставуа дека хиерархијата на светлиот пат на развој исто така е структурирана, но со промена на знакот минус во плус. Ларвите на душата конкурираат со силата на разумот. Ропството, болката, страдањето се заменети со љубов, слобода, кармичка разврска, среќа, светлина, мудрост, виша димензионалност итн. Светлите битија настојуваат да се инкарнираат во нашата димензија, за да спасат милиони луѓе и живиот свет, а на самиот почеток на нам ни е невозможно да го замислиме Творецот, на сите првобитни контролни структури во универзумот.

 

creatures.jpg

  • 3. За Суштината на планетарното ниво

Бидејќи начелно ја објаснивме структурата на вонпланетарните паразити, ќе речеме сега нешто за нашето секојдневие и планетарни паразити од астрлното ниво на планетата…

 

Душата на човекот (всушност, тоа е и самиот човек, во потполна смисла на зборот) се состои од комбинација на неколку суптилни тела, кој денеска се познати, како етерично, астрално и ментално тело. Душата, духот, суштината, “Вишето Јас” и другите необјасниви термини, обилно се распространети од страна на езотеричарите – тоа е самиот човек, кој периодично се инкарнира во физичко тело на Земјата.

17904199_1712392805453810_1252649188365389792_n.jpg

 

 

Во текот на следната инкарнација физичкото тело постанува дел од суштината, односно човек. После смртта на физичкото тело, суштината продолжува да живее на другите нивоа на реалности и светови без телесното физичко тело..

Нас долго време не држат во нивната монструозна лага! Така што сме збунети во своите перцепции, разбирања, патиме и страдаме поради неразбирање на она што ни се случува. Генерално живееме во шизофрено односно демонско општество. Каков софтифициран ум создале сите овие замки и лавиринти, да не можеме никако да поверуваме дека сме толку сериозно измамени и да дојдеме до вистинското себство?!

Ние упорно се трудиме мислејќи дека можеме да прескокнеме некои на прво место важни работи и на сила сакаме да владееме со себе, ситуациите или некој виши енергии, а претходно да не се посоветуваме со стручни лица или здраво-умна особа поради нашата лична гордост кој поминува од помислата – мене тоа не ми треба – можам јас самиот….Но тоа е практично најголемиот проблем бидејќи се во нашиот личен живот е врзано за чувствата и емоциите. Приказната за ларвите, астралните животни и паразити не ниту едноставно но не ниту сложена да се разбере. Лесно може да се разбере ако се исправи реалноста онаква каква што е навистина. Ќе говориме за тие светови кој се составен дел од нашата планета, но и за жителите на некој друг свет кој се служи со овој првиот и преку кој се управува човештвото….

Станува збор за домашните планетарни и оние другите – космичките паразити…Најпрвин ќе се обидеме да појасниме кој се и што се тие битија, како да го препознаеме нивното влијание и делување врз нас и на крајот како од нив да се заштитиме….Нема да се брзаме за да можеме да опфатиме што повеќе податоци…

Крај 1/7 дел…

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА….

 

 

 

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s