Поврзаноста на Бројот 666 и Буквата-Ж

 Бројот 666 (Шесто Шеесет и Шесет) за многумина исплашени луѓе кои се на многу ниско ниво на развој, го представува бројот на сатаната, односно “бројот на ѕверот”, како што е напишано во современата Библијата: “Тука е мудроста. Ако некој има увид, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи тоа е бројот на човекот; неговиот број е 666 “[Откровение, поглавје 13, стих 18]. 

20160415-koe-e-znachenjeto-na-brojot-666-m

Но, во Библијата, во древно-грчкиот јазик, и особено во апокрифите, кои се напишани на арамејски, се кажува дека тоа е «бројот на Животот». Грците го превеле “животот” како “животно”, а потоа животното го превеле како ѕвер.

Значи бројот 666 – тоа бројот на животот, и важно да се запази и овој дел од Библијата,  дека бројот 666 – «тоа e човечки број».

  • Магијските Квадрати на Сонцето

За да го разбереме ова подлабоко ќе се повикам најпрвин на древните планетарни Ведските Јантри. За европските средновековн Камеa –  традиционалините магијски квадрати, сигили, печати и хиерархијски имиња  (талисмаснки цифрични квадрати) главната заслуга им ја должиме на Абот Тритемиус, Пјетро д’Абано и Хајнрих Корнелиус Агрипа кој потекнуваат од многу поранешни и непознати извори. Тие воглавном се пре-печатани во книгата – The Magus чии автор е Барет усвоени во херметичкиот ред Златна Зора во минатиот век.

800px-Heinrich_Cornelius_Agrippa00.jpgХајнрих Корнелиус Агрипа фон Нетесхајм (14 септември 1486 – 18 септември 1535) бил германски магиски, окултен писател, теолог, астролог, и алхемичар.За време на неговиот скитачки живот низ Германија, Франција и Италија работел како теолог, физичар, вештак и војник. Позната изрека од него: „Ништо не може да се скрие од мудриот и чувствителен, а неверниот и недостојниот не можат да ги научат тајните.“ Или: „Сите нешта кои се слични и поврзани, привлечени се едно кон друго преку нивната сила.“ Ова е познато и како закон за резонанца.

agrippa_6.GIF

Сега ќе направиме нумеричка споредба помеѓу Ведската Сурја Јантра (Соларниот печат) и Средновековниот Магијски Квадрат на Сонцето.

sungpbg

Sun YantraСурја Јантра (Сончев Талисман)

magicsquaresunСредновековниот Магијски Квадрат на Сонцето

sun_kamea-791x1024.png

Иако навидум овие два система (источен и западен) делуваат различно и чудно, сепак доколку ја направиме калкулацијата се си доаѓа на своето место. Имено за западниот квадрат, горните слики ја даваат целата пресметка на редовити во хоризонтална, вертикална и дијагонална насока и збирот нивниизнесува 111 х 6 = 666, 6+6+6 = 18 =1+8=9.

surya-yantra-painting-in-the-office-by-sohel-mehboob

9ec1b69fc4c050126d27a8e410bfc4a0

Во Ведската Јантра ги имаме следниве калкулации:  (6+1+8) + (7+5+3) + (2+9+4) = 15 + 15 +15 = (1+5) , (1+5) , (1+5) = 666 = 9

fs110061818-art-factory-400x400-imae5q3hvrf79wxm

Untitled

Sun Yantra

soltalisman

Дилемата околу овој озлогласен број мислам дека ја завршивме и дека на многумина веќе им е јасно како црквата борејќи се со ведизмот (езотеријата, гнозата) го искривила ова значење и како намерно го одвела во сосема лажна насока. Како што покажавме од древните извори овој број е нумерички код за Сонцето, односно изворот на Ж-ивотот. Во старословенската Буквица од каде подоцна е произлезено и штелувано Црковно-Словенското писмо во својот состав ја содржи осмата по ред буква – Ж, која го носи името – ЖИВѢТЄ (Живеете, Живот). 

5801_10207249811177139_6683671408282155115_n.jpg


Од оваа буква се формираат и други зборови со слична представа и симболика како што се следниве примери: Жешко, Жиг, Жолто, Журка, Жар, Жарко (Јарило), Жустро, Жед, Живци, Жега, Желудник (елемент оган), Живо, Животно, Живко, Жижица,  итн ….

be1e80f10ba5108307c10a3a69797674.jpg

Цветот на ЖИВОТОТ

flower_of_life_cube_sml

15590654_10209515561659485_2213659235199529895_n.jpg

11755679_10205830563056823_5080034206898128133_n.jpg

11049563_10205830564416857_1723297745631587663_n11698672_10205824916315658_2466802246674661653_n

Руната Хагал 

Здивот е поврзан со зборот и ова ја симболизира Руната Хагал од Футаркот во Нордијскиот Алфабет. Ние го наоѓаме овој глиф на Руната Хагал (Ж) во многу религии и филозофии, дури и во центарот на Астечкиот Календар.

Помеѓу Астеките (Азтеките), Тонатиух (Tonatiuh) е името на Сонцето, што ја представува Коренската Раса. Тонатиух е во самиот центар на Астечкиот Календар. Двете шепи на краевите и хоризинталните линии кој се сечат формирајќи Х се всушност Руната Хагал однсоно Словенската буква – Ж.

aztec-seal.jpg

11751922_10205830554176601_2449456502349687806_n

Chi-Rho.png

Печатот на Исус Христ

Оние кои ја истражуваат езотеријата одамна им е познат фактот дека всушност Бого-човекот е Исус Христ што пак самиот е симболична презентација на Сонцето. Многу добро увиделе дека всушност станува збор за замена на Богот Аполон или Дажбог-Коледо кај Словените, односно дека тој е самото олицетворение на Сонцето. Во овој прилог јас не сакам да убедам дека немало некој што страдал и што бил убиен и распнат на крст од страна на Римјаните/Ромеите, меѓутоа откако е создадена новата религија од страна на феудалната сила на црквата, овој човек добил статус на задскриено древно божесто, изразено меѓуредови во завиен формат како Сонце и во црковниот свет. Соларен човек во превод значи човек што зрачи, човек што поседува мудрост, знаење и будност. Реализиран човек, совршен човек.

Од горните прикази постанува јасно дека оваа буква и те како е поврзана со Сефиротата – Тифарет од мистичнниот систем на старите Хебреи познат како Кабала. Иако се знаее дека коренот на овој систем е многу подревен и поархаичен, но сепак трагите за него исчезнуваат во длабочините на далечното минтато. Иако станува збор за два различни системи, сепак гледаме дека постои некаква поврзаност. Иако во хебрејскиот алфабет оваа буква не постои, таа не постои ниту во латинскиот, ниту во старо-грчкиот јазик. Оваа буква е типична за древното писмо на Словените, кое во некаква јалова форма преживеало и денеска. Од горните Магијски Квадрати и кај источниот и кај западниот видовме тесна поврзаност со бројот 666, каде при самото разложување на прост број го добивме неговиот специфичен број = 9, односно 6+6+6 = 18 =1+9 = 9. Како што знаеме од старите извори, старословенската азбука, имено Буквицата, исто така во своите букви содржи количество на информации во вид на образ. Секоја буква има име и значење, која пак е составена од повеќе други букви кој пак се составени и тие самите од други букви. Освен тоа, до ден денеска преживеала и нумеричката вредност за овие букви, иако денеска тоа во школите основни, средни и факултетски не го учиме и не му обрнуваме внимание. Ајде сега да се потрудиме, да се продлабочиме и да видиме дали оваа буква – Ж, сепак има некаква поврзаност со бројот 666. За да се одговори на ова прашање најпрвин мораме да го разложиме образот на оваа буква Ж – ЖИВѢТЄ (Живеете) и да го провереме нејзиниот нумерички збир.

0d372c05fc69a55915d8994fef215e10

10407737_10204494637299514_1612577100319850497_n (1)-Recovered.jpg

 

Најпрвин како што гледаме од приказот, оваа буква е една од ретките која што нема сопствена нумеричка вредност.

Но, затоа ќе се потрудиме систематски да го разложиме образот и да видиме потаму дали ќе најдеме на некакви траги што ќе ја дополнат смислата.

Толкување на смислaта:

*Животот (I + Х) = Хармоничен Поредок на сите живи суштества во Вселената

*Живеењето – е примање на информациона храна од Божјиот Извор во телото на живите битија.

* Живеењето – е извор на Веданието (Мудроста, Науката, Знаењето) на Небесниот Отец,

*Животот – е хранител на главните клетки, органи, хранејќи ги од надворешните извори со сите видови на енергија, хранејќи ги обвивките на густото тело, Душата и Духот. 

Presentation1.jpg

Откако го разложивме образот на буквата Ж (Живеете,Живот) ние го добивме нумеричкиот збир 315, каде потаму го разложивме до простиот број што изнезува исто така 9. Дали ова е случајност или не, ќе оставам сами да си одлучите. Но како што видовме буквата Ж ,нејзиниот образ (ЖИВѢТЄ), заедно со неговиот нумерички збир, се поклопува со нумеричкиот збир од ведската Сурија Јантра, како и со Магичниот Квадрат на Сонцето, кој што исто така изнесува – 9.

Како што гледаме се повеќе и повеќе сме убедени дека некој Животот, Живодарителот-Сонцето  го замениле со Животно (Ѕвер). Сонцето со својата енергија и животна сила ги храни сите живи битија. Сонцето исто така е симбол за Бого-Човекот. Гледаме каква хипнотична манипулација направила црквата и онаа темна сила кој успеала на разни начини со најподли  пропаганди, како религијски така и медиумски (преку разните хорор филмови) итн, да го осквернават светото значение на овој свет број.

И конечно 666 (9) тоа е бројот на Човекот, каде ќе повторам, тоа е совршен човек, човек во потполна хармонија и баланс, тоа е човек што ги избалансирал во себе машката и женската енергија.

11781595_10205824590347509_5123788950405846826_n

Буквата – Ж пиктографски е спој помеѓу двете Руни (Ман+Ур) односно = Ж, Хагал кој е идентичен со буквата на Словените – Ж и тоа е оној човек што го означува спојот и балансот помеѓу Машката и Женската енергија односно маЖената.

СЛАВА!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s