Српски народни песни за Ведска Индија (ДЕЛ IV)

Tука повторно ќе ја споменеме истата песна од третиот дел, со цел да имаме подобра прегледност, и секако да го дополниме објаснувањето и толкувањето на нејзината значајна содржина. Важно е да бидат прочитани претходните објави за сликата да биде почиста и појасна, во спротивно овој текст нема да има никаква вредност и тежина.

KA1_002.jpg

ДЕВОЈКА СА РЕКЕ ЧУЈ

Чујеш, чујеш, чујеш Мајко!

Там за реком Чујем. Мајко!

На србској крајини, Мајко!

Коњи заведени. Мајко!

За град заведени. Мајко!

За цмиљ повезани Мајко!

За цмиљ и босиље, Мајко!

Глађу изглађени Мајко!

Жеђцом изжаждани Мајко!

Јездом уморени, Мајко!

Бојем избијени Мајко!

Копљам избодени Мајко!

Стрел`ма изтрељани Мајко!

Мач`ма изсечени Мајко!

Хоћу л` хоћу л` ићи? Мајко!

Да коње одрешим, Мајко!

Да зобцом назобим Мајко!

 Да вадом одморим Мајко!

Да водом напојим Мајко!

Ладном водом Мајко!

Бистром реком Чујем, Мајко!

Чујем на крајини Мајко!

На србској погибији Мајко!

Да видом извидам Мајко!

Да ране залечим Мајко!

Да војне разбудим Мајко!

Наше мртве војне Мајко!

Момке нежењене Мајко!

Злато нековато Мајко!

Алем неправљени Мајко!

” Ал` говори мајка,

Својој милој ћерки.

Својој ћерки драгој,

Са Јак цара реке:

”Иди, иди, иди Ћерко!

Те коње одреши Ћерко!

Те зобцом назоби Ћерко!

Те вадом одмори Ћерко!

Те Чујем напоји Ћерко!

Ладним Чујем реком Ћерко!

Те ране извидај Ћерко!

Видом лековитим Ћерко!

Те војне разбуди Ћерко!

Наше војне тужне Ћерко!

Нашу децу јадну Ћерко!

Наше браниоце Ћерко!

И нашег господства Ћерко!

Госпоштине Ћерко!

Наше царевине Ћерко!

Нашу дику красну Ћерко!

Наше војне младе Ћерко!

Момке нежењене Ћерко!

У мртвоме санку Ћерко!

Разбуди јих драга, Ћерко!

У град уведи јих Ћерко!

У град Ниш наш славни Ћерко!

На тој реци Чују Ћерко!

Славни старо-славни Ћерко!

*Песната е од Мачва. Милојевиќ под песната запишал: ”Оваа песна се пее во Мачва кога момчињата влегуваат во колото”. 

Untitled.jpgКарта 1: Река Чу(ј) у средna Азијa

fbf4382fe910cf093de132b2121239c2.jpg

vrindavan-sadhus-2.jpg

Повеќе пати сме споменале Србите и Словените телата на своите светли предтци ги погребувале во куќата, како би ја задржале својата близина со душата на родот – чуварите на огништето, потомството, од црните и злобни невидливи и видливи сили. Исто така настојувале да ги решат телата на непожелните сродници, бесните арамии, завидливите и осветољубивите, кукавиците и лесно поткупливите, па ги спуштале во чамци низ реките – водата да ги однесе во земјата на смртта т.е. во Морија. Оваа прастара песна вдахната со религијата на претците всушност ни говори за уште еден стар српски обред – после војната потребно било да се соберат и да ги повикаат душите на паднатите јунаци да дојдат во својот град, помеѓу своите, и со живите да се чуваат и бранат од загрозеното наследство. Од нив се барала помош во посебните тешки времиња – се привикувале во лутите војни, во тешките страданија, кога силата е мала а непријателот премоќен. Србите се до скоро во борбите со непријателот ги повикувале претците: ”Кога силата е мала на Црногорците ” – кажува Медаковиќ (Животот и обичаите на Црногорците) – тогаш се борат позади заседата, и ги молат и мртвите, кој умреле пред дваесет години”…..

Кога ќе се помешаат со Турците, – кажува Љ.Н. Ненадовиќ – ги повикувале имињата и оние јунаци што во старите времиња сечеле Турци….За тоа не само што се зборува туку во тешките моменти и денеска се прават обиди да се повикаат претците и да молат за нивна помош. Еден случај на повикување на помош, молење на мртвите јунаци, дознав дека се случил во бугарската војна 1913 година, на положбата на Црн Врв, Кратово.

У ”Горском вијенцу” Радун, утврден во кулата и опкружен со Турци, пукајќи ги привикувал и живите и мртвите српски јунаци: ”А тој погодувал со пушата, не престанувал;/ запеал тенко, гласно, ги моли и живите и мртвите – / гледа страшна ура пред очите!” Во нашата песна која што ја обработуваме обреднниот пејач ги нарекува српските бранители со најумилни имиња – ”Нашите јадни деца, Нашите бранители, Нашето господство, Господството на нашата царевинa, Нашата убава слава, Нашите војници млади, Нашите мртви војници, Момчињата неженети, Златото нековано, Алемот не направен”. Остави ги коските, а потоа и душите на погинатите под поробувачите, душманите, е преголем грев.

Србите во пред-последната војна (1991-1995) ги ископувале коските на своите најмили и ги носеле на српската земја. За ова генерал Младич како очевидец говорел: Никокаш, ниту во една војна, ниту еден народ не ги вадел вековните или свежите посмртни остатоци на своите погинати и умрени, за да ги пренесе на друг простор. Замислете каква е таа ситуација кога ќе ја сретнете премрзнатата мајка кога ги носи коските на својот син, ги носи на грбот да ги закопа на српската земја….Во овој живот не сум видел толку страшни и потресни моменти, да се вадат и да се носат посмртните останки. Гробовите стари по сто, двеста години српскиот народ од Сараево ги пренесувал на друга територија. 

У ”Косовско-метохијском зборнику” (Белград, 1990, с. 94) пишува, дека Србите иселувајќи се пред Шиптарите ”ги носеле со себе и посмртните остатоци на своите драги и ги закопувале на нови места по Србија”. Чест случај бил за стариот одселен Србин, на уморот, да ги заколне децата за коските да му ги погребаат во дедовината – за душата да може да се навраќа на најмилите места, да биде со претците и со роднините во старитот крај.

نحت-الاشجار-17.jpg

 

Посебно во дамнешните времиња кога настанала оваа песна религијскиот закон и моралниот предвид, а особено тврдото верување во поврзаноста на душата со коските, не можело да дозволи телата на бранителити да останат надвор од заедницата. Тие морале да бидат однесени, ако било некако можно, во близината помеѓу живите. Мистериозно е спомнувањето на Ниш: из ”мртвог санка/ Разбуди их драга/ У град уведи јих/ У град Ниш наш славни”. По иселувањето од Индија морале да се доведат во новиот крај (или старо-новиот?) на Балканот, и душите на загинатите воини од страшниот Чуј, да ја чуваат српската ново-стара земја и да им помагаат на ”живите воини”. Тоа било едно од толкувањата. Меѓутоа, картата на Индија, а посебно нејзиниот северо-западен дел, бележи поприлично голем број на топоними и хидроними со основата Ниш. За планинскиот венец Нишадес, Милоевиќ го наведува пишувањето на О.М. Морошкин: ”Нишадес или прекрасниот и непристапниот стан на боговите, како и илјадаокиот Индра….каде потаму било место каде живееле Србите или Сербите како елитно племе на Расите (Белата Раса), (види: Ритер, Земљевид, I, с. 19-29). Така што на самите Хималајски и Нишадски планини, по системите нивни, од една страна и од друга, па се до Хиндушанските планини и народи, каде некогаш првобитно живеел српскиот народ и маса, која се ширела под имињата како Сјамскрити или Словени. Хиндушанските планини околу кои живееле, ги делеле од Хиндушаните во денешните Бухарски и други пустини во средна Азија, во кои живееле црните (негроидно-монголски) народи. ”

Mилојевиќ исто така испишува многу србофонски имиња на подрачјето на Авганистан и Курдистан: пустелијата Ниша и реката Нишабур и урнатиот стар град Ниша, како и реката Ниша (с. 59). Во  India proprie dicita на реката Ковен се наоѓа градот Ниш  (с. 43). Посебно на Тибет има многу топоними: Ниш, област Ниш, град Ниш, река Ниша и Ибер и Ибар (види: Ибарска река во Србија и Црнагора) но и реките Чуо и Чуј, градот Чује и повторно реката Чуј.

На истото место на подрачјето на англиската карта се бележи реката Јака и Јарун (с. 80-81). Во Приморската Индија – India maritima, односно Pandinis regis се наоѓа градот Нишава  (с. 43-44), а во Персија се наоѓа градот Ниш и областа Нишабург и Тамиш (с. 58-59). Реља Новаковиќ во книгата ”Непознати Црњански’ дава карта на Авганистан и Белучистан, каде подрачјето помеѓу реките и Инд и реката Кабул, се неоѓаат многу славјански и србофонски имиња кои се наоѓаат и на Балканот. Кај реката Кабул е Nish, тука е и Bela, Kutschai, Barah, Murga, Bubak…Во Мала Азија исто така имаме град Ниш и Нишара па уште еден Ниш, а во Ликеја повторно Ниш (с. 115).30

Шафарик во книгата “За Потеклото на Словените според Лоренцо Суровјецки” на с. 115, наведува многу имиња со основа нис и ниш.

blueEyedSikh.jpg

На прво место го става Ниш и Нишава во Србија, потоа Ниса, Низа реката во Чешка, па Нис, Ниса, Ниша, Ниешава во Русија, Полска и Словачка, заклучувајќи дека ниша на санскрит е име за ливада. Со ова е јасно зошто во денешниот српски јазик не се разрешува етимологијата на името Ниш. Имињата се деносени на Балканот во многуте дамнешни времиња каде што иш можел да ”постане непродуктивен прасловенски суфикс”.

Да го погледнеме уште еднашка завршетокот на песната што ја обработуваме:  ”Разбуди јих драга/ У град уведи јих/ У град Ниш наш славни/ На тој реци Чују/ Славни старо-славни.” 

Претпоследниот стих ја одредува положбата на Ниш: ”У град Ниш наш славни/ На тој реци Чују…” Немаме пронајдено ниту еден документ, никаква карта во која е запишан хидроним Чуј, или барем било какво слично име на просторите на јужна Европа. Да се подсетиме на почетекот на песната дека Чуј ”на србској крајини”, и дека секоја граница, разбирливо, се населувала и обезбедувала и на нејзе се подигале градови, ни кажуваат нам примерите на српските воени краини под Австроунгарија.

Потаму, Ниш за кој ни говори песната не е европски, балкански, туку изворно – индијски. И сосема е разбирливо дека во новото населување, во ново-старата татковина, некој град го носи името на опеаниот и славен и старославен Ниш од далечната индијски (виндска) река Чуј. Да ја споредиме песната ”Девојка са реке Чуј” со познатата српска народна песна ”Косовка дјевојка”. Огромниот временски распон помеѓу овие две песни, можеби 2500 години, можно е само да се бараат исходните допирни места. И едната и другата песна имаат иста содржина, приказ: тешко загубена битка и впечатливо осликано разбоиште после бојната – потрупано со избодени и исечени јунаци и многу мртви коњи –  ”бојем избијени/ Копљам избодени/ Стрелма истрељани/ Мач’ма исечени” , ”онде ј’ пала крвца од јунака/ та доброме ко- њу до стремена, до стремена и до узенђије…” (”Косовка дјевојка”). 

Обете битки се пресудни: изгубувајќи ја битката крај реката Чуј, Србите започнале значајно да ја напуштаат Индија – ”Боје своје погубили/ Земље србске оставили/ И Инђију и Дунава.’ Во Косовската битка со Турците сите српски земји постанале достапни и отворни, а тоа водело кон повеќевековно ропство и несогледливи последици. Необичната девојка од реката Чуј заминува на боиштето како и Косовската девојка. Косовската девојка ”преврће по крви јунаке; ког јунака у животу нађе, умива га лађа- ном водицом”, а девојката од реката Чуј ”водом одмара, те Чујем напаја, ладним Чујем реком, војне разбуђује, наше војне тужне, наше браниоце”.

JUGOVIĆI.jpg

Народниот пејач и дал на Косовската девојка невообичаена можност: ‘‘ког јунака у животу нађе, причешћује вином црвенијем и залаже хљебом бијелијем”.

Kosovo_Maiden,_Uroš_Predić,_1919.jpg

Во неговото спомнување на старата вера и христијанството му се чинело можно дека недолжната девојка го причестува и така го озравува, или ја отвара рајската врата за јуначките чесни души, баш како што и некогаш и девојката од реката Чуј, или белата вила како што ја нарекол Нодило, купила са разбојишта ”наше мртве војне, наше браниоце, злато нековато, алем неправљени”.

Девојката од реката Чуј чини уште повеќе чуда: таа може, ”да видом извида, да ране залечи, да војне разбуди, наше мртве војне из мртвога санка, у град уведе”. Нодило, анализирајќи ги народните песни, барајќи ги во нив остатоците од старите верувања, кажува за опевањето на вилите: “На крваво јуначко разбојиште слете се виле. Причају многи, како их је видити, и послије битке, на јадовноме бојном пољу… Не врзу се ви- ле од љутине и објести око јуначких љешина, већ их води милостива битка за сахра- њивање њихово…  Облијећу виле људе, те их опомињу какво је то тешко безакоње не дати мртвацима укопа”.

При крајот на поглавјата за вилите Нодило, сметајќи на Косовската девојка како на вила, споредува: “Гледаме дека во нордијските Eddi (Веди) Валкиријата се нарекува и како Валмеја (valmeya) , бојна девојка. Потаму, според нејзе не ги слушаме вилинските имиња, ќе искочи дека бојната вила е таа Косовска девојка, бидејќи изразот Косовска девојка има едно те исто значење со ‘valmeya’.”

За ”val-meyar” девојките, или бојните девојки како што преведува Нодило, на с. 497  пишува: ”Тоа се непорочни девојки во служба со Один (Видан, Водан, Вотан), па потоа Один ги праќа во секоја битка, да ги земат паднатите воини, и ги охрабруваат душите на јунаците. Бојните девојки ќе ги земат покојните јунаци, и ги носат во Валхала, во Одиновите високи дворци. ”Во истото поглавје споредувајќи ја српската и грчката вила со ведската апсара. Нодило истакнува: ”Мерејќи ја вилата хеленска и српска со ведската апсара, ние можеме уште подобро да ја процениме целата изворност на балканскиот мит за вилите. Грчките вили без сомнеж се српските и хрватските вили во суштина. Тие ги носат на себе сите главни обележја на словенските вили.  “У погледу вила, код Грка наступа мијена са замашним развитком, дочим ми ето остадосмо вјерни чувари давне традиције аријске”.

Да наведеме уште некои делови од сватовската песма, во која Јовановата мајка за својот тешко ранент син единец бара лек:

Мајка тражи по свету видаре,

Да излече болеснога Јова,

Ал’ видара у свем свету

нема до једине виле Самовиле…

Погодише тешку видарину,

Видарину за Јована болна…

Тако главе видарину тешку,

Тако главе тако углавише,

Вила Јови ране извидала…

(пј. 344 „Сватовске“ 36)

the-valkyries-chooser-of-the-slain-emil-doepler-norse-mythology-nordisk-mytologi.jpg

Лечењето на тешките рани најдобро може вилата – како што тоа го чинела врз јунаците кај реката Чуј, и единецот Јован, така народниот пејач упатува и на Косово исто да им помага на српските јунаци.  Според едно косовско предавање името на Косовската девојка била Санвила. Тоа е вилинско име каде би можело според логиката на српскиот именослов да се толкува: Сан-вила, Вилата од Сон, Вилата кој ќе го бутне во сон ранетиот воин и започнува да го лечи и исцелува. Велибир Лазаревич во својата обемна студија “Српски именослов” запишал: “Има и имиња кои ретко се појавуваат и за кој многу малку се знае”.

vasilev-valkiriya.jpg

Така според предавањето од Косово, косовската девојка носела име Санвила. Според нејзе е дадено името на Санвили Поповић (1954) архитектата од Београд, по род од Приштина. 

Србите се инаку, како до сега што се мислело, сочувале покрај Санвила уште шест вилински имиња: Андесила, Анѓелија, Загоркиња, Јерисавља, Равијојла и Приморкиња. Меѓутоа, во „Сватовските“ песни наоѓаме уште четири имиња: Силничица (345),, вила Живанија (346), Самовила (344, 346 и 348), Страовила („Страовила од Стара планина“, песна. 261) и едно машко вилинско име Самовил („Самовил од  Шар планина“, песни. 261 и 346). Српскиот голем етнолог Веселин Чајкановиќ сметал дека преданијата и приказните за вилите спаѓаат во најдлабоката балканска старина. Тој исто така запишал дека по старото српско верување “бор и јела уопште често стан и елеменат вилин” се исто така имиња како Борика, Боринка, Јелка, Јелинка….кој се прастари и вилински.

После исчистувањато на обете песни и нивните споредувања, конечно се потврдува старата претпоставка каде уште Нодило изрекол претходно повеќе од еден век, дека постоело старо верување, што се одржувало се до скоро, каде после војната доаѓала белата вила да ги собере душите на изгинатите Срби и ги ведела нив, пред се како бранители, во градовите на српската краина, границите итн. Ваквото разбирање согласно со религијата на претците и подразбирањата на поголема сила на душите од моќта на живите јунаци и нивните мачеви. Така и Косовската девојка, иако добро прилагодена на новото време и со христијански светоглед, сепак била остаток од старата вера. Споредувањето на народната песна ”Косовка девојка” и обредната ”Девојка од реката Чуј” ни се наметна веднаш по при првото читање. Веруваме дека многу читатели на ”Девојка од реката Чуј” се јавува помислата на Косовската девојка: истата тематика – пеењето на местото на настантот после големата битка, спомнувањето на истите главни личности – девојката која ги заздравува преживеаните јунаци, истата работа со судбоносните последици од големата војна и тешкиот пораз, стварните настани во истиот српски народ, но во различни времиња и на различни места раздвоени на оргомна далечина…

Дека секогаш не било зло во Индија, дека се живеело во мир и дека и таму има коледари, лиличари и дождоли што ги обиколувале српските домови и полиња, каде народот палел оган на полињата и го прескокнувал за поголема плодност и здравје, дека Србите во Индија ги метеле бадњаците на огништата, пеејќи весели песни повикувајќи го Јарило и Давор, сето ова ни го соопштува песната ‘Низ Смиљево по Инђији””Дунав девојка во та Инђија” и песната ‘Те Инђије свете” А потоа настапуваат воените времиња.  Србите подигнуваат војски, ги брошираат косите и брадите, облекуваат црвени халини и долами, ставаат на глава рујевити калпаци и црвени капи. Црвената боја е бојата на крвта и знаменитост на Јарило – богот на војната и војувањето. Во следниот текст ќе обратиме повеќе внимание на следната песна – ОЈ ЈАРИЛО ПРЕСТРАШНИ РАТИЛО‘.

1d4eb40e509643e4aa68e5cc381791d4.jpg

TЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА…..

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s