Српски народни песни за Ведска Индија (ДЕЛ V)

 

ОЈ ЈАРИЛО ПРЕСТРАШНИ РАТИЛО

Лази, лази Лазаре!
Наш силени Јарило!
Ој Јарило божило!
Наш престрашни рабрило!
Војска ти се готови:
У Грмове лугове.
У Грмове лугове,
У Драшкове ограње.
Силна војска велика:
Обучена црвено.
Обучена црвено,
Светлу боју Јарила.
Опосана зелено,
Тврдом ветком дубовом.
Тврдом граном и светом,
Да побједи душмана.
Огрнуто плаветно,
Да му буде стасито.
Тврдо јако стасито,
Свето красно и стално.
Прегрнуто пребело,
Да му буде невино.
Лази, лази Лазаре!
Наш ти мили Божоле!
Лази Божо Јарило!
Расти душо рабрена!
Тебе чека Крајина:
У далеке крајеве,
На те веље бродове
И путове дугачке.
Преко мора дебелих.
Преко брда великих
Кршовитих и стрмни;
Преко река долина.
Лази, лази Лазаре!
Наш ти мили Божоле!
Наш Божоле Јарило!
Наше красно ратило
Твоја војска готова:
Обучена црвено,
Опасана зелено,
Огрнута плаветно
Прегрнута пребело.
Самур калпак на оке
Бело перо на еро.
Војска боја ти бије:
У велика Хиндуша.
У пустога Глобоша.
Бојак бије и бије:
Са тим љутим Татаром,
Са тим црним Глобиром,
Са поганим Манџуром,
И поганим Алеман,
И са црним Гогама,
Оним црним Гатама.

boris-olshansky-the-tale-of-the-red-palace-2003-e1272153122722.jpg

 

Анализа на песната: 

Оваа песна во дестина стихови верно ги предочува воените припреми на древните Срби за војувањето со старите непријатели во Индија. Ова е стара обредна песна, војничка, со која магијски (религијски) се привикува богот на војната Јарило (Марс) да им помогне на Србите во крвавите војни со нивните непомирливи душмани далеку во Индија. Ова не е единствена песма од овој вид. Поприличен број наоѓаме помеѓу ”лазариците”, како што помеѓу останатите е и оваа. Некогаш се пееле во обредите пред војната: кога некоја сила ќе завојувала со Србите, се привикувал црвениот, рујниот Јарило да му помогне на српското оружје во победата, како што “даждолите” (додолите) се привикувале за време на сушите за да Перун со своите громови и остри молњи ги пресече – ”Те облаке пуне дажда”, ”Да удари росна киша,/ Росна киша плодна дажда”. 

Оваа песна учителот, во Великом Очју – Призренската нахија, Михаил Џорџевиќ ја препишал од попадијата Плане.

tumblr_l0iknmIzyx1qbz35lo3_1280-e1445607450755-800x445.jpg

Ќе видиме во наредниот дел од текстов дека речиси во секоја ”лазарица”, Лазар  ”ратило”; тоа не е христијанскиот св. Лазар, туку јунак – ”рабрило” кој предводи ”силна војска облечена во црвено” – во јарка боја Јарилова, и дека заедно со Јарун ќе ја одбранат ‘‘Србската земја – светлата Рашка” и ќе ги поразат Хиндушаните, црните Гоги и Гати и ќe ги победат ”поганите Манџури (Kинезите, монголодината раса во Индија)” и ”црните Глобири”.

Види за: Манџурија

sventovit

 

Предходно споменавме дека Србите, спремајќи се за војна, ги фарбале во црвено косите и брадите и се облекувале во црвено. Да се подвргнеме на оваа претпоставка со подетално разгледување и можностите за нејзината издржливост. Да обрнеме внимание на стиховите:

”Силна војска велика:
Обучена црвено.
Обучена црвено,
Светлу боју Јарила…”
”…Наш божоле Јарило!
Наше красно ратило
Твоја војска готова:
Обучена црвено…”

36.jpg

Стиховите јасно кажуваат дека црвената боја е знаменитост на богот на војната Јарило (Марс) и дека тоа е главната причина што војската била облечена во црвено.   Припев – ”светла боја Јарила” не е во стихот употребена во описно значење нијансата на бојата. ”Светлата боја” е всушност  ”светата боја на
Јарило”. Поимот ”светло” е постар од поимот ”свето” и ќе видиме подоцна, кога ќе говориме за старата вера на Србите и Словените, дека со имињита на старите божоли никојпат не се наоѓа додатокот – ”свети”, тој секогаш ги прати само христијанските светители. Кога се говори за старата вера на претците поисправно е но и во духот на она време, зборовите ”свијетли преци” – со тоа сме им дале одредница со која некогаш, во старата вера, единствено и припаѓала. Под ”Свети претци” веќе се подразбираат христијанските времиња и нашите претци светители во христијанската религија. Со ваквото гледиште сакаме да укажаме дека обредниот пејач посебно истакнува, сепак да се изразиме со денешниот на нам разбирлив поим – светоста на црвената боја, нејзината особена важност, па затоа и  ”Силната војска велика облечена во црвено” во светата боја на Јарило. Обредниот пејач ни дава до знаење дека очигледниот предуслов за привикување на богот Јарило е облекувањето на војската во неговата црвена боjа.

 

Истото ова ни го кажува уште една обредна песма:

 

”…Имаш дете малено
Обуци га црвено…
Па га нама изведи
Пред Јарила храбреног
Да му даде Јарило:
Веље снаге и силе
Да му даде Ђуриме
Бојна коња дората …”

Песната исто така ја пееле лазарките, и тоа пред куќите каде биле машките деца….

Обредната песна – ”Ој Јарило престрашни ратило ја опева војаната на Србите на Истокот, каде , како што ни наведува Чајкановиќ, ”уште од многу старите времиња, и во прасловенската заедница, употребуван е броџот (Брош –Rubia) за правењето на црвената боја”. Потаму, Србите со броџот ги боеле не само халините туку и рацето пред да ги бањаат мртовците, а обавезно и после погребот. Дланките особено, како што кажува Чајкановиќ, приемчиви се за нечистите души и со голи раци не смеело да собере ниту трошка од столот, каде за време на секој обред, преполн со души – привикани и непривикани, и повторно кон секој мртовец, Србите, како што сметаат етнолозите, биле крајно внимателни и претпазливи. Дури и случајното ”привикување ” вампирите или вукодлаците можеле да го елиминираат, поништат, споменувањето на броџот или глоговиот трн. Спомнувањето на глогот, познатото анти-демонско дрво, во заедница со броџот (со глогов колец се убива повампирениот мртовец а со глоговиот трн пеперутката-вештерка, или се забодува сомнителниот мртовец) – доволно говори за српското уверение дека броџот е силен апотропајон, заштитник од влијанието на превртливите црни сили. На наша претпоставка е дека старте Срби пред војувањето ги фарбале брадите и косите, упатува и надимакот Броџо, кој бил даван на детето, односно на човекот со црвена коса. Ретко е природното наследство да некој имал црвена коса, и така се раѓал асоцијативниот надимак Броџо или Броџко подсетувајќи така на човекот кој ја броџел косата во црвена боја. Секако, тоа некогаш не бил моден тренд туку обредна потреба, која проистекла од сосема одредена обредна причина. Војувањето и војната се најопасни и најнеизвесни човечки активности, каде таму се се користело: од ”пробојни светли оружја” па до духовни манипулации, од повикување на душите на големите јунаци, па привикување на богот на војната Јарило и неговиот другар страшниот божол на ужасот – Давор. Секоја спротиставена страна има своја магија и духовна сила која се насочува против оние другите. Има ли во таквото верување нешто природно, покрај користењето на физичките заштити: дрвениот штит, кожниот оклоп, кацигите, обезбедувањето на заштитувањето со духовните привикувања или некаква амајлија, молитва, а посебно на видлив и лесно достапен начин – црвената боја.

 

Црвената боја која ги елиминира демонските влијанија и посебно што е богоугодна на страшниот бор Јарило. Томо Маретич, познатиот хрватски “јазикословац” во својата позната книга  ”Славени у
давнини” на стр. 4 (издание 1894), наведува пишувања од германски и руски историчари за српските имиња, каде тие ги изведуваат од црвената боја:

”Помеѓу Србите од памтивека живеело едно големо племе, кое се нарекували Рашчани или Раси. Тоа име го добиле уште во своето пра-живеење во Индија, а по името на реката Рашка, што означува црвена-рујна боја, (тоа најдобро се гледа во српската народна носија). Исконските Рашчани се Црвени Срби, кој биле во Русија (Раша) се до V век. Во добата на Херодотот тие Срби живееле во Мала Азија и на Балканот, во Тракија.”

1280px-European_and_Asiatic_Sarmatia_1794

Tabula_Asiae_II_-_Sarmatia_Asiatica

Map_of_Colchis,_Iberia,_Albania,_and_the_neighbouring_countries_ca_1770

Мачкањето со војничките бои, како што е познато, се задржало се до скоро време помеѓу Индијанците на обете Америки, како и помеѓу многуте афрички племиња што носат сеуште сеќавање на стариот светски поредок. Во далечното минато ваквата воена припрема можела да биде присутна и кај евро-азијските народи.
Црвената боја кај Србите, низ целото време за кое се знае, е најдрага и најприсутна боја – како во радоста така и во жалоста, најмила боја каде и на носиите увреливо била најчеста. За неприкосновеноста на црвената боја кај српскиот народ, а посебно во погребните обреди, причините мораме да ги бараме во најдлабокото минато, многу подалеку од српско-индијските времиња.
Символичкиот лепенски јазик, просторниот план на лепенското село и црвените подови на лепенските куќи со необична основа го кријат коренот на оваа невобичаено често застапена црвена боја. Во следните текстови ќе продреме за особеностите на старата вера, а понешто ќе кажеме и за страшниот божол на војната – Јарило.

jarilo-spring-god

Да се осврнеме сега на етнонимите во оваа значајна војничка песна – ”Ој Јарило престрашни ратило”:

За црните Глобити веќе рековме дека тоа се номади од една од многуте пустини на северот и северозападот од Индија. Меѓутоа, какво објаснување да дадеме за црните Гоги и црните Гати. Во Стариот Завет се говори за Гог – кнезот на народот Магог, кој ја нападнал од север израелската земја. Во текстовите за Сибирскиот поход на Александар Македонски, имавме приложело подетален опис за Гогите и Магогите во поглед на топономијата и борбите нивни со Александар.

Види за: СИБИРСКИОТ ПОХОД НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ПРВ ДЕЛ)

Ако ја погледнеме картата на Индија, ќе видиме два планински венцa, ”главните планини на полуострвот на Индија” (”Енциклопедија…”, кн. 1, с. 285), како се пружаат со обете троаголни страни на овој потконтинент: должината на плиткото Малабарско приморијe – Западните Гати, а над Короманделското приморје – Источните Гати. Црните Дравидски народи Гати (Цигани) го добиле ова име по планинскиот венец, како и Динарците по планинскиот систем на Динаридите, или Хиндушаните по венецот Хиндукуш, како и црните Глобири, каде нам самиот народен пејач не обавестува како од географските поими настанува народоносното име – ”Не боји се… Ни големе те пустаре/ А проклете Глобе црне/… ни пустога Глобоша…”  – Песната Сива Жива од претходните делови од текстов.

123india

Црниот народ Гати и планинскиот венец Гати спаѓаат со останатите топоними, хидроними и етноними во цврсти потпирачи кои тврдат дека една гранка од балканските Срби биле во Индија. Тоа веќе е неспорно. Да дадеме еден краток преглед за зачестеното јавувањето на индијско-азијската топонимија и етномија во обредните песни: Инџија (во „Обредните“:  103, 107, 104, 105, 188, 199,
202, 212, 247 и во „Сватовските песни“ 98 и 215 + споменувањето во шесет песни кои не се во збирките на “Обредниитр” и „Сватовските“ песни – вкупно 17 песни); Хиндуш (107), Хиндушан(107), Хиндбан (103), Манџурија (107, 249), Тартарија (107, 103, 249), ријека Чуј (102, 104, 266), пустара Глоба (107, 249), Коба пустош (98 „Сватовске“), Глобири или Хобини (148, 202), Хиндушани или Киндушани (104, 107, 148, 202, 249), Манџури (102, 148, 199, 202), Манџурка (98 „Сватовске“), Тартари (102, 104, 148, 199, 202).

види за:

АРИЈСКИОТ ПОХОД ВО ДРАВИДИЈА (ИНДИЈА) – ДЕЛ I

АРИЈСКИОТ ПОХОД ВО ДРАВИДИЈА (ИНДИЈА) – ДЕЛ II

АРИЈСКИОТ ПОХОД ВО ДРАВИДИЈА (ИНДИЈА) – ДЕЛ III

АРИЈСКИОТ ПОХОД ВО ДРАВИДИЈА (ИНДИЈА) – ДЕЛ IV

АРИЈСКИОТ ПОХОД ВО ДРАВИДИЈА (ИНДИЈА) – ДЕЛ V

Песните се означи со бројки поради подобра прегледност. Некои од нив веќе ги приложиме во претходните делови а останатите ќе ги приложиме во наредните делови.

bayon-entrance.jpg

swastika-e1382819130788.jpg

Веќе истакнавме дека пособно е значаен ”неподвижниот” топономастикон. Народите, посебно за време на траењето на големите суши и гладта, се многу подвижни и не е изненадување да се појават од еден крај на континентот на друг, како што  останатитр, и доаѓале од средна Азија на Балканот, но азијските топоними и хидроними во Европа се многу ретка појава. Никаде и никогаш не е забележано дека некои области на стариот континент се нарекувале: Инџија, Манџурија, Тартарија, Хиндуш, а посебно никаде нема големи пустини со името Глоба, Глобиријата или Хоба. Па и реката Чу или Чуј – е име особено за татарско-манџурските пространства. Во ова поглавје нема да се задржуваме на разрешувањето на старите српски и словенски божества – божоли, за нив ќе посветиме посебен текст. Ќе ги изнеземе само најнужните разгледувања неопходни за појаснувањето на основната функција на обредната песна. Следната песна изнесува само јад и горчина – српскиот пораз од Татарите и по својата прилика, иселувањето од Индија (Инџија).

prambanan.jpg

Да обрнеме внимание на стиховите во кои се споменува Рашка. Првите два реда: ”Рашку земљу Кољедо/ Љута тама притиснула Кољедо…”, припевот кој се повторува после секој стих и ја подразбира крвавата Рашка во Индија, на која се однесуваат првите шест стихови од песната….

 

…За крај на овој дел за ”Индијске руковети” оставивме две необични песни.
Првата говори за племињата во Индија и наведувајќи ги нивните имиња, додека другата ја опишува припремата за спалувањето на Марко Богданович и неговата љубов на ”кривој лађи”. Обредот во Индија е познат како satya каде и денеска се пременува во источна Индија во поречјото на Ганг, каде жената доброволно решава да биде спалена со нејзиниот покоен маж.

1385121980-056.jpg

Текстот продолжува….

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s