Заборавените бели народи и држави на Иран -Мидијската Империја

Median-medes-empire-ahurancient (1).jpg
  • Мидијска Империја
Што всушност била таа Империја? Првата аријска империја била токму Мидијската. Почнувајќи од 2-риот милениум п.н.е. на иранската висорамнина – огромната територија, која моментално го завзема денешниот Иран и Авганистан, од северот во бранови надоаѓале аријски племиња, бегајќи од неповолните климетски услови. Тие пристигнувале од различни места, од земјата на Дњепар до Урал. Тие и го дале името на оваа земја – Аријана. После одредено време, некои фамилии се населиле на запад и ја создале државата Митани, некои отишле на југ во иранската висорамнина, други пак се свртеле накај Северна Индија.
Медите (Старо Персиски: Māda) биле древните народи на Иран, кои живееле во областа позната како Медиа (северо-западен Иран) и зборувале индо-европски јазик, иако во официјалната историја сеуште постои спор.
Мидијците/Медите биле поклоници на древната иранска религија (пра-форма на Зороастерискиот Маздаизам или култот кон Митра и нивното свештенство било познато под името “Маги” (одтука потекнуваат и поимите поимите како – Магови и Магија). Подоцна за време на владеењето на последниот Медиски крал, реформите на Зороастеризмот се проширале низ западен Иран.

Еве еден интересен податок од Википедија врска нивното потекло:

The Medes were called anciently by all people Aryans; but when Medea, the Colchian, came to them from Athens, they changed their name. Such is the account which they themselves give.

 

Каситски цилиндричен печат со коловратен симбол

Историската наука може многу малку да ни каже за нив. На пример, тука било племето Касита, каде уште ги нарекувале и како Корсеи, Киси или Каши (аккад). Тие живееле на големиот планински ланец на иранската висорамнина Загрод до 2-1 век п.н.е. До средината на 18-ти век п.н.е. Каситите влегле во Вавилон, а во 16-ти век ја поседувале целата земја и владееле со нејзе од 1518 до 1205 г.п.н.е. Формирале своја династија т.н. Каситска династија. Научниците сметаат дека е тешко да се одлучи нивната етничка припадност, како и јазикот на кој тие говореле. Иако постојат некои мали археолошки наоди кои овозможуваат да се изрази претоставката дека Каситите биле исто така Аријци. На пример, каситскиот цилиндричен печат со симболот на коловратот.
Освен тоа, некои научници, на пример, германскиот расолог Ханс Фридрих Карл Гинтер, го одредил нивниот јазик како индоевропски (“Расологија на еврејскиот народ”). Касите користеле коли и се бавеле со одгледување на коњи (што е особено зашитно обележје на аријците, каде во тоа време ги нарекувале како “освојувачки кочии”). Имињата на владетелите на Каситите исто така се Аријски: Сурјас, Индас, Марутас, за што пишува британскиот историчар и археолог Вир Гордон Чајлд во својата книга “Аријците – основачите на европските цивилизации”.
На почетокот на 1 милениум п.н.е. пристигнал и вториот бран на Аријците, и тоа во многу поголем број сега. Дел од аријските племиња – Согдијците, Скитите, Саките, Партијаните и Бактријците – продолжиле да водат номадски начин на живот, но две племиња – Мидијците и Персиците одбрале да се населуваат во долините на Загрос. Мидијцие се населувале на север, а Персите на југ. Односно, Персите прво се населувале северо-западно од Мидијците, но Асирците ги потиснале на југ и југо-запад. Воопшто, Мидијците и Персите често војувале со Асирците на почетокот на 9-8 век п.н.е., каде настојувале да ги освојат. Мидијските племиња ги освоиле Асирците на почетокот на 8-ми век п.н.е., но во 673 п.н.е. тие се побуниле, ја разнеле Асирија и ја создале својата држава со престолнина во Екбатан (современ Хамадан во западен Иран). Ги обединил племињата и изградил престолнина водачот по име Дејок. Неговиот син Фраорт (перс. Фравартиш), според Херодот, не бил задоволен само со Мидија, па ги освоил Персите и другите народи на Азија па дури и тргнал во војна и против Асирија. Така во царството постепно влегле Урату, Северна Месопотамија, Партија, Персија и дел од Мала Азија (современа Турција). Мидијското царство се простирало речиси до реката Инд. Од мала држава, Мидија се претворила во најмоќна империја на Средниот Исток.
мидия.pngМедиската Империја за време на формирањето на државата на Ахменидите 
Неговиот насленик Киаксар (перс. Хвахшатра) конечно ја поразил Асирската држава. Умрел Киаксар 584. г.п.н.е. Неговиот син Астиаг (перс. Ишувегу) бил принуден да го брани своето кралство од Персите. После догло време на владеење (околу 30 години), Аситаг претрпел пораз во борбата со Кир (Курушем) – основачот на Персиската Ахменидиска Империја, кој по мајка припаѓал од мидијската царска фамилија (тој бил внук на Аситаг). Мидија постанала една од сатрапиите (покраините) и плаќала данок на Персите, како и другите покорени народи. Мидија плаќала 500 таланти злато, и данок во коњи. На крајот на краиштата, Мидијците се сметани за најдобра коњаница и одамна се бавеле со одгледување на коњи. Тие биле познати по своите нисејски коњи, кои ги одгледувале во Нисејската рамнина и во Хорасан. Всушност во Мидија започнале да ги гајат со строчна трева, луцерка која ја нарекувале како коњска храна. Покрај тоа, на мидијските пасишта на патот од Вавилон до Касписките врати паселе 50 000 царски коњи.
Главниот град на Мидија, Екбатан и потаму се сметал за еден од главните градови, прво на персиските, а потоа на партиските цареви, каде тие сакале да ги минуваат топлите летни месеци. Мидиската Империја постоела долго – од 678 до 559 г.п.н.е. Страбон (64-24 н.е.), хеленскиот географ и историчар, ја нарекол Велика Мидија:
“Велика Мидија во минатото, само што ја урналa власта на сиријците, ја зела превласта над цела Азија. Подоцна, меѓутоа, кај Астиага, Кир и Персите ја лишеле од такваta голема моќ, меѓутоа, тaа продолжила во голема мера да ја чува својата прадедовска слава. Екбатан бил зимска престолнина на персиските цареви, како и на македонците, каде после потчинувањето на Персите владееле со Сирија, и денеска овој град им ја пружа на партиските цареви истата удобност и безбедност”. (Strabo. ed. A. Meineke, Geographica. Leipzig: Teubner. 1877). 
Тој исто така укажал на сличноста на јазикот помеѓу Мидијците и Скитите. (Strabo X 2, 8, 14)
Според Херодот (484-425 г.п.н.е.) Мидијците се состоеле од 6 племиња: Бузи (Busae), Паретакени (Paretaceni), Струхати (Strukhat), Аризанти (Arizanti) , Буди ((Budii) и Маги (Magi). Од нив само едно племе не ја доводува во прашање врската и припадноста со Аријците. Тоа се – Аризантите, име кое директно потекнува од Арија – благородници и Зантум – племе, клан.
“Аријството” на останатите племиња е потешко да се докаже, иако повеќето од нив се во склад со имињата на скитските племиња. На пример, мидијското племе Буди е во склад со името на племето Будини – црноморските Скити, од каде дури влече корен потекло и принцот Гаутама Сидарта, кој ќе ја достигне титулата Буда, односно ќе постане просветлен / буден / свесен. Паретакените ги нарекувале номадските племиња, кои се населиле во Паретакена, планинското подрачје помеѓу Персија и Мидија. Некои истражувачи ги поврзуваат со Паралатимите, каде Херодот ги нарекува “царски скити”, кои живееле помеѓу Дњепар и Северниот Дон и во Кримската степа.
Всушност, иранската “paradata” ги означува јунаците од архаичните митови за првата постоечка царска династија на земајта, цивилизаторите се наречени “првозаконици”, основачите на првите социјални норми. Кој биле Бузите, сеуште е нејасно. Се смета дека името им потекнува од персиското буза, што значи староседелци, автохтони, односно, излегува дека тие не биле аријци, иако нивното самонарекување, всушност е непознато. Но, тука на памет ни доаѓаат и словенските Бужани, Босани и Босфорци, и нивниот водач Анта Бус Белојар, и Василиј Буслаев, кои биле многу после мидијците.
Уште една мистерија биле Струхатите. Нивното име е во согласност со подоцнежните сарматски племиња Сатарха, кои живееле на Крим во 2 век н.е. И последното мидско племе – Магите. Магите ја претставувале кастата на свештеници од зороастеризмот кој е познат и како Магизам, а по својата прилика тие биле дојденци од Сумер (можеби биле уште постар бран на аријци?).
За тоа  дека Мидијците се Аријци, сведочат и археолошките наоди. Најпрвин, тука е употребата на соларни симболи, вклучително и свастиката. Покрај тоа, во украсувањето на многуте нешта, главниот мотив се т.н. “скитски зооморфни слики” – еленот, пантерот, орелот, зајакот, овците, изработени во скитски стил.
На сликата се претставени: ланче од 1 милениум п.н.е. , најдено во текот на ископувањата во покраината Гилијан на северозападот од Иран. Златната чаша од областа Каладашта. 10 век п.н.е. , Археолошки музеј во Техеран. Златен украсен привезок 8-7 век п.н.е. , северозападен Иран. Гроб на мидијскиот крал Киаксар со врежано сонце над влезот. Златен пехар Хасанлу – археолошкото наоѓалиште во северозападниот Иран, Музеј Бастам.
foto-417.jpg
foto-418.jpg
На едниот од лавовите јасно е врежана Свастиката
foto-419.jpg
foto-420.jpg
foto-421.jpg
На оваа меѓу останато јасно се гледа приказот на дво-главиот орел
А како изгледале самите Мидијци? На ѕидот на палатата Ападана во Персеполис постои рељефна слика на мидијците (така ги идентификувале историчарите), но сите тие се претставени во така наречениот “асириски стил” – со завиена коса и брада и од профил, и нацртани се со црна коса и брада. Некако подсетуваат на некоја врста на источно-медитеранска раса.
Меѓутоа, самите Бактријци, Мидијци и Перси ги памтат дека нивните аријски претци изгледале поинаку. Така. според легендата, познатиот Заратустра го носел родовото име Спитама, што значело “бел/блед”. Всушност, според древниот обичај персите ја фарбале својата брада и коса со кна во огнена боја (поради што турците ги нарекувале иранците како “црвеноглави”).
Горе изнесеното го потврдуваат палеогенетичарите: така, според таа група на истражувачи од Стразбуршкиот институт за судска медицина ги изучувла остатоците од прото-иранците – носителите на андроновската култура на Јужен Сибир, каде повеќето од нив имале светли очи, сиви, сини, зелени и светло кафени, светла кожа и руси или црвени коси.  –  “Gazeta, 13.05.2009”. (Алексеј Виноградов).
Linija_enos_midija.png

Мидија исто така е приморски град во денешна Турција, на европското крајбрежје на Црното Море. Градот е познат по граничната линија Енос – Мидија, кој ја чинел границита помеѓу Отоманската Империјаи кралството на Бугарија според лондонскиот мир со кој е завршена Првата Балканска Војна.

Курдите се етничка група која себеси се смета за староседелски народ на регионот кој се нарекува Курдистан, а кој се состои од меѓусебно поврзани области на Иран (претежно во покраината Курдистан), Ирак, Сирија и Турција. Курдски заедници постојат и во Либан, Ерменија, Азербејџан, а во последните децении има и во повеќето европски држави и САД.

kurdish-commagene-nemrut-kings-kingdom-kurds-history-story-mithra-mithraism-religion-culture-kurdistan-ezidi-azda-yazidi-.jpg

Kingdom-kurds-kurdistan-nemrut-median-medes-empire-aryan-ahura-mazda-sun-mithras-religion-fire-newroz.jpg

Етнички се сродни со другите ирански народи и зборуваат курдски јазик, кој е индоевропски јазик од иранската гранка. Според проценките ги има преку 35 милиони, што ги прави една од најголемите етнички групи без матична национална држава. Во 20 век Турција, Иран и Ирак често ги задушувале курдските востанија.

 

6522376031_9a3335e4fb_b.jpg

Кардуки се смета дека било местото од каде што Курдите се населиле по светот. Денеска постои географски и културен регион на Блискиот Исток, кој е главно населен со Курди. Курдистан бил вклучен во територијата на Медиската империја од 630 п.н.е. до 550 п.н.е., во времето на императорот Артаксеркс II, а покраината Кардоки станал независен од Персија. Според Ксенофонт, Кардуките во борбата со Персијците издвојувале голама победа која завршила со примирје. Некои учени како и самите Курди сметаат дека Курдите се потомци на Медијците.

kurdish-median-medes-empire-ahura-mazda-avesta-swastika-kurds-kurdistan-religion-kurdish-language-mitanni-commagene-nemrut-kingdom-ezidi-zarathustra-yezidi-women-men-history-ancient-kurds-yazidi-.png

Peshmergefaces.jpg

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s