Аријска Персија – Империјата на Ахменидите (Втор дел)

Со освојувањето на Вавилон, Кир им дозволил на евреите, кои таму “пателе” уште едно заробеништво, да се вратат во Ерусалим и да го обноват својот храм. Во Јудеа тргнале 42 000 луѓе (сите семејства се именувани во Библијата). Притоа, тој им дал право да се однесат од вавилонскиот храм сите вредности и тој им пружил секаква административна моќ. Таквото однесување на персискиот крал во Библијата се објаснува со фактите дека Кир добил наредба од Јехова и веднаш побрзал самиот да ја изврши. Идеата дека владеталот на огромната држава, имено песискиот крал Кир, човекот кој го обожувал еврејското божество и дека тој е проводник на интересите на евреите, не е ништо друго туку ефтин психолошки трик. Лага што се користи за деградација на вистински достојниот владетел за евреите да се изгиднат себеси.
20245721_1831914633501626_8889794778693713503_n.jpg
 (Минијатура “Кир II Велики им овозможува на евреите да го обноват храмот во Ерусалим” францускиот сликар Жан Фуке (Jean Fouquet) (1420-1481), 1470-1475g.
Работата е во тоа што Кир ги пуштил евреите да го обноват храмот и им ги дал сите пехари и тањири, кој ги добил од него Навуходоносор, не затоа што Ахменидите гаеле посебно почитување во однос на “избраните” и ја искажувале својата милост исклучително кон нив. Кај персиските владетели таква била општата политика кон сите народи кои биле нивни поданици. Кир наредил посебно да се дадат назад сити светии кои се одземени од вавилноците, на сите народи, а не само кон евреите, во местата на нивното првобитно потекло. Покрај тоа, Кир ги уважувал сите богови каде им се поклонувале неговите поданици, идентификувајќи ги со Ахура Мазада – Едниот Бог, кој го уважувале под различни имиња и слики. Владетелите на Персиското царство биле изненадувачки толерантни и им дозволувале на сите народи да ја исповедаат својата вера и да живеат во оквирот на својата култура. Исто така постапувале и владетелите на Велика Тартарија а подоцна и Руската Империја.
Нажалост, во случајот со јудеизмот, тоа било политичка грешка, која довела до катастрофални последици. Како што гледаме, биографијата на основателот на персиското царство е максимално митологизирана, посебно неговото потекло, со други зборови, сокриена е вистинската информација за тоа кој всушност бил зачетникот на персиската империја, кралот Ки-Рус (Ки-Раш). Пишувањето на неговата историја започнала во времето кога повеќето западни покраини на Словено-Аријската Империја (ВЕЛИКА РАСЕНИЈА) го спремале одвојувањето од матичната земја, и кога однапред им составиле нова светска историја, ја измениле биографијата на царот, херојот, верските личности и така натака, нормално според потребите на фалсификаторите.
Но фалсификаторите на минатото на нашата цивилизација работеле постепено и одеднаш не им успеало се да биде отргнато. Пример за тоа е картата на Персиското Царство (Persici Sive Sophorum Regni Tipus)  од географскиот атлас на фламанскиот картограф Абрам Ортелиус (1527-1598)  (Theatrum Orbis Terrarum). Овој атласт, кој се смета за “првиот модерен атлас” за прв пат е објавен во 1570. година и имал 25 изданија до смртта на Ортелиус и неколку после него, каде останува како најпопуларниот географски авторитет, се до 1612 година. На оваа карта јасно се гледа дека Персија од север и исток, се до Индија, се граничила со една единствена земја – Велика Тартарија (Tartariae sive Imperii Magni Chami Par. – Тартарија или Царството на Големиот Хан), од северо-запад со нејзината бивша покраина, која се до крајот на 16-ти век европјаните ја нарекувале Ducis Moscoviae sive Russiae Imperatoris – Војводството Москва или Руска Империја. Сосема е логично да се претпостави дека исто како и сверена Индија (Mogul Tartary), Персија исто така била покраина на големата Евро-Азиска Империја на нашите претци. Кога се одвоила од матичната земја односно империја? Тоа се случилно наеднаш и тоа најверојатно за време на т.н. Ноќ Сварогова – околу 5 век п.н.е., кога во Персија делувале библискиот Естер и Мардохеј и во 5-ти век од нашата ера за времето на востанието на Маздак.
20232861_1831915790168177_1960481105967918710_o.jpg
Но, да се вратиме на кралот Кир, кoj толку многу го сакале средновековните книгописци. Постои уште еден документ кој е посветен на персискиот монах.
Тоа е делото на хеленскиот писател и историчар, воен командант и политичар Ксенофонт (444-356 п.н.е.) – “Образованието на Кир”, повеќе познато според неговиот латински назив “Киропедија“. Делото се состои од 8 книги во кои Ксенофонт го опишува животот и владеењето на Кир, на основата на своите филозофски погледи и политичка припадност. Строго говорејќи, во Киропедија има многу малку реални и доверливи информации за вистинскиот Кир. Ксенофонт пишува за совршениот владетел на идеалната држава, но со “хеленска” пристрасност, бидејќи истражувајќи ја Киропедија излегува дека храброста и дисциплината на Кир се слични со кралот на Спарта Агесилај II, вештиот владетел на Фемистокл – “таткото” на атинската демократија, а мудроста негова со атинскиот филозоф Сократ, учителот на Ксенофонт. И умира Кир не во борба, како што опишал Херодот, туку со природна смрт, во домшни услови, опкружен со пријателите, говорејќи долг и благоугоден говор.
Но тоа не се сите необичности со Киропедија. Работата е во тоа што таа била “откриена” во Западна Европа во средниот век и веднаш постанала многу популарна, како политички роман за совршениот владетел, воспитан како благ деспот во однос на неговите верни поданици. Таа добила жанр како “огледало за принцовите” – тоа било нешто како упатство за идните владетели. Се кажува дека Макјавели го пишувал “Владетелот” под влијание на Киропедија. Згора на тоа, според официјалната верзија, Киропедија е преведена од грчки на латински, а потоа од латински на сите останати јазици. На пример, на руски е превдена во 1759 година во Санкт Петерсбург и го добила името: “Ксенофонт – филозофот и војсководачкот, славната историја за стариот Кир, основачот на персиската монархија. Од латински на руски јазик е преведена на Царската Академија на Науки”.
Meѓутоа, постои интересна студија, дека современите грчки и класнично древно хеленски јазици настанале во средната на 19-ти век од разни јазици и дијалекти, на кои говорело уште тогаш населението, сеуште не модерната држава Грција, туку териториите на Османското царство, и дека “древниот” латински настанал во 15 век. Првиот учебник за граматика за класичниот латински Elegantiae Linguae Latinae (За елеганцијата на латинскиот јазик) настанал 1471 година. Автор  – Lorenzo Valla, хуманист од времето на Ренесансансата. Потаму, врз основа на овие информации, Киропедија не може да биде преведена од грчки на латински, туку можела да биде напишана на латински веднаш, и најверојатно, не ја пишувал древнохеленскиот писател Ксенофонт. Од друга страна, во Даблин (Ирска) постои библитеката на Марш (Marsh’s Library) во која се наоѓаат раритети од доцната Ренесанса и добата на раното Просветителство. Помеѓу нив се трудовите на Андри II Етејн (1528-1598), францускиот типограф, филолог, елинист и хуманист, вклучително и двојазичната – латинско-грчка Киропедија, издание од 1561 година. Така што некој облик на грчки јазик во средниот век постоел, тоа е факт. Нејасно е само, колку тој бил древен.
20229727_1831918030167953_7344543319794288693_o (1).jpg
Киропедијата на Ксенофонт на латински јазик, преведена/напишана од страна на италијанскиот хуманист, писател, колекционер на антички ракописи Поџо Бранчолинија (1380-1459) од Библиотеката на Универзитетот во Валансија.
20246488_1831918493501240_5205424491533556676_n.jpg
Киропедијата на Анри II Етејн 1561 година од библиотеката на Марш (Даблин)
20108682_1831919186834504_740686311574614086_n.jpg
Царот Кир од Киропедија, наводно 1460 година од библиотеката на универзитетот во Принстон.
20108097_1831919930167763_8840354864740286634_n.jpg
Бакторез Кир Велики, царот на Персија – непознат фламански мајстор, кој го објавил холандскиот графичар Жерар де Јоде (Gerard de Jode (1509-1591) во атласот  “Thesaurus Sacrarum Historiarum” (Речникот на светата историја) 1585. година.
 
 20108276_1831921330167623_8718299062815607844_n.jpg
Слика-Илустрација на Царот на Персија Кир Велики после освојувањето на Вавилон од познатиот историски уметник Ангус МекБрајд (Angus McBride)
И покрај фактите што средновековните европјани многу слободно располагале со биографијата на Кир, тие и потаму продолжувале да го представуваат персискиот крал Кир како светлокос европјанин, за разлика од современите уметници, кои сакаат да го прикажат персискиот цар како црнокос со убедливо семетски, односно арапски изглед. Меѓутоа постојат исклучоци. На пример, Ангус МекБрајд  (1931-2007), британскиот сликар-илустратор по исторски жанр, кој стекнал слава по тоа што на своите цртежи дал прецизна реконструкција на големите настани од минатото во разните земји ширум светот. Неговите илустрации се многу интересни од аголот на точната реконструкција на облеката на цивилите и мундирите на војската, нивното оружје, оперемата на коњите и другите животни. Во спецјално посветената серија Historical Warrior Illustration ги прикажал воините на Скитите, Римјаните, Викинзите, Монголите, Пиктите и др.
Во принцип, со Кир направиле исто како и со навистина најголемите представници на човековата цивилизација како што се: Исус Христ (Радомир), Буда, Светослав Храбриот како и многуте “христијански” светци и други. чии имиња и факти на постоење биле невозможни да се преќутат или сокријат, но затоа нивните биографии биле промените, измислувајќи притоа еден куп митови за нив, често препишувајќи им зборови и дела, кои не ги говореле ниту направиле, додека она што тие навистина го правеле и говореле, го збришале од сеќавањето на цивилизацијата. Но, за среќа останало и нешто вистинито. Во случајот на Кир – тоа е т.н. Киров Цилиндар – глинен цилиндар 22,5×10 cm, со 45 редови кои содржат листа на победи и милостиви дела на Кир, како и списокот на претците. Цилиндерот на Кир го пронашол во 1878 година на местото на древниот Вавилон, експедецијата на Ормузд Расам  (Hormuzd Rassam), ученикот и асистентот на познатиот британски археолог Остин Хенри Лејард (Austen Henry Layard).  Денеска тој се чува во Британскиот музеј.
  • Цилиндарот на Кир
Текстот на глинениот  цилиндар го составиле вавилонските свештеници после освојувањето на Вавилон од страна на персијците 539 п.н.е. Јазикот на оригиналот е акадски.

 

 

20156164_1831923326834090_6043504613774493143_n.jpgЦилиндарот на Кир

Еве како е преведен:

Кураш –  царот на четирите страни на светот, големиот цар, моќниот цар, царот на Шумер (Сумер) и Акад….Набонид ги одалечил древните идоли на боговите…Тој ги заменил со принесување на жртви (кон боговите). Тој потполно го предал во заборав почитувањето на Мардук, кралот на боговите [1]. Тој секогаш чинел зло во својот град [2]. Владееел жестоко (?). Боговите ги напуштиле своие домови. Поради жалбите на луѓето господарот на боговите [3] паднал во бес…Тој почнал да гледа и погледал кон сите земји, барајќи праведен владетел, за да го воведе[4]. Тој го повикал Кураш, кралот на Аншана, да постане господар на целиот свет. Тој ја фрлил под неговите [5] нозе земјата Гутим. И тој [7] се однесувал правендно со црноглавите [8] кој ги покорил. Мардук, големиот господар, заштитникот на својот народ, подоцна бил задоволен со добирите дела на Кураш, му наредил да се дигне против градот Вавилон…Тој одел покрај него како пријател, му дозволил без борба да влезе во својот град Вавилон и не му направил на Вавилон никаква штета. Тој го предал во неговите раце Набонид, кој не го почестил. Сите жители на Вавилон и целата земја на Шумер и Акад, принцовите и намесниците се поклониле пред него и му ги љубеле нозете, радувајќи се што царството е негово. Тие со радост го поздравиле, како господар на светот, со кој тие се вратиле од смртта во живот….и тие го благословувале неговото име.

Јас – Кураш, царот на Вселената, големиот цар, моќниот цар, царот на Сумер и Акад, царот на четирите страни на светот, татко на Камбиз, големиот цар, царот на Аншана, внукот на Кир, потомок на Чишпиш, големиот цар, царот на Аншана, од исконскиот царски род, чие владеење го љуби (богот) Бел (Мардук) и Набу, каде тие сакаат да биде цар, за нивните срца да бидат задоволни. Кога влегов во Вавилон пријателски и поставив место на вледеење во палатата….Мардук, големиот господар, (бараше) прекрасните души на жителите на Вавилон (да ме љубат) и јас секојдневно ревносно го славам. Моите бројни трупи влегоа во Вавилон мирно, не дозволив (на никој) да ги плаши (жителите) (на Сумер) и Акад. Го утемелив светот во Вавилон и во сите негови свети градови….Јас го одложив јаремот, кој беше наметнат. Јас донесов мир во неговите уништени куќи и ставив точка на нивните жалби. Мардук (Бел), големиот господар, задоволен со моите дела, испрати благослов на мене, Кураш, царот, кој го почитува него. Камбиз, мојот син и целата моја војска….

20108132_1831924643500625_8871829009387771213_n.jpg
Освојувачкиот поход на Кир

Сите цареви на Вселената од Горното до Долното море, оние кои живеат во царското соѕвездие, и оние кои ќе живеат….сите цареви на западните земји, кои живеат во шатори, ми ги донесоа на мене во Вавилон своите дарови и ги бакнаа моите нозе….

Во Ашур и Суша, Агади, Ешнуну, Замбану, Ме-Турну, Дери па се до земјата Гутија, ги вратив на своетежо место во (тие) свети градови на таа страна на Тигар во светилиштата, кои долго време биле во рушевини, боговите, кои (претходно) тука живееле. Јас ги собрав сите свои (предходни) жители и ги вратив во своите куќи. По заповедта на Мардук, големиот владетел, на сите богови во Шумер и Акад, каде Набонид на бесот на боговите го довел во Вавилон, ги вратив во потполност во нивните (претходни) светилишта, во нивните домови, со кои тие се задоволни. Нека сите богови, кои ги вратив во нивните свети градови, ги молат Бел и Набу за мене да имам долг живот….Нека му кажат на Мардук, својот господар: “Кураш е цар, кој те почитува, а Камбиз е неговиот син”.

Набонид  тежнеел да ја возвиши улогата на покровителот на Месечината, богот Син, поради намалувањето на улогата на Мардук кој го завземал врховното место во вавилонскиот пантеон. Вавилон. Тоа е Мардук. Во текот на новогодишната свечена парада, според вавилонскиот обичаи, царот го следел идолот на богот Мардук. Односно, Кир II. Тука се имаат на ум мидијците и скитските племиња. Во текстот со клинесто писмо “црноглавите” се ознака за сумерите.
20258028_1831926126833810_1750338680674753200_n.jpg
Мавзолејот на царот Кир
Мавзолејот на царот Кир е сочуван до денеска. Тој се наоѓа во близината на Персеполилс. Тоа е скромна мала камена структура. Шест квадратни степенасти нивоа, формирајќи површина, која води до малата соба, над чии влез некогаш се наоѓал следниот натпис:
“О човече! Кој и да се и кога и да дојдеш, бидејќи јас знам дека ќе дојдеш, јас сум – Кирус, кој им го даде на Персите царството. Не и завидувај на оваа грутка земја, која го покрива моето тело”.
foto-432
Кир (Ки-Рус) му ја оставил на својот најстар син Кабиз (Камбуџиј) огромната територија. Неговата империја се простирала се до Авганистан и Индија и ги вклучувала кон себе средноазијските области, како што се: Дрангијана, Маргијана, Хорезм, Согдијана, Бактрија, Арија, Хедросија, како и покорените племиња на Саките, Сатагидите, Архозите и Гандахарите. Покрај Вавилон, Камбиз ги добил во наследството од татка си Сирија, Палестина и Феникија, кои доброволно им се потчиниле на Персите.
Меѓутоа, Кир не успеал да ги потчини кон себе Масагетите, кои стално напаѓале во Средна Азија и со самото тоа ги угрозувале северо-источните граници на неговата империја. Неговата војска претрпела пораз, а тој самиот погинал во почетокот на август 530 година п.н.е. Најстариот син продолжил да ја проширува империјата и преку 5 години во 525 п.н.е. персиците го освоиле Егиет, а преку 3 години Камбиз умрел под многу чудни околности на патот од Египет во Персија, каде на патот бил за потиснување на побуната во метрополата. Како што ни говарат Хелените – Херодот и Ктесиј, освојувачот на Египет, не последниот така да кажеме, се ранил самиот себеси со сопствениот меч кога скокнал на коњот, и си го расекол или колкот или тетивата под колената. Најверојатно со оваа приказна се прикрива политичкото убиство. Во руската историја е познат фактот, како принцот Димитрие, синот на Иван Грозни со последната жена, самиот се заклал со ножот, што ја осудил династијата Руриковичи на исчезнвање и го означил почетокот на Смутното време во Русија.
За разлика од својот татко, Камбиз не уживал такво почитување кај средновековните историчари. Се потпирале на информациите на Херодот, а тој го представил Камбиз како суетен деспот и ментално ненормален тиранин, кој брутално се бавел со покорување на народот. Познато е дека Хелените секоаш им биле завидни на Персите, што и следниот после Камбиз Ахменид, (Дарајавуша, што значи , “Добронамерниот”), од младите гранки, ги подржувал сите врсти на ловечки приказни за старата гранка, поради тоа како би се истакнале нејзините представници како неспособни да владеат. Меѓутоа, пишаните извори на самите  покороени народи говарат други нешта. На пример, египјаните известуваат дека персискиот цар на освоениот Египет му дал карактер на лична унија, крунисан е според египетските обичаи, користел традиционален египетски систем на датирање на царското владеење, ја зел титулата како цар на Египет, цар на земјите и традиционаланта титула Пуран (Фараон) – потомок на боговите Ра, Озирис и др. Камбиз ја продолжил политиката на фараоните кој му претходеле на него од XXVI династија и тежнеел да ги привлече на својата страна египјаните. На рељефите од Египет е прикажан во египетска облека.
Веднаш после освојувањето на Египет, Камбиз им наредил на своите војници да престанат да ги ограбуваат, да ги напуштат храмските територии и ја надокнадил настаната штета во светилиштата. Следејќи ја политиката на Кир, Камбиз им дал на египјаните слобода во религиозниот и во приватниот живот. Египјаните, како и представниците на другите народи, продолжиле да ги завземаат своите места во државниот апарат и ги предавале според наследството. Потаму, свештеникот и војсководачот Удџагорсент не само што ги задржал кај Камбиз сите државни позиции (освен шефот на морнарицата), кој имал и претходно, туку добил и нови. Тој исто така му постанал советник на Камбиз, а подоцна и на Дариј I за прашањата што се однесувале за управување на земјата”.
19961257_1831927233500366_226047372022518670_n.jpg
Камбиз во “Нирнбершката хроника”, 1493 година
20245556_1831928206833602_347363174996673028_n.jpg
Графика , Камбиз ја наложува казната на судијата Сисам, Слика на Кристофер ван Сихем
20155798_1831928923500197_7333177484486471064_n.jpg
Судод на Камбиз од холандскиот сликар Жерард Давид
20140065_1831929950166761_6821995363987819780_n.jpgКамбиз на гравурата-медалот од збирката на графики, Гијом Руј, 1553 годна
 20139786_1831931366833286_6981058583626789808_n.jpg
Графика “Судот на Камбиз” на Ханс Вејдиц
Како што гледаме, приказната “Судот на Камби” уживала кај средновековните историчарите постојана популарност. Што толку им се допаднало? Оваа приказна ја позајмиле од Херодот: Така рекол Дариј. Потоа царот го постави за сатрап во Сард својот полубрат Артафрен и заедно со Гистиј отишол во Суса. Отан го именувал за началник на војската во Приморската област. Таткото на тој Отан – Сисамин бил еден од кралските судии. Поради фактот дека овој Сисамин, поткупен со пари, донел неправедна пресуда, кралот Камбис наредил да го погубат и да му ја одерат кожата. Кралот наредил таа кожа да се обработи, да се исече и потоа да се обложи судиската столица на која тој седел во судот. Обложувајќи ја столицата (со такви појаси), Камбис го именувал за судија неговиот син наместо Сисамин, кој го казнил и му наредил да му се одере кожата, и му наредил да запамти на која столица тој суди. (Херодот, Историја, Книга 5, глава 25).
20139952_1831932550166501_328157663100181198_n.jpg
 На сликата е прикажен Судот на Камвиз од холандскиот сликат Жерард Давид 
Да, такви работи правел персискиот цар во однос на државните лидери, кои погрешно ги извршувале своите обврски. Суровом но ефикасно и ред во судскиот систем, сигурно бил заведен еднаш засекогаш. Нас тоа би ни требало. Можеби не му ја одрал жив кожата, но нешто силно било потребно. Но нас не изненадува не само таа источно-деспотска варварска крвожедност, опишана од страната на просветените древните европјани и тогаш е невозможно за земјата која плови по патот на светлата западна демократија. Работата е во тоа, што Херодот опишал исто така страшна свирепост и крвожедност за уште еден народ, чии обичај било дерењето на кожата од луѓето, што ја следело нејзината вешта обработка и широка примена на тие производи. Тоа биле – Скитите.
Тој ги опишува ладнокрвно деталите на воените обичаи на Скитите: тие ја пиеле крвта од првиот убиен непријател, и од врвот на непријателскиот череп прават пехари. “Воените обичаи на Скитите се следниве. Кога Скитот ќе го убие првиот непријател, тој ја пие неговата крв. Главите на сите убиени во борбата со скитскиот воин се носи кај царот. На крајот на краиштата, само со донесената глава на непријата го добива својот дел од пленот, а во спротивно тој не добива ништо. Кожата од главата се вади на следниов начин: на главата прават кружен рез околу ушите, потоа го зграбуваат за косата и ја одвојуваат главата од кожата. Потоа ја чистата кожата од местото со говедско ребро и ја обработуваат со рацете. Одраната и обработената кожа скитскиот воин ја користи како пешкир за раце, ја врзуваат за уздите на своите коњи и се гордеат со нејзе. Кој има највеќе такви кожни пешкири, тој се смета за храбар маж. Други пак прават од одраните кожи капути, ги шијат, како од козја кожа. Други од одраната кожа заедно со ноктите на десната рака на непријателските лешеви прават облоги за своите тоболци.Човековата кожа навистина е јака и сјајна и сија посветло од сите други. Многу Скити, конечно ја дерата целата кожа од непријателските лешеви, ги превлекуваат преку даски, а потоа ги носат со себе на коњите”. (Херодот “Историја”. Книга 4, глава 64).
Исто така според зборовите на Херодот, Скитите биле пијаници, вклучително и децата со жените, и наркомани. Еве како тој го опишува тоа: “Во скитската земја цвета конопот. Таму ја гајат иако постои и дива. Земајќи го семето од конопот, Скитите го го фрлаат врз вжештените камња. Од тоа се дига дим и пареа, што ниту едно хеленско купатило со ова не може да се спореди. Уживајќи, Скитите гласно вриштат од задоволство. Таа пареа им служи наместо купатило, бидејќи со вода тие не се перат”.
Тивок ужас, во принцип. Само што не е јасно на кој начин тие блудници и наркомани и дивјаци можеле да  ја држат во ред својата империја – Велика Скитија, која многу подоцна западните “партнери” ја забележале како Велика Тартарија. Исто така осанува голема мистерија, како тие можеле да прават неверојатно убав накит кои се наоѓа во скитските могили ширум Евроазија и да го создадат неповторливиот скитски животински стил и да предничат во оние денови со оружјето (и според стилот, и оружјето) кој го користели и персиците во времето на Ахменидите. Да се сетиме дека последната царица на Персиското царство имала личен грб, чии главен елемент била сликата на познатата златна нараквица од Амударското богатство (иначе, богатството од Окс) (5 в.п.н.е.) со грифони, кои се сметале за симбол на Велика Тартарија.
20155657_1831934063499683_1596957522095552014_n.jpg
Акинак од времето на Ахменидите
20228736_1831936323499457_6965124573231683269_n.jpg
Златна обетка од времето на Ахменидите 6-ти век п.н.е.
20108257_1831935726832850_4471059465617809671_n.jpg
Чаша од времето на Ахменидите од 5-ти век п.н.е.
20228736_1831936323499457_6965124573231683269_n.jpg
Детал од брош од времето на Ахменидите 5 век п.н.е.
 20246097_1831937410166015_8079179068949774020_n.jpg
Нараквица од времето на Ахменидите од 5-ти век п.н.е. Колхида (современа Грузија)
Според сето ова можеме да заклучиме, дека тие, кои се векови спроведувале и организирале Drang nach Osten (Поход кон Исток), победиле кога започнале со информациска војна, оцрнувајќи ги своите непријатели и искривувајќи ја вистината и историјата. Сликата од времето на основачот на Персиското царство Кир (Ки-Рус) и неговиот наследник, постариот син Камбиз, нема зачувани. Единствениот плиток барелјеф, кој го осликува ликот на основачот е древниот плиток релјефво Пасаргад – древната престолнина на Ахменидите. Некои историчари веруаат, дека тоа е изобразување на фраварскиот Кир, односно после неговата смрт, иако клинописот над него, кажува:  “Adam Kurus Khasajathija Hakhamanisija”, што значи: “Јас сум Кир, царот на Ахменидски”.
20139661_1831939136832509_170398057032732003_n.jpg
Биста на Кир Велики од современиот ирански уметник Али Шахлија 
Иранскиот уметник Али Шахали (Ali Shahali) се обидел да го направи Кир, врз основа на цртежот, кој е направен од стариот барелјеф. Еве како изгледал целиот процес:  Cyrus the Great from sketch to statue… и резултатот….Кир според иранскиот уметник бил со сосема европски изглед. Во принцип излегува дека без оглед на тоа колку се труделе да го представуват основачите на најстарото царство во Азија и да му дадат “азијaтски” изглед, сите тие биле представници на белата раса, односно тие имале аријско потекло, поточно од луѓето на Сибир кои миграле поради нарушената клима во сопствената земја…
Крај на 2/6 дел
Текстот продолжува….
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s