Самоједите, Самите и Ведската Сома

Поимот Самоједи – “Samoyed” (Самоједските народи) се користи во приказот на бројните домородни племиња од Сибир низ текот на историјата. Најмалце три од овие племиња се денеска исчезнати, додека четвртите сеуште постојат. Најголемото од опстанатите племиња се “Ненците” – што во превод нивното име значи –  “луѓе”.  Од 20ти век, поимот “Ненци” постанал замена за терминот “Самојед”, кој се смета за навредлив.

fwp0000263-Seretetto Tribe.jpg.jpg

Но зошто навредливо? Вистината е дека никој навистина не знае што точно ова античко име значи.

Според Википедија:

Овој збор е кованица од две форми “само” и “јед” каде на рускиот и останатите словенски јазици значи “само-јадци”, што се појавува како навредливо.

Навистина, овој Руски превод важи и за сите Словенски јазици. Втората форма е присутна дури и во Англискиот поим “edible” (јаде, једе, ate, eat). Но како што знаеме тие не се канибалци, односно само-јадци, тогаш зошто тие имаат вакво чудно име?

DSCF0379.jpg

Сега ќе предложам комплетно различна перспектива на ова толкување. Имено, првата форма не значи “само” или “self” на Англиски туку “сома” – како магичното “сома” растение?

 

Што е Сома? 

Сома (Санскрит: सोम) е името на ритуалнот напиток кој е многу свет и за Ведската (Индиската) и за Зороастерската (Персиската) култура.

Еве што тврди Википедија:

Се опишува како се подготвува со екстракција на сокот од растение, чиј идентитет е сега непознат и се дебатира кај научниците.

Во древната Ведска религија и Зороастризмот, името на пијалакот и растението се исти.

Имало многу дебати за природата на ова растение, но повеќето од научници се согласуваат дека тоа е психоделично. Овој факт е прилично очигледен во древните текстови. Во модерна Индија, древниот ритуал на пиењето сома е сеуште жив. Познато е како Сомајаг, но растенијето што се користи е само безлисно вино познато како – Sarcostemma acidum, растение кое не е халуциногено.

Сепак, многу научници тврдат дека ова растение е замена, користена за да се зачува светиот ритуал, бидејќи оригиналното растение повеќе не расте во Индија.

Меѓутоа како што знаеме од претходните текстови, често пати сум нагласувал дека Изворната Индија – India Superior се наоѓала во денешенот Сибирски регион.  Така што на древната карта од Птоломеј, Исконската Индија е добро представена.

1k-5-036

Сибир е Праисториската Индија или India Superior и на античките карти може да се најде преводот како “Горна Индија”, односно Почетна.. Исконска.

421182_41__20

Па тогаш што било ова растение? Халуциногените теории одат од опиум и ефедра (ephedra) до канабис или дури и мешавина од нив. Но, еден од предлозите кои се најчести се печурката “Amanita Muscaria – Магичните печерки”.

Од Википедија:

Во доцните 1960-ти, неколку студии се обиделе да ja воспостават сомата како психоактивна супстанција. Голем број предлози биле направени, меѓу кои и еден во 1968 година од американскиот банкар Р. Гордон Васон, аматерски етномиколог, кој тврдел дека сомата е нејасна, но не и канабисот и ја предложил печурката – Amanita muscaria.

Од своето представување во 1968 година, оваа теорија ги стекнала и противниците и следбениците во антрополошката литература. Васон и неговиот ко-автор, Венди Донигер О’Флаерти, извлекле паралели меѓу ведските описи и извештаите за сибирската употреба на Amanita Muscaria во шаманскиот ритуал.

0e23c00692f461f0900c72f33f6c7bc8.jpg

Сами народот и магичните печурки

Денеска, постои друга група на луѓе, познати како Сами, кои живеат во Скандинавија и во делови од Северна Русија. Древното име на Финска  – Суоми (Suomi) води директно потекло од нив.

sami-copy-600x450.jpg

Обете Самски и Самоједни јазици припаѓаат на Уралската група, што значи дека тие припаѓале од истата група на луѓе. Овој факт е на големо игнориран од научниците кои настојуваат да ги гледаат како две сепарирани групи бидејќи тие не се од истата гранка на Уралските јазици. Но, бидејќи поголемиот дел од Самите живеат во Скандинавија, а не во Русија, Руската етимологија на зборот “само” едноставно не функционира тука.

1-Nomad_Sami_late_1800eds_Northern_Sweden_Norway__Credit_Saamiblog.jpgThe Sami people, the natives of the North

Наместо тоа, добиваме една најневеројатна приказна:

Инаку во древните свети списи на Персијците, имено Авеста, овој ритуален напиток освен како Сома, е познат и како Хаома.

Самите (Sámi)  се нарекуваат себеси како Самит (the Sámis) или Сапмелаш (of Sámi kin), зборот Сами се пренесува во разни граматички форми.

Се претпоставува дека Сами (веројатно позајмен од “Прото-Финскииот” збор), Хаме- Häme (Фински за Тавастија) (← Прото-Фински * шама-šämä, вториот сеуште се наоѓа во архаичниот дериват Хамалаинен-Hämäläinen), а можеби и Суоми (Фински за Финска) (← * sōme- / sōma-, споредете го сумолаинен, наводно позајмен од Прото-Германски извор * sōma– од Прото-балтички *сама- sāma за возврат позајмени од Прото-Финскиот * šämä) се од истото потекло и на крајот позајмено од балтичкиот збор * žēmē, што значи “земја“.

Балтичкиот збор е сроден со Словенскиот збор земја, што исто така значи “земја”.

Не знам за вас, но за мене, ова е навистина многу развлечено.

h-14394962.jpg

Но, она што го открив е навистина интересно, а се однесува на етимологијата од погоре во делот за “Прото-Финсккото *šämä” – шама, што го имаме и во зборот Шаман. Понекогаш буквата “С” во рускиот јазик се кажува како “Ш”, така на пример русите до ден денеска за древниот Сумер викаат Шумер. Што ако нивното име всушност е поврзано со магичната печурка – многу важниот елемент на шаманските ритуали насекаде низ Сибир и Скандинавија? Поимот Шаман доаѓа од Евенки (Тунгузискиот) јазикот на Русија – уште еден регион каде Аманитите се свети печурки.

6987994821_2b07f93c5f_z.jpg

amanita-muscaria-mushrooms.jpg

 

Еве едно 2 минутно  BBC видео, што дава добар вовед во темата:

 

 

Значи, накратко, имаме една света, халуциногена билка од Ведска Индија и Персија, позната како “Сома“, од една страна. Едно од предложените растенија е печурката позната под латинското име – Аманита Мускарија. Од друга страна, ние ги имаме народите познати како Сами и Самоједи, кои и понатаму ја користат оваа печурка во нивните свети ритуали.

reindeerpeoplesami.jpg

Norwegian_Sami_people-13-e1510134682590.jpg

Дали тука имаме некаква конекција?

Сибирски шаман и “Amanita Muscaria”

Потеклото на Смоједите

Многу научници се согласуваат дека Самите се домородниот народ на Скандинавија.

Од Википедија повторно читаме:

Тие ги населиле северните арктички и подарктички региони на Фенно-Скандинавија и Русија најмалку 5.000 години. Петроглифи и археолошки наоди, како што се населби кои датираат од околу 10.000 п.н.е.. може да се најдат во традиционалните земји на Самите.

Сепак, истото мислење не важи и за Ненците. Нивната родна татковина лежи западно од Уралските планини, од каде што постепено се движеле во сите правци. Како “Етнички групи на Северна, Источна и Централна Азија: Енциклопедијата” тврди:

Лингвистичките докази упатуваат на заедничко потекло со Самоједските претци, веројатно Западно од Уралските планини. Во првиот милениум п.н.е., Самоједските племиња почнале да мигрираат на исток, североисток и југоисток …

Базично, главната миграција на Самоједите едноставно ја следеле трасата на реката Об, од нивното потекло помеѓу Урал и Алтај на југ – до нивната сегашна татковина во арктичкиот круг. Оваа миграција кон север се случила постепено, во временски тек од три милениуми, со оглед на тоа што северните области стануваат попогодни.

И според професорот Дејвид В. Ентони, автор на “Коњот, Тркалото и Јазикот”:

Сомата беше донесена во Индо-Иранската култура од Бактриско-Маргијанската култура. Старата Индиско Ведска религија се појавила меѓу индоевропските имигранти во зоната за контакт меѓу реката Зеравшан (денешен Узбекистан) и (денешен) Иран.

Течението на реката Зерван

Самоједи – Сома јадци?

Сега да ги резимираме фактите:

  1. Луѓето познати како Самоједи потекнуваат северозападно од денешниот Казахстан. Тие биле присутни таму од 1 милениум п.н.е. И тие ја користеле печурката Amanita Muscaria во нивните свети ритуали уште од почетокот на времето.
  2.  Сома пиењето веројатно потекнува од југоисточниот дел на денешен Казахстан. Тоа било популарно во текот на 1 милениум пред нашата ера. Веројатно била халуциногена и можеби направена од Аманита Мускарија.

Дали тогаш Самоједите би можеле да бидат едноставно “сома-јадци”, древното племе чии праисториски ритуали можеле да влијаат на две големи античко ведски култури, оние во Индија и Персија?

Сома, Дедо Мраз и Кока Кола

На страна на белешката, веќе добро е познат фактот дека сликата на Дедо Мраз доаѓа директно од Сами шаманот и нивните свети ирваси. Не само поради карактеристичната облека. Традиционалните куќи на Самите имаат влез на покривот, бидејќи главната врата често завршува под снег. Шаманите ќе ги посетуваат луѓето во текот на зимата, оставајќи ги сувите печурки на домашните елки што потсетуваат на украсните лампиони од модерното прославување на Новата Години, чии црвени и бели бои се практично боите на облеката на Дедо Мраз.

xmas-amanita.jpg

Но, постои уште еден интересен факт што секој изгледа го пропушта. Оригиналнaта Кока-Кола пијалок содржела кокаин – тоа било наркотична напивка на почетокот.

251262616.jpeg

Логичното прашање е дали креаторите на сликата Кока-Кола (можеби инспирирани од “Храбриот Нов Свет”) го гледаат овој пијалок како современа сома – оттука и целата симболика? Очигледно овој пијалок во Новиот Светски Поредок ја носи со себе целата слика на шаманската сома и поларната магија, меѓутоа со дијаметрално спротивна цел – труење на организмот со тешка хемија.

Но, ако е така, како ги собрале сите овие парчиња заедно?

па1.jpg

Самоједите како Androphagi?

Не е јасно колку е старa идејата дека Самојед значи “само-јадец”. Меѓутоа, конфузијата може да биде од навистина постар датум. Имено, Херодот го опишува племето на “човекојадци” (Андофаги – Andophagoi) во V век п.н.е.:

Тие се номади, а нивната облека е Скитска; но јазикот што го зборуваат е чуден за себе. За разлика од која било друга нација во овие делови, тие се канибали.

Википедија за Androphagi вели:

Историчарот Марија Гимбутас претпоставува дека “Androphagoi” е грчки превод на “mard-xwaar” човеко-јадец “на стариот Северен Ирански јазик на Скитите. Од * mard-xwaar може да се издвојат “Мордва” или “Мордвин”, Руското име за финно-ургенските Ержа и Мокша народи од источно-централната Европска Русија.

Од Херодот можеме да заклучиме дека локацијата на Androphagoi е приближно истата како онаа која е окупирана денеска од модерните Мордвини.

Морвините се уште една стара група од Уралско говорната група од овој регион. Сепак, токму терминот Самојед може да биде причина за ваквата конфузија. Остатоците од масовниот канибализам никогаш не биле откриени во овој регион – факт кој со векови ги збунувал научниците.

Во “Коментар на Херодот” од В. В. В. Како, Џ. Велс читаме:

Нејман (стр.212) смета дека Андрофагите биле Финци, цитирајќи докази дека за овие луѓе се кажува дека го практикуваат канибализмот дури и во Средниот Век; можеби тие се предците на Мордвијците, финското племе кое сѐ уште преживува во сливот на Волга.

Сепак, моето лично мислење, информации и интуиција ми говорат дека овие народи немаат никаква врска со било какво себе-јадење, туку напротив, нивниот шамански обред и корестењето на оваа света супстанца – Сома, ги чини многу природни, длабоки, духовни и дека нивните претци некогаш многу одмана го однеле овој култ со себе во јужните топли предели каде ги основале големите култури – Индија и Персија.

Слава за Боговите и Многумудрите Претци Наши!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s