Од Скитија до Скотија (Шкотска) – Поврзаноста на Саксонците, Казаците, Саките, Сиките и Сакалибите. Дел II

 

Скито-Саксо-Саките – вистинските деца на ИзРАел

Во првиот дел можам најдговорно да кажам дека дефинитивно ја разрешивме мистеријата и се надевам солидно одговориме за врската помеѓу Скотите и Скитите / Саките. Во овој дел уште подлабоко ќе продреме во јадрото на темата и верувам ќе уживате.

Повторно овој дел го започнувам со еден многу необичен наслов. Како што може да прочитате, тука, не само што е збунивачки тоа како Саксонците се поврзани со Скотите и Скитите, туку згора на тоа, како пак сега истите се поврзани и со Израелитите?

scythian-migrations.jpg

Плиниј вели дека Саките / Саците кои се населиле во Ерменија (јужно од Црното Море) биле именувани како “Сакасани / Sacassani”  ” (Книга VI.19). Тие го нарекуваат својот дел од Ерменија како “Сакасена / Sacasena“, која што е речиси фонетски е идентична како Саксонија или Саксони  / Saxonia / Saxony . Птоломеј, исто така, споменува еден Скитски народ наречен со името “Саксони / “Saxones.”“.

Морам да признаам дека многу ме израдува фактот што ова “мое” поврзување, како што можев да видам отпосле на интернет, веќе го зачнале и други историчари и истражувачи, правејќи ја оваа теорија уште поуверлива и побогата со примери. Така да не сум сам на овој став.

Баш како оние Англо-Саксонци што им биле претци и на Британците, така и Британските и Скандинавските корени се враќаат назад во Скитската област. Тие се сродни народи со заедничко потеко. Затоа воопшто не е чудно што имеме толку скитски елементи во Викиншката, Словенската и Галската (Келтската) уметност.

Понатаму, можеме да понудиме логично објаснување за зборот “Саксон“, и зошто некои истражувачи веруваат дека Саксонците и Израелците биле едно те исто во минатото. Некои истражувачи веруваат дека зборот Саксон е извод од  племето Сака (или Сака, Сакаи или Сага), збор кој означува “Скит” што веќе го објаснив детално во првиот дел.

 

Untitled.pngThese Anglo-Saxon figures represent, from left to right: king (A.D. 750), warrior, and five men of rank

Погледнете ја само капата на Саксонскиот воин (втората фигура од лево). Зарем не ли ве потсетува нејзиниот дизајн и стил на една од капите користена од Скитиските воини – степските принцеви?

tumblr_lmu8voy3901qggdq1.jpgAttributed to the Berlin Painter, Attic Red Amphora (detail), Athens, Greece, 480-470 B.C., terracotta.  The J. Paul Getty Museum, Getty Villa, Malibu, California

Саките биле меѓу најистакнатите луѓе на Скитија, кои се населиле во Ерменија и биле наречени Саке-Сани – Плиниј Постариот.

Како што напоменав во првиот дел, Скитите на далечниот север од Асирија, исто така, биле наречени како Saka-Suni (во превод Сака или Скитски синови) што е практично еквивалентно нa Sax-Sons (Сакиски Синови). Саксонсците исто така се децата на Сака кланот.

Саксонските синови потекнуваат од античките Саки од Азија – Албин (*Albinus учител на Карло Велики). 

Саксите или Саксонците (на латински: Saxones, англо-саксонски: Seaxe, Sahson, Sassen, на германски: Sachsen, на холандски: Saksen) наводно биле “германско” племе или племенски сојуз, согласно официјалната историја.  Саксонците исто така биле познати и како Саси кои ги третираат денеска како што кажавме германско племе, чија татковина се наоѓала на територијата на денешна северна Германија. Меѓутоа многу добро се сеќавате кои се народи до X век живееле таму. Нормално – Вендите. И наводно, според официјалната историја, тие во 3 и 5 век под притисок на Франките се селат кон западна Европа, а век подоцна заедно со Англите и Јитите се селат на Британскиот полуостров. Англиските грофовии Есекс, Сусекс, Mидлсекс и Васекс се именувани по нив. Нортамбријскиот теолог и историчар Беда околу 730г. запишал дека „континенталните Саксони немаат крал, но имаат неколку елдормани (англ. elder man, буквално стар човек) кои за време на војна имаат голема власт, но се еднакви со останатите во мирно време.“ Важно е да напоменам дека Сасите на почетокот биле пагани, но во седмиот век под влијание на Јутите се конвентирале во Христијани. Саксите /Сасите биле познати по нивните развиени рударски вештини, така што во средината на 13 век благодарение на нив доаѓа до развој на рударството во средновековна Србија. Таму ги нарекувале Саси, додека кај Дубровчаните се сретнуваат како АлеманиАлманиТеотонци и Тедеши. Не се разјаснети околностите поради кои тие се населуваат на овие простори, но се претпоставува дека повикот на српскиот крал Стефан Урош I (1243-1276), како и “монголската наезда” од 1241 ги принудила на преселба. Бугарскиот цар Иван Шишман ги вика на македонската планина Осогово, каде што го отвораат рудникот Саса. Во нивна чест, таму денеска се наоѓа и селото Саса, но и селото Шлегово во Кратовско, кое е наречено во чест областа ШлезијаШлезија (чешки: Slezsko) е попатно историски регион во Средна Европа. Денес поголемиот дел од територијата се наоѓа во Полска, а помали делови има во Чешка и Германија. Најголеми градови во Шлезија  се  Вроцлав и  Катовице  во Полска и Острава во Чешка. По Сасите се нарекуваат и некои краеви кај рудникот Љубија кај Приједор (Република Српска и БиХ – Саски дол, Саски поток, Сасина

1200px-Mercator_Septentrionalium_Terrarum_descriptioArctic continent on the Gerardus Mercator map of 1595.

FB_IMG_1525585849639

Во овој текст нема премногу да говорам за миграциите и да му давам некое посебно значение на ова прашање. Мојот личен став е дека најпрвин миграцијата на Расите поради глобалната катасрофа (Големиот Потоп), се движела во правец север-југ, и тоа од Хипербореја кон Тула (Скандинавија), Скитија, Сарматија и Серика, но во другите периоди и обратно, така што постојано имало тек и движења и нормално војни, па дури и помеѓу братските родови.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
ARRIAN’S WORLD as depicted by ORTELIUS, 1624, Abraham Ortelius

Anglo.Saxon.migration.5th.cen.jpg

Во првиот дел, ако се сеќавате, го имав приложено Сакискиот елитен воин, пронајден во Казак-Станските могили / кургани.

.

c5434e0d72f5b83586a717549bd5f4a3.jpg

 

Катафрактен-стил на параден оклоп на Елитен Сак (Сака), познат како “Златниот Воин” од Исук (Исак) курганот (Issyk kurgan) , историската гробница во близина на поранешниот главен град Алмата во Казакстан (Земјата на Казаците / Козаците).

 

Меѓутоа, во тој дел не нагласив дека во самата гробница било пронајдено и писмо врежано на сребрена чинија, што премногу потсеќа на познатите Саксонски / Скандинавски руни. Изгледот на буквите е очигледен.

Issyk_inscription.pngИсукски натпис 

 

The_0020_Saxons_ml.jpg

4e5e5da8a74a7feba778e00ba2d78f85 (1).jpg

 

Во секој случај, теоријата сугерира дека Скитите биле исти како и Хиксошското благородништво. Затоа, следува дека Скитите биле вистнските библиски Израелци. Дополнително, етимологијата сугерира дека таканаречените “Англо-Саксонци” биле потомци на Скито-Хиксо-Израелците. Би било дури и нормално да се запрашаме како пак сега и древните Израелити имаат крвна врска со Скитите/Скотите/Саките/Саксонците? Дали ова е некоја будалаштина или навистина постојат реални факти или документи што држат вода. Па ајде малку да се обидеме да го разрешиме ова прашање. Како што ветив во првиот дел, стојам на зборот, дека ќе дадам некое објаснување (мнение) за поврзаноста на Скитите со Готите и Скандинавија, но и за поврзаноста нивна со Кимерите/ Кимирите/ Гомирите и секако на крајот со Израелитите. За Саксонците ова поврзување со Сакандинавија воопшто не спорно, меѓутоа дозволете да продолжам.

 

migration-10-tribes.gif

Не сите Скити биле Израелити. Но, ние дефинитивно знаеме дека Домот на Израел – односно северните десет племиња, биле во областа на Скитија во текот на првиот век. Апостол Јаков се обратил писмено до нив (Јаков 1: 1).

Патем во самото срце на Израел, постоел древен град по име – Скитополис.

Thedecapolis.pngКарта на Декаполис покажувајќи ја локацијата на Бейт-Шеан, (тука наречена според неговото грчко име, Скитополис)

Истото го сторил и апостол Петар. Тој посебно ги споменува провинциите јужно од Црното Море, каде што живееле како “странци” и “избеглици” (I Петар 1: 1, РСВ).

slide_4.jpg

Јосиф, Еврејскиот историчар, ја напишал својата историја во истиот временски период. Во последната четвртина од првиот век, тој рекол: “Десетте племиња се надвор од (реката) – Еуфрат до денеска, и се огромно мнозинство, и не се проценуваат по број” (Книга XI, глава V.2 , Антиката на Евреите). Освен тоа, дефинитивно Галилеите се поврзани со Галите, каде пак самите Гали потекнуваат од легендарната кралица Скота, за која говорев во првиот дел. Галите населувале големи територии и нивната миграција е практично иста како Скито-Шкотската. Погледнете ја само т.н. галска топонимија:

11951901_10206043413057940_2815983755845884762_n

Како што знаеме, дури и самиот Исус и Магдалена биле Галилејци. Нивните високи и убави тела,  добро ни се претставени од страната на средновековните сликари. Нивната црвеникава и златеста коса, како и белот тен, јасно ни говорат за нивното Скитско потекло.

Mariya_Magdalena.jpgМарија Магдалена од Антонио Фредерик август Сандис

Иако некои Израелци веќе мигрирале кон северна Европа, многумина сѐ уште биле на територијата на Големата Скитија кога го напишал своето дело Јосиф.

Не гледам причина да се сомневаме дека Галските Скити (Шкотите) патувале во Египет како што тврдат токму и древните ирски хроники. Нивниот град во близина на Галилеја, наречен Скитополис, бил ископан и откриен од археолозите. И можеме да бидеме сигурни дека и другите населби постоеле во регионот, како и во областа на делтата на Нил.

scythopolis

11073577_10204921559852311_367827564947845503_n

На територијата на денешен Израел на автопатот кој минува помеѓу градот Бет-Шеан (Скитополе) и Јордансакта граница бил кибутцот Маоз Хаим. Во 1974 започната била изградбата на армијскиот укрепен пункт , и како резултат на тоа, градителите пронашле рушевини од некакви градби. Подот бил декориран со перфектно сочуван мозаик! И покрај фактот дека подот бил речиси целосно прекриен со свастични симболи, археолозите кои пристигнале на месотото веднаш и го препишале на зградата на синагогата. Зошто? Бидејќи, тие зборуваат, дека имало слика која е слична со менората (седмо-свеќната лампа) – симболот на Јудеизмот. Во Тората е пишано дека Јехова (Јахве) наредил на своите адепти да изработат свеќник за украсување на преносливиот храм кој е истотака специјално направен за 40 години, онолку долго колку што било потребно ре-програмирањето на Евреите во пустината. Јудејските рабини тврдат дека менората го симболизира “континутетот на генерациите на Еврејскиот народ од Мојсеј”.
Kако и да е, познатото е дека Евреите се многу млад народ, и како таков млад народ практично сите симболи, “знаење” и некои светогледни концепти се позајмени од многу подревени, посоодветни, и повеќе развиени народи во случајов Скитите / Аријците / Халдејците. Креативно ги преработиле и ги издаваат за свои, како што тоа може лесно да се види доколку го читате само Стариот Завет, Битие. И Ултра-Ортокосните Евреи го држат мислењето дека гранките на вистинската менора не се заоблени, туку се со исправени линии…

11071151_10204921561972364_1629711351406105705_n

10645224_10204921560492327_6560814846637829491_n

Затоа, со оглед дека Скитите т.н. “Израелците”и Хиксите од Египет, биле толку интимно поврзани, тоа би било сосема точно да се однесуваа и за Саксонците од Западните земји и да ги гледаме како “Израелци”, иако ова мислење не го делат Ортодоксните Евреи, Христијаните и Британските-Израелци кои генерално веруваат дека Израелците се јадни, но од Бога инспирирана ниска класа, сурово угнетувана од деспотските египетски робовски господари. Оваа претпоставка не е поддржана од фактите, и сега отворено се побива од водечките еврејски историчари, како што се Макс Димон и други. Тоа било неодржливо измислување од почеток до крај:

Како што  Мартин Бернал во Црна Атена истакна, уште од крајот на антиката, писателите виделе врски помеѓу египетски записи за протерување на Хиксите од Египет, со Библиската традиција на Егзодусот, и хеленската легенда за доаѓањето на Кадмо и Данај. Хекатус од Абдера, хеленски историчар од четвртиот век пред нашата ера … го утврдува својот став дека традициите на египетското протерување на Хиксите, Егзодусот на Израелите и пристигнувањето на Данај во Аркадија, биле три паралелни верзии на една иста приказна – Дејвид Ливингстон (Умирачкиот Бог)

Исто така, интересен е фактот што и Самарјаните се чини дека биле исто така племе што припаѓале на Скитите – Древните Словени. Имено, во Јужна Русија, денеска сеуште постои град што го носи имемето – Самара. Самара е град во југоисточниот дел на европска Русија, центар на Самарска област.

Flag_of_Samara.svg.png

17272-samara-locator-map.jpg

мапата-на-Ерусалим-јудеја-самарија.jpgСамарија

 

Да се префрлиме сега на светски познатиот духовен епицентар – Ерусалим. Според археолошките откритија, се претпоставува дека градот бил основан околу 4000 година п.н.е.,со елементи од бронзената доба во периодот помеѓу 3000 година п.н.е. и 2800 година п.н.е Навстина интересен е фактот за тоа како изворно гласело неговото име во оригнилните древни текстови. На пример во древните текстови од Средното Египетско Кралство (19 век п.н.е.) Ерусалим се нарекувал – Русалим / Рашалим (Rušalim). Ерусалим во Амерна списите (талблиците) од владетелот Авди-Хеба (1330 п.н.е.) е наречен УрусалимUrušalim .

Грците кон името на градот го додале префиксот “хиеро“ (свето место), и градот го нарекувале ХиеРОСолјама. Арапите, градот го нарекувале Ал Кудс (Свето место). Сион или Цион се нарекувал само дел од градот, но подоцна ова име започнало да се употребува и за целиот град. По цар Давид, градот бил познат и како Ир Давид, односно Давидов град.

Денеска официјалната Израелска влада го користи зборот أُورُشَلِيمَ, кој се транслитерира како – Ūršalīm.

Ајде сега да се потсетиме кои народи во минатото биле наречени како – Уруси, од страната на Хазарите? Мислам дека одговорот ви е сосема јасен. И не само во минатото, дури и денес сеуште некои арапски и азијатски народи Русите ги нарекуваат како Уруси, како што е примерот во лезгиските јазици.

Thedecapolis.png

Инаку, Лезгински е североисточен кавкаски јазик, мајчин јазик на Лезгините . Јазикот се зборува во Русија поточно во Дагестан, Азербејџан и Казахстан од околу 450.000 луѓе. Јазикот е официјален во Дагестан.

Thedecapolis.png

 

Како што рековме, во овој дел ќе се обидеме да ја оправдаме и Скандинавија заедно со се Готите и Кимирите во пакет како и нивното поврзување со Скитите.

 

  • СКАНДИНАВИЈА VIA СКИТИЈА

Кој се претците на денешните Скандинавци? Ќе пробам да ја објаснам нивната интригантна историја. Малкумина ја познаваат вистината за Нордијското потекло. Од каде изворно потекнуваат луѓето од Норвешка, Шведска, Исланд, Финска и Данска? Зошто овие народи имаат толку заедничко со Британците и Американците? Одговорот на ова прашање е навистина сложено. Како што кажува и самиот Марво Орбин, изходот на сите Словени бил од Скандинавија. Кој бил Мавро Орбини може да отворите и детално да прочитате на линкот. Според мојата логика, оваа миграција, нормално е да одела од Север кон Југ, особено во добата на катастрофата, последователниот потоп и заледувањето (согласно древната Авест), и согласно ова, овие бели народи биле приморани да мигрираат во потоплите земји. Меѓутоа после долги години тие повторно се враќале во својата изворна земја, кога условите значително се подобриле, иако матичната Хипербореја била тотално потопена и уништена.

Да продолжам…

Поврзаните семејства (фамилии) исконски чинеле едно племе. Плеимињата подоцна се развивале во форма на етноси, држави и на крајот во искривена слика  наречна – нација. Проучувањето на семејната историја честопати води до проучувањето на потеклото на нациите – копајќи длабоко во своите корени. Да се најдат корените на било фамилијата или нацијата, еден метод за да се започне операцијата е она што е познатото како сегашна ера. Барањето на докази назад во вековите се до сржта на непознатото минато.

Следењето на Скандинавските корени во историјата исто така се фасцинантни за проучување. Треба да работите како детектив, да трагате по докази и информации, да ги собирате заедно и да ги селектирате. Секое делче потоа го ставате во слагалицата за да ја добиете сликата што го прикажува потеклото на Нордиските народи.

Каде да бараме?

Што велат археолозите, историчарите и класичните писатели за луѓето кои се населиле во Скандинавија? Некои од најдобрите извори на информации се во најдобрите библиотеки во светот. Во овие многу различни документи од запишаната историја, четирите важни предмети што треба да се бараат се: имиња, датуми, места и врски.

Децата во европските училишта учат за Викинзите, Данците, Јутите и Норманците – Скандинавците од последно време. Викиншката Доба  (700-900 н.е.) била важен период за раната Скандинавска историја. Тоа било времето кога “Викиншките Нормани” се ширеле низ цела Европа, Исланд, Гренланд и Северна Америка. Викнзите во руските хроники се забележани како Варјази, што можеме да ги преведеме како морепловци, согласно санскриткaта форма “вар” – вода.

Претходно на крајот од првиот век н.е. , Тацит пишувал за луѓето од Скандинавија. Тој спомнал едно од нивните племиња Суонците / Suiones. Тие биле познати по тоа што имале моќни поморски флоти. “Обликот на нивните бродови се разликува од нормалнните”  (дел. 44, Germania). Тоа е точен опис на Викиншкиот долг брод. Суионите спомнати од Тацит биле познати и како Свеар / Svear. Зборот Свеар или Свиар /  Svear – Sviar постојано се користи во Нордиските Саги за означување на жителите на Шведска. Шведските марки го даваат името на државата како Sverige.” Тоа доаѓа од Svea rike – што значи “Царството на Свеарите”.

Овој збор многу ме потсетува на словенскиот збор “Север / Свеар” (во превод Нормани- Северњаци). Меѓутоа тоа може да значи и Света/Света Земја.

Империјата на Свеарите била на територијата околу Езерото Малар близу денешениот Стокхолм. Оваа империја била наречена Мал Свитиум (Lesser Svithiod), или Шведска, за разлика од Големиот Свитиум (Larger Svithiod), или Скитија, од каде што тие емигрирале “(Том 1, стр. 79, Скандинавија од Ендрју Кричтон и Хенри Витон). Големата Скитија била областа околу Црното и Каспиското Море. Кога Свеарите пристигнале (се вратиле назад) во Скандинавија, ја нашле земјата која веќе била населена од Готите, кои емигрирале на истото растојание од очите на историјата “, вели Хенри Витон во својата книга “Историјата на Северњакот “.

  • СКАНДИНАВСКИТЕ ГОТИ

Паул Сидинг ја започнува својата историја на Скандинавија, велејќи: “Во моментов жителите на Данска, како и Норвешка и Шведска, се наследници на огромнато Готско племе кое порано живеело околу Црното Море” (страница 19, Скандинавските Раси).

Забележувате дека и Свеарите и Готите (Goths) доаѓаат од областа на Црното Море. На устието на Дунав на западниот брег е областа на Гетите и Дакија (Getae / Dacia / Dutch/ Deutsch / Дојч) во римското време. Според Прокопиј, кој ја напишал својата историја во петтиот век, Римјаните “велат дека Готите се од расата на Гетите” (Книга V.xxiv, 30).

Гетаите / Гетите се спомнуваат и во историјата на Херодот (5 вел п.н.е.). Во превод од страна на Џорџ Роулинсон, неговиот брат Сер Хенри ја дава оваа фуснота: “Идентитетот на Гетите со Готите од подоцнежните времиња е повеќе од веројатна претпоставка. Тоа може да се смета како историски сигурно” (издание Vol.III, страница 84, 1862).

Јорданес, најпознатиот Готски историчар, секогаш зборува за Гетите и Готите како еден народ. Тој исто така ги нарекува и како “Скити”. Интересен е фактот да се спомене во оваа прилика дека дури и глаголицата како писмо во папските анали и документи е забележана како готско писмо.  За првпат теоријата е предложена од страна на чешкиот научник Ф. Сасинек, пред 1887 година во неговата книга “Ulfilas a hlaholsko pismo“. Тој тврди, дека Улфил ја измислил глаголицата. За поткрепа на таа теорија следат и фактите каде постарите авторите ќе ја наречат глаголицата како готско писмо. На пример тоа го тврдел Архиѓаконот Тома (1200-1268) во неговото дело “Historiae Salonitanae“, истото го тврдел и Епискотпот Кожич (1531)., и некои други. Од друга страна пак, не Улфил, туку Св. Јероним e создателот на глаголицата, и ова го подржуваат некои хрватски научници: Пастрич, Караман, Левакович, Сович како и чешките научници Велеславин, Добровски, Стредовски итн., но и славистите : Туроц, Френзел, Берг и други. Го цитирам и Марво Орбини од својата фамозна книга “Кралствто на Словените” која била забранете од Ватикан:

“Бугарите и Норманите потекнуваат од словенските племиња Суеди или Суеви. Поточно говорејќи, вистинските претци на Норманите се Маркоманите, кои се многу слични на Куадите. Да, Маркоманите навистина се од словенско потекло, тоа е потврдено и од некој зачувани натписи. Словенската припадност јасно се докажува со бројните имиња што завршуваат на: мир – гаст (гост) – слав итн.  

Од самиот почеток Словенските Готи се познати како воини. Разделувајќи се едните од нив тргнале кон Југ и го завзеле Египет (ги споменува Херодот), другите тргнале кон Запад а останатите на исток и ја завзеле Скитија. Според иметото на оваа земја Готите започнале да се нарекуваат и како Скити.”

Добиваме повеќе докази и во други историски извештаи. На пример: “Пиктската Хроника изјавува дека Скитите и Готите имале заедничко потекло” (страница 216,  The Races of Ireland and Scotland од В. В. Мекензи).

Доказите, исто така, укажуваат дека Гетаите / Гетите биле истите луѓе како Дакијците. И обете го зборуваат истиот јазик според Страбо (7.3.13). Плиниј вели дека Гетаите / Гетите биле наречени како Дакијци од Римјаните (Книга IV, xxi, 80). Душејн, кој ги собрал летописите во Норманските Хроники во седумнаесеттиот век, не се сомнева дека Норманците биле Дакијци (Даки, Дачи, Дојчи,) и постојано ги нарекува со тоа име во својот предговор. Дудо, кој ја напишал најраната историја на Нормандите во 10 век, исто така, не се сомневал дека тие доаѓале од Скитија надвор од Дунав. Тој исто така рекол дека тие се Дакијци. И за крај на овој дел, повторно ќе го цитирам Мавро Орбини:

По излезот од Скандинавија, заедничкaта прататковина на сите Словени, Аланите се поделиле во две групи, каде што едната заминала во Азија и таму се населиле, според Птоломеј, кај Хиперборејските планини, а другата група, во заедница со Вандалите и Бургундите, продреле во Франкија. Разни писатели различно ги нарекуваат Аланите: Скити, Даки, Готи и др.

 

Текстот продолжува…
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s