Од Скитија до Скотија (Шкотска) – Поврзаноста на Саксонците, Казаците, Саките, Сиките и Сакалибите. Дел III

Скито-Саксо-Саките – вистинските деца на ИзРАел

 

Кој го контролира минатото ја контролира иднината, кој ја контролира сегашноста го контролира минатото.

Џорџ Орвел

  • ЦИМБРИТЕ ВО ДАНСКА

 

Свеарите /Светите и Готите како што знаеме не биле единствените основачи на големата Скандинавска “раса”. Исто така, треба да ги разгледаме и Данците, Јутите и ​​Цимбрите. Симбрите/Цимбрите го дале своето име во областа Јутланд  и Холштајн во Данска. Таа област порано била наречена како Cimbrica Chersonesus или Цимбриски Полуостров.

Од каде дошле Цимбрите? Кога Хенри Долго пишувал за почетокот на географијата на Европа, тој не се сомневал кога рекол: Страбон (vii, 2,2) не известува дека Цимбрите /Cimbri биле оние истите луѓе кои биле нарекувани од страната на Грците како Кимери / Кимерејци / Cimmerii. Под ова име, ние ги наоѓаме нив на две многу различни позиции кај северозападните и североисточните екстремитети од тогашниот познат свет – имено на полуостровот Јитланд крај “Германскиот Океан” (Балтичкото Море) а другите (Кимерите) на местото Таурис кај Црното Море(страници 70-71), рана географија на Западна Европа, 1859).

Тука повторно имаме уште еден корен што води кон Црното Море. Исто така, имаат врска и со Дакијците и Гетите. Забележете што Андерсоновата “Кралска Генеалогија” има да каже за тоа:

“Цимбрите наводно биле во тоа време протерани од страна на Скитите и лутале на запад во Европа, по долги патувања пристигнале на овој Полуостров, наречен од нив Цимбрикa; а Данците биле наречени од страна на Птоломеј како Дачани / Дакијци и Гутае,  наскоро го нападнале тој дел на овој Полуостров, наречен од нивна страна како Јитланд, кој останал со тоа име се до овој ден, и со мешањето со Цимбрите постанале еден народ, наречени од страна на древните автори  како Цимбри во целина” (страница 415).

Меѓутоа терминот “Скити” се применува понекогаш од страна на историчарите на одредена група на луѓе а понекогаш и на сите номадски племиња во огромната територија северно од Црното и Каспиското Море. Тоа е оваа област каде што мора да ги најдеме корените и на Скандинавските народи. Значи согласно ова и самите овие народи се идентификуваат со големото Скитско семејство, и практично се водат како огранок кој тргнал покасно да мигрира веројатно повторно назад во Скандинавија.

види за: Поврзаноста на Цимбрите со Кимерите

 

  • ГИМИРИТЕ – ВИСТИНСКИТЕ ИЗРАЕЛИТИ

 

Киммеријците биле најстарите жители на Скитија. Нивната историја може да се проследи до крајот на осумтиот век п.н.е. согласно Асирските записи. Колекцијата на писма биле сочувани во библиотеката на Ашурбанипал во областа Урарту во Ерменија во текот на годините 707-706 п.н.е.  Вклучени во оваа збирка биле извештаите од асирските граничари. Еден рекол дека кралот на Урарту влегол во “земјата на Гамир” и бил принуден да се врати назад.

Долги години Е. Филипс ја проучувал историјата на номадите во Скитија. Тој вели дека Кимеријците /Cimmerians се појавиле кон крајот на осмиот век на северната граница на Кралството Урату како Гимири / Gimirrai или Гамир/Gamir во асирските записи” (страница 52, Кралските орди, Номадаските степски народи). Други историчари се согласуваат дека Гимирраите биле Кимеријците  “Kimmerioi кај Хелените.

Постои и врска со библискиот Гомер во пророштвото на Осија. Забележете дека пророкот Осија се оженил со една жена наречена “Гомер” (Осија 1: 3). Таа ја претставува неверноста и ропството на десетте племиња на Домот Израелов (поглавје 3).

Ова пророштво покажува дека северните десет племиња на Израел, исто така би требало да се викаат “Гомер”, додека се во заробеништво. Израелците биле, всушност, познати како Гомерјани или Кимери.

Тиглат Пелесер III бил првиот асирски крал што го нападнал северниот Израел. Тој ги депортирал Израелците во Асирија за време на владеењето на Пека (II Цареви 15:29). Овој настан е потврден со древните записи на Асирија.

Натписот на Теглат-Пеласар III вели: “Земјата на Bit-Humria (Бит Хумрија), и сите нејзини луѓе заедно со нивната стока јас ги пренесов во Асирија” (бр. 1, ст. 816). Античка Списи на Вавилонија и Асирија од Лукенбил).

2ff8e6784c9045f87fa263144108351d.jpg

Историчарите откриле дека во древните записи  Асирците не ги нарекувале нив со името “Израел”. Тие го нарекувале Израел како “Bit Humria” или “Bit-Khumri.Зошто? Тоа име во превод значи “Земјата на Омрите”. Тие веројатно го користат тоа име поради тоа што Омрите ја изградиле Самарија како главен град на северен Израел (1. Цареви 16:24).

Омри првично се изговарало како “Ghomri / Гомир, според Др. Т.Д. Пинчес  во неговата книга Асирија и Вавилонија, (страница 339) . Тоа биле Асирските имиња за заробениците Израелски, имено Beth-Omri, Bit-Khumri, Bit-Humri и Bit-Ghumri.”  Хумирите / Ghumri или Хомрите / Ghomri подоцна биле познати како Гамера / “Gamera. Во времето на Ашархадон (Aššur-aḥa-iddina , 681-669 п.н.е.), Хомрите / Гомрите / Ghomri биле пишувани како Гимираи / Gimirrai.

Асирските записи велат дека Гамирте/Gamir или Гимирраите / Gimirrai живееле во северниот дел на Медија во 707 п.н.е. – на точно истото место, каде што некои од Израелците биле ставени во заробеништво само четиринаесет години претходно.

 

  • БУДИНЕРСКИТЕ ШВЕЃАНИ

 

Шалманезер V бил асирскиот крал кој конечно ја опсадил Самарија. Тој ги испратил Израелците во егзил – населувајќи ги нив на реката Авор / Хавор како и во градовите на Медијците (II Цареви 17: 6). Најмалку еден шведски историчар ја разбира вистината за тоа што се случило со неговите потомци неколку векови подоцна.

Во неговиот научен труд Историја на Шведска (Svearikes Historia), Далин вели: “Пастирските-Скити“, наречени Водинер / Vodiner или Будинер / Budiner, дојшле до шведските острови околу 400 п.н.е. поради притисокот од Филип и Александар Македонски. Тој вели дека им се придружила уште една раса, која била мешавина од Скити, Хелени и Јудео – Хебреи / Ибери. Тие биле наречени Неури. Според Далин, тие биле предците на Финците, Лапите и Естонците.

“Во врска со Неурите” Далин продолжува:  “Како што ми се чини,  тие се остатоци од десете племиња на Израел, кој Шалманесер, асирскиот цар, ги донел како заробеници од Ханаан.” Кога некој ги разбира одредените карактеристики каде што “јазикот на античките Финци, Лапи и Естонците е сличен на Хебрејскиот, па дури и дека на овој народ во античките времиња  годината им почнувала од први март, и почитувањето Саботите како нивниот Sabbath, , тогаш се гледа дека Неурите веројатно го имале ова потекло “(Стр. 54-55, Svea-rikes Historia, Volume 1, 1747).

 

  • БЕХИСТУНСКИ КАМЕН И САКИТЕ

saka_behistun.jpg

Натписот на литицата на познатата карпа во Бехистун во северниот дел на Персија е клучот за толкувањето на јазиците на древниот Исток. Натписот исто така ни дава поим какви биле имињата на Израелте родени во ропство. Натписот ги дава имињата на 23-те провинции нпишани на три јазици кои биле предмет на Дариј Хистап.

behistun3.gif

Во Персискиот и Сусинските јазик, една од провинциите, помеѓу останатите е “Скитија” (од фонетскиот зборот Сака). Но, во вавилонскиот јазик, истата провинција  се нарекува како “Земјата на Кимерите.” Тоа е преведен од фонетскиот збор “Гимири / Gimiri“.

Сер Хенри Равлисон , кој прв го копирал и превел на натписот, сметал дека името “Гимири / Gimiri” е вавилонскиот еквивалент на “племиња” (Vol.III, страна 183, Историјата на Херодот преведен од страна на Џорџ Ровлинсон, 1862).

Сер Хенри исто така, го изразил својот став дека “имаме разумна основа за Гимирите/ Gimiri или Кимерите / Cimmerians, каде за прв пат се појавиле на границите на Асирија и Медија во седмиот век пред нашата ера, а Саките на Бехистунската карпа речиси два века подоцна, се идентични со Израел “(страница 61, ранг на Велика Британија меѓу нациите, од страна на Р.Н. Адамс).

Conan-Cimmeria.jpg

Тоа е изненадувачката вистина! Домот Израелов бил заробеник во Асирија и Медија. Во земјата на нивното заробеништво, нивниот јазик и обичаи се смениле. Израелците станале познати по различни имиња. Тие се нарекувале Гимирраи, Киммеријци и Скити. Персијците ги викале сите Скити како “Сака”.

Некои од десетте племиња биле одведени во Кавказските Планини меѓу Црното и Каспиското Море. Откако тие ги напуштиле овие планини, тие мигрирале во северозападниот дел на Европа и станале познати како Цимбри, Келти, Данци, Нормани и Саксонци. Овие бели народи постанале познати како Caucasians”што на англискиовој овој збор денеска е синоним за белата раса, однсно  – Кавказијци! 

 

ПАРАЛЕЛЕТА ПОМЕЃУ САКСОНЦИТЕ, САКИТЕ И САКАЕ-СУН (ВУ-СУН)

 

Како што ветив во првиот дел, дојде времето да го дадам сега и објаснувањето за мистериозното племе од далечниот исток – Вусуни.

396d8eef82a0a8daaf632bae67d8ea83

Мистериозното потекло на Саксонците пред да се спојат со Англите (Инглите) и разните други племиња за да станат Англо-Саксоници, е малку мистерија. Мистериозна поврзаност што ја најдов е во античка Централна Азија, поврзана со Скитско племе, каде како што споменавме во вторито дел, во овој планетарен регион било именувано како Сакае или Сака, а исто така и со уште едно долго изгубено племе, познато во античките времиња од страна на Кинезите, како Вусун или Усун.

Овие две племиња подоцна ќе се спојат и ќе се наречат како Сака-Сун / Sacae-Sun или Сако-Усуни / Sako-Usuni, и попознати денес како “Саксонци”. Истите Саксонци ги наоѓаме неколку векови подоцна, кога ќе се најдат и во Велика Британија, Ирска и Шкотска.

a3b1753b0d7a3d644a36dc74d96a312c.jpg

Тоа било во текот на 7-от век п.н.е. во античката Централна Азија, приближно околу она што денес го знаеме како Туркестан и Кина, и тука се наоѓале различни древни народи кои живееле во овој регион, кои сигурно не биле оригинални домородни жители. Постојат различни историски извештаи за странските племиња кои ни ги кажуваат имињата на луѓето кои го окупирале овој регион. Во кинеската литература ќе ги најдете имињата за овие племиња, како што се – Вусун /Wusun (Usun), Џанкуни / Jiankuns, Јучи / Yuechis (Yuezhi или Yue-Tchi) и племе Се / Se.

1200px-Greco-Bactrian_kingdom

 

 

  • Високите луѓе познати како Ву Сунс дојдоа во Централа Азија – “Варварите кои имаа зелени очи и црвени коси.”


Вусуните (се изговора Оо-сун), чиј дом бил првично на северозападниот дел на Кина, биле опишан во 7-тиот век, коментарот на Хансу / Hanshu од Јан Шигу, “Меѓу различните Ронги / Xirong во Западните региони, обликот на Вусуните беше најчуден, и сегашните варвари имаат зелени очи и црвена коса, и се како макаките, ​​и тие припаѓале на истата раса како Вусунте “.

 

Друг опис на Ву Суните / Wu Sun, исто така, може да се најде во книгата “Marching Sands” од Харолд Ламб, “Древните кинески анали“, каде забележал Сер Лионел, и наведува дека Вусунте “оние високите / расните” биле сериозни борци. Сака или Скитите од кои тие се нивни потомци биле една од освојувачките раси на светот. Тоа е наследство и остаток од нивната сила што се сочувале кај Вусунте”.

 

Друг запис што го најдов вели: “Ксинџијанг, покажувајќи ја локацијата на Монгул Кира / Mongghul Kiira  (во близина на реката Хи / Hi / Yili), приближната територија на Вусуните –  Аланите, Амијан пишува, биле “високи и згодни [и]  нивната коса била светла”(31.2.2, види Ролф 1939, 3: 391).

e729259f3e382a46baaf29873d37c304.jpg

3586175_1_orig.jpg

Википедија ни го дава следниов опис:

Wūsūn (Kинески: 烏孫, буквално” внуци на Враната “) биле или номадски или полуномадскии степски луѓе кои зборуваат Индо-Европски или Турски, за кои кинеските истории велат дека првично живееле во западниот дел на Гансу во северозападна Кина, во близина Јуежите / Yuezhi.  Ксионгите / Xiongnu (околу 176 п.н.е.), тие побегнале во регионот на Или и Исик Куле, каде што останале најмалку пет века и формирале моќна сила “.

TL_550bc01.gif

788px-Herodotus_world_map-en.svg.pngPossibly what the world according to Herodotus looked like (5th century BC).

Некои научници предложиле дека Вусунте можеби биле идентични со луѓето што ги опишал Херодот (IV.16-25) или во Географијата на Птоломеј како Исидони. Нивната точна локација на нивната земја во Централна Азија е непозната. Исидоните се “поставени според некои во Западен Сибир а според други во Кинескиот Туркестан”, според Д. Филипс.

77ccebe25d3b4633e7227c440d7d8bcb.jpg

Херодот, кој, наводно, добил информации преку хеленски и скитски извори, ги опишува дека живеат источно од Скитија и северно од Масагетите, додека географот Птоломеј (VI.16.7) се чини дека ги става во трговските станици на Issedon Scythica и Issedon Serica во Таримскиот басен.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
ARRIAN’S WORLD as depicted by ORTELIUS, 1624, Abraham Ortelius

 

Кинески записи прво ги споменуваат “Уши / Ushi” во Андин и Пинлијан (модерен Плилијан и Гууан во Народна Република Кина) меѓу племињата Лу-Хун и Кујан. Транскрипцијата на Уши значи “генерација на гаврани”, и е семантички идентична со U-sun – “гаврановите потомци”. Присуството на гавранот како клански тотем меѓу античките Усунци е несомнено. Во Усунската легенда, претците на Усуните биле гаврани и волци. Ова се рефлектира во Усун-Ашиновата (Ошин) тамга со слика на гавран.

Првите историски записи во врска со Вусун, ги нарекуваат како посебно и различно племе од конфедерацијата Ксионгу/ Xiongnu, кои живееле на  територијата на модерната провинција Гансу, во долината на Ушуи-Хе (гаврановата кинеска река). Не е јасно дали реката е именувана според племето Усун или обратно.

4690157bbc74d85a8ed13a703ab87f7c.jpg

Историските записи, исто така, ни даваат доказ за оваа моќна сила на Вусуните, која отишла да се бори со Јужите / Yuechis.  “Yue-Tchi, ги потиснале Ву-Суните во 130 г. п.н.е. и ги истуркале во Бактрија” (види белешки на стр.119: 13). “Саксите / Sacx  тогаш биле господари но нивното територјално одземање резултирало со притискање и миграрање делумно во Индија, каде што тие основале кралство, а исто така делумно и во Про-Памириските долини, особено оние на Окс. Јуежите владееле над централна Азија се до 425 н.е. Тие биле отфрлени од страната на Хоа, или Епатитските Хуни “(Белите Хуни).

 

ea7b37437a6fa8a30200529ab3467cb3.jpgСкитска мумија од музејот Ермитаж во Санкт Петерсбург, Русија

 

Во прилог на Вусините / Wusun и Јуечите / Yuechi, имало уште едно или повеќе поголеми племиња кои го окупирале она што Кинезите ги нарекуваат како  “Се – народот / “Se nation”, а овие луѓе како целина се идентификуваат главно како Скити, но од страна на Кинезите тие се познати како – Се. Како што кажавме во овој регион имало уште една група Скити, кои биле различни од другите Скити и кои Персијците ги нарекувале како Сака или Саке / Sacae или Saka. Се вели дека Сака периодот траел се до околу 200 п.н.е., кога племињата Вусун се преселиле во таа област од Исток.

Achaemenid_and_Iranic_Peoples_in_the_Ancient_World_600.PNG

Map_Tarim.jpg

70e43678d299964de654de3329b7e0b5.jpgHere is a full-length image of one of the 3,500-year-old mummies buried in China’s Taklamakan Desert with the earliest known pieces of cheese. 

The Beauty of Xiaohe.jpg

Untitled-1.jpg

 

Античките Хеленски и Римски научници верувале: “сите Саки биле Скити, но не сите Скити биле Саки”.

 

3954adff6122fda9825cf20321e2803f.jpgHair-style Kurgan III of Verch-Kal’dzin, Altai. Young Scythian men, 4th century BCE.

Tерминот Скитијци или Скити се користи за да се опишат различни древни номадски луѓе кои живеле во Велика Скитија, регионот кој ги опфаќа Понто-Касписките степи и деловите од Централна Азија во текот на класичната Антика. Античките Персијци ги викале сите Скити – Σάκαι (Sacae, Херодот 7.64). Нивното главно племе, “Кралските Скити”, владееле со огромните земји, окупирани од имеријата како целина (Херодот 4.20), нарекувајќи се Σκώλοτοι (Scōloti, Сколоти, Херодот 4.6). Терминот Скити, исто како и Киммерите, бил користен за описот на различните групи на народи од Црното Море до јужниот дел на Сибир и Централна Азија.

7580ffc7080a185bcc8664a24a26396e.jpg

“Генерално тие биле Раси (Аријци)….но со текот на времето тие се мешале и со другите локални или домородни народи и воопшто не биле нацисти/ расисти. Тие не биле специфични луѓе”, туку различни луѓе “, што се однесуваат на различни периоди во историјата, и на неколку разни места, но ниту една од тие терироеии не била нивната оригинална татковина”. Ова е клучот за разбирање на ова време во историјата и фактите дека тие сигурно не биле обединети како еден народ или племе во тоа време. Сепак, сите тие изворно имале едно основно потекло, биле со иста крв или многу тесно поврзани.

5560ae1a23c5e5067ebbfdd11c8a9ef3.jpg

Забуната околу Сака делумно се должи на Персијците, но според Херодот; Персијците ги викале сите Скити со името Сака. Да повторам, англискиот збор Saxon / Саксон е изведен од персискиот збор Sacae-sun или “Sak”. Персиците кои му се восхитувале на раководството на сите Скитски племиња ги имеенувале како Сака. Сакаи / Sakai или Сака и Саксе, Саха, Сахија од Индија; или Медијските Стракса / Straxa, сите се мутации на истиот збор Сак.

Албин вели: “Саксонските потекнуваат од древните Саки во Азија, и тек на крајот тие се нарекле Саксонци.” Херодот кажал дека Персијците им го дале името Сака на сите Скити. Плиниј вели дека Саките, кои се населиле во Ерменија, биле наречени Сакасани. Птоломеј, исто така, споменува еден скитски народ кој се појавил од Сакаи / Sakai, по име Саксони. ”

13409314.jpg

Tarim-mummies-1

Tarim-mummies-7

Tarim-mummies-11

Tarim-mummies-13Селекција на слики од познатите Таримски мумии од Хinjiang Uygur регионот во Кина. Повеќето од мумии имаат типичен Словено-Аријски изглед и голема висина. Староста се препоставува дека датира од 4000 до 2000 години.

Ова ни кажува дека тогашните историчари и  самите Саки се сметале за посебно племе / огранок од другите Скитски племиња, и тоа може да се должи на тоа дека Саките имале други племенски и / или крвни сојузи кои би го направиле Саките поинакви врз основа на ДНК и дека тие се веројатно поврзани со другите Скити, но одвоени од расата, дел од обичаите, племенскиот сојуз и судбината. Така што Саките постанале како аријци од далечниот Исток и со текот на времето крвно се измешале со племињата од црната и жолтата раса и големата варијација на нивните племиња…

 

 

Текстот продолжува….

 

 

 

Advertisements

2 thoughts on “Од Скитија до Скотија (Шкотска) – Поврзаноста на Саксонците, Казаците, Саките, Сиките и Сакалибите. Дел III

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s