Од Скитија до Скотија (Шкотска) – Поврзаноста на Саксонците, Казаците, Саките, Сиките и Сакалибите. Дел IV

ПАРАЛЕЛЕТА ПОМЕЃУ САКСОНЦИТЕ, САКИТЕ И САКАЕ-СУН (ВУ-СУН)…..

 

  • Kиргизстан и Казакакстан – Земјата на Казаците (Каз-Саките)

 

Фактички Скитите, Саките и Ву Суните биле најистакнатите племиња во оваа Централнно Азиска област во тоа време. Ќе видите дека кога ќе ги комбинирате Саките со Ву-Суните ќе го добиете името Сака-Сун / Sacae-Suns. Ова име Sacae-Suns звучи многу познато, буквално како името – Саксонци. Ву-Суните биле расата која Кинезите ја нарекле како “високота раса” кои имале сини или зелени очи со руса коса или бела коса и бела кожа.

1200px-Greco-Bactrian_kingdom

Во книгата под наслов “Последните номади на Кина: историјата и културата на Кинеските Казаци”, стр. 33; ( China’s Last Nomads: The History and Culture of China’s Kazaks Page 33;) ние дадовме за ова племенско спојување, а исто така и последните племиња биле формирани од истата оваа унија; Вусуните се преселиле на запад, до долината на реката Хи , околу третиот век п.н.е. Тука тие се споиле со Саките, познати во … Вусин-Сакските племињата каде на ова подрачје ги вклучуваат и Јерсаките, Бесаките, Берсаките и Касаките, имињата на подоцнежните племиња … “

Каз-саките (Kazsaks) / Казакстанците биле познати како големо “татарско” племе кое потоа се мешало со Калрауците и Киргизите или биле истото племе. Тие се или поврзани со оние кои Кинеските извори ги нарекуваат народите на Џанкун / Jiankun. Според “Историската Книга на Династијата Танг“, “луѓето од Јианкун племињата се високи и имаат бела коса, бела кожа и зелени очи”. Поврзаноста помеѓу Казсаките / Казакстанците (Kazsaks) и Козаците (Cossaks) e повеќе од очигледна. За ова не сакам ниту да давам некој посебен коментар. Самото име на современата држава Казакстан, дефинитивно е поврзано со Казаците / Козаците што опстанале како војничко племе / народ во Русија и Украина, па дури и денеска.

1b372070b755a52f62db006c5b71f8e5.jpgКинескa Ујгур девојкa, русокоса со зелени очи

mccarthy-insetmap-kazakhstan-author-970x542.jpg

e9820b577bef2ed310969533baa73e92.jpgБрадест старец со Калпак Шапка, Кочкор, Киргистан. Живее сам во мала куќа, преместена од изгубеното село, во близина на Кочкор. Можете да видите од неговото лице дека е многу стар и го сака сонцето! Тој ја носи традиционалната машка капа за Киргискиот народ.

Денес Џанкуните се познати како Киргизи кои се воглавно турски народи кои живеат претежно во Киргистан. Зборот “Киргистан” е изведено од турскиот збор “четириесет”, каде зборот –Из представува стар множински суфикс, кој се однесува на збирка од четириесет племиња. Киргистан, исто така, значи “непроменлива”, “нерасчислива”, “бесмртна”, “непобедлива” или “непобедена” земја или држава. Суфиксот “Стан” значи земја, држава, дом, нешто што е статично или цврсто, место за живеење или што би рекле србите – “где ти стануеш” / живееш? Нешто што е статично каде дури и англискиот збор за држава “state” има директен корен од овој древен аријски збор.

3659.ngsversion.1519676685648.adapt.536.1.jpgКазакстански ловец на орли, Западна Монголија

Козаците (руски: казаки; украински: козаки́) се традиционална заедница на луѓе кои главно ги населуваат Украина и јужна Русија. Познати се како големи воини и јавачи на коњи. Жевееле во специфични населби познати како станици. Направете сега споредба со древниот аријски збор – стан и словенскиот збор – станици. Тоа е една те иста работа. За прв пат во историјата се среќаваат во XVII век во украинската буна против унијата Полска-Литванија, во која тие одиграле значајна улога. Со цел да создадат специјални јуришни одреди а и штитеници на границите на Руското царство, царот ги ослободил Козаците, со што ги задолжил да му служат. Тие имале свои примања за разлика од другите т.н. закрепостени селани. Поради тоа, многу селани пребегувале во козачките населби и се бореле за царот за да уживаат во некаква слобода, па нивните броеви многу пораснале во наредните два века. Но цената на слободата била да се наоѓаат во првите борбени редови во воените походи, а и да ја штитат границата на Русија. Така, тие живееле специфични војнички животи, со генерации. Затоа и се одликуваат со храброст, воинственост, лојалност, култ кон семејството итн и побожност. Нивните познавања во областа на јавањето биле огромни, така што се сметаат за едни од најдобрите јавачи во светот. Од ова јасно се гледа дека тие се остатоци од древната империја – Велика Скитија. Направете една мала имагинативна споредба со племето на луѓето, познати како Рохан (Roxalan) од Господарот на Прстените! Дури и во фантазиската перцепција на Толкин “Господарите на Коњите” ( The Horse Masters) неслучајно беа представени како степски народ кој очигледно имаше словенски изглед и буквално ја играше улогата на Скито-Сарматите – претците на Козаците.

Eomer_-_Close_up.pngКарл Урбан како – Éomir 

Еве што пишува Википедија за Киргизите: 

Раните Kиргиски народи, познати како Jeнисејски Киргизи / Yenisei Kyrgyz, , потекнуваат од западните делови на денешна Монголија и најпрво се појавуваат во пишаните записи во Кинеските анали на историчарот Сима Киан / Sima Qian‘s Records of the Grand Historian  (составени од 109 п.н.е. до 91 п.н.е.) и таму биле познати како Гекун /Gekun (鬲 昆, 隔 昆) или Џанкун / Jiankun (堅 昆). Тие биле опишани во текстовите на династијата Танг дека имаат “црвена коса и зелени очи”, додека оние со темна коса и очи се вели дека се потомци на еден кинески генерал Ли Линг . [19] Во Кинеските извори, овие Киргиски племиња биле опишани како бело-кожи, зеленоки или синоки и црвенокоси луѓе со мешавина од европски и монголски карактеристики. [20] [21] [22] [23] Средновековниот кинески состав Tanghuiyao  од 8-10 век го транскрибирал името “Киргиз” како Tszeug (Киргут), а нивната тамга била прикажана како идентична со тамгата на денешните киргиски племиња Азук, Бугу, Черик, Сари Багиш  и неколку други.

Во текот на 18-тиот и 19-тиот век, европските писатели ја користеле рано-Романизираната форма Киргиз / Kirghiz – од современите Руски Киргизи (Киргизы) – што се однесува не само за модерните Киргизии, туку и за нивните побројни северни роднини, Казакстанците / Kazakhs. Кога требало да се направи разлика, биле употребени поспецифични термини: Киргистанската територија била позната како, Кара-Киргиз (“Црн Киргиз”, од бојата на нивните шатори), или Дикокаменные Киргизы,  Казакстанците / Kazakhs  биле именувани како Каисаки / Kaisaks  или Косаки / Koisaks/   или “Киргизки-Казакстанци / “Kirghiz.

Мнозинството од современите истражувачи дошле до заклучокот дека предците на Киргиските племиња имале свое потекло од  најстарите племенски унии на Саките / Скитите, Вусуните /Wusun / Исидоните, Динглизите /Dingling, Монголите и Хуните.

aca5af198609bddf696dcbb293850f35.jpgКиргистанец со традиционална Калпак капа

001656bed6a454f34abcb3f63ffdcfa6.jpg

fdc59f9578015b6f69e1076693cfb116.jpg

 

oirat_mongol5.jpg

 

  • Древното племе Ди – Динлинзите

Western_Regions_1st_century_BC(en)(1)

Би сакал да ги советувам оние кои ме обвинуваат за избрзани аргументи да ја прочитаат историјата на Древна Кина. Според Кинеските легенди, Кинеската цивилизација започнала кога Белиот “Бог” наречен –Хуан Ди (Huang Di) пристигнал од Север со својата небесна кочија (Вимана). Тој ги научил практично се – од оризова култивизација и конструкција на речни брани, архитектура, пирамидални енерго-комплески па се до писменост. Ова покажува дека Кинеските хиероглифи не се измислени од Кинезите, туку им се дадени на нив од страна на белиот човек што припаѓал на висока развиена цивилизација што лежи северно од Древна Кина.

giaguwen1.jpg

Хуанг е древното Аријско име , кое дури и денеска е прилично нашироко распространето, каде во шпанското говорно подрачје  е познато во облликот Јуан (Juan). Ди (Di, Ден, Даан, Tuatha de Danan) е име за племињата на белата раса кои живееле северно од древна Кина. Племињата Ди-Динлин – биле добро познати на населението на древна Кина. Тие имале потешкотии во изговорот на зборовите “Динлин” и ја прифатиле својата скратена форма-Ди.

preimperial2Убавицата од Лоулан. 3000-4000 стара мумија на жена со црвена коса и Европски изглед пронајдена во Tien Shan Планините во северозападна Кина.

China_Pyramid_Xianyang_777Се поставува тука прашањето – Зошто денеска Кинеската влада и војската ги штитат и во тајност чуваат пирамидите, забранувајќи било каков пристап или пак археолошко истражување? Дали стравуваат дека ќе се открие вистината на виделина, дека носителите на нивната култура се Словено-Аријските народи? Погледнете го ова видео – http://www.youtube.com/watch?v=US7qRyA9n0A

chinese_pyramids

tri_triskellionsТрескеле на артефакто од Sichuan  (број три играл многу важна улога за Аријаните) Дали ова е видлива трага на древната миграција од запад?

Постојат многу записи за племињата Ди во древните Кинеските Хроники. Кинезите се труделе да ги изгонат Ди, и ги истерале од својата земја (веројатно, од Динлината сопствена земја истотака). Дури во третиот милениум пред новата ера племињата на Ди се регистрирани во Кинеските Хроники како прводојдено и домородно население на таа земја.

xinjiang_schoolgirls

tj_kg_pe_karakullake

Во текот на период од три илјади години, некои Динили се истребени од страна на Кинезите, некои побегнале, а некои се смешале со нив. Зар не е чудна “случајноста” што последниот стил на Кинеските скрипти – kaishu , се користат и денеска без посериозни промени – а се завршени во периодот од Трите Кралства (220-280 н.е.), кога Кинезите го “решиле” проблемот со племињата Ди на својата територија еднаш засекогаш?

Ова изгледа како најдлабока “благодарност” за народот кој им го донел светлосното знаење и култура. Во текот од три илјади години имало сериозна војна помеѓу Кинеските племиња кои ја представуваат жолтата “раса”, и Динлините, племињата на белата раса, кои биле значително малобројни. Оваа три милениумска војна, завишила со геноцидот над Динлините, и таа имала неколку фази. Секоја фаза во текот на овој судир на белите и жолтите племиња ја обележиле промената во кинескиот стил на словата.

Таканаречената jinwen -скрипта има свој понатамошен графички “развој” во обликот на zhuanwen скрипта која е користена во почетниот период на династијата Zhou (1066-771 п.н.е.). Пишаниот јазик во епохата на династијата Shang се нарекувала dazhuan – големиот печат на скриптата. После императорот Qin Shi Huang (260-210 п.н.е.) биле обединети сепарираните царства во една Империја, и тој му наредил на неговиот прв минстер Li Si  да ja “стандардизира” Kинеската скрипта. Новата скрипта се нарекла xiaozhuan (Hsiao-chuan), Li Si -евиот мал скриптен печат.

Уништувањето на книгите пишувани на стариот стил и повторното испишување на се во “новиот” стил ја следат секоја “модернизација”. Oвие “глобални” културни промени во стиловите на скриптите од “некоја” причина се случило за време на присуствувото на Динлините во Кинеската култура. Тоа ни дава за право да се претпостави дека во почетокот, Динлиншкиот народ ја формил владеачка каста во Древна Кина како што било и во Дравидија (Древна Индија). Било граѓанска војна помеѓу различните касти, кои биле формирани од страна на представниците на различните “раси” – белите и жолтите во Древното Кинеско општество. Кастите на жолтата раса подигнале побуна против владеачката каста на Расите – Белите луѓе. Се што Динлините направиле за жолтите, тие во еден момент се свртеле против своите тутори, обидувајќи се да го сторат најдоброто, да ги уништат своите добротвори и не само физички туку и мемориски. Сосема интересен начин на “благодарност”!

x_schoolboy

xinjiang_tajik_girlДенешни жители на Xinjiang, Кина

 

 

  • Поврзаноста на Хитите и Гетите (Готите).  

Ако ја изучувате историјата пред овие датуми и овие подоцнежни народи, можеби и самите Скити кои дошле на историската сцена, ќе откриете дека оваа област и нејзините кралства се основани од едно огромно племе кое ја имало една од најголемите империи кои ги надминале дури Египќаните. Овие народи биле наречени Хетејци / Хити / Hittites. Скитите се чини дека потекнуваат од оригиналните Хети кои првично го окупирале овој регион илјадници години пред Скитите да се појават на сцената според официјалната историја. Според мене дефинитивно Хетите се една од гранките на Скитите – Скети/Схити/Хети/Гети/Готи. 

Eве што напишал Мавро Орбини во своето дело “Кралството на Словените”: 

“Словените се иселуваат и шират по бесконечната Сарматија, појавувајќи се под разните имиња: Венеди, Словени, Анти, Верли (Ерули), Алани (Масагнети), Хири, Скири, Серби, Даки, Сведи, Фини, Пруси, Вандали, Бургунди, Готи, Остроготи, Визиготи, Гети, Гепиди, Маркомани, Квади, Полони, Боеми, Слези и Бугари. Нешто подоцна, од сарматските равнини Словените се раселени во различни насоки. Овие страшни воини со воодушевување се опишани на брегот кај Црното Море од страна на Овидиј. Од мноштвото на нивните имиња со текот на времето се издвојуваат три како најглавни – Венеди, Анти и Словени – за да на крајот преовлада името Словен како општо име”.

Како што може да видиме и од претходните објави, несомнено, Гетите и Готите се еден ист народ. Ќе се обидам да објаснам дека Гетите / Готите се поврзани со Хетите или Хитите односно Скитите / Саките.

bf65787bbac28f2456cb323798630af2.jpg“Saka Tigrakhauda” (Саките со шилести капи) како што е претставено во палатата на Дариј во Персеполис. Скититската или Партијската подгрупа. Партијците (поврзани со Скитите и Медијци) на крајот ги окупираа Скитите, а подоцна и долго после Александар Велики и Селевкидите, ја освоиле старата територија на Дариј и нарекувајќи се себеси како “персијци”.

Оние кој Кинезите ги нарекувале како – Се (Se people), се истите луѓе каде што Хелените и Персиците ги нарекле Сака. Саките биле од Скитско потекло, односно нивна источна гранка, а за Скитите верувам дека можам да докажам дека потекнуваат од Хетејците или Хитите биле нивна гранка, кои пак сметам  дека нивни потомци биле и Саките и Саксонците исто така. Херодот ни кажува дека Саките имале “високи и шилести капи кои биле цврсто исправени”.

a1060e50677068ab9483b06413722765.jpg

Катафрактен-стил на параден оклоп на Елитен Сак (Сака), познат како “Златниот Воин” од Исук (Исак) курганот (Issyk kurgan) , историската гробница во близина на поранешниот главен град Алмата во Казакстан (Земјата на Казаците / Козаците).

Азиската Сака шапка е јасно видлива на бас-рељефот од скалилото на Персеполис Ападана – високо зашилени шапки со капаци над ушите и задниот дел на вратот. Хититите, за кои сега имаме огромни археолошки докази, исто така, ги носеле истите тие високи и зашилени шапки или капи. На многу локации во денешна Турција се пронајдени многу претстави на Хетејци со истакнати капи и чевли со завиен крај.

Saka.jpg

Скитиец, Ападана Бехистун

 

2fc91100d53aca5ab4d7e663ffa507e1.jpgСкитска принцеза со шилеста капа, Казахстанската златна жена, 

 

Покрај тоа, постојат многу референци за Хетејците кои биле пронајдени и преведени од Египетските натписи, кои ги опишуваат како моќни соседи, кои носеле чизми со нагоре завиени прсти (како опинците), имале сребро и понекогаш биле големи непријатели на Фараоните. Ова довело до склучување на мировен договор помеѓу египетскиот фараон Рамзес II и Хетејскиот крал Хатусили III, каде Египќаните и Хетејците направиле “вечен договор” за “мир и братство за сите времиња”.

Nemrut-Dagi-on-Map-of-Turkey.jpgПланината Нимрут во близина на езерото Ван

800px-AlterOrient2.pngХитската Империја во плаво 1300 г.п.н.е.

Хетитите се антички народ кој бил распространет во Анадолија околу 18-от век п.н.е. со главен град во Хатуша во Централна Анадолија. Оваа империја го живеела својот врв во средината на 14-от век п.н.е. и под водство на Супилулиума Први успеале да завладеат со скоро цела Мала Азија како и со делови на северен Левент и Горна Месопотамија. По 1180 г.п.н.е. за време на распадот на бронзеното доба, на империјата и дошол крајот, расцепкувајќи се на повеќе независни неохетитититски градови-држави, од кои некои преживеале се до 8-от век п.н.е. Нивниот јазик води потекло од анадолското говорно подрачје на индоевропското семејство на јазици. Тие нивната татковина ја нарекувале Хати, а нивниот јазик Нешили (јазикот од Неша). Нивното конвенционално име Хетити произлегува од библиските Хетити кои преку археолошки ископини се пронајдени во 19-от век. И покрај тоа што тие самите се нарекувале Хати, Хатите би требало да се раздвојуваат од Хетитите, пред се како постар народ од двата, кој го населил истиов регион, се верува во 2-риот милениум п.н.е., и се користеле со северозападната кавкаска група на јазици, позната како хатитска. Нивната војска главно се состоела од запрежни кочии. Иако овој народ му припаѓал на бронзеното доба, тие опстојувале и за време на железното доба, произведувајќи предмети од железо уште во 14-от век п.н.е. а ова се потврдува преку писмата кои тие ги испраќале и од нив барале стоки од ваков вид. По 1180 г.п.н.е. во период на општи превирања во Левент поради пристигнувањето на Луѓето од Морето, кралството се распарчило на неколку независни неоХетитититски градови-држави, некои постоејќи се до 8-от век п.н.е. Историјата на оваа цивилизација се дознава најмногу преку клинестите списи кои се пронајдени во таа област, како и преку нивните дипломатски и трговски врски кои ги воспоставиле со Египет и Блискиот Исток. Кралството на Хетитите било распространето околу Хатуша и Неша, подрачје познато како “Земјата на Хатите”. По именувањето на Хатуша за нивна престолница, таа била всушност во срцето на Империјата по течението на реката Халис. На западните и јужните делови на нивната територија се наоѓал регион и според најстарите Хетитититски текстови бил наречен Лувија. Но со растот на неколку кнежевства оваа терминологија бил заменета со имињата Арзава и Кизуватна. Како и да е, Хетитите продолжиле да го именуваат јазикот кој се зборувал на ова подрачје како лувијански. Заедно со развојот на Кизуватна, во срцето на територијата во Силиција за прв пат Хетитите ја нарекле ова подрачје како Аданија. Во текот на бунтот на Хетитите за време на владеењето на Амуна, се користел називот Кизуватна, успевајќи да ја прошират територијата северно кон планинскот масив на Антитаурус. Таму живеел народ наречен Каскијани. На југоистокот од Хетитите се наоѓал народот наречен Митани. Кога тие биле на својот врв, за време на владеењето на Мурсили Втори, нивната империја се протегала од Арзава на запад, до Митани на исток, како и поголемиот дел на каскианската територија на север вклучувајќи ја Хајаса Ази Империјата, и на југ се до јужните граници на Либан.

Претпоставувам, бидејќи ние практично не слушаме ништо за Хетејците (Хетите) од античките Грци, дека дури и не знаат ништо за Хетејците, или едноставно не знаеле како да ги читаат Египетските или Хетејските хеллографи во тоа време. Ова ќе ја долови смислата. Во секој случај, ние го имаме хеленскиот историчар Херодот, опишувајќи ги Саките со “високи заострени капи”, и  ние имаме многу сведоштва и древни описи од фактичката наука дека на Египќаните но и од самите Хети, дека и тие исто така ги носеле овие зашилени капи.

Hattusa,_capital_of_the_Hittite_Empire_38.jpgTudhaliya IV (relief in Hattusa)

800px-Yazilikaya_B_12erGruppe.jpgTwelve Hittite gods of the Underworld in the nearby Yazılıkaya, a sanctuary of Hattusa.

800px-Ankara_Muzeum_B19-45.jpgHittite monument, an exact replica of monument from Fasıllar in Museum of Anatolian CivilizationsAnkara.

5-days-cappadocia-mount-nemrut-tour-from-istanbul-5.jpg

 

645x400-world-heritage-site-mount-nemrut-attracts-52000-tourists-in-southeastern-turkey-1509008364410.jpg

maxresdefault.jpgMount Nemrut in southeastern Turkey

Еве еден извадок од книгата – “Историја: Фикција или Наука? Том 2 од Анатолиј Т. Фоменко”:

Untitled.png

Тука гледаме дека авторот се обидел да ги изедначи Готите/Гетите со Хетите.

 

 

 

  • Можната Библиска конекција со Вусин, Саките, Хетите, Аморитите 

 

Повеќето современи дневни приказни што ги имаме од овие народи доаѓаат од Истокoт, каде што изгледа дека тие имале значајно влијание во овој регион во времето на Стариот Завет, а исто така и во почетокот на Новиот Завет. Меѓутоа, денес нема да го најдете името на “Вусуните /Wusuns” во Библијата или пак во какви било верски историски документи. Се чини дека тие едноставно исчезнале од лицето на земјата, оставајќи многу малку докази зад себе.

Присуството за можната раса од словено-нордиски тип, која била висока, светло-кожа и светлоока, исто така може да се најде меѓу библиските Аморити, кои верувам, исто така, ја овозможуваат можната врска со која Кинезите ги претставиле нив како Вусуни. Покрај тоа, Вусунте изгледа звучат многу слично на белите Сиријци за кои се вели дека се потомци на Хетејците, а можеби и потомци на Аморејците. Белите Сиријци биле, исто така, генерално високи, со бела или руса коса и светлосини или сиви очи. Оваа можна врска со Вусуните ги става директно во срцето на библиската историја, а исто така и со локацијата на овие приказни во врска со Аморејците за кои се вели дека биле “високи како кедри”.

Историските извештаи што ги дадов погоре, овие мистериозни народи ги опишуваат со термините како “Ѓаволите со зелените очи”, високите, како и со сини очи, црвенобради, што ни дава складност со таканаречената Европската ДНК која била внесена во овие региони од светот. Описите на племето на Вусуните и историските извештаи за спојувањето со Саките, им даваат на научниците не само за расниор изглед на овие народи, туку исто така и за потеклото на племето познато како Саксонци, кои подоцна продолжиле да се шират и населуваат во Европа.

Во заклучокот, тука е библискиот пасус за да размислиме до мојата следна статија под Езекиел 16: 3 – “И велат,” Така рече Господ Бог во Ерусалим, вашето раѓање и вашето потекло е од Ханаанската земја, вашиот татко беше Аморејец, и вашата мајка Хетијка. “

Во мојата следна статија би сакал да ги испитам овие можни врски на Ву-Суните и Саксонци со библиските Хети и Аморејците.

 

 

Текстот продолжува….

 

 

Advertisements

One thought on “Од Скитија до Скотија (Шкотска) – Поврзаноста на Саксонците, Казаците, Саките, Сиките и Сакалибите. Дел IV

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s