Атила – Монгол или Словенски воин против Католицизмот? Разоткривање на Хунската мистерија

Во обидот да ја откриеме мистеријата за легендарните Хуни стигнавме до шокантни заклучоци. Атила никако не бил Монгол.
Хуните биле наводно номадски народ кој живеел во Источна Европа, Кавказ и Централна Азија помеѓу 4 век и 6 век од н.е. Тие всушност се сметаат за иницијатори на “големата преселба” на народите.
Римскиот историчар Амијан Маркелин, кој во почетокот на 390 година го завршил својот историски труд забележал…..“Хуните живеат над Азовското море во близина на замрзнатиот океан”.  
Јероним ги поврзал со Скитите во едно писмо, напишано четри години после Хунскиот напад врз источните покраини на империјата во 395 година. Изедначувањето на Хуните со Скитите, заедно со општиот страв за доаѓањето на “Антихристот” кон крајот на 4-ти век, довело до нивна идентификација со Гог и Магог (кои Александар Велики Македонски ги затворил позади непристапните планини, според популарната легенда). Оваа демонизација на Хуните исто така се одржувала и во Јорданесовата Гетика, напишана во 6-ти век, кој ги представува како варвари и како луѓе во кои се спуштаат “нечистите духови” и протераните готски вештерки.
13b431143f427f4e879de89fab38f049.jpg
Меѓутоа согласно описите и архиелошките докази, се испоставува дека овој народ имал развиена цивилизација, култура, металургија а за нивото, стилот и изработиката на златните предмети не сакам ни да говорам. Де-факто тие воопшто не се разликуваат од Скитските изработики и не може никако да се направи разлика во умешноста.
Римските историчари Темистиј, Кавидиан и Прокопиј Кесарски ќе ги наречат Хуните како Масагети (Маса-Готи).
А еве што напишал Мавро Орбин во својата книга “Кралството на Словените” забранета од Ватикан, во 1601 година:
“Од Скандинавија, Словените се иселуваат и ширарт по бескрајната Сарматија, појавувајќи се под разните имиња: Вендеди, Словени, Анти, Верли (Ерули), Алани (Масагети), Хири, Скири, Сирби, Даки, Сведи, Фини, Пруси, Вандали, Бургунди, Готи, Остроготи, Визиготи, Гети, Гепиди, Маркомани, Квади, Полони, Боеми, Слези и Бугари”. (Стр. 6)
“A што да кажаме за храбрата Тамара, кралицата на Масагетите, односно Аланите, каде со својата рака го убила персискиот крал Кир?
Пред 2-риот век Дионисиј Периегет говори за народ што живеел до Каспиското море, кој што по звучност многу одговара до Хуните. Во исто време Птоломеј ги споменува „Chuni“ како едно од сарматските племиња, но наводно историчарите не се сигурни дали се работи за Хуните. Ерменскиот историчар од 5-ти век Мојсеј Хоренски ги опишува Hunni -те како соседи на Сарматите, каде помеѓу 194 и 214 година го превзеле градот Балк.
Интересно е да се напомене дека овој Хунски народ бил во сојуз  со Аланите, Гепидите, Ругите, Словените, Антите, Остроготите, Лангобардите, Херулите каде сите имале посебна задача во контролата и собирањето на данокот од одредените области.
Согласно монахот и историчарот Мавро Орбини сите овие сојyзни народи имале Словенско потекло.
18119435_1730349463658144_907477539077299395_n.jpg
Општо е познато дека Атила живеел во 5-тиот век. Интересно, тогаш не биле гравури?
18194192_1730350403658050_954807991458541110_n.jpg
89ff163b2a1b41312e66a7cc24757319.jpg
8919002357_60cbb8f8f9_b.jpg
 Шкотскиот глумец Жералд Батлер како Атила во минисеријалот Атила  од 2001 година. Прикажен како Словен а не како Монгол од жолтата раса!
3fba636ab2169f9c645e3e519218cd21.jpg
800px-Nuremberg_chronicles_-_Atilla,_King_of_the_Huns_(CXXXVII).jpg
Приказот на Атила во Нирнбершката средновековна хроника
Многу европски и христијански свештеници во тие години се обидувале да разберат како така наеднаш, од никаде, се појавил народ над сите народи. Атила го нарекле како “Божјиот Камшик” (латински: flagellum Dei).

Бил владетел на Хунското Царство кое се простирало од територијата на денешна Германиjа до реката Урал, и од Дунав до Балтичко Море. За време на своето владеење Атила бил најголем непријател на Источното и Западното Римско Царство: два пати бил во поход на Балканскиот Полуостров ја преминал Галија до Орлеана, а битката ја изгубел на Каталунските полиња. Го нападнал западно римскиот император Валентинијан III од неговата резиденција Равана во 452 година, стигнал до Константинопол и Рим, ама не можел да ги заземе овие два града.

Во поголем дел од западна Европа, од страна на кон него не наклонети римски извори бил претставен како груб и алчен. А пак од друга страна, некои историчари го сметаат како голем и благороден крал.

Поради развратот во Европа, Бог не испрати нас Хуните и нашите владетели”, – говореле тие. Интересно е што некои и го благословиле доаѓањето на Атила. На пеример, Лу – архиепскопот Труаски го напишал за него следново: “Нека биде благословено твоето пристигнување Бичу Божји каде јас му служам”.
“Нека се воздигне духот ваш, нека зоврие вашата јарост”.
“Koj е во состојба на мирување, кога Атила се бори, тој е веќе погребан”.
Eдноставно со голем страв во очите, тука во Европа ги плашат децата се до денеска со страшните приказни за суровите варвари. Но тука оаѓаме до следното важно прашање: – A зошто Русија не ја допреле? Никој не е жртвуван а ниту градовите не биле рушени?
Одговорот се наметнува сам по себе. Русија е нивната татковина. Меѓутоа, тоа и не e баш некоја тајна. На сите им е познато дека тој е роден во славниот град Итил (Атил) на крајбрежјата на реката Ра – која е позната и како Волга. Тоа е првото откритие. Атила не е име. Тоа е погрешно читање на неговата титула – ATILLE HUN (подоцна пишувањето се променило на ATTILA REX, и до денешните денови постојат двете опции на пишување – Attila и Atilla (тоа е поради што различните писатели пишувале онака како што слушале) – Хан Атилски. Така градот покрај делтата на Волга го дала името и на самиот хан (каган) и целиот народ по говорот на “просветените” европјани. ХАН (ХУН) трансформирано е во ГУН, или Хун-Ариј – ХУНГАРИ. 
36742237_10213865088794945_1435048912619569152_n.jpg
Хунгарска (Унгарска) традиционална облек каде е јасно претпознатлив словенскиот елемент
Всушност Атила е единствената особа, на кој му одговара дефиницијата “Великиот Хан”. Биографијата на Атила детално се поклопува со легендата за “Владетелот на Великите Могули”. Дури и посмртниот обред на тие историски двојници опишан е речиси од збор до збор. Истите три гроба, повлекувањето на коритотото на реката, подоцна поплавувањето на могилите, и убиството на сите кои учествувале на погребот, и кој го знаеле местото на погребот. Патем да кажеме дека тоа е само една убава легенда. Навистина Великиот Хан го погребале на вообичаениот начин, само што гробот го ископале под коренот на најстарото дрво во шумата. И тоа не било пред илјада и петсто години, туку се на се пред околу осумсто години.

Империјата на Хуните
А кој биле тогаш Сарматите?

Реконструкција за изгледот на сарматските девојки – Амазонките
А кој биле пак Аланите? 
Еве што напишал Мавро Орбин во својата книга “Кралството на Словените” во 1601 година: 
“Дека Аланите се словенско племе потврдува, покрај останатите, и Матиј Миецовит. Аланите се најблиски до Пољаците и Чесите”. (стр.6)
“Словените се иселуваат и шират по бесконечната Сарматија, појавувајќи се под разните имиња: Венеди, Словени, Анти, Верли (Ерули), Алани (Масагнети), Хири, Скири, Серби, Даки, Сведи, Фини, Пруси, Вандали, Бургунди, Готи, Остроготи, Визиготи, Гети, Гепиди, Маркомани, Квади, Полони, Боеми, Слези и Бугари. Нешто подоцна, од сарматските равнини Словените се раселени во различни насоки. Овие страшни воини со воодушевување се опишани на брегот кај Црното Море од страна на Овидиј. Од мноштвото на нивните имиња со текот на времето се издвојуваат три како најглавни – Венеди, Анти и Словени – за да на крајот преовлада името Словен како општо име”. (стр. 6)
По излезот од Скандинавија, заедничката прататковина на сите Словени, Аланите се поделиле во две групи, од каде што едната оди во Азија и се населува, според Птоломеј, кај Хиперборејските планини, а другата, во заедница со Вандалите и Бургундите, продира во Франкија. Разните писатели различно ги нарекуваат Аланите: Скити, Даки, Готи и др. 
Според Прокопиј, Аланите говорат ист јазик како и Готите. За животот и обичаите на азијските Алани најоширно ни соопштил Амијан Марцелин. Во старите времиња тие продреле дури до Палестина и Египет. Подоцна војуваат со Римјаните и со царот Грацијан продираат во Константинопол. Неколку цареви загинуваат во борбата со нив. Преминувајќи ја Галија, се населуваат во Шпанија. Според нив е наречена Каталонија. Одтаму продираат и во Португалија. (стр. 6)
Alania_10_12.pngАланија

Алани
Вака изгледале Аланите уште на крајот на деветнаестиот век. Не е оваа слика реконструкција. Се работи за вистинска фотографија. Во времето кога веќе постоеле локомотивите и Лондонското метро, некои племиња постоеле исто како и во средниот век.

Тањир пронајден во Северна Осетија 
А каде била Скитија?

Скитија 
Како што гледаме, сите карти се сложуваат една со друга, како лисја од зелка. Со помали разлики, типични, природни, бидејќи секоја државна граница постојано се менува во текот на времето.
Eве да ги погледнеме златните садови и предмети изработени токму од Скитите:
98913_800.jpg
LZhmLDtOiUOEdRd-1600x900-noPad.jpg
foto-122

foto-123

foto-124

foto-125

foto-126

foto-127

Фрагмент на скитски барељев на бронзена посуда – што гледате од овие предмети –  чистокрвен Монголски номад или типичен Словен?
Потаму, како да размислувате за ова: Сите овие “земји” се само “федеративни субјекти”, и еден ист субјект, кој се нарекува на различни начини во различни веременски периоди. Како да не бидат закачнати историчарите, кои пак огорчено возвикуваат: – “Народ, кој се појавил од никаде и исчезнал во истото тоа никаде”. Секако….нема проблем.
Сега да погледнеме на современата карта и да го добиеме одговорот: Сите  источно словенски народи, имено, Вјатичи, Кривичи, Драговичи, Древјани, Полјани, Смолјани итн…се обединеле територјално под контрола на кнез или хан. Често секуларната власт и војна, ја поднесувал еден човек. Поради тоа и името на владетелот не било едно. Светото име, кое го знаел самиот човек и волхвот (свештеникот), дадено по пат на инцијација во дванасетата година, и домашниот надимак.
Надимаците биле широко познати за масата. Тоа се – Мамај, Кучубеј, Ногај, Догонај, Бату, Челомбеј и др. А јавните биле – Владимир, Олег, Игор, Светослав, Јарополк итн.. и затоа не секогаш постанувале домен на гласини и хроники.
Светските Кнезови се познати по јавните имиња, а војводите на хордите (ордените) се нарекувале со надимаци. Тука ја елиминираме споривноста – зошто на аверсот на старите монети e руското име “Светослав”, a на реверсот – тарското – Хан Мамај. Тоа е една особа!
1301505352124Azia.gif
Велика Тартарија
И пишувањето во Тартарија се делело во погледот на пристапот на информациите. Волхвите пишувале со руни (свештенското писмо), а народот пишувал со цртки и резки, знале да пишуваат и на глаголица, а источните и јужните покраини пишувале воглавном она што ние денеска го нарекуваме како “арапско писмо”. Но буквицата и лигатурата биле подеднакво разбирливи за сите Тартари.
За да не настене некоја забуна околу Тартарите и она што го знаеме како Монголски Татари ве молам подетално да го разгледате следниот текст.
Попатно, што значи зборот Орда / Одрен? Волхвите од Беловодје, местото на бившиот Азгард Иријски каде денеска се наоѓа современиот Омск, во 1222 година од н.е. донеле заштита за старата вера. Одлуката имале назив: ОР-ДЕН, што значи “Светла Сила”, каде “ОР” означува Сила, додека зборот “ДЕН” означува Светлост. Таа Светла Сила (Воини на Светлината) пристигнале од Урал, како одмазда за земјата разорена и заробена од страната на јудео-ромејските христијани (евреите и ромеите). Тој збор “ОРДЕН” e искривен од страна на Латините-Ромеи како “Оrde” a историските писатели го промениле зборот во “орда (хорда)”. Taка од страната на латините, придошла силата наречена како Монголо Татари иако тоа била војската и силата на Белата Раса од истокот кои биле незадовлни и бесни поради тоа што нивните западни провнции подпаднале под власта на јудео-христијанската инквизиција која правела немолсрден културоцид и геноцид врз западните словенски народи.
Идеме потаму. Главните и големите групации останале во историјата познати како Скити и Алани. Но сите овие немале јасни граници, во различни времиња административната карта била поинаква. Не се менувала значајно само мапата на целата земја во целина. А разликите во културите исто така биле минимални, и премногу е апсурдно да им се обраќаме внимание. Но општото јадро на родот е несомнено едно.

Коппјаник

Погледнете го златниот накит кој бил во неограничени колични кај Хуните. Освен тоа, тој е изработен со најголема вештина, но и со употреба на голема количина на благородни метали и тоа за во секојдневниот живот! Од каде е ова богатство кај номадите? Јасно е од каде. Современиците на походот на Атила во Европа самите тие говореле за неверојатното богатство на земјата на Хуните. На крајот на краиштата, нив им плаќале данок Рим и Византија! Јасно е тогаш зошто толку ги мрзеле и се плашеле од Тартарите во Европа.
Вчудоневидувачко е нивото на вештина кај Хунските варвари, “номадите” од степите:

Декор од злато – она што останало од скитскиот меч

 

Интересно е што се останоло во провинцискиот музеј во Курск 

Скитски накит

Скитски накит

Женска нараквица 

Чешел за коса од злато, Скитска колекција од Крим 

Колку било потребно да имете злато, за од него да правите дури шелиња за коса! Очигледно е дека номадските народи не можеле да имаат развиени зaнати и високо производство. Ние гледаме убедлив доказ дека Хуните или Тартарите, или Скитите или Сармати, а уште и Венетите, Вендети, Вандалите, Пелазгите, Скалвите, Словените, Русите, Росите, Московитите, Кацапите (уште кое име го заборавив?) итн итн…биле моќна централизирана држава, со напомена без строги граници, со развиена металургија, со добро функционален полтитички и правосуден систем, и со непобедлива војска. Имињатa на племиња и племенски сојзуи биле многу, но народот е еден! Треба да застенеме на еден!

Хуни (Скити, Алани, Готи, Даки, Словени, Анти, Венди, Тартари, Руси итн)

Поразените непријателски Темни Сили во Европа, нормално ги сметале Хуните за окупатори, а оние кој му пристапиле тврделе дека Атила никогаш и никој насилно не го придржувал. Во 2012 година во Липецката област го ископале градот на Хуните. Неговите димензии и совршенство изненадува дури и денеска. Тоа било град на металургијата и изработката на оружје, ткаење, грнчарство, златарство и трговија. Какви биле овие чудни “номади”!
Посланик од Рим допатувал кај Атила, за да се договорат за големината на римскиот данок кон Хуните. После таа посета тој забележал:
Градот бил на три реки, источно од Дунав, и бил изграден од дрва. Царскиот двор со изрезбани кули се истакнувал на планината. Гостите ги дочекале со леб и сол, мед и квас. А девојките во долги халини играле во круг, го празнувале доаѓањето на гостите”.
Овој дочек е сосема жив дури и денеска во некои словенски земји. Интересно е да се каже дека овој град го уредил уште прадедото на Атила кој замислете се нарекуваl Белимир (Велимир, можеби и Владимир). Братото на Атила се нарекувал Блед (можно Влад?), потоа од хунските владетели го наоѓаме и името Ругила познат и како Руас (Рус). Руга е само латинизирана форма на Рус.
Дозволете да се потсетиме дека древниот расенски град (етрурски) по име Персуија во времето на латините бил прекрстен во Перуџа. На Википедија за Руас го читаме следново:  Rugila or Ruga (also Ruas; died second half of the 430s AD).
Потоа помеѓу Хунските лидери го среќаваме и Улдин каде неговото име повеќе звучи како Вандалско, исто така и синот на Атила се викал Денгезич (Dengizich), што дури многу потесетува и на словенско презиме.
Го среќаваме и името Манџук. До денска во Македонија и Хрватска постои ова име како презиме – Манџук и Манџукич.
Манџук (Μουνδίουχος ; 390—434 г.) бил син на Алп Биј и брат на Каратон и Урус Руга Бургас. После смртта на братот – Урус Руга Бургас, тој застанува на челото на Хунската држава, но откако слушнал гласини дека го убил, бил застрелан од тронот и казнет со смрт. Тој е наследен од неговите два сина, Пала и Атила. Исто така името Урус е типично руско име, па дури до ден денеска некои народи сеуште ги нарекуваат Русите како Уруси.

Ајде сега да се потсетиме кои народи во минатото биле наречени како – Уруси, од страната на Хазарите? Мислам дека одговорот ви е сосема јасен. И не само во минатото, дури и денес сеуште некои арапски и азијатски народи Русите ги нарекуваат како Уруси, како што е примерот во лезгиските јазици.

Thedecapolis.png

Инаку, Лезгински е североисточен кавкаски јазик, мајчин јазик на Лезгините . Јазикот се зборува во Русија поточно во Дагестан, Азербејџан и Казахстан од околу 450.000 луѓе. Јазикот е официјален во Дагестан.

Thedecapolis.png

 

Etruscan_civilization_map.png
  • Реката Волга – Волгарија (Волшка Бугарија)

map_bulgarkhanat.jpg

Финците и Естонците до ден денеска ги нарекуваат Швеѓаните како Рутси  (Ruotsalainen) а нивната најпозната древна област се до денеска се нарекува Roslagen, a самото население во тоа време се нарекувале како Роси (Ros).

The name comes from the rodslag, which is an old coastal Uppland word for a rowing crew of warrior oarsmen.[2] Etymologically, Roden, or Roslagen, is the source of the Finnish and Estonian names for SwedenRuotsi and Rootsi.

Меѓутоа зборот Роден и Родслаг имаат сосема поинакво значи и тие се врзан со словенскиот збор “Род” кој што во некои списи се дефинира и како божество, исто како и грчкиот остров Родос.

*Види за: Roslagen

*Види за: Rus’ people

Повторно се повикувам на Мавро Орбин и неговата книга “Кралството на Словените” напишана во 1601 година, книга која строго била забранета од Ватикан:

Прататковината на сите овие Словени е Скандинавија. При иселувањето од Скандинавија сите Словени се нарекувале Готи. Не треба да се заборави дека и словенските Анти биле всушност Готи. Според тоа, од Готите потекнуваат сите подоцнежни Словени, кои се јавуваат под разни имиња. Особено бројно и моќно готско-словенско племе биле Вандалите. Тие го завзеле европскиот појас кој, одејќи од север кон југ, се протега од Германското до Медитеранското море. На Вандалите им припаѓаат Московитите, Русите, Полоните, Боемите, Церкасите, Далматините, Истраните, Кроатите, Боснесите (Босанците), Бугарите, Расијаните и многу други. Дека е навистина е така, тоа го покажуваат и многуте заеднички зборови….

Словенскиот народ, Бугари пристигнале од Скандинавија (како што известуваат Методиј Маченик, Јорданес Алански и Франческо Иреник во VI книга, погл.32) и запреле за кратк овреме на оној дел од Германија каде плискаат водите на Померанското море (Поморје), поинако наречно и како Балтичко море (Бело Море). Тргнувајќи од подоцна од таму, пустошејќи и палејќи се, ги завзеле полињата околу големата река Волга, по која биле наречени и како Волгари, а подоцна и како Бугари. Со текот на времето еден нивни дел тргнал од Волга и стигнал на Дунав, а одтаму продрел во Тракија…Својот крал Аварите го нарекуваат Какан или Коган (Хан), исто како и словенските Бугари. Заедничката татковина на Словените, после Скандинавија, била Сарматија, која на истокот се граничи со Азовското море (Meotide palude), на запад со Висла, на север со Сарматскиот океан, а на југ со Карпатите.Словенските Скири и Хири (Scyrri / Hyrri), пристигнувајќи во Подунавјето, го добиле името Дачи (Даки, Дојчери, Дачери). Бугарите и Норманите потекнуваат од словенското племе Суеди или Суеви (Шваби, Сведи, Швеѓи). Поточно говорејќи, правите предци на Норманите се Маркоманите, кои се многу сродни на Куадите. Дека Маркоманите се навистина со словенско потекло се потврдува и во некои од зачуваните натписи. Словенската припадност на наведените племиња јасно се докажува и со бројните имиња кои завршуваат на – мир – гаст – слав итн..

 

… А Македонци оту биле по одлични и по мужествени и по храбри и не страшливи ни од кого – затова Грците им велеле Варвари и Авари.

Ѓорѓија Пулевски„Славјанско-маќедонска општа историја“, 1892

А еве уште нешто….Волгарите (Бугарите) го нарекле Атила како Мстислав! И тоа не е се. Од каде толку митови. Живееле во Италија, Гали, Франки и Нибелунзи, на никој не му сметале и плаќале данок редовно. Потоа некој во Иберија (Шпанија) започнал да се буни посакувајќи сами да да “царуваат”, без покровители Морало да се тргне во војна, да се воведе ред. Рим е поштеден, нажалост. Папата му платил на Атила голем данок. Инаку Атила би ја спалил оваа инфекција до корен, а ние денеска би живееле во сосема поинаков свет. Нажалост Атила не се покажал до толку суров како што би требало.

18118654_1730373413655749_1242872357242281791_n.jpg

 Атила ја освојува Будимпешта
Маџарите (Унгарците) и Бугарите се сметаат потомци на Хуните. А како е можно во некои од описите на современиците на Хуните кажува: – “црни, со коси очи, со образи ишарани со лузни, така што брадата не им расте”.
Тоа е едноставно.
Да се сетиме на јуни 1941 година кога војниците на Вермахтот ги виделе првите руски заробеници, тие биле извадени од памет. Нив ги лажел Гебелс, дека Русите се косооки варвари, ниски луѓе, дури биле…нешто како мајмуните. Зошто тоа се случило? Секрој кој служел во Советската војска го разбирал тоа: – регрутите од братските републики, како што се Туркменистан, Киргистан, Таџикистан и сл, кој можеле да го испратат во војска? Пастирите и одгледувачите на памук. Овие борци, не го знаеле дури ниту рускиотјазик и имале позиции за кои не требало квалификација Овие “витези” не биле припремени за водење борби. Затоа и лесно паѓале во заробеништво и тоа на големо.
18119059_1730374060322351_2649530240044058080_n.jpg
Во текот на изградбата на мостот преку реката Дунав во Маџарска во 2014 година, работниците ископале неверојатен ковчег во гроб кој датира од 6-ти век. Анализата се покажала дека се работи за голем хунски војсковач. (Можеби еден од генералите на Атила):
18119506_1730374683655622_6018943023142633422_n.jpg
“Оваа гробница апсолутно е неверојатна”! Ова го објаснува Алберхт Румштајн (Albreht Rümschtein), историчарот од Етвеш универзитетот Лоранд во Будимпешта и член на специјалистите кои ја проучувале гробнцата. “Ние пронајдовме многу скелети од коњи, како и различни оружја и други артефакти, сите традиционално врзани за Хуните. Овие предмети вклучително и големиот меч, направен од метеритоско железо, кој, секако, можеби припаѓал на легендарниот Атила”. Скитскиот “Свет меч”, согласно легендата, наводно го добил од некој пастир кој тврдел дека тоа е мечот на Марс, Богот на војната”.

Атила бил еден од најголемите освојувачи во историјата и најпознат меѓу варварските водачи затоа го добил од римските цареви прекарот Камшикот божји. Постои легенда според која Атила го добил мечот на богот Марс и дека другите варварски водачи не можеле да го погледнат во очи а при тоа да не се поколебаат за своите намери. Легендата на Хуните вели дека Атила од еден овчар како подарок го добил мечот на богот Марс, Атила го нашол овчарот со своето стадо и здогледал крвава трага. Овчарот му рекол внимателно да ја прати таа трага. Атила ја прател трагата и од тревата извадил меч, кој го кренал високо над главата. Атила мислел дека тоа е предскажување за него да биде еден од најголемите светски освојувачи по Божја волја.

За тоа дека самиот Атила бил Монгол не станува ниту збор, меѓутоа во Скитската, односно Хунската конфедерација секако имало и прападници од другите раси и етноси, како што биле угрите или турките, бидејќи Словените слободно живееле уште од дамншни времиња во склад со другите народи вклучиелно и другите вери, слично како во времето на СССР, па дури и во денешната Руска Федерација, меѓутоа воената елита секако ја составувала Словенска аристократија и благородништво.
Спомнувања за инвазијата на Хуните е забележана во древниот германски фолклор: Eцел во Песната за Нибелунгите и Атла во сагата Волсунга го употребуваат Атила за свој прототип. Од името на Хуните произлегува и именувањето на Унгарија.
За време на Првата Светска Војна англичаните го употребуваат термнот “Хуни” за именување на германците.
Aко ги погледнеме денешните Унгарци, Финци, Бугари тие имаат доминантна словенска генетика, тие не се монголи, немаат коси очи, ниту се мали и ниски, меѓутоа јазикот на Финците и Унгарците води корен од Угро-Финските јазици во кои има големо присуство на туско-угарски елементи.

Слава за Боговите и Многумудрите Претци Наши!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s