Поврзаноста на Античките Бриги и Брсјаците

Како увертира во овој текст предлагам најпрвин да се прочита текстот за: TРАКИЈСКОТО ПЛЕМЕ “МYGDONES” – ПРЕДЦИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ И УЧЕСНИЦИ ВО ТРОЈАНСКАТА ВОЈНА

 

Словенските народи не го гледале светот како една ограничена територија во древното минато, туку тие биле слободни да се движат, да го истражуваат и да населуваат поволни териториии. Па затоа некои племиња ги среќаваме на различни места, во исти или различни периоди. 

Најпрвин да кажам дека босанскиот србин Стефан Верковиќ (авторот на Веда Словена) во својата етимолошка детекција погрешил и недобро го протумачил зборот “Брсјак” поврзувајќи гo со зборот “брзо”, па се до оние толкувања денешни, дека биле брзи и јаки итн. каде и самиот Ѓоргија Пулевски и многу други наседнале на оваа теза. Па демек биле биле брзи во Олимпијските игри и разно други приказни. Еве што пишал Пулевски за нив:

20200122_084613

Mеѓутоа:

Зборот “Брсјак” води директно корен од зборовите Брежани, Брегичи, Брџани – Горанци, Горштаци – Breges, Briges, Brygi, Brysas итн. Ние знаеме дека во средниот век постоело на овие краишта древно племе словенско Бережити однсно Березити кој во суштина се Брсјаците. Овој назив гора, планина, брдо се зачувал кај нашите југословески народи, додека кај останатите словенски племиња не се зачувал во таков облик. Ова племе во Тропољето, секогаш живееле по брдата и бреговите (горштаци), според кои и така се нарекле. Така ги гледаме нив околу Драч во денешна Албанија и Македонија (некогашно Османско Царство), по планините, на Алпите и по другите висински места. Од нив денеска се сочувал топонимот “Брда” кај Црногорското племе Васојевиќ, како и во јужните краишта, односно денешна Македонија тогашна Дарданија. Кај Брсјаците од денешна Македонија дури и денеска се среќава силен словенски светол генотип, дури и покрај фактот што во текот на историјата се случиле огромни мешања, особено на ова наше парче земја. Ние не можеме да кажаме во потполна смисла дека се истите Бригијци како пред повеќе од илјада години, меѓутоа идентитетот свој во одредена мера успеале да го задржат. Но сепак и денеска се далеку од оваа спознаја за која сега ќе говориме.

Оние Брсјаци што живееле околу Драч, нажалост се пошиптарени, но и оние околу планините Крчен, Плашкавица, Лајница и ограноците на Шара.

Со еден збор сите жители по брдата од јужната страна на Шара се нарекувале Брсјаци односно Брџани, Брски или Брцски, одтука е скратено Брсјак, како и кај зборовите невеста-неста, рукави-рукаи итн. Тука буквата “д” најпрвин преминала во “ц” како во јужното наречје, а после во “с”. Затоа често се кажувало господин, госпоцски па и госпоски од каде е изборот госа, госки, место господ, госпоски или господски постанал.

Исто така овој словенски збор “Брдо” кај северните словени кои денеска многу од нив се германизирани, сеуште се зачувал зборот “Berg” па дури и како нивно презиме а го носи потполно истото значење – Брдо:

Berg in several Germanic languages (e.g. German, Dutch, Norwegian, and Swedish (Danish: Bjerg)), the word means “mount“, “mountain” or “cliff“.

Ние исто така знаеме дека Брсјаците мигрирале и накај денешна Германија и за ова имаме цврсти податоци. Спротивно од нив, сите оние кои живееле на рамници и на поле се наркеувале Пољани, Полани кои исто така ги наоѓаме во старите записи дека постоело и племе Пољани што ја населувале Полошката Котлина во Тетово и Гостивар.

81346213_10217675438651310_7960397960997502976_o

Во најмалиот дел на Брегите, Брегичите живеат и денеска во Албанија; но сосема пошиптарени, со тотално други тип и знаеле до 19 век повеќе од пола српски зборови, како и сите обичаи еднакви со Србите – шкипското племе Брегичи на Немериџските планини во Албанија и на Бегудетските/Брегудетските – на границита со тогашнотo кралство Грција. Од тука се користат со приморјето до тогашна Авалона (Валона). Од ова племе потекнуваат така наречените Сулиоти или Славоти, далеку познати по својата храброст и јунаштво. Каде и да живеат дури и денеска сите овие места се чисто словенски односно носат српски имиња. Тие исто така се делат на многу племиња, каде треба посебен текст за се тоа да се објасни. Гораните, Гораничи и денеска живеат во Стара Србија односно Правата Србија, со турски зборови кажано околу Печката нахија, особено кај Васојевиќи, што повторно го покажува она истото – Брџани или Брдити.

Во средна Албанија Немањича – Зета, а кај Дрвеноровиќ Дедина, или Приморје, живее племето Горани, кои на шиптарски се нарекуваат Гаши, а јазикот гашки или горански. Освен типот и повеќето српски, сега веќе шкипски зборови во јазикот ништо повеќе не им се сочувало. Им останало само поштовањето и образот со кои од останатите Шкипи и денеска се одликуваат. Од нив постанале денешните Крушмали или Кршмали односно кршогори; бидјеќи мал значи гора -планиниа на шкипскиот јазик. Славата на Гашите била Св. Петка.

Да се префрлиме сега на Античките Бриги / Фриги и да ја направиме компарацијата. Според мене, ништо чудно да се работи и за исто време и за истите историски настани, бидејќи живееме во свет од лажни информации, односно еден глобален материкс, па често ми доаѓа мислата дали целата таа античка приказна е всушност некоја фантомска копија на средновековните настани. Тука има многу за полемика а највеќе оваа теорија ја застапуваат руските научници односно математичарите и астрономите Фоменко и Носовски, каде Тројанската војна ја сметаат всушност за Готската војна, и дека сите антички дела се всушност креирани од језутите во средниот век. Но да го кажеме она што го знаеме за легендарните Бриги:

Asia_Minor_in_the_Greco-Roman_period_-_general_map_-_regions_and_main_settlements

gordionPM_2

Тука се наоѓал и градот Гордосервон, поточно Гордо-Сервон или во буквален превед Српскиот Град.

Up to the 20th century, Gordo-Servorum or Gordoservae was commonly equated with nova Juliopolis, which in turn was equated with Gordium (capital of Phrygia) or another place with the same name GordionGordenorumGordiu-come(nis)Gordiū-tīchos which became known as Juliopolis (Iuliogordus) according to several 1st-century BCE up to 2nd century CE sources.

Turkey_ancient_region_map_phrygia (1)

Бригите биле еден од најстарите и најбројни индоевропски популации на Балканот односно Хомљ. Ги населувале јужните предели на централниот балкански простор. Нивното присуство е посведочено на територијата на планината Пангај, на исток од реката Вардар, до Албанија, Епир, охридската област и Пелагонија. Како бројна популација, на почетокот на 1 милениум п.н.е. Бригите наводно исчезнале од Балканскиот полуостров а дел од нив се преселил во Мала Азија. Меѓутоа нивните културни и лингвистички влијанија се присутни на поширокиот балкански полуостров. Како важен супстрат Бригите учествувале во етногенезата на повеќе балкански популации. Според јазичните остатоци, констатирана е блискост меѓу бригискиот јазик и јазикот на Македонците и Пајонците. Бригискиот јазик, ономастиката и елементи на нивната материјална култура станале дел од наследството и културите на Македонците и Пајонците.

Бригите биле особено познати по својот борбен и војнички темперамент. Остатоци од овие племиња наоѓаме и во Британија.

Бриганти (лат. Brigantas) се сметаат за најмоќното племе на старата Британија (Албион) , седиште било Ебуракум (лат. Eburacum), денeс познат како Јорк. Другото значење на терминот е поврзан со Италија во средниот век, каде бригантите означуваат лесно вооружена пешадија. Тие се синоним за беровијери и рибалди. Одтуак потекнува и зборот бригада. Името бригантин се користело и за оклопот изработен од засилени метални плочи, кој се викал бригантин. Поврзувањето на терминот бриганти со разбојници потекнува од честите грабежи што бригантите ги занеселе, како и другите средновековни платеници.

There are several ancient settlements named Brigantium around Europe, such as Berganza in Álava (Spain), A Coruña  and Bergantiños  in Galicia (Spain) , Bragança and Braga in Portugal and Briançon,[3][4] Brigetio on the border of Slovakia and Hungary,[5] Brigobanne situated on the Breg river and near the Brigach river in south Germany (pre-Roman Vindelicia[6])[7] and Bregenz in the Alps. From the same origin also stems the name of the Italian sub-region of Brianza. In chronostratigraphy, the British sub-stage of the Carboniferous period, the ‘Brigantian’ derives its name from the Brigantes.

Врз основа на археолошки докази, некои историчари (на пример Никола Хамонд, Ежен Н. Борза и др.) тврдат дека Бригите/Фригите биле дел од Лужичката култура кои се преселиле на јужниот Балкан за време на Доцниот бронзен период.

tumblr_p51bgn7ajY1tgrkdyo1_1280

paris-in-the-phrygian-cap-antoni-brodowskiПарис со Фригијско капче, Antoni Stanisław Brodowski (26 December 1784, Warsaw – 31 March 1832, Warsaw) was a Polish painter in the Classical style.

1-the-shepherd-paris-jean-baptiste-frederic-desmaraisThe Shepherd Paris is a painting by Jean-Baptiste Frederic Desmarai 1787

 

Значи одма сега одиме и правиме компарација дали Брсјаците имаат допир со Лужичка Србија и веднаш наоѓаме на неверојатни резултати:

Берзитите, како и најголем број од словенските племиња кои ја населиле тероторијата на регионот Македонија припаѓаат на јужната словенска група тнр. Склавини / Словени. Баварскиот географ Geographus Bavarus од 9 век ги забележува Берзитите/Верзитите како Vereziti и ги населувале областите на денешна источна Германија, западна Чешка и југозападна Полска, поточно меѓу градовите Бауцен — Ерфурт — Прага — Краков, односно на територијата кај што живееле Лужичките Срби. Секако Лужичаните и покрај сите обиди за нивно истребување опстанале чудесно и до денеска, а во генска смисла се зачувале доста чисти што дури и Пољаците може да им завидат. За разлика од Балканот кои претрпел разни претопувања и кој бил доста бурен и населен со се и сешто, тие останале небаре изворно.

FB_IMG_1579679897709

FB_IMG_1579679833651

received_1352230024986363

Во 9 век Берзитите сѐ уште постоеле како засебен етнос во централна Европа и таму имале 10 градови (Verizane ciuitates X). Еден дел од племето се населил во градот Брест во Белорусија, а друг дел, наречен Брсјаци, заминал кон југ, на Балканот. Затоа, и ден денес, луѓето кои живеат во околината на Демир Хисар и делови од Кичевско, Охридско и Велешко се наречени Брсјаци, а и голем дел на битолчани, поради доселувањето од демирхисарско. Според истражувањата на многу географи, историчари, етнографи, и др. За брсјачки места се сметаат: Дебарца, Кичевија, Малесија, Порече, Азот, Железник, Мариово и Преспа. Како места каде најсилно се одржало брсјачкото име се сметаат Кичевија и Порече. Но постојат и толкувања дека впрочем од југот се населеле на северот и таа миграција север-југ била како што ми се чини наизменична.

Потоа од Википедија го наоѓаме истото толкување како што погоре го посочив за Брсјаците и за Бригите:

“Нема точни податоци за потеклото на името на Бригите. Во 1844, Херман Милер сугерирал дека името можеби е поврзано со истиот индо-европски корен од германското Berg (гора, планина) и словенското брег (кое освен брег, значело и врв, рид, планина), i.e. IE *bʰerǵʰ. Доколку е така би било сродно со западноевропските имиња на племиња како келтските Бриганти и германските Бургунди, семантички мотивирано од некои аспекти на зборот кој значи ‘висок, издигнат, благороден, познат.

Бригијас или Бригум е старото име за градот Охрид кое подоцна од Византија/Ромеа е сменето во Лихнидос.

Најстаро спомнување на Бригите во историските извори е во врска со нивниот конфликт со Теспротијците кои го населувале просторот на јужна Албанија во времето на Тројанската војна. Античките извори ги посведочиле Бригите во близина на Лихнидското Езеро и горното течение на реката Еригон (Црна Река). На поширокиот балкански простор тие се лоцираат источно од долното течение на реката Вардар, под планината Бермион, во северозападна Грција и југоисточна, јужна и централна Албанија до Дирахион на север.

Постајно и постојано наоѓаме примери и факти дека Бригите и Брсјаците се иста работа, исто значење во името, исти особини, исти територии населувале и ништо чудно да се работи за истиот период и да војувале како што Бригите војувале со Римјаните, така Брсјаците војувале со Ромеите (Византија) само не во антиката туку во VII век. Берзити (Брсјаци, Верзити) како јужнословенско племе прв пат се споменува под името Верзети во „Чудата на свети Димитрија“, а во врска со една од опсадите на Солун. Во 799 год. словенскиот кнез Акамир заедно со Хеладиките (домашните Грци) прави заговор против византиската царица Ирина. Акамир во тоа време бил независен словенски архон на областа Верзетиjа, а која се наоѓала во Тесалија. Присуство на словенски племиња во Тесалија е потврдено и со археолошки наоди од 7-9 век, каде се присутни и голем броj рани словенски топоними….

Војвода_Драгутин_Јовановић_ЛунеВојвода Луне, слика од четовањето по Македонија, 1911.

65085195_1324266091056004_2778088355764633600_nПуниша Рачиќ во србска комитска униформа со бригијска-фригијска капа

Đorđe_Ristić_Skopljanče

Ѓорѓе Ристиќ (Пеќ, 6 август 1881 — Ниш, 27 јануари 1911), наречен Скопјанчето, бил српски четнички војвода, кој делувал во Стара Србија и Македонија Завршил гимназија во Скопје, а потоа се запишал во Подофицерска школа во Белград во 1904. Откако се стекнал со чин наредник, ја преминал српско-турската граница, и започнал со четникување. Поради покажана храброст, во 1905 година стекнал звање војвода. Учествувал во битките на Гуглин, Петралица и Челопек во 1905 година. Негов реон била кумановската околина, каде често се судирал со бугарскиот војвода Крста Коњушки.

Само погледнете ги капите на брсјаците-четници од 20 век од Македoнија и споредете ги со бригијската античка капа која се смета и како симбол на слободата, односно во француската револуција i се нарекува како “cap of liberty”.

CYDKV8CWYAAHmWK

44104001_1151982738284341_7072327169476657152_n

1. Србин од Мљет кај Дубровник, Далмација.

2. Душан Димитријевиќ – Брѓанин. Душан бил адвокат и србски комитски војвода во Стара Србија и Македонија. Роден е во Раброво кај Кучево, источна Србија.

3. Стечак – илирски стечак. Стечакот е име за древните споменици и средњовековни надгробни споменици кои се наоѓаат ширум Србија, Босна, Херцеговина, ЦрнеаГора, Далмација. На стечакот можете да видите бригијско-фригијска капа и детелината (тројанскиот симбол), додека играат оро (тројанско коло). Детелината  во Илијада се споминува неколику пути. Посебна важност, детелината добила откако тројанскиот принц Хектор во битката го убил Ахиловиот роднина Патрокле, мислејќи дека го убил Ахил. Елем, младиот Патрокле го носел Ахиловиот оклоп и кацига. Ахил тогаш се заколнал дека ќе ја  освети његовата смрт и даека нема да застане додека Хекторовата крв не го покрие секој лист од детелината. Така листот од детелината, натпен со Хекторовата крв, постанал и  тројански симбол. Етрурските (Рашанските) и римските приказни за тројанските избеглизи како нивни основачи и предци се бројни.

Self-Portrait-with-a-Phrygian-Cap-Anne-Louis-Girodet-de-Roussy-Trioson-56a2b2bf5f9b58b7d0cd80ae

 

Eugène_Delacroix_-_La_liberté_guidant_le_peupleФригијската / Бригијската капа на слободата – симбол и на француската револуција

Текстот продложува на втората страна….

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s