Рг Ведските Аријци – Дардите

Oвој текст е дел од групата – Заборавена Историја, со наслов: Белите луѓе кај разните народи.

9. (73). Многу Родови од Расата голема
ќе се раселат по сите краишта на Мидгард-Земјата,
од онаа страна на Рипејските гори (Уралските планини),
и ќе подигнат нови Градови и Храмови 
и ќе ја сочуваат Верата на Прапредците, 
и тајните Веди што им ги даде Тарх Дажбоги …
и другите Светли Богови…

<< Сањтија на Перуновата Веда>> Сањтија 5

 

  • Белите луѓе во Индија – Дардите

foto-282.jpg

Ладак – планинскиот регион во северна Индија,  на индо-пакистанската граница, една од најмалку населените области во Централна Азија. Се верува дека тоа е единственото место, каде живее гранката на етнички чистите Аријци, кои сочувале дел од својата илјадници години стара традиција, и покрај фактот дека тие живеат во муслиманска средина, будисти и хиндуси. И тие, исто така, се обиделе да го задржат својот расен идентитет, иако е тоа неверојатно тешка задача, бидејќи монголските народи на Тибет и Кина, меѓу кои тие живеат, се многу пати побројни од нив. Патем ове е местото каде Хитлер ја испратил својата експидиција по потрага по “чистата ариевска крв.”

foto-284.jpg

Тие се нарекуваат Дардани, Дарди и Монами. Во античктие времиња, тие биле големо и славно племе (Херодот ги забележал како највоинствени од сите индијски народи) , кои живееле во поголемиот дел на Северните Хималаи, Памир, Хиндукуш, Занскар и Ладак. Според класичните санскритски извор, тоа било Дарда Даша (земјата на Дардите) – со главниот центар Даратпури. Тие дошле до долината на западниот Тибет, пред околу 4000 години (според класичната верзија на историја) и започнале да ги култивизираат полињата и сточарството и да вршат размена со тибетанските номади, потоа Дардите истотака биле познати и по изградбата на канали за вода по должната на речиси недостапните карпи.

foto-283.jpg

За племето на Дардите често се споменувало во разните древни индиjски извори, како што се Махабхарата, Рамајана, Бхагават Пурана, Манусамита, Вамана Пурана, Вају Пурана, Браманда, Матисја Пурана. Вреди да се спомене дека царот на таа земјата го нарекле Дарда. На пример, како што тоа е напишано во Махабхарата. Во втората книга Сабхапарва или Книга на Собранието: ” Голема слава за Дарда, овој владетел на Бахлики, најдобар од кралевите, кој, откако се родил, била разделена оваа земја”. (Приказната за убиството на Шишупала  Глава 41. 6-16.). Интересно е да се истакне дека ниту потеклото на името на земјата, ниту потеклото на името на луѓето не е познато. Ние знаеме само за името на владетелот, кој ги управувал. Оваа практика била користена во античките времиња како еден народ од ист род, добивал својоствени имиња според својот водач, имено, Скитите по свјот Кнез – Скит, Русите – по Кнезот Рус, Антите – по Кнезот Ант, Словените – по Кнезот Словен…Кнезот Киј итн….А исиот пример го наоѓаме и во античката историја за полубогот Дардан кој се смета за основачот на Троја како и за многуте градови со неговото име, како и за народот од балканската територија – Дарданите и нивната земја Дарданија, за кои подетално ќе образложам подолу во текстот.

foto-285.jpg

Вниманието за Дардите не им избегало ниту на грчките (хеленските) извори. Пишувале за нив, Птоломеј, Херодот и Плиниј, каде последниот пишува за нераскажаните богатства на овој народ, и златниот песок, кој бил разменуван за стока,  што им била потребна, каде за нив го ваделе некои посебни мравки: “.. Рогот на индиските мравки бил сместен во храмот на Херкул, и било главно обележје во Еритреа. Овие мравки ги исфрлале златото од своите земјени јами во областа на северниот дел на Индија, во земјата наречена Дарда. Овие суштества се слични по бојата на мачките и имале големина како египетскиот волк.  (Плиниј ,Природна историја на книга 9.36.)

Подоцна се испоставило дека “златните  мравки” што ги спомал Херодот, се вообичаените мрмоти кои копаат долги и пространи дупки со неколку излези на површината и ископаната земја ја трупале на влезот, цели ридови изгледале како Могили, додека го исфрлале златниот песок на површината. Мравките како што Херодот ги нарекува биле мрмоти, бидејќи не можел да го преведе на хеленски персискиот збор за мрмот. Тој знаел само за мравки, кои исто така копале долги тунели и јами, па затоа тој ги нарекол мрмотите како џиновски мравки во бунди.

За златото на Дардите заинтересиран бил и Александар Македонски, кој знаел од неговите извидници и разнознавачи за Дарада дека тоа е неверојатно богата земја, каде што луѓето јадат и пијат во златни садови, додека децата нивни си играат во златни шипки, и не постојат сиромашни. И персиските благородници го увериле дека палатата во која живеел Дариј (Даријан, Дарио) била изградена од златни келии кои биле увезени од земјите на Дардите “златните мравки.” Тој одлучил да го победи, и неверојатно се збогатил после тоа, како што разбрал индискиот (вендскиот) крал Пор (Порус како што Римјаните го нарекувале), но потоа се предомислил да оди во непробојната и непријатната северна земја и отиде на топлиот југ. Нека не се богати, затоа и нема да е толку опасен.

foto-287.jpg

Постепено Дардите се мешале не само етнички но и религиозно со Монголоидните народи што се наоѓале околу нив и не секогаш се случувало тоа на мирен начин. Темелните информации за Дарданите може да се најдат во 12 томната “Енциклопедија на религијата и етика” (The Encyclopaedia of Religion and Ethics),  напишана во 1908-1927 година од различни автори, под редакција на блажено-свештеникот Џејмс Хестингс (James Hastings (1852-1922):

“… Во модерната религијска смисла Дардите речиси сите се муслимани, но колонијата Брокпа во Балистан го исповедуваат будизмот, како и нивните соседи. Не е познато кога Дардите започнале да го практикуваат исламот, но до средината на минатиот век, исламот е со многу мало признание. Па дури и по владеењето на Шах Нафу остатоци од пред-исламската религија се уште останале, па Дардите тврделе дека религијата е во многу поинаква форма од она што првично се практикувало односно од учењето на следбениците на Коранот.

foto-286.jpg

На пример, до пред околу 80 години, мртвите биле спалувани (браманска ватра) и не биле погребувани во земја и дека овој обичај се практикувал таму до 1877 година, кога последен таков ритуал бил снимен. На меморија на овој ритуал се уште живеат со вообичаено палење оган во близина на гробот по погребот. Наместо да се сметаат за нечисти животни кучињата, кучињата од страна на  Дардите се сметале за верни пријатели на човекот,  на ист начин како и еден просечен  Англичанец. Женидбата на соплемениците од прво колено, бил обичај, кој е широко распространет помеѓу муслиманите, било сметано за ужас како инцестуозна заедница на жителите на горните Шински племиња. И покрај фактот дека исламот го ширел лунарниот календар, древното соларно мерење на времето, е засновано на знаците на зодијакот, и се уште постоело….

Тие не пијат млеко ниту пак допирале било каков млечен производ, во било каква форма и веруваат дека со кршењето на овој обичај, може да подиват како животни. Таква била волјата на нивните локални божества….

Оваа ако може да се каже религија, поточно верување во природата се пректикувало и од страната на земјоделците и од строчарите кои живеат на сировата земја, помеѓу највисоките планини на светот. Јазикот писаша, кој представува важен дел од  Дардиските јазици, како што веќе рековоме, е раскрсницата помеѓу Индијските и Иранските јазици, а една од неговите највпечатливи карактеристики е необичниот начин како тој ги задржал во себе античките ариевски форми на говорот кој речиси останале непроменети, дури до денешните денови. Истото може да се каже и во врска со религијата на Дардите…

Многу е возможно дека со колонизацијата на западниот Тибет на Монамите и Дардите не се сочувале со опозицијата на тибетските номади, бидејќи нивните интереси лежат во различни насоки, и иако некои од наводнуваните рамнини и биле вклучени во овие аријски народи, и покрај тоа што имало тука многу земја за пасишта на тибетските стада. Но, можно дека некогаш се разгорело непријателството помеѓу Дардите и Монамите, и Монамите биле покорени во таа борба. Во спротивно, многу е тешко да е објасни зошто социјалната положба на Монамите биле многу пониска од онаа на Дардите.

Иако нема никакви пишани споменување за Дардите од западниот Тибет, ние сепак знаеме многу повеќе за Дардите него за Монамите. Главната причина за ова е дека одредна група на Дарди се уште не го загубиле својот јазик, и преживеале еден бран на тибетската култура, која таму се излеала. Во моментов постојат две Дардски племиња на територијата на поранешното ладакшко кралство, кој го одржале својот јазик. Дардите од Дре и Дардите од Да. Најинтересен е случајот со Дардите од Да. Дардите од Дра биле исламизирани пред околу 300 години, а како резултат на тоа, голем дел од нивниот фолклор бил уништен. Дардите од Да не ја примиле ниту религијата на Мухамед ниту ламаизмот со целата искреност, а со тоа била сочувана нивната уникатност.

Всушност, Дардите од Да прославуваат триенален фестивал, односно на секој три години имаат празник (а понекогаш и повеќе), време во кое тие се обидуваат да заборават на неколку дена, дека тие подпаднале под власта на тибетските догирски владетели. Во текот на овие неколку дена, тие сакале да бидат само Дардите, и во долгите химни кои ги пеат биле опеувани старите денови на нивната историја. И тоа е се што е содржано во овие химни, каде може да се пренесе и научи нешто повеќе за нивното славно минато. Во шест од овие химни тие ги именуваат сите колонии на реката Инд, кои биле основани од тие посебни дардски племиња….

Според мапата, јасно е дека влијанието на Дардите  за развојот во западниот Тибет било огромно, и јас сум изненаден и се прашувам, како тоа можело да се случи, бидејќи  тие исчезнале од поголемиот дел од земјата? Дали е позната приказната за нивната смрт? Народните легенди ни кажуваат за последните денови на Дардите; но нивното исчезнување не е секаде исто. Се чини неверојатно дека луѓето кои Херодот тогаш ги нарекол “највоинствените од сите индиски народи” ќе се откажат така лесно, и до нас стиганало преданието, кое ни раскажува за упорниот отпор на Дардите во минатото  Така во  Nyerags следи приказната за падот на Дардите:

“Дардите биле опколени во својот замок (можно од тибетанците), а кога се потрошиле резервите на храна и вода, тие одлучиле да умрат заедно. Сите тие се собраа во главната сала на замокот, и старешинната го турнал каменот, што бил централен столб што го држел покривот, покривот паднал и ги погребал сите. “

Историјата на Дардите од Хан (Кан) го раскажува следово:

“Тибетанските владетели, кои се сметале за жители на Кан на своите подредени им наредиле да се приклучат со остатокот на населението и да бидат подложени на принудна работа. Еден од постарите Дарди му се спротиставил на управителот, велејќи му дека тоа за Дардите е под нивното достоинство, и неможе да ги направи за свои робови. Потоа постариот човек бил принуден да работи во присуство на гувернерот. Кога ни тоа не му помогнало на управителот, тој бил заѕидан жив. Кога ѕидањето веќе стигнало до неговиот врат, го прашале старецот дали е подготвен да работи, но тој достоинствено одбил, и бил целосно заѕидан”.

“Сепак, се чини дека тој старец не умрел во бескорисна смрт, затоа што, како што го избришале натписот за рок неколку миљи над Кан, гувернерот ослобидил уште еден Дард од присилна работа. За да бидат лишени Дардите од Кан, нивните етнички чувства, последниот тибетански цар им забранал да го зборуваат мајчиниот јазик Дардите, и биле испраќани шпиуни за да биде осудуван секој што ќе го зборел јазикот на Дардите”.

Во процесот на асимилација и забраната на културата на некогаш бројниот и воинствен народ, кој стигнал од северот на земјава, остнал во значително мал број со околу 2000 луѓе кои живеат во областа на Дха-Хан, и продолжиле да ја следат својата илјадагодишна традиција. Тие ги зачувале своите уникатни костими, одликата на разликувањето на капите, украсени со свежи свеќиња

foto-288.jpg

foto-290.jpg

foto-291

foto-292.jpg

foto-294.jpgfoto-293.jpg

foto-295.jpg

foto-296.jpg

foto-297.jpg

Последните три илустрации се земени од една статијата на Евгениј Лугов “Експедицијата на ариевски народ Да Кан на Северните Хималаи”(«Экспедиция в арийское племя Да-Хану в Северных Гималях») Тој имал среќа да добие неколку амајлии од Дардите, и тој видел една од долгите капи на лидерите , кој тој ги идентификувал како источно-скитски! Таа изгледа како златната капа на скитско-сакискиот лидер од V век п.н.е. од курганот (могилата) Исик во близина на Алмати.

Денешните услови и селата во кои живеат Дардите се мизерни. Тие живеат во мали камени колиби, одгледуваат кајсии, ги сушат и продаваат и прават рачни производи од дрво. Тие не се обидуваат да се појават во нивната традиционална облека надвор од нивните села. Кога ќе стигнат во Лех (глвниот град на Ладак) потоа како во голем срам ги тргаат своите капи и ги кријат во торбите, бидејќи монголидните деца често ги закачаат.

Денеска Дардите станале туристичка атракција во циркузантската програма, слично како Индијанците во САД, за да се привлечат европските туристи во Ладак. Во Лех се одржува фестивал на ладашката култура на планинските племиња од 1-ви до 15-ти септември и организираат демонстрации, каде Дардите биле многу инкриминирани поради нивниот изглед, костими, пеење и танцување, чукањето на тапаните, кои е нагласени во нивната програма, но тие самите не се особено задоволни и среќни.

За жал, овој некогаш голем и славен народ, кој доминирал на огромната територија, паднал во таква мизерна состојба, особено за нивниот аријски ген, слично како Аину – индо-европскиот односно аријскиот народ во Јапонија, Гуанчите – аријците од Тенерифе и Канарските острови, Берберите (Амазгите) – белите народи од Мароко и Северна Африка као и многуте други народи на белата раса, чија судбина била да се одвојат од својата изворна група пред стотици години. Но, тие на еден чудесен начин не ја загубиле во потполност својата вера, и во нивните песни тие продолжуваат да се надеваат дека нивните ѕвездени предци, откако се загубиле,  повторно ќе се вратат  кај нив.

  • Преселување

Дардо-јазичните народи живеат во државата Џаму и Кашмир (Индија), на територијата на Азад Кашмир контролирана од страна на Пакистан, во провинциите Гилгит-Балистан и Хибер Пакхтункхва (северно од Пакистан) и северо-источниот дел на Авганистан (Кунар, Нангархар, Лагман, Калиса).

1371201504_beautifuleyes03

Rigvedic_geography.jpgРиг-Ведска географска мапа

Источни Дарди

  • Кашмирците – најбројни помеѓу Дардските народи, историски живеат главно во широките долини на Кашмир во државите Џаму и Кашмир и се граничи на југ со изворите на реката Ченаб.
  • Шините – го населуваат источниот Кохистан по планинското течение на реката Инд до Ладак и долините на нејзините притоки (Чилас, Тангер, Гилгит, Драс), како и во долината на реката Гурез.
  • Плахурите и савите – малите народи во долината на реката Кунар (Читрал), односно, во Пакистан и во Авганистан.
  • Кохистанците– група на племиња кои живеат во областа Кохистан и северната област на Сват и Дир провинциите на Хајбер-Пахтунхва. Избришете ги кахистанските дари од јужните делови на речните долини на Свар и Дир паштуните-јусуфјазми кои се однесуваат на период на општото проширување на паштуните во XVIII-XIX век.

Долината Кунара (Читрала)

  • Кунарски Дарди – дардо-јазична група на племиња во средниот тек на реката Кунар и долините на нејзините протоки во Авганистан (Гаврд-Бари, Караркалаи, Шумашти итн).
  • Читралски Дарди – живеат во горниот тек на реакта Кунар (Читрал) во истоимената област на Кибер Пакхтунква (Пакистан) вклучително и народот Кхо и Калашите. Кхо народот истотака прониикал во горниот тек на реката Гилгит.

8718-2

Очень-интересный-народ-–-Калаши-Пакистан-5.jpg

Kelaash_PeopleКалаши 

Авганистански Дарди

  • Пашаите – живеат во горниот тек на левата притока на реката Кабул, како иво долниот тек на реката Кунар.
  • Тирахите – мал дардски народ кој живее на југот од реката Кабул.

 

1357835358_6.jpg

e53999072fb61b16972c9dcb48d53398_full.jpg

 

 

  • Поврзаноста со Балканските Дардани

Illyrian_tribes-sr.png

Дарданците или Дарданите биле моќен илирско-тракијски народ, многу близок на Трибалите, сродни со Дакијците и Мизијците. Според легендата, Дарданците биле основачите на Троја и сојузниците на Тројанците во Тројанската војна. И тука слободно си земам за право да ги изедначам по ген, односно крв Риг Ведските Дарди со Европските односно Балкансите Дарданци, бидејќи не само о прашање само речиси идентичноста во имињата, но и во самото индо-европско односн аријско потекло , рударството и металургијата, но и воинствениот отпор кој го пружале на непријателите.

Дарданија била античка држава на просторите на Балканскиот Полуостров, на подрачјето на денешно Косово, денешна јужна Србија и северозападниот дел на денешна Македонија и денешна источна Албанија. Најголеми населби во тоа време биле Naissus (Ниш), Therranda (Призрен), Vicianum (Вучитрн), Skopi (Скопје) и главниот град Дамастион.

Западната граница на Античка Македонија започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард – денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓето помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија . Северната граница на Античка Македонија, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес, по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини се до Рила Планина. Северната граница на Македонија, подоцна била граница помеѓу римските провинции Македонија и Горна Мезија.

Дарданците биле племе од илирско и тракиско потекло. На територијата живееле и Келти. и Тракијци. По римското освојување на Илирија во 168 година, Римјаните го колонизирале овој регион и основале неколку градови и така Албанските народи (Албани е латинското име за Пелазгите), Илирите односно Дарданците, биле најпрвин романизирани а подоцна биле измешани со Гегите кои се познати и како Арнаути, односно дивјачко племе донесено од планинските региони на денешна Чеченија, односно од регионот кај реката Арна, па одтука се наречени и Арнаути.

Ќе започнам со самата самиот легендарен полубог Дардан (на хеленски: Δάρδανος) каде во античката митологија бил син на Перун (Зевс) и плеадата Електра. Според најраспространетата верзија на митот, тој по потекло е тракиец  (Аријец), роден на островот Самотраки и одтука се преселил во Бригија. Таму го основал истоимениот рад, кои според Омир, се наоѓал во подножјето на планината Ида. Тој се сметата за родоначалник на племето Дардани . Подоцна изворите го споредуваат со историски постоечкиот град на брегот Хелеспонт (сега Мраморното море) градот Дардан.

050.jpg

Се оженил со ќерката на фригијскиот цар – Батиј. После смртта на царот Тевкир, Дардан станал владетел на сите области, кои го добиле името Дарданија. Според генеологијата, изложена во Илиада, и прифатена со додатоци во подоцнежни извори, Дардан се јавува како татко на Ил, основачот на Троја и дедо на Трос. Така, тој е родоначалник на тројанските цареви и предтеча на Хектор и Енеј (Венеј). Според Дионис од Халикарнас, Дардан имал два сина – Ерхитониј и Закинтос, кои бил првиот жител на островот, покасно наречен по неговото име. Дардан од првата сопруга Хриса, ќерка на титанот Палас, внука на Крија, имал два сина: Дејмант и Идеј.

Таткото на Енеј, според легендата основачот на римската слава и величини, по потекло е Дарданец, како и неговиот род gens Iulia. Познатото е дека Дарданецот Енеј според легендата бил син на божицата Афродита односно Венера.

800px-Dardania_kingdom.png

Ancient_balkans_4thcentury.png

RomanDardaniaMoesiaSuperior1.png

Историчарите од антиката ја споменуваат Дарданија како независно царство од почетокот на втората половина на 4. век пне. Тогаш територијата била приближно како што била и османската покраина Косово. Територијата го вклучувала денешно Косово и се простирала до горниот тек на реката Вардар на југ и Јужна Морава на исток. Населението на Дарданија, претежно од робови, било претежно земјоделско. Во текот на тоа време бил создаден и Демастион – првиот град на илирското царство, кој ковал сопствени пари. За многу кратко време Дарданија го има античкиот град Скупи за главен град. Дарданците упаѓале на територијата на Скупи и Античка Македонија Царството сочинувало неколку племиња, од кои најзначајно било племето на дарданците. Имало и други племиња како: галабри, тунати и тнр алпски дарданци. Царството Дарданија било монархија. Според пишаните податоци од тоа време, се гледа дека дарданската армија била редовна, под команда на царот. Во текот на втората половина на 4. век, основната воена единица е фалангата, составена од 8000 војници.

Дарданите во старата доба жвееле во голем дел во денешна Јужна Србија. Јадаранската област пружала прикика од Књашевица до Велес и од Шар Планина до денешна Бугарија. Дарданите биле покорени од Римјаните веројатно кон крајот на првиот век п.н.е. Даданија била богата со рудни богатства. Дарданците биле добро обучени војници.

Под римска власт, тие на своите господари им давале исклучително силни војници. Во нивната земја се вадени и железото, среброто и оловото и за време на владеењето на царот Трајан и Хадријан ковани се рударски пари.

Дарданците биле покорени од страна на Римјаните најверојатно кон крајот на I век п.н.е. До крајот на III век Дарданија не била посебна покраина, туку била дел од покраината Мезија (потоа Горна Мезија). Кон крајот на III век, Дарданија станала посебна Римска покраина која граничела со покраината Дакија.

Царот Диоклецијан подоцна (околу 284 година) ја прогласил Дарданија за засебна покраина со главен град Најсус (денешен Ниш во Србија).

Во времето на Византијската управа, постоела и византијска (источно-римска) провинција наречена Дарданија која ги опфаќала деловите на денешна јужна Србија и делови од Македонија. Дарданците веќе во ова време биле романизирани и претпопени се населението подоцна познати како Власи.

800px-Dardania_and_kosovo.png

 

Византијската провинција Дарданија

Serbia_ethnic_6_8_century-sr.png

Словени и Власи на подрачјето на некогашната Дарданија во 6-8 век

Според еден стар писател, Дарданите биле многу музикални и свиреле на флејти и жичани инструменти (гусли). Се кажува дека биле многу сурови и отпорни. Зарем не ли е тоа истиот народ што ги населиле северно-индијските планински региони? Зарем не ли делат иста крв Дардите и Дарданците?

 

Слава на Боговите и Многумудрите Предци Наши!